ал каеда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Oct 2023 10:03:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ал каеда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕУ ги продолжи санкциите кон Исламската држава и Ал Каеда за уште една година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-gi-prodolzhi-sanktsiite-kon-islamskata-drzhava-i-al-kaeda-za-ushte-edna-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-gi-prodolzhi-sanktsiite-kon-islamskata-drzhava-i-al-kaeda-za-ushte-edna-godina/#respond Mon, 23 Oct 2023 10:03:38 +0000 https://kurir.mk/?p=892141

Советот за надворешни работи на ЕУ денеска донесе одлука за продолжување на постојните рестриктивни мерки кон терористичките групи Исламска држава и Ал Каеда, како и кон физички и правни лица, организации, компании и субјекти поврзани со нив, за уште една година до 31 октомври 2024 година. Во моментов, како што јави дописникот на МИА од Брисел, овие санкции се однесува на 14 поединци и пет ентитети. Со мерките, на санкционираните им е замрзнат имотот во ЕУ, а на лица и субјекти од Унијата им е забрането да им ставаат на располагање средства, финансии или какви било економски ресурси. Дополнително, на физичките лица им е забранет влез на територијата на Унијата. Како што посочи ЕУ, овие автономни рестриктивни мерки се комплементарни со оние воведени кон Исламската држава и Ал Каеда од страна на Советот за безбедност на ОН. - ЕУ останува посветена на дејствување против оние кои го загрозуваат меѓународниот мир и безбедност преку планирање, финансирање и извршување терористички напади и со ширење терористичка пропаганда на глобално ниво, се додава во одлуката. Дополнително, Советот за уште година, до 31 октомври 2024, ги продолжи и рестриктивните мерки воведени кон едно лице поради ситуацијата во Бурунди. На назначеното лице му е замрзнат имотот во ЕУ и му е забранет влез или транзит низ земјите членки на Унијата, а на граѓани и компаниите од блокот им е забрането да му ставаат средства на располагање. - ЕУ постојано ги разгледува случувањата во Бурунди и може да одлучи да го измени режимот на санкции или списокот на лица, ентитети и тела кои подлежат на рестриктивни мерки врз основа на случувањата на теренот, се посочува во соопштението. Првите санкции поради настаните во оваа африканска земја, ЕУ ги воведе во 2015 година, кога предмет на рестриктивни мерки станаа четири лица одговорни за поткопување на демократијата или попречување на изнаоѓањето политичко решение за кризата во Бурунди, како и за планирање, насочување или извршување активности со кои се кршат човековите права и меѓународното хуманитарно право во државата. На 25 октомври 2022 година, Советот од списокот отстрани три санкционирани лица, а мерките кон четвртото ги продолжи за една година.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-gi-prodolzhi-sanktsiite-kon-islamskata-drzhava-i-al-kaeda-za-ushte-edna-godina/feed/ 0
Ал Каеда ги повика „синовите на исламот“ да ги напаѓаат Евреите и нивните сојузници насекаде https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/al-kaeda-gi-povika-sinovite-na-islamot-da-gi-napagaat-evreite-i-nivnite-sojuznitsi-nasekade/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/al-kaeda-gi-povika-sinovite-na-islamot-da-gi-napagaat-evreite-i-nivnite-sojuznitsi-nasekade/#respond Sat, 14 Oct 2023 10:12:45 +0000 https://kurir.mk/?p=888753

Терористичката мрежа Ал Каеда ги повика симпатизерите да почнат да ги напаѓаат Евреите и нивните сојузници ширум светот. „Џихадот против агресивните Евреи и нивните сојузници нека се прошири на секоја земја, море и небо“, се наведува во соопштението објавено вчера преку вообичаените пропагандни канали на терористичката мрежа, пренесе Хина. „Синовите на исламот треба да ги нападнат ционистите“ на улиците на Дубаи, Абу Даби, Саудиска Арабија и Бахреин, пишува Ал Каеда. Терористичката група ги повика симпатизерите и другите исламисти да им се придружат во борбата. Исламистичката милитантна група Хамас минатата сабота изврши масакри на југот од Израел, убивајќи над 1.300 лица во израелските погранични градови и на музички фестивал, а повредија 3.391. Палестинското Министерство за здравство наведе дека во израелскиот одговор досега во Газа се загинати над 1.900 Палестинци, а повеќе од 7.696 се ранети. Ал Каеда ги повика милитантите да ги нападнат поддржувачите на Израел. „Затресете го тлото под американските воени бази, нивните аеродроми и амбасади во нашите исламски региони. Затоа што од нивните магацини муницијата оди во Израел и паѓа врз главите и градите на нашите браќа Палестинци“, се додава во соопштението на терористичката мрежа. Меѓутоа, останува отворено прашањето колкаво е влијание на оваа терористичка група.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/al-kaeda-gi-povika-sinovite-na-islamot-da-gi-napagaat-evreite-i-nivnite-sojuznitsi-nasekade/feed/ 0
Белгиските власти уапсија наводен терорист на Ал Каеда https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskite-vlasti-uapsija-navoden-terorist-na-al-kaeda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskite-vlasti-uapsija-navoden-terorist-na-al-kaeda/#respond Fri, 05 May 2023 08:54:24 +0000 https://kurir.mk/?p=830847

