албанска опозиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 29 Jul 2023 10:35:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png албанска опозиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Османи: Раситнување на опозицијата во албанскиот блок е анахроно на правците низ кои се движи државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-rasitnuvane-na-opozitsijata-vo-albanskiot-blok-e-anahrono-na-pravtsite-niz-koi-se-dvizhi-drzhavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-rasitnuvane-na-opozitsijata-vo-albanskiot-blok-e-anahrono-na-pravtsite-niz-koi-se-dvizhi-drzhavata/#respond Sat, 29 Jul 2023 10:55:25 +0000 https://kurir.mk/?p=861416

Не е процес на окрупнување, туку раситнување на опозицијата во албанскиот блок во последните денови. Со еден чекор се фрагментираат три политички партии - БЕСА, Алтернатива и дел од ДУИ. Како структура не спорам, секој има право да се организира, но како цел, мислам дека се анахрони на правците низ кои се движи државата, изјави на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи во одговор на новинарско прашање. Тој информираше дека станува збор за хибриден политичко-економски центар, каде што постои договор по однос три главни заклучоци. Како што рече, првиот е меѓусебна неказнивост, односно договор меѓу политички лидери, партии или олигарси, за меѓусебно неказнување во наредниот период или меѓусебна заштита. Вториот е зачувување на монополскиот плен од приватизацијата и третиот е раситнување на албанската политичка сцена, поради идеја дека со окрупнување на албанската политичка сцена се ризикува политичко-економски монопол. -Тоа се трите заклучоци кои што, според нашите информации, овој политичко олигархиски центар ги има донесено. Како структура не спорам, секој има право да се организира, но како цел, мислам дека се анахрони на правците низ кои што се движи државата, бидејќи тоа што ДУИ се обидуваше да го направи е да интегрирање. Имаше реакции како може Албанец да биде министер за надворешни работи во вакви услови. Но, нашата цел е секој да се чувствува како дел од оваа заедничка држава. Ако јас сум министер за надворешни работи, како државјанин на Северна Македонија, ќе работам без емоции, односно без никакви предрасуди, ако мислам дека е тоа државен интерес. ДУИ го постигна тоа, албанците да ја чувствуваат државата како своја, рече Османи. За жал, посочи, некој се обидува намерата за интегрирање во унитарна државата да се претстави како ризик за доминирање, а со ова, потенцираше, се прави лоша услуга на државата. Тој смета дека одлуката за раситнување на албанската политичка сцена е поради фактот што одредени луѓе сметаат дека ДУИ е премногу моќна. Прашан кои се тие поединци, Османи посочи дека не може да ги соопшти во оваа фаза, но со текот на времето ќе се обзнанат. -Во своите анализи од Центарот процениле дека ДУИ е парадигма или синоним на еднаквоста и ако треба да се постигнат овие цели, неказнивост, заштита на приватизација, треба да се руши ДУИ, односно да се создадат локални политички партии кои што ќе се занимаваат меѓу себе и нема да можат да ги ризикуваат интересите на тие олигарси. Мислам дека прво ова е штетно за нормалното функционирање и за интересите на државата, бидејќи тоа се политики на раздвојување. Основата на функционирањето на ДУИ е интегрирање. Некој се обидува да разграничи дали може Албанец да биде министер, но тоа се политики на раздвојување, а ние се обидуваме да внесеме политики на интегрирање, секој да се чувствува подеднакво. Затоа сметам дека овие политики се осудени на пропаст, рече Османи. -Ние ќе продолжиме кон овие политики, земјата да биде интегрирана, да биде во добри етнички односи и да напредува на економски, политички и социјален план, додаде Османи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-rasitnuvane-na-opozitsijata-vo-albanskiot-blok-e-anahrono-na-pravtsite-niz-koi-se-dvizhi-drzhavata/feed/ 0
„Алмакос“: Албанската опозиција да земе пример од македонската опозиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/almakos-albanskata-opozicija-da-zeme-primer-od-makedonskata-opozicija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/almakos-albanskata-opozicija-da-zeme-primer-od-makedonskata-opozicija/#respond Tue, 02 Nov 2021 18:31:51 +0000 https://kurir.mk/?p=589937

