алаѓозовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Feb 2020 10:55:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png алаѓозовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зa „(не)културата“ на Алаѓозовски и неговото ЕДНООПШЕСТВОЗАСИТЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-ne-kulturata-na-alagjozovski-i-negovoto-ednoopshestvozasite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-ne-kulturata-na-alagjozovski-i-negovoto-ednoopshestvozasite/#respond Fri, 07 Feb 2020 09:31:46 +0000 https://kurir.mk/?p=300525

Видување на „(не)културата“ во Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот 2020-2022 година Уште во првата реченица се гледа деструктивниот приод кон Националната стратегија во делот за културата, односно: „Македонското општество триесетина години упорно работи на сопствената дезинтеграција“. Тоа значи дека од осамостојувањето на Република Македонија до денес нема создавање никакви вредности, нашето општество  работи на разградување на општествените сегменти, односно ние не градиме самостојна држава, каја, патем речено, постои како независна од 8 септември 1991 година, а во меѓувреме ги создаде сите атрибути на самостојност, како македонска војска, македонска полиција, македонска царина, циклуси на парламентарни, локални и претседателски избори, разни состави на влади и собранија и сето тоа што следува понатаму во општественото живеење, но за Алаѓозовски тоа е сопствена дезинтеграција. Во овој контекст, и дефинирањето на кризата во општеството заради, нели, сопствената дезинтеграција, Алаѓозовски ја дефинира повикувајќи се на Бојан Иванов, кој патем речено е кадар на СДСМ, т.е. директор на Музејот на Македонија во периодот 2002-2003. Што значи и во анализата СДСМ во лицето на Алаѓозовски се повикуваат исклучиво на сопствените толкувања, произведувајќи сопствена замислена реалност. Во делот Анализа на рамката на јавни политики гледаме опседнатост на СДСМ од Националната стратегија за развој на културата во Република Македонија во периодот 2013 - 2017 година, каде што примарниот интерес во културата е определен како национален што, пак, СДСМ го смета како ретрограден, односно систем на вредности кој треба да се замени со терминот мултикултурализам. Всушност, овде имаме една вешта замена на тезите за општествените вредностите. Да си ги почитуваш сопствените вредности на идентитетот, како јазик, традиција и своја препознатлива култура е нешто себично, назадно и деструктивно, а мултикултурализмот како збир на колективни вредности со различно потекло е авангарда, напредно in, кажано со речникот на младите. Овде имаме скриено протнување на вредноста на колективот, а во колективот имаме колективна вина или колективна заслуга, нешто што се наметнуваше како парадигма во минатото општество. Следејќи ја денешната терминолошка определба, тоа е мултикултурализмот. Наспроти тоа е индивидуалната одговорност и индивидуалниот успех отсликани во терминот национален интерес. Значи, повторно имаме потиснување на индивидуата со своите вредности или слабости, наспроти толпата, каде што слабите и успешните се претопуваат едни во други и се создава аморфна маса. Понатаму, со наметнување вербална флуентност, односно трупање зборови без конкретна смисла и научно верификувана поткрепа, СДСМ, односно најнеуспешниот министер за култура во историјата на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, се обидува да направи изнасилена дефиниција и наметнување на навистина непотребна терминологија мултикултурализам, па понатаму и интеркултурализам, наметнувајќи им на термините некои „големи“ општествени значења, пресудни за опстанокот и на културата и на општеството. Сѐ на сѐ, овде имаме набрзина искомпониран текст, прикрадуван одваму-оттаму, невешто и несмасно употребен, без никаква смисла и семантика. Во продолжение, имаме ситуација каде што се наметнува синтагмата јавен интерес, наместо национален интерес, и тоа се претставува како развојна линија од „прогресот“ на општесвотото, а тоа, пак, значи само просто и грубо обезличување на континуитетот на идентитетот и традицијата на еден народ, а продажниот продукт е - сите имаат исти права, исти простор за