Белгиските власти уапсија наводен терорист на Ал Каеда, соопшти денеска јавното обвинителство, пренесе ДПА. Осомничениот, роден во 1979 година и од ирачка националност, е обвинет за неколку убиства со терористичка намера, учество во терористичка група, воени злосторства и злосторства против човештвото, се вели во соопштението. Како дел од терористичката ќелија на Ал Каеда, се верува дека тој е делумно одговорен за неколку бомбашки напади со автомобили во таканаречената Зелена зона во Багдад во 2009 и 2010 година, во кои загинаа најмалку 376 луѓе, а над 2.300 беа повредени, соопшти обвинителството. Осомничениот, кој бил уапсен и обвинет во средата, денеска треба да се појави пред судот во северниот град Мехелен, каде судијата треба да одлучи дали тој ќе остане во притвор. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskite-vlasti-uapsija-navoden-terorist-na-al-kaeda/feed/ 0
Стејт Департмент: Убиството на Ал-Завахири може да поттикне бран насилства врз американски цели https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stejt-department-ubistvoto-na-al-zavahiri-moze-da-pottikne-bran-nasilstva-vrz-amerikanski-celi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stejt-department-ubistvoto-na-al-zavahiri-moze-da-pottikne-bran-nasilstva-vrz-amerikanski-celi/#respond Wed, 03 Aug 2022 06:06:08 +0000 https://kurir.mk/?p=713208

Убиството на лидерот на Ал Каеда, Ајман ал-Завахири, би можело да ги поттикне следбениците на терористичката група да покренат напади врз американски објекти или граѓани на САД, предупреди Стејт Департментот. „По смртта на ал-Завахири, следбениците на Ал Каеда или терористичките организации поврзани со неа би моежел да се обидат да нападнат американски објекти, службеници или граѓани. Министерството за надворешни работи верува дека постои поголем потенцијал за антиамериканско насилство со оглед на смртта на Ајман ал-Завахири на 31 јули 2022 година, се наведува во редовното соопштение на американскиот Стејт Департмент. Eгипќанецот Ајман ал-Завахири беше убиен во напад извршен со беспилотно летало во неделата наутро во Кабул во Авганистан, што е најголем удар врз милитантната група по убиството на нејзиниот основач Осама бин Ладен во 2011 година. „Правдата е задоволена и овој терористички лидер го нема…Авганистан никогаш повеќе нема да биде засолниште за терористите“, рече американскиот претседател Џо Бајден во говорот од Белата куќа. Ал Завахири неколку децении беше главниот идеолог на таа глобална терористичка мрежа, но никогаш не го врати статусот што Ал Каеда ја имаше под водство на Осама бин Ладен. Египетскиот офталмолог одигра клучна улога во нападите во 1998 година на американските амбасади во Кенија и Танзанија, како и во клучниот напад врз САД на 11 септември 2001 година во кој животот го загубија речиси три илјади луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stejt-department-ubistvoto-na-al-zavahiri-moze-da-pottikne-bran-nasilstva-vrz-amerikanski-celi/feed/ 0
Во напад со американски дрон во Авганистан убиен лидерот на Ал Каеда https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-napad-so-amerikanski-dron-vo-avganistan-ubien-liderot-na-al-kaeda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-napad-so-amerikanski-dron-vo-avganistan-ubien-liderot-na-al-kaeda/#respond Tue, 02 Aug 2022 07:22:08 +0000 https://kurir.mk/?p=712901