Пред 4 години, најголемата опозициска партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, ги загуби речиси сите општини во државата, вклучително и историските. Тоа беше прв пораз на Никола Груевски од 2006 година кога дојде на власт. Тој поднесе оставка, се соочи со напади и судски постапки, беше осуден и побегна од Македонија во Унгарија каде што живее и денес, се наведува во анализата на Алмакос. -Неговата партија, анатемирана од меѓународните, ослабе и се мислеше дека никогаш повеќе нема да крене глава. Организираше внатрешни избори, а за претседател наместо Груевски беше избран Христијан Мицкоски. Раководството го сочинуваа млади луѓе но и со придонеси и гласови во партијата и во електоратот. Тие го задржаа својот доктринален пристап како политичка сила создадена во 1903 година и антирежимска партија во времето на комунизмот. Се дистанцираа и од политичкиот екстремизам од времето на Груевски, но никогаш не го нападнаа лично(Груевски). Тие, како членка на Европската народна партија, водеа прозападна агенда, но во меѓувреме ги остранија од партијата сите корумпирани од поранешното раководство со на чело Сашо Михајлков, поранешниот шеф на тајната служба, кој сега е во затвор, се наведува во анализата. „Тие се вклучија и во една агенда заедно со албанската опозиција на Зијадин Села и Алтернатива со кои беа во политичка војна. Нив ги обедини борбата против корупцијата и граѓанската агенда за интеграција. И покрај поразот на претседателските избори пред 2 и пол години, тие имаа добар резултат на општите избори минатата година и триумфираа во 2021 година на локалните избори. Се подновија, се обединија со себе, со граѓаните и со албанската опозиција и триумфираа“. -И покрај тоа што Заев беше лидер кој има најголема можна меѓународна поддршка во историјата на Македонија, тој длабоко загуби. Овие пораки мора да ги прими албанската опозиција, која се оди од пораз во пораз, поделена меѓу себе и нејзините сојузници, без меѓународен кредибилитет, без програма и цели и целосно под контрола на локалната олигархија. Вака најверојатно ќе има долг живот во опозиција.. Нека земе пример од македонската опозиција, пишува Алмакос во анализа потпишана од Аниса Бахити.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/almakos-albanskata-opozicija-da-zeme-primer-od-makedonskata-opozicija/feed/ 0
„100 дена лаги и загуби“ – и албанската опозиција, Зијаден Села и Африм Гаши со критики за новата Влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/100-dena-lagi-i-zagubi-i-albanskata-opozicija-zijaden-sela-i-afrim-gashi-so-kritiki-za-novata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/100-dena-lagi-i-zagubi-i-albanskata-opozicija-zijaden-sela-i-afrim-gashi-so-kritiki-za-novata-vlada/#respond Wed, 09 Dec 2020 15:56:01 +0000 https://kurir.mk/?p=441002

Првите 100 дена од оваа влада се 100 дена од 4 годишното најлошо владеење што некогаш го имала оваа држава, смета лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој потсетува дека СДСМ вети живот, дури и повеќе, подобро, но во првите 100 дена добивме вето на патот кон ЕУ, трговија со идентитетот, 1400 загубени животи од корона вирусот, поскапа струја, сиромаштија и економска рецесија. Албанската опозиција исто така со критики за првите 100 дена од владата “Заев 2“. “Влада на лаги“, “Албанец премиер, лага“, “Влада на марихуана“, “Лажен ветинг“, “Закон за казината, лага“, беа само некои од прашањата за кои лидерот на АА и тој на Алтернатива ја потсетија владата, особено ДУИ. Лидерот Зијадин Села вели дека интгегративците не реализирале ниедно ветување кое им го дале на Албанците, а не понудиле ништо освен лаги, пренесува ТВ21. „Оваа Влада нема ниту грам морал за да продолжи со работа. Оваа Влада треба да даде оставка. Премиерот Заев треба да даде оставка и мора да се оди со широка Влада, со цел обврските да ги земат сите политички актери, за некаков компромис кој треба да се направи.“, рече Села. Две карактеристики на новата Влада се исклучување на гласот на другите и неуспехот, рече лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, кој ги спомна економијата, евро интеграциите, наставниот процес и лошото менаџирање со пандемијата. „Ужасно е да бидете први во регионот за највисока смртност, не зборувам за Европа, туку ние сме пред Косово, Албанија, Црна Гора, Србија, Грција, Бугарија и други земји, тоа е алармантно. Бројот на заразени е многу висок. Најголемиот неуспех на ова Влада во однос на пандемијата, е не подготвувањето за вториот бран.“, изјави Гаши. Целиот текст на ТВ21.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/100-dena-lagi-i-zagubi-i-albanskata-opozicija-zijaden-sela-i-afrim-gashi-so-kritiki-za-novata-vlada/feed/ 0
