албанска полиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Jul 2023 15:20:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png албанска полиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Албанската полиција запленила оружје и муниција кое требало да биде пренесено во Македонија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-politsija-zaplenila-oruzhje-i-munitsija-koe-trebalo-da-bide-preneseno-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-politsija-zaplenila-oruzhje-i-munitsija-koe-trebalo-da-bide-preneseno-vo-makedonija/#respond Fri, 14 Jul 2023 15:20:14 +0000 https://kurir.mk/?p=856759

Полицијата од албанскиот град Поградец запленила арсенал оружје и воена муниција, што требало да бидат прошверцувани во Северна Македонија, соопшти полицијата. - Финализирана е акцијата „Старова" во која запленети се лесен митралез, автоматско огнено оружје, две полуавтоматски пушки, значителна количина боева муниција, реденик за миталез со 30 куршуми, рачни гранати, подвижни делови од пушката. Истите се одземени како материјален доказ, стои во полициското соопштение. Оружјето и муницијата се пронајдени во штала за добиток, до куќата на 40 - годишен жител на селото Старова кај Поградец, претходно осудуван за „производство и продажба на наркотици". апсење, заплена, оружје, поградец - Од спроведената истрага постојат основи на сомнение дека оружјето и миницијата уапсеното лице ќе го транспортира во правец на Северна Македонија. Продолжува работата на целосно документирање на оваа незаконска дејност, наведува полицијата. Случајот е предаден на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност Корча.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-politsija-zaplenila-oruzhje-i-munitsija-koe-trebalo-da-bide-preneseno-vo-makedonija/feed/ 0
Албанската полиција со дронови откри „стаклена градина“ со повеќе од три илјади садници канабис среде шума во Лежа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-politsija-so-dronovi-otkri-staklena-gradina-so-poveke-od-tri-iljadi-sadnitsi-kanabis-srede-shuma-vo-lezha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-politsija-so-dronovi-otkri-staklena-gradina-so-poveke-od-tri-iljadi-sadnitsi-kanabis-srede-shuma-vo-lezha/#respond Sat, 27 May 2023 13:40:40 +0000 https://kurir.mk/?p=839436

Тимови на албанската полиција опремени со беспилотни летала, кои продолжуваат со интензивни контроли на целата територија, во атарот на градот Лежа откриле повеќе од три илјади садници канабис сатива. -Тимовите специјално поставени од полицијата во Лежа за спроведување на оперативниот план на територијата на државата, со фокус на превенција, откривање и сузбивање, уште во почетна фаза на обиди за одгледување наркотични растенија, продолжуваат со интензивни контроли на целата територија. Во планински предел на селото Унгреј откриени беа над три илјади садници канабис сатива, подготвени за расадување, кои се уништени со палење, наведува полицијата. Во рамки на полициската мега-операција „Слика“ само во овој дел од земјата откриени и уништени се околу пет илјади садници и стебла на канабис. На целата територија на Албанија, која се уште се смета за најголем производител на марихуана на европско тло, за кус период, уништени се околу 20 илјади стебла, засадени главно во планински тешко достапни предели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-politsija-so-dronovi-otkri-staklena-gradina-so-poveke-od-tri-iljadi-sadnitsi-kanabis-srede-shuma-vo-lezha/feed/ 0
Албанската полиција нуди награда од 100 илјади евра за информација за нападот врз Топ чанел https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-politsija-nudi-nagrada-od-100-iljadi-evra-za-informatsija-za-napadot-vrz-top-chanel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-politsija-nudi-nagrada-od-100-iljadi-evra-za-informatsija-za-napadot-vrz-top-chanel/#respond Tue, 28 Mar 2023 13:10:58 +0000 https://kurir.mk/?p=817352

Албанската полиција ги повика граѓаните да достават информации поврзани со пукањето врз телевизијата Топ чанел во Тирана, при што беше убиен 60-годишниот чувар, Пал Кола. - Полицијата нуди награда од 100.000 евра за секоја вредна информација која би довела до откривање на сторителите, јави Топ чанел. Управата на полицијата во Тирана објави детали од истрагата за случајот. Според официјалните информации од албанската полиција, констатирани се оштетувања на фасадата на зградата во која е сместена телевизијата Топ чанел, како и на два автомобила паркирани во дворот на објектот. Возилото на сторителите беше снимено од безбедносните камери во околината, а е пронајдено запалено во близина на Голем, во кое биле и три автоматски пушки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-politsija-nudi-nagrada-od-100-iljadi-evra-za-informatsija-za-napadot-vrz-top-chanel/feed/ 0
Албанската полиција ги отфрли обвинувањата на Бериша за лицето што го нападна https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-policija-gi-otfrli-obvinuvanjata-na-berisha-za-liceto-shto-go-napadna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-policija-gi-otfrli-obvinuvanjata-na-berisha-za-liceto-shto-go-napadna/#respond Tue, 06 Dec 2022 18:20:27 +0000 https://kurir.mk/?p=771957