изразување, но никаде ги нема обврските кон државата. Терминот интеркултурализам се оправдува и за охрабрување на пристапот на културата и кон маргинализираните групи, појава која никогаш не ни била ускратена ниту во независна Македонија ниту претходно. Во Република Македонија, а и во Социјалистчка Република Македонија, никогаш не ни се поставувал како проблем изразот на културата и традицијата на етнитетите кои живеат во неа, но и овде Алаѓозовски со неговата верна дружина советници (одродени десничари) со вешта манипулација на невешто дефинираните термни мултикултура и интеркултура безобразно ги навредува граѓаните на Македонија. Бесмислено е и определувањето на општеството како некаква геокултурна траума. А каде и како би живеел човекот да егзистира ако не во одредена организирана формација која се менувала со текот на развојот на човештвото, но сепак постоела некаква организирана формација. А спротвно на организирана формација на живеење е - анахрија. Не ја гледам смислата да се наведуваат како успешни проекти од типот „Дебата за културата“ иницирани од невладнин сектор, и тоа да се претставува како голем исчекор во културата, без притоа ни малку да се спомнат владнините институции од областа на културата и нивната улога во општеството. Сето ова спаѓа во доменот на констатација на состојби, нивна анализа и изведување заклучоци. Можеби владиниот модел за практикување и финансирање на културата треба да се приспособува на времињата кои доаѓаат, но тоа не значи дека не треба да постои владина организација. Тогаш, зошто на невладиниот сектор му е потребен владиниот ако овој толку многу го ограничува. Нека оди на слободен пазар на труд тогаш. Ораганизираното делување на Министерството за култура преку своите комисии од различен тип, годишните конкурси од повеќе видови, како и националните институции Алаѓозовски го нарекува „состојба на постојан диктат“, па во таа насока го форсира невладиниот сектор како нужна потреба од пополнување на „слободумноста“. Тој тука го занемарува фактот дека творештвото по својата природа е слободна и неограничена. Така, колку што знаеме, тие забрануваа филмови, како, на пример, на Јани Бојаџи. Каде е тука слободата на изразот тогаш. Проектите Скопје 2014 наспроти плоштадот Скендер-бег се оквалификувани како етноцентризам или етнопаралелизам, односно дека е злоупотребен концептот мултикулурализам. Тогаш, да го прашаме Алаѓозовски, дали еден сликар за да го почитува терминот мултикултурализам/интеркулурализам на едно платно треба до половина да го наслика Скендер-бег, а на другата половина од платно да го наслика Гоце Делчев, па ќе имаме две половини од историските личности. Не, потоа Алаѓозовски ќе ја проблематизира големината на наликаните половиники или квалитетот на употребените бои и така се стасува до плус бесконечност на бесмислата. Така доаѓаме до македонскиот Монти Пајтон всушност. Алаѓозовски во лицето на СДСМ го проблематизира и составот на вработените лица во Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Република Македонија, па наведува дека во најголем број таму се Албанци, не знаејќи дека формулацијата припадниците на заедниците според Преамбулата на Уставот значи: Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци и други. Според тоа, таму Албанците и Македонците таму се непотребни. Обвинувањето на СДСМ дека во периодот 2014 - 2017 година финасирањето на културата е насочено кон партиско-политичка структура е смешна, бидејќи во тој период се финансираат владините институции од областа на културата (примарна дејност на Мнистерството за култуара) и дел од „независната сцена“ (и јас малку да ја употребам терминологијата на Алаѓозовски), а по доаѓањето на власт на СДСМ приматот го има невладиниот сектор и поединиците, па дури невладиниот сектор ги организираше јавните расправи за Националната стратегија за културата 2018 - 2022, како Јадро или Култ-транзен. Замислете, невладиниот сектор, кој е побарувач на средства од владиниот сектор, го организира управувањето на владиниот сектор во културата. Всушност, ова е еден лукративен обид за пресликување на политичко-филозоф­ското дело Левијантан од 1651 година на англискиот материјалист Томас Хобс во духот на Роберт Алаѓозовски и неговото едно општество за сите во XXI век.   м-р Александар Јорданоски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-ne-kulturata-na-alagjozovski-i-negovoto-ednoopshestvozasite/feed/ 0