Албанската опозиција го поддржува протестот на кој повикува претседателот Мета https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-opozicija-go-poddrzuva-protestot-na-koj-povikuva-pretsedatelot-meta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-opozicija-go-poddrzuva-protestot-na-koj-povikuva-pretsedatelot-meta/#respond Sun, 23 Feb 2020 21:05:02 +0000 https://kurir.mk/?p=307824

Обединетата албанска опозиција, предводена од Демократската партија, ќе го поддржи протестот што на 2 март на плоштадот „Народни херои “ ќе го организира шефот на државата Илир Мета. Ставот доцна попладнево го изнесе лидерот на демократите, Љуљзим Баша оценувајќи дека повикот на претседателот не е повик за политичките партии, туку за сите граѓани. – Повикот на Претседателот не е за политичките партии, за десницата или за левицата, туку за албанските граѓани да ги одбранат темелите на демократијата, а тоа е Уставот. Како граѓани кои сакаат земјата да преземе чекори кон консолидација на демократијата, ние мора да одговориме на секој повик за заштита на Уставот и демократското функционирање на независните институции. Затоа го поддржуваме протестот на Претседателот за Уставот, напиша Баша. Тој обвини дека земјата се наоѓа во длабока уставна и економска криза. – Албанија се наоѓа во длабока уставна криза, покрај економската криза, која секојдневно ја преживуваат сите Албанци. Како граѓани, не можеме да ги затвориме очите кога владеењето на законот е заложник, кога ќе бидат уништени институциите, а демократијата е во опасност. Зграпчувањето на Уставниот суд значи уништување на правата и слободите на секој граѓанин. Не можеме да прифатиме Албанија да се врати 30 години назад, изјави Баша. Тој побара колку е можно побрзо завршување на изборната реформа и спроведување предвремени избори. – За излез од крзата во која е втурната земјата, за враќање на албанската влада, враќање на албанските општини, враќање на албанската економија, гарантирање на правда независна од политиката, постои едно демократско решение: навремено завршување на изборната реформа и итно одржување на слободни и фер избори! Демократската партија и обединетата опозиција работат на ова секој ден и со поддршка од граѓаните промената ќе стане реалност. Подобри денови!, порача Баша. Претходно, поддршка даде и лидерката на Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади, која е сопруга на претседателот Мета. – На протест на 2 март, не за Илир Мета, туку за Албанија и граѓаните, за демократија, подобар живот и запирање на масовната миграција на младите, рече Круемади.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-opozicija-go-poddrzuva-protestot-na-koj-povikuva-pretsedatelot-meta/feed/ 0
Албанска опозиција повторно на протест, Рама мобилизира 2.000 припадници на МВР https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanska-opozicija-povtorno-na-protest-rama-mobilizira-2-000-pripadnici-na-mvr/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanska-opozicija-povtorno-na-protest-rama-mobilizira-2-000-pripadnici-na-mvr/#respond Sat, 25 May 2019 07:44:56 +0000 https://kurir.mk/?p=201727