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека водачот на Ал Каеда Ајман ал Завахри, еден од најбараните терористи во светот, бил убиен во напад на американско беспилотно летало во Кабул за време на викендот. „Сега правдата е задоволена и овој терористички лидер го нема“, рече Бајден во телевизиското обраќање на 1 август. Белата куќа претходно објави дека Соединетите држави спроведоа успешна антитерористичка операција против „значајна“ цел на Ал Каеда во Авганистан во текот на викендот. Бајден рече и дека американските разузнавачки службеници го следеле Ал Завахри во дом во центарот на Кабул каде што се криел со своето семејство. Претседателот ја одобри операцијата минатата недела и таа беше спроведена на 31 јули.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-napad-so-amerikanski-dron-vo-avganistan-ubien-liderot-na-al-kaeda/feed/ 0
Висок лидер во Ал Каеда убиен во американски напад со дрон во Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/visok-lider-vo-al-kaeda-ubien-vo-amerikanski-napad-so-dron-vo-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/visok-lider-vo-al-kaeda-ubien-vo-amerikanski-napad-so-dron-vo-sirija/#respond Sat, 23 Oct 2021 06:53:48 +0000 https://kurir.mk/?p=584069

Американската војска соопшти дека вчера убила висок водач на Ал Каеда во воздушен напад во северозападна Сирија. Мајор Џон Ригсби, портпарол на Централната команда на САД, потврди дека Абдул Хамид ал Матар е убиен во напад со беспилотно летало. Ригсби рече дека ликвидацијата на Ал-Матара ќе ја наруши „способноста на Ал Каеда за понатамошно планирање и извршување на глобални напади кои им се закануваат на американските граѓани, американските партнери и невините цивили“. Тој додаде дека Ал Каеда „ја користи Сирија како база за закани за Сирија, Ирак и пошироко“. Нападот со беспилотни летала се случи два дена откако американската воена испостава во јужна Сирија беше погодена во координиран напад во кој беа користени и беспилотни летала и ракети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/visok-lider-vo-al-kaeda-ubien-vo-amerikanski-napad-so-dron-vo-sirija/feed/ 0
Разузнавачка служба на САД: Ал Каеда може повторно да биде закана за година-две https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razuznavachka-sluzba-na-sad-al-kaeda-moze-povtorno-da-bide-zakana-za-godina-dve/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razuznavachka-sluzba-na-sad-al-kaeda-moze-povtorno-da-bide-zakana-za-godina-dve/#respond Wed, 15 Sep 2021 06:11:23 +0000 https://kurir.mk/?p=563768

Шефот на американската Одбранбена разузнавачка агенција Скот Бериер изјави денеска дека Ал Каеда повторно може да им се закани на САД од Авганистан за една до две години. На состанокот за разузнавање и национална безбедност, Бериер го повтори предупредувањето издадено од разузнавачките служби пред повлекувањето на американските сили од Авганистан. Заменик-директорот на Централната разузнавачка агенција Дејвид Коен рече дека САД веќе откриле „некои од индикациите за потенцијален трансфер на Ал Каеда во Авганистан“. Експертите веќе долго време велат дека талибанците продолжуваат да одржуваат врски со Ал Каеда, која имаше прибежиште во Авганистан пред нападите на 11 септември 2001 година. Експертите за борба против тероризмот пред повлекувањето проценија дека Ал Каеда има неколку стотици борци во Авганистан. Американското разузнавање предупреди кон средината на април дека планот за повлекување на американските војници од Авганистан може да ги охрабри терористичките организации како Ал Каеда и ИД да ги обноват силите потребни за напад врз САД. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razuznavachka-sluzba-na-sad-al-kaeda-moze-povtorno-da-bide-zakana-za-godina-dve/feed/ 0
Саиф ал-Адел нов лидер на Ал Каеда, бил поопасен и од Бин Ладен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saif-al-adel-nov-lider-na-al-kaeda-bil-poopasen-i-od-bin-laden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saif-al-adel-nov-lider-na-al-kaeda-bil-poopasen-i-od-bin-laden/#respond Thu, 25 Feb 2021 07:06:00 +0000 https://kurir.mk/?p=473528

