албанија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Oct 2023 14:38:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png албанија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Албанија ја напушти сивата листа за перење пари https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-ja-napushti-sivata-lista-za-perene-pari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-ja-napushti-sivata-lista-za-perene-pari/#respond Fri, 27 Oct 2023 14:38:59 +0000 https://kurir.mk/?p=893846

Потпретседателката на албанската Влада и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, објави дека Албанија „ја напуштила сивата листа за перење пари“, што е потврдено во извештај на работната група за финансиска акција, ФАТФ. Според неа, борбата за спречување на перење пари и финансирање на тероризмот е и била во фокусот на албанската Влада и ќе остане една од главните определби во соработка со стратешките партнери. -Албанија излегува од сивата листа на ФАТФ. Посветеноста на албанската Влада, работата за исполнување на реформите, реформирањето на Дирекцијата за спречување перење пари во Агенција за финансиско разузнавање, вложувањето во суштинска промена на законите и дигитализација на процесите, се сите чекори што беа ценети од меѓународните партнери и членките на ФАТФ кои денеска одржаа пленарна седница носејќи низа важни одлуки, од кои една е пресвртница за Албанија, нејзиното излегување од сивата листа, пишува таа во објава на Фејсбук. Балуку, наведува дека оваа одлука носи зајакнување на Албанија на меѓународната сцена, создавање поволни услови за понатамошни странски инвестиции, намалување на трошоците за националниот долг и консолидација на трговската размена. -Оваа одлука несомнено носи зајакнување на Албанија на меѓународната сцена, создавање поволни услови за понатамошни странски инвестиции, намалување на трошоците за националниот долг, консолидација на комерцијалните размени и услуги и низа други придобивки кои произлегуваат од оваа нова позиција на Албанија. Борбата за спречување на перење пари и финансирање тероризам беше и е во фокусот на работата на албанската Влада и ќе остане една од нејзините главни заложби во соработката со нашите стратешки партнери, наведува Балуку. Одлуката ја поздрави и државниот главен обвинител, Олсијан Чела, оценувајќи дека тоа е „плод и суштински придонес од стратегијата за борба против овој феномен, изготвена од Јавното обвинителство во 2020 година“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-ja-napushti-sivata-lista-za-perene-pari/feed/ 0
Бериша најави протести низ Албанија, но и штрајк со глад https://arhiva.kurir.mk/svet/region/berisha-najavi-protesti-niz-albanija-no-i-shtrajk-so-glad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/berisha-najavi-protesti-niz-albanija-no-i-shtrajk-so-glad/#respond Sat, 21 Oct 2023 12:42:38 +0000 https://kurir.mk/?p=891590

Лидерот на побројното крило на албанските опозициски демократи, Сали Бериша, на редовната неделна средба со новинарите најави протести и вонинституционална реакција од опозицијата. Тој предупреди дека „она што се случи во Собранието со бојкот и блокирање на работата на пленарната седница, е само почеток на бранот протести на опозицијата". - Ќе застанеме во парламентот со нашиот најсилен протест. И овој протест, ви гарантирам, нема да остане само во собраниската сала. Рака под рака, постепено ќе се шири на улиците, плоштадите и другите институции во земјата, изјави Бериша. Како форма на протест тој не го исклучува и штрајкот со глад. - Апсолутно да, не го исклучуваме штрајкот со глад. Целосно. Постои вистинска подготвеност и тоа е опција. Нема дискусија, ова е битка, рече Бериша. Во четвртокот од вкупно 59 колку што брои опозицијата, 45 пратеници, кои се на страната на Бериша, ја блокираа собраниската говорница, поради што претседателката на парламентот Линдита Никола беше принудена да ја одложи пленарната седница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/berisha-najavi-protesti-niz-albanija-no-i-shtrajk-so-glad/feed/ 0
Фон дер Лајен: Албанија успешно се движи кон ЕУ, но потребни се и одредени реформи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fon-der-lajen-albanija-uspeshno-se-dvizhi-kon-eu-no-potrebni-se-i-odredeni-reformi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fon-der-lajen-albanija-uspeshno-se-dvizhi-kon-eu-no-potrebni-se-i-odredeni-reformi/#respond Sun, 15 Oct 2023 19:27:59 +0000 https://kurir.mk/?p=889130

- Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Еди Рама даде неколку важни пораки за Албанија и за патот кон ЕУ. Таа, меѓу другото, рече дека Албанија успешно се движи кон ЕУ, но додаде дека има потреба и од одредени реформи. -Албанија успешно се движи кон ЕУ. Тоа од причина што сакаме да станете дел од нас за да ја обединиме ЕУ. Ова ќе ја направи Европа поголема, посилна во светот кој многу се менува. Албанија постигна голем напредок во скрининг процесот. Наша заедничка цел е да ги отвориме преговорите. Втората порака е дека ја градиме оваа заедничка иднина и треба да го направиме тоа веднаш за вашата земја да биде подготвена за членство и да формираме трговска соработка, изјави таа. Почнавме, додаде таа, со инвестиција од 30 милијарди евра, една од нив е хидроцентралата Фиерза и посочи дека „заедно можеме да постигнеме многу“. -Денеска сакам да се фокусирам на новиот план за ЕУ, кој има потенцијал да ја развие економијата на вашата земја. Се движиме кон нова фаза на дејствување, бидејќи овој план има потенцијал да ја удвои вашата економија во овој 10-годишен период. За ова се неопходни реформи кои ќе бидат придружени со инвестиции. Ова ќе биде придружено и со финансирање. Третата порака, нашите инвестиции ќе имаат ист капацитет колку работата што ќе ја работите, рече таа. Вие, посочи, сте целосно во согласност со одговорот на ЕУ на руската војна против Украина. -Еди, ти благодарам тебе и за твојот јасен став за терористичкиот напад на Хамас. Задоволството е да се биде во Албанија, нагласи таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fon-der-lajen-albanija-uspeshno-se-dvizhi-kon-eu-no-potrebni-se-i-odredeni-reformi/feed/ 0
Македонски државјанин со автомобил усмртил пешак во Албанија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/makedonski-drzhavjanin-so-avtomobil-usmrtil-peshak-vo-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/makedonski-drzhavjanin-so-avtomobil-usmrtil-peshak-vo-albanija/#respond Sun, 15 Oct 2023 11:06:02 +0000 https://kurir.mk/?p=889017

Во сообраќајна несреќа, што се случила утрово на патот Скадар-Коплик, во северниот дел на Албанија, македонски државјанин со своето возило усмртил пешак. - Лицето Е.И.(24) жител на Гостивар, Северна Македонија со своето возило удрил во пешакот М.П.(77) од село Омарај, Голема Малесија. Како последица од здобиените повреди пешакот починал, соопшти полицијата. Сообраќајната несреќа се случила околу 5:40 часот во близина на селото Омарај. Возачот на автомобилот е приведен во Полицискиот комесаријат во Скадар. Увидот треба да ја утврди причината за несреќата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/makedonski-drzhavjanin-so-avtomobil-usmrtil-peshak-vo-albanija/feed/ 0
Арбер Адеми: Заедно со Албанија сме на истиот пат за зачленување во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arber-ademi-zaedno-so-albanija-sme-na-istiot-pat-za-zachlenuvane-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arber-ademi-zaedno-so-albanija-sme-na-istiot-pat-za-zachlenuvane-vo-eu/#respond Fri, 13 Oct 2023 15:48:14 +0000 https://kurir.mk/?p=888622

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми денеска во Тирана на маргините на регионалната конференција на тема „Улогата на парламентите во Берлинскиот процес“ имал одвоена средба со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија Игли Хасани. Адеми во разговорот, како што соопшти собраниската прес-служба, информирал за актуелните случувања во Северна Македонија во контекст на развојот на нашите евроинтегративни процеси. Истакнал дека заедно со Албанија сме на истиот пат за зачленување во ЕУ. Министерот Хасани информирал за претстојниот Самит на Берлинскиот процес во Тирана што ќе се одржи на 16 октомври, на владино ниво. Изразил поддршка за вклучување на парламентите од Западен Балкан во овој процес, кој, како што навел, претставува важна платформа за партнерство, помирување и регионална соработка на земјите од Западен Балкан, во рамките на ЕУ. - Заедничка беше констатацијата дека двете земји развиваат пријателски односи на сите полиња и дека нема пречки тие да продолжат и во рамките на Берлинскиот процес, стои во соопштението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arber-ademi-zaedno-so-albanija-sme-na-istiot-pat-za-zachlenuvane-vo-eu/feed/ 0
Албанија нема да го екстрадира во Хаг припадникот на ОВК Гоџај, уапсен по барање на Специјалното обвинителство на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-nema-da-go-ekstradira-vo-hag-pripadnikot-na-ovk-godhaj-uapsen-po-barane-na-spetsijalnoto-obvinitelstvo-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-nema-da-go-ekstradira-vo-hag-pripadnikot-na-ovk-godhaj-uapsen-po-barane-na-spetsijalnoto-obvinitelstvo-na-kosovo/#respond Tue, 10 Oct 2023 13:58:38 +0000 https://kurir.mk/?p=887521