Обединетата албанска опозиција денеска ќе го одржи шестиот по ред „национален протест“,кој ќе почне во 19:00 часот пред Владата во Тирана. Лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, на синоќешниот собир во градот Бурел, рече дека Албанците се одлучни да ја земат судбината во свои раце. Во своето обраќање тој не го поштеди од обвинувања премиерот Еди Рама,за кого рече дека „нема ни достоинство, ниту чест“. -Еди Рама, кримииналец, крадец, кој нема ниту достоинство, ниту чест. Доколку имаше тронка достоинство ќе си заминеше како што тоа го направија премиерите на Австрија и на Велика Британија. Помошта и придонесот на Германија и САД да ја решат кризата во земјава е неопходна, но за условот кој се однесува на заминувањето на Еди Рама нема преговори,порача Баша. Посочи дека опозицијата нема да направи ни чекор назад во „битката за живот или смрт“ и ги повика албанските граѓани што помасовно да присуствуваат на протестот,кој е предвидено да трае четири часа. Лидерката на втората по големина опозициска партија,Социјалистичкото движење за интеграција,Моника Круемади, со многу посмирен тон од претходно побара од оние кои ќе протестираат „да се откажат од насилства и да протестираат на мирен и достоинствен начин“ Инаку, албанските власти ги преземаат сите мерки на безбедност. Владата и Парламентот се оградени со железни огради, а за безбедноста ќе се грижат околу 2.000 униформирани и цивилни лица вработени во МВР. Во меѓувреме се огласи и американската амбасада во Тирана,која ги предупреди своите граѓани во периодот кога се одржува протестот да бидат внмателни, да ги следат локалните медиуми и да го избегнуваат подрачјето каде ќе се задржува и движи толпата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanska-opozicija-povtorno-na-protest-rama-mobilizira-2-000-pripadnici-na-mvr/feed/ 0
Албанската опозиција ќе ги радикализира протестите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-opozicija-kje-gi-radikalizira-protestite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-opozicija-kje-gi-radikalizira-protestite/#respond Thu, 02 May 2019 05:49:48 +0000 https://kurir.mk/?p=193126

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, по вчерашната едночасовна средба со претседателката на Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади, најави радикализирање на активностите на обединетата опозиција. Како што посочи, денеска во 18 часот, сите главни патни правци во земјата кои се поврзуваат со Тирана ќе бидат блокирани, како знак на ескалација на граѓанска непослушност. Претпладне, според него, во 11 часот ќе ги одредат задачите на преодната влада. – Ние сме во длабока политичка, уставна, економска и социјална криза и како што стана јасно и во последните 24 часа земјата е во целосна криза во највиталниот процес за Албанија, односно за интеграцијата на земјата во ЕУ. Причината за тоа е изборниот криминал. Ќе продолжиме со нашата акција на секој план. Во 18 часот ќе почне акција низ целата земја со блокирање на најважните патни правци како знак на граѓанска непослушност. Во 11 часот заедно со опозициската коалиција, ќе ги одредиме должностите на преодната влада за гарантирање слободни и фер избори. Ќе разговараме и за нашата платформа која ќе им ја претставиме на Албанците, рече Баша. Според него, ништо не се сменило во ставот на обединетата опозиција, како што ја нарече, „новото мнозинство“. – Заминувањето на Еди Рама е прашање за кое не може да се преговара. Тоа ќе доведе до формирање преодна влада за спроведување слободни и фер избори, рече Баша. Обединетата опозиција минатиот четврток го блокираше влезот во Тирана, а од денеска, секој четврток ќе бидат блокирани главните национални патишта од север до југ, кои водат кон албанската метропола. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-opozicija-kje-gi-radikalizira-protestite/feed/ 0
Албанската опозиција размислува за повлекување и на градоначалниците https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-opozicija-razmisluva-za-povlekuvanje-i-na-gradonachalnicite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-opozicija-razmisluva-za-povlekuvanje-i-na-gradonachalnicite/#respond Tue, 26 Feb 2019 06:48:01 +0000 https://kurir.mk/?p=168333