Генералниот директор на албанската државна полиција, Мухамет Румбулаку,  ги отфрли обвинувањата  на поранешниот премиер Сали Бериша дека 31-годишниот Герти Шеху, кој го удрил, бил агент на криминалистичката полиција. Румбулаку рече дека  Шеху никогаш не бил полициски агент и никогаш не бил користен како инфилтратор. -Во врска овој дел од изјавата на Бериша појаснуваме дека лицето Герт Шпетим Шеху никогаш не бил и не е агент во овој сектор, како и во ниту  која било од структурите на државната полиција. Тој никогаш не бил користен како инфилтратор од полицијата, рече Румбулаку. Тој, исто така, нагласи дека документот кој покажува дека лицето боледува од ментални здравствени проблеми, им бил достапен на медиумите од самите членови на семејството. -Документот дека е ментално болен го дале самите членови на неговото семејство. Државната полиција најостро ги осудува овие изјави. Го уверуваме пратеникот Бериша дека државната полиција во соработка со Обвинителството ќе работи на расветлување на инцидентот, посочи тој. Бериша обвини дека лицето што го нападнало е агент на криминалистичката полиција и оти се користи како инфилтратор, дека не верува дека е психички болен, дека документот е лажен и оти ” се е добро испланирано од премиерот Еди Рама”. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-policija-gi-otfrli-obvinuvanjata-na-berisha-za-liceto-shto-go-napadna/feed/ 0
Албанската полиција разби македонско-косовска група шверцери кои краделе скапи возила и ги продавале во Албанија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-policija-razbi-makedonsko-kosovska-grupa-shverceri-koi-kradele-skapi-vozila-i-gi-prodavale-vo-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-policija-razbi-makedonsko-kosovska-grupa-shverceri-koi-kradele-skapi-vozila-i-gi-prodavale-vo-albanija/#respond Mon, 19 Sep 2022 13:27:09 +0000 https://kurir.mk/?p=734869

Албанската полиција разби организирана македонско-косовска група чии членови краделе скапи возила во западно европските земји и ги продавале во Албанија. Во акцијата насловена „луксуз” запленети се седум луксузни возила, уапсено е едно, а се трага по уште пет лица. Во полиција на распит се повикани и лица кои набавиле возила од оваа група. – Возилата кои достигнуваат високи цени на пазарот ги изнајмувале македонски и косовски државјани од агенции во различни земји на Европската унија, главно од Германија, а потоа ги внесувале во Албанија преку граничните премини „Ќафасан” на албанско – македонската и „Морина” на границата со Косово, соопшти полицијата. Се додава дека за да избегнат следење пред да влезат на албанска територија го оневозможувале ГПС-от и автомобилите ги пријавувале за украдени. Процедурата за нивна продажба продолжувала со промена на бројот на шасијата. Полицијата потврди дека оваа шема се користела веќе пет години и основано се сомнева дека во Албанија на овој начин се внесени над 200 луксузни возила. в]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-policija-razbi-makedonsko-kosovska-grupa-shverceri-koi-kradele-skapi-vozila-i-gi-prodavale-vo-albanija/feed/ 0
Нови детали: Двајца уапсени за кокаинот откриен во контејнер со пилешко месо, еве која е фирмата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-detali-dvajca-uapseni-za-kokainot-otkrien-vo-kontejner-so-pileshko-meso-eve-koja-e-firmata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-detali-dvajca-uapseni-za-kokainot-otkrien-vo-kontejner-so-pileshko-meso-eve-koja-e-firmata/#respond Thu, 16 Jun 2022 10:44:13 +0000 https://kurir.mk/?p=691620