Денешен: Екс министерот Алаѓозовски превел и објавил бугарски роман кој безочно ги негира Македонците! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneshen-eks-ministerot-alagjozovski-prevel-i-objavil-bugarski-roman-koj-bezochno-gi-negira-makedoncite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneshen-eks-ministerot-alagjozovski-prevel-i-objavil-bugarski-roman-koj-bezochno-gi-negira-makedoncite/#respond Wed, 15 Jan 2020 16:36:37 +0000 https://kurir.mk/?p=290180

Во издание на издавачката куќа „Готен“ од Скопје, чиј основач и сопственик е Роберт Алаѓозовски, таканаречениот национален координатор за култура во Владата на Македонија, излезе од печат роман на околу 500 страници со наслов „Бежанци“ од бугарската писателка Весела Љахова, во кој на безочен, дрзок и безобразен начин се негира постоењето на Македонците и македонскиот народ, пишува denesen.mk. Романот е објавен во превод токму на „националниот координатор“ за култура, кој и со тоа во потполност ја подржува политиката на Заев за уништување на македонскиот национален идентит, јазик и култура. Во предговорот на авторката, кој исто така е преведен од Алаѓозовски, меѓудругото стои дека „романот опишува реални историски настани од Драмското востание од 1941, дебугаризација на Егејска Македонија по Втората светска војна, трагичната судбина на бугарското малцинство во Грција до средината на ХХ век“, подвлекувајќи дека „бугарските жртви во истиот настан се осудени на заборав“. Во продолжение на овој авторски предговор пишува дека „страдањето на илјадници Бугари заслужува да биде обмислено, усвоено и да се претвори од траума во историско и емоционално искуство“. Понатаму, во предговорот во кој се негира македонскиот народ, кој авторката го посветува на бугарскиот народ во Егејска Македонија, стои дека тој треба да „посведочи за потомците на оние Бугари, кои пред децении преточитале да останат на своите родни огништа како граѓани на грчката држава“, но и „дека не се заборавени и дека преку нивните дедовци се дел од бугарската татковина“. Колку за потсетување: Драмското востание е кренато на 29 септември 1941 година од стана на македонскиот и грчкиот народ против бугарската окупација. Востание почнало ноќта помеѓу 28 и 29 септември 1941 година, под раководство на Окружниот комитет на Комунистичката партија на Грција за Драмско, со напад на партизанските единици од Просочен врз општината, полициската станица и касарната. Востанието се проширило во Доксат, Карликово, Чали, Силиндрук и во други места. Бугарските власти го задушиле востанието при што биле убиени околу 3000 души. По неуспехот во Драма и при првите контрадејствија на бугарските сили, партизаните се повлекле во базите во Кушница и Чал даг за да се прегрупираат. Бугарските воени и полициски сили започнале со настапување и на 30 септември востаниците се повлекле од рамните области и борбите се фокусираат во северните области на Кавалско и Правишко. Бугарските власти формираат три жандармериски групи, кои од 1 до 6 октомври започнале со чистење на регионот. Со помош на артилерија и авијација базите на востанниците во Кушница и Чал даг се уништени. Последните остатоци на отпор се уништени до 5 ноември. Како резултат на востанието биле убиени околу 3000 лица од грчко-македонска страна и 211 од бугарската. Според тоа, Драмското востание нема врска со Бугарите, односно Бугарите се од другата страна на барикадите. Притоа сосема е јасно на кои „потомци на оние Бугари, кои пред децении преточитале да останат на своите родни огништа како граѓани на грчката држава“ мисли авторката. Во која друга држава може да се толерира како „национален координатор за култура“ човек кој превел и издал во своја издавачка куќа радикално антидржавни и антинационални ставови, освен во Северџанија на Заев?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneshen-eks-ministerot-alagjozovski-prevel-i-objavil-bugarski-roman-koj-bezochno-gi-negira-makedoncite/feed/ 0