Апелацискиот суд во Тирана денеска ја укина одлуката на првостепениот суд и го одби барањето за екстрадиција во Хаг на поранешниот припадник на ОВК, Дритан Гоџај, уапсен на 11 јули годинава во Тирана, по барање на Специјалното обвинителство на Косово, со седиште во Хаг. Исто така, судот целосно го ослободи од обвинувањата подигнати откако на социјалните мрежи објави сомнителни тајни докази за Хаг. За Гоџај, Обвинителството во овој случај работи за правно-политичките интереси на Србија и Русија, осудувајќи ја правичната војна на албанскиот народ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-nema-da-go-ekstradira-vo-hag-pripadnikot-na-ovk-godhaj-uapsen-po-barane-na-spetsijalnoto-obvinitelstvo-na-kosovo/feed/ 0
Албанија е на страната на Израел, порача Рама https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/albanija-e-na-stranata-na-izrael-poracha-rama/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/albanija-e-na-stranata-na-izrael-poracha-rama/#respond Mon, 09 Oct 2023 09:23:57 +0000 https://kurir.mk/?p=886846

Албанскиот премиер Еди Рама изрази солидарност со граѓаните на Израел кои минуваат тешки моменти како резултат на суровиот терористички напад на Хамас. Во знак на солидарност, Универзитетот во Тирана синоќа беше осветлен со боите на израелското знаме. Рама на социјалните мрежи објави слики од универзитетот и напиша „Албанија стои на страната на Израел”. „Нашите мисли и молитви се со семејствата на жртвите од суровиот терористички напад и со невините луѓе земени како заложници од терористите“, се наведува во објавата на Рама. И градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, објави фотографии од зградата на универзитетот кој се наоѓа на плоштадот „Мајка Тереза“, која е покриена со израелско знаме во знак на поддршка во оваа тешка ситуација што се случува. Веднаш по терористичкиот напад албанскиот државен врв и лидери на политички партии искажаа најостро осуда, порачувајќи дека “Албанија е одлучна против тероризмот од која било форма”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/albanija-e-na-stranata-na-izrael-poracha-rama/feed/ 0
Албанија: СПАК почна истрага во врска со сомнежите за злоупотребите на средствата од ИПАРД програмата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-spak-pochna-istraga-vo-vrska-so-somnezhite-za-zloupotrebite-na-sredstvata-od-ipard-programata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-spak-pochna-istraga-vo-vrska-so-somnezhite-za-zloupotrebite-na-sredstvata-od-ipard-programata/#respond Thu, 05 Oct 2023 10:43:30 +0000 https://kurir.mk/?p=885516

Албанското специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, ги започна истрагите во врска со сомнежите за злоупотребите на средствата од ИПАРД програмата што ги користеше министерството за земјоделство, потврди првиот човек на Специјалното обвинителство, Алтин Думани. Во оваа фаза истражителите вршат проверки и сè уште не е евидентирано име на ниту едно лице. Европската унија на 19 јули годинава привремено ги прекина средствата за Албанија во областа на земјоделството. Делегацијата на Европската унија во Тирана соопшти дека Европската комисија презела мерки на претпазливост врз основа на првичните информации дадени од Европската канцеларија за борба против измами, по истрагата за наводите за корупција поврзани со спроведувањето на програмата ИПАРД II. -Како превентивна мерка за заштита на финансиските интереси на Европската унија, Европската комисија привремено ги суспендираше надоместоците на албанските власти за трошоците направени во рамките на ИПАРД II програмата за земјоделство во Албанија. Европската истрага продолжува и проектите доделени во 2014-2020 година во Албанија се под контрола, јави abcnews.al. Во 2018 година, Агенцијата за земјоделство и рурален развој (АРДА) во Албанија, беше акредитирана за ИПАРД II Програмата, за распределба на грантови со вкупен буџет од 94,6 милиони евра, од кои 71 милион евра издвои Европската комисија, а 23,6 милиони евра беа распределени од националниот буџет на албанската држава. Или, 75 отсто пари од ЕУ, 25 отсто од албанскиот буџет. Доколку се потврдат сомнежите, Албанија ризикува да не продолжи со ИПАРД III фазата, која предвидува грантови до 146 милиони евра. Анализата на корисниците на ИПАРД програмата во Албанија разоткрила врски со политиката, јавната администрација и криминалот. Во однос на ова прашање премиерот Еди Рама при неодамнешната посета на Хрватска изјави дека „Ќе земеме пример од Хрватска, ќе го исправиме јазолот на администрацијата на фондовите на ЕУ“, додавајќи дека ќе има реорганизација на администрацијата на фондовите на ЕУ за земјоделството. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-spak-pochna-istraga-vo-vrska-so-somnezhite-za-zloupotrebite-na-sredstvata-od-ipard-programata/feed/ 0
Пожар со денови беснее кај Фиер, на барање на Албанија Грција ќе испрати канадер https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozhar-so-denovi-besnee-kaj-fier-na-barane-na-albanija-grtsija-ke-isprati-kanader/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozhar-so-denovi-besnee-kaj-fier-na-barane-na-albanija-grtsija-ke-isprati-kanader/#respond Sun, 01 Oct 2023 18:51:22 +0000 https://kurir.mk/?p=883920