Откако се откажа од пратеничките мандати албанската опозиција ја разгледува можоста да ги повлече градоначалниците и членовите на општиснките совети низ целата земја. Од опозицијата најавуваат дека нивнот став се очекува да се радикализира по најавениот голем национален протест закажан за 16 март. – Бидете сигурни дека нападот на опозицијата ќе биде 360 степени. Во сите институции, низ целиот општествен, политички и меѓународен простор. Ова ќе се одлучи по 16 март, кога ќе има голем протест, рече Дашамир Шехи, лидер на партијата Движење за национален развој, која е дел од обеднетата албанска опозиција. Лидерот на Републиканската партија, Фатмир Медиу, посочи дека „опозицијата мора да стори се што бараат граѓаните за соборување на Рама“. – Опозицијата ќе стори се што албанските граѓани сакаат за да ја вратат Албанија на потребниот пат, уставни, но истовремено и европски пат што е цел на сите Албанци, но за жал оваа Влада е препрека, посочи Медиу. Во врска со ставот на европските и американските партнери кои се против одлуката опозицијата да се откаже од пратеничките мандати, Шехи наведе дека опозицијата смета оти меѓународните претставници зазеле свој став, традиционален, класичен, каде пред демократијата се става стабилноста. – Добро ги разбираме. Но, ние сметаме дека од денешната позиција на демократите, за разлика од онаа што беше пред три месеци, има огромен напредок. Тие почнаа да сфаќаат дека се додека е господинот Рама ќе има се помалку и помалку стабилност, се повеќе и повеќе дрога и организиран криминал. Ние сме на пат да ги убедиме меѓународните претставници за оваа работа, нагласи Шехи. Обеднетата опозиција третиот масовен антивладин протест ќе го одржи в четврток пред Парламентот во Тирана. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-opozicija-razmisluva-za-povlekuvanje-i-na-gradonachalnicite/feed/ 0
Албанската опозиција бара Македонија да се грижи за албанската дијаспората https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/albanskata-opozicija-bara-makedonija-da-se-grizi-za-albanskata-dijasporata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/albanskata-opozicija-bara-makedonija-da-se-grizi-za-albanskata-dijasporata/#respond Sun, 11 Nov 2018 15:50:49 +0000 https://kurir.mk/?p=126566

Албанската опозиција бара Македонија со Устав да се грижи за Албанците во дијаспората. Како дел од амандманот 36 да го измени членот 49 од Уставот, опозициските партии бараат во ставовите 1 и 3 да се гарантира грижа на државата кон албанската дијаспората и зачувување на културно-историското наследство на Албанците во Македонија. -Зборувам за Албанци, државјани на Македонија кои живеат во странство. Имаме силна заедници и затоа постои потреба од нови формулации, кои ќе го гарантираат нашиот право, не само кога живееме и работиме во странство, како државјани, но, исто така, моето право како Албанец, односно етничка заедница во ова општество." - рече Фадил Зендели, пратеник на Движењето Беса -Кој ќе ги брани културните вредности и културното наследство на Албанците во Македонија? Албанците овде исто така имаат важни моменти од својата историја. Да не ги набројувам сите, но тука во оваа земја се одржа Конгресот за унифицирање на модерната азбука на Албанците, односно во Битола ". - истакна Сирија Рашиди, пратеник на Алијанса за Албанците. Грижата за дијаспората, за премиерот Зоран Заев е прифатлива и вреди да се консултираат експертите, додека утврдување на етничките групи, во делот за заштита на културно-историското наследство, според првиот човек на извршната власт ја губи вредноста уставната заштита. За грижата за македонскиот идентитет во земјата имаме гаранции и за грижата за Албанците, Србите, Турците, Власите, Ромите, Бошњаците и сите други. Со додавање на членот за грижа за албанскиот, србскиот, ромскиот и идентитетот на другите етнички групи навистина ја губиме смислата на членот и до тука верувам дека ние треба да се разбере едни со други." - рече премиерот Зоран Заев. Албанската опозиција бара во првиот став од член 49 од Уставот да пишува: "Републиката ги чува, гарантира и се грижи за историското и културното наследство на македонскиот народ и на народите кои припаѓаат на етничките заедници: Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци , Влаш итн. ". Во став три, албанската опозиција бара јасно да стои: "Републиката се грижи за припадниците на македонскиот народ и дародите кои припаѓаат на етничките заедници во Македонија а кои живеат во дијаспората, Албанци, Турци, Роми, Срби, Босанци, Власи итн" . При разгледувањето на последниот нацрт-амандман, пратениците на ДУИ немаа забелешки за дијаспората и културното и историското наследство на Албанците во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/albanskata-opozicija-bara-makedonija-da-se-grizi-za-albanskata-dijasporata/feed/ 0