Терористичката организација Ал Каеда се подготвува повторно да стане најголемата закана за светот, како што беше за време на нападите врз Њујорк од 11 септември 2001 година, бидејќи на челното место во организацијата дојде немилосрдниот лидер Саиф ал-Адел, наречен „мач на одмаздата“, за кого разузнавачките агенции тврдат дека е полош дури и од Осама бин Ладен, поранешниот лидер на Ал Каеда. „За крволочниот Саиф ал-Адел се верува дека е новиот лидер на Ал Каеда и дека регрутира борци на Исламска држава, како и дека предизвикува страв од ѕверства низ целиот Запад. Ал-Адел (60) е поранешен египетски генерал за кого се верува дека е генијален и немилосрден стратег и дека го презема раководството на организацијата од Ајман Завахири“, пишува британскиот весник „Мирор“. Висок британски експерт за антитероризам за весникот изјави дека, во споредба со Завахири, „Ал-Адел е многу поефикасен лидер, барем е еднаков со Осама бин Ладен, ако не и поопасен од него“. Гласините дека Завахири најверојатно е мртов значат дека западните разузнавачи ќе мора да внимаваат на реорганизација на Ал Каеда, со оглед на тоа што Саиф, кој има база во Иран, е новиот шеф, наведува Мирор. „Британските и американските шпиони со години ги следат потезите на Саиф, бидејќи тој беше вмешан во секој напад на Ал Каеда во последните три децении“, се додава во текстот. Египетскиот џихадистички ветеран Ајман Завахири го презеде лидерството врз Ал Каеда по убиството на Бин Ладен во 2011 година, но од него ништо не се слушна со години. Поранешниот експерт за борба против тероризмот на ФБИ, Али Суфан, напиша дека Саиф може да биде „третиот емир на Ал Каеда“ со тридецениски пат во оваа терористичка организација. САД веќе нудат награда од 10,5 милиони долари за информации за Саиф, кој се бара за бомбардирањата на американските амбасади во Најроби и во Дар ес Салам, во кои загинаа 224 лица. Саиф ја предводеше личната „Црна гарда“ на Бин Ладен, единица за заштита во Авганистан, именувана по црните шамии. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saif-al-adel-nov-lider-na-al-kaeda-bil-poopasen-i-od-bin-laden/feed/ 0
„Њујорк тајмс“: Израелски оперативци го убиле вториот човек на Ал Каеда https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/njujork-tajms-izraelski-operativci-go-ubile-vtoriot-chovek-na-al-kaeda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/njujork-tajms-izraelski-operativci-go-ubile-vtoriot-chovek-na-al-kaeda/#respond Sat, 14 Nov 2020 14:33:17 +0000 https://kurir.mk/?p=429517

Вториот човек од Ал Каеда, обвинет за помагање во планирање бомбашки напади врз две американски амбасади во Африка во 1998 година, бил убиен од израелски оперативци во име на САД, објави денеска Њујорк тајмс, повикувајќи се на разузнавачи. Абдула Ахмед Абдула, кој беше познат како Абу Мухамед ал-Масри, бил застрелан од двајца мажи на мотори на улици во Техеран на 7 август, објави Тајмс. Убиството на Масри, кој беше најверојатен наследник на сегашниот лидер на Ал Каеда, Ајман ал Завахири, досега се чуваше во тајност, пишува весникот. Улогата на САД во убиството на милитант роден во Египет останува нејасна, наведува Тајмс. Американските власти со години ги следат Масри и другите оперативци на Ал Каеда. Ал Каеда не ја објави неговата смрт, иранските власти ја прикрија додека никој досега не презеде одговорност. Иран ја демантираше веста денеска со наводи дека нема терористи на Ал Каеда на територијата на државата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/njujork-tajms-izraelski-operativci-go-ubile-vtoriot-chovek-na-al-kaeda/feed/ 0
Во Авганистан убиен еден од лидерите на Ал Каеда https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avganistan-ubien-eden-od-liderite-na-al-kaeda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avganistan-ubien-eden-od-liderite-na-al-kaeda/#respond Sun, 25 Oct 2020 08:53:10 +0000 https://kurir.mk/?p=420336

Авганистанските безбедносни сили го убија Абу Мухсин ал-Масри, еден од водачите на Ал Каеда, кој се наоѓа на списокот на најбарани терористи на ФБИ, објави синоќа Дирекцијата за национална безбедност на Авганистан. Ал-Масри е обвинет во САД за обезбедување материјална поддршка и ресурси за странска терористичка организација и за планирање убиство на американски граѓани. Ал-Масри, втор во рангот на командата на Ал Каеда, е убиен во специјална операција во провинцијата Газни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avganistan-ubien-eden-od-liderite-na-al-kaeda/feed/ 0