алатка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Aug 2023 08:46:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png алатка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нова ВИ-алатка на „Мета“ за превод на стотина јазици https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nova-vi-alatka-na-meta-za-prevod-na-stotina-jazitsi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nova-vi-alatka-na-meta-za-prevod-na-stotina-jazitsi/#respond Wed, 23 Aug 2023 08:46:37 +0000 https://kurir.mk/?p=869916

Компанијата „Мета платформи“ којашто е поврзана со „Фејсбук“, објави нова алатка со вештачка интелигенција за превод и транскрипција на говор на десетици јазици. Тоа е потенцијална основа за алатки за комуникација во реално време, што ќе ги премостува јазичните бариери. Се работи за „Симлес-М4Т“ (SeamlessM4T) којшто засега поддржува преводи на текст и говор на речиси 100 јазици, како и целосен превод од говор во говор за 35 јазици, комбинирајќи ја технологијата што претходно беше достапна само во посебни модели. Извршниот директор на „Мета“, Марк Цукерберг, рече дека има визија за алатки кои ги олеснуваат интеракциите меѓу корисниците од цел свет во тн. „метаверзум“. Инаку, компанијата го најави својот модел како достапен на јавноста за некомерцијална употреба. Најголемата светска компанија за социјални медиуми објави голем број модели, главно бесплатни, со ВИ оваа година. Меѓу нив е и јазичниот модел наречен „ЛЛаМА“ ('LLaMA' - Large Language Model Meta AI), дизајниран за помош при истражувањето на ВИ. Во јули, стенд-ап комичарката Сара Силверман и уште двајца автори поднесоа тужби за прекршување на авторските права против „Мета“ и „Опен-АИ“, обвинувајќи ги за неовластена употреба на нивната содржина за вештачката интелигенција и учењето јазици. Говорејќи за „Симлес-М4Т“, истражувачите на „Мета“ тврдат во нивниот истражувачки труд, дека собрале податоци за аудио-инструкции од четири милиони часа „сурово аудио коешто потекнува од јавно достапна содржина на интернет“. Претставникот на компанијата не одговори на прашањата за потеклото на аудиоподатоците. Во истражувачкиот труд на „Мета“ се вели и дека текстуалните податоци потекнуваат од информации создадени минатата година, како што се содржини извлечени од Википедија и слични интернет-страници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nova-vi-alatka-na-meta-za-prevod-na-stotina-jazitsi/feed/ 0
Нова голема промена на Инстаграм – оваа алатка ќе им се допадне на многумина https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nova-golema-promena-na-instagram-ovaa-alatka-kje-im-se-dopadne-na-mnogumina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nova-golema-promena-na-instagram-ovaa-alatka-kje-im-se-dopadne-na-mnogumina/#respond Thu, 21 Jul 2022 06:07:45 +0000 https://kurir.mk/?p=708173

Функцијата за мапи на Инстаграм стана многу покорисна, а инспирирана е од она што го нуди сервисот на Гугл. Новата мапа на Инстаграм поддржува пребарувања и филтри, овозможувајќи им на корисниците да пребаруваат ресторани, атракции и други суштински локации директно од апликацијата, наместо само да гледаат каде е објавена фотографијата. Ажурираната мапа исто така содржи објави, приказни и водичи означени од самите корисници, нудејќи увид во локалната сцена секогаш кога се врши пребарување. Картата поддржува пребарување на хаштаг и можност за истражување со кликнување на тагирани/означени локации во храната за содржината Стори. Исто така, можно е директно да се напише името на објектот, градот или населбата на страницата Explore, а резултатите се прикажуваат на мапата. Користењето налепници за локација на објавите и содржината на Стори ќе ја додаде таа содржина во списокот за пребарување на новата мапа, се додека профилот на корисникот е јавен. Визуелно, мапата користи икони на Инстаграм каде се наоѓаат атракции, што им овозможува на пребарувачите да кликнат и да ги гледаат Стори или да ја посетат страницата на профилот на бизнисите што ги интересираат. Ова е уште еден чекор на Инстаграм да ја направи својата платформа центар за социјално вмрежување, трговија, патување и живот воопшто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nova-golema-promena-na-instagram-ovaa-alatka-kje-im-se-dopadne-na-mnogumina/feed/ 0