Грција позитивно одговори на барањето за помош и ќе испрати авион за гаснење на пожарот кај албанскиот град Фиер. -Соседната земја ќе испрати авион Канадер, при што ќе интервенира од воздух, бидејќи тешкиот терен ја оневозможува работата на пожарникарите. Барањето го упати албанската Агенција за цивилна заштита, бидејќи пожарот не е изгаснат веќе 6 дена и покрај напорите на противпожарните или вооружените сили, јави Топ чанел. Министерот за одбрана Нико Пелеши изрази благодарност за помошта од Грција, во рамки на Европскиот механизам за цивилна заштита. -Грција одговори на барањето на Агенцијата за цивилна одбрана на Албанија со авион Канадер за интервенција од воздух во срцето на пожарот во Пише Поро, во Фиер. Им благодариме на нашите соседи за помошта во рамките на Европскиот механизам за цивилна заштита“, напиша Пелеши во објава на Фејсбук. Реагираше и министерот за внатрешни работи Таулант Бала. -Благодарам на Грција која во рамки на Европскиот механизам за цивилна заштита веднаш одговори на барањето на нашата Агенција за цивилна заштита со авион Канадер за воздушна интервенција во пожарите во Пише Поро и Дарезезе во Фиер, изјави Бала. Претходно тој ја оцени ситуацијата како крајно сериозна и нагласи дека во следните часови ќе има засилување на противпожарната опрема и изјави дека е побарана интервенција на цивилната итна помош на Европската унија како и на специјализирани човечки сили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozhar-so-denovi-besnee-kaj-fier-na-barane-na-albanija-grtsija-ke-isprati-kanader/feed/ 0
Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара од властите на Република Албанија да го прогласат бугарскиот државјанин Виктор Стојанов за персона нон грата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskoto-drushtvo-ilinden-tirana-bara-od-vlastite-na-republika-albanija-da-go-proglasat-bugarskiot-drzhavjanin-viktor-stojanov-za-persona-non-grata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskoto-drushtvo-ilinden-tirana-bara-od-vlastite-na-republika-albanija-da-go-proglasat-bugarskiot-drzhavjanin-viktor-stojanov-za-persona-non-grata/#respond Sun, 01 Oct 2023 11:21:20 +0000 https://kurir.mk/?p=883819

Македонското друштво „Илинден“-Тирана побара од властите на Република Албанија бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, претседател на Фондацијата Македонија, да го прогласат за персона нон грата. – Во време на актуелен попис, одредени бугарски лица слободно се шетаат по градовите и селата населени со Македонци низ Република Албанија, со единствена цел да се присилуваат да се изјаснуваат како Бугари. За таквата активност на бугарските емисари јавно зборуваат Македонците, негодувајќи на говорот на омраза кои тие лица ги користат кон Македонците, како и користењето на децата како погодни за „подарување“ на телефони и таблети кои подоцна се користат како уцена за родителите за изјаснување како Бугари, стои во соопштението на друштвото. Реагирајќи на „невидената агресивност на бугарските емисари врз Македонците во Република Албанија, цениме дека властите во Република Албанија треба да изнајде начини да ги заштитат македонските жители, кои со децении се лојални граѓани на албанската држава“. – Поради екстремна агресивност, ширење на говор на омраза и заканувачки пораки кон македонското население, Македонско друштво „Илинден“-Тирана бара Виктор Стојанов да се прогласи за персона нон грата и да му биде забранет влез во Република Албанија. Имено, тој како претседател на бугарска фондација користи агресивна анти-македонска пропаганда и насилно се обидува да направи асимилација на македонско национално малцинство во Република Албанија, се наведува понатаму. Во соопштението потпишано од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај, на огранокот за Голо Брдо, Фатри Фетаху и координаторот за Округот Елбасан, Елса Џелили, уште се додава дека „ширејќи невистини и провоцирајќи со говор на омраза, Стојанов предизвикува вознемиреност кај македонскиот народ во Република Албанија во време на попис, а со тоа го загрозува и националниот суверенитет на Република Албанија“. Како што самиот Стојанов објавува на социјалните мрежи, деновиве тој престојувал во областа Голо Брдо, како и во Либражд каде делел таблети и тетратки со ликови, како што наведува големите бугарски владетели. Тој претходно упати закана до Македонците, предупредувајќи ги дека ако не се попишат како Бугари на пописот кој е во тек во Албанија, ќе им бидат одземени бугарските пасоши а оние кои аплицирале никогаш нема да добијат бугарско државјанство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskoto-drushtvo-ilinden-tirana-bara-od-vlastite-na-republika-albanija-da-go-proglasat-bugarskiot-drzhavjanin-viktor-stojanov-za-persona-non-grata/feed/ 0