акумулации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Jan 2021 11:47:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png акумулации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Врнежите ги полнат акумулациите Глажња и Липково https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrnezite-gi-polnat-akumulaciite-glaznja-i-lipkovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrnezite-gi-polnat-akumulaciite-glaznja-i-lipkovo/#respond Mon, 11 Jan 2021 11:47:20 +0000 https://kurir.mk/?p=453765

Врнежите од дожд изминативе денови ги полнат акумулациите во Липковско, информираа денеска надлежните од АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“. Нивото на браната Глажња е подигнато за три метри. Врнежите поволно ќе влијаат врз хидролошката состојба, сметаат надлежните од претпријатието, од каде додаваат дека сепак врнежите во липковскиот и кумановскиот регион се со послаб интензитет во однос на Крива Паланка, Ранковце и Козјачијата. – Нивото на брана Глажња е подигнат за три метри, односно од 16,2 метри на 13,3 метри. Ова во количина на вода изнесува акумулирање на два милиони метри кубни вода и сега во брана Глажња има 11 милиони метри кубни. Капацитетот на браната е 24 милиони метри кубни. Браната Липково има еден милион метри кубни во моментот, додека капацитетот на истата е 1,5 милиони метри кубни, изјави Оливер Илиевски, раководител на „Кумановско-липковско поле“. Вчера, пак, поради зголемени врнежи во Кривопаланечко и во соседна Србија се излеаја реките Пчиња и Крива Река, кои зафатија обработливо земјоделско земјиште, викенд куќи, помошни простории. Екипите на ова претпријатие се на терен и ги санираат критичните точки на потегот помеѓу Јачинце, Довезенце, Клечовце, Пчиња и Студена Бара.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrnezite-gi-polnat-akumulaciite-glaznja-i-lipkovo/feed/ 0