Албанската полиција привела две лица во врска со запленетите 45,5 килограми кокаин во пристанишниот град Драч, чија дестинација била Северна Македонија. Станува збор за Арбен Феризи (30), жител на Приштина и администратор на компанијата „Апетит груп”, која била нарачател на пратката-контејнерот со пилешкото месо од Бразил, каде била отриена е дрогата. Второпритворениот е Егерт Варгу (39) жител на Тирана, царински агент договорен од компанијата „Апетит груп”. Бродот во кој бил контејнерот во Драч пристигнал на 12 јуни од грчкото пристаниште Пиреа, а отпловил од Драч на 13 јуни. По добиените информации по оперативен пат албанската полиција вчера доцна попладне почнала со детална контрола. Синоќа соопшти дека во контејнерот со пилешко месо, нарачка за трговски субјект во Северна Македонија откриени се 40 пакетчиња со кокаин, односно 45,5 килограми. Пакетчињата биле обвиткани со фотографии од анимираниот филм „Драгон бол”. Администраторот на компанијата негирал било каква поврзаност со дрогата, додавајќи дека „неговата компанија работи добро и нема потреба да се занимава со дрога”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-detali-dvajca-uapseni-za-kokainot-otkrien-vo-kontejner-so-pileshko-meso-eve-koja-e-firmata/feed/ 0
ФОТО: Во контејнер со пилешко месо нарачано од фирма од Македонија, албанската полиција заплени 45,5 кг. кокаин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-vo-kontejner-so-pileshko-meso-narachano-od-firma-od-makedonija-albanskata-policija-zapleni-45-5-kg-kokain/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-vo-kontejner-so-pileshko-meso-narachano-od-firma-od-makedonija-albanskata-policija-zapleni-45-5-kg-kokain/#respond Thu, 16 Jun 2022 05:15:34 +0000 https://kurir.mk/?p=691440

Албанската полиција синоќа, во пристанишниот град Драч запленила 45,5 килограми кокаин, чија крајна дестинација била Северна Македонија. -Дрогата, пакувана во 40 пакетчиња, беше откриена, при детална контрола во контејнер натоварен во Бразил, со пилешко месо, на сметка на трговски субјект од Северна Македонија, стои во полициското соопштение. Како што може да се види од фотографиите кои ги објави полицијата пакетчињата со кокаинот се завиткани со фотографии од анимираниот филм „Драгон бол”. Надлежните почнаа со истражни дејствија со цел документирање на случајот, идентификација и откривање на лицата вмешани во ова кривично дело. Кон крајот на минатиот месец, исто така во Драч полицијата заплени 59 килограми кокаин во бродот “Unistream” од Колумбија натоварен со јаглен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-vo-kontejner-so-pileshko-meso-narachano-od-firma-od-makedonija-albanskata-policija-zapleni-45-5-kg-kokain/feed/ 0
Дел од нив се од Македонија: Албанската полиција за четири месеци запленила над 425.000 фалсификувани евра и 10.000 долари  https://arhiva.kurir.mk/svet/region/del-od-niv-se-od-makedonija-albanskata-policija-za-chetiri-meseci-zaplenila-nad-425-000-falsifikuvani-evra-i-10-000-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/del-od-niv-se-od-makedonija-albanskata-policija-za-chetiri-meseci-zaplenila-nad-425-000-falsifikuvani-evra-i-10-000-dolari/#respond Tue, 03 May 2022 09:23:59 +0000 https://kurir.mk/?p=671002

Само во текот на оваа година албанската државна полиција запленила 425.500 фалсификувани евра во 22 случаи.   -Во споредба со неколку години наназад, се забележува растечки тренд на пуштање на пазарот  фалсификувани банкноти, кои според полицијата не се произведуваат во земјава, туку доаѓаат од Бугарија, Македонија и Италија. Фалсификуваните банкноти се користат во трговијата и бензинските пумпи, но банкноти од 200 или 500 евра често се обидуваат да влезат во берзата користејќи измама, изјави за Топ чанел, Лутфи Минџози, директор на секторот за финансиски криминал во државната полиција.  Според него најчестата деноминација на пазарот е банкнотата од 200 евра.  -Нов тренд е рекламирањето на фалсификувани пари на социјалните мрежи, каде се рекламираат високо квалитетни банкноти за кои се тврди дека не се запленети од апарати.Покрај користењето на опремата со која се контролираат банкнотите, полицијата дава и совети како да се разликуваат луѓето кои се обидуваат да употребат фалсификувани пари, додава Минџози.  Во изминатиот период од годинава, посочува тој, полицијата запленила и околу 10 илјади фалсификувани долари од по 100 апоени, додека албанската валута лекот, досега се покажала како најбезбедна валута на пазарот, бидејќи полицијата не открила случаи на фалсификување.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/del-od-niv-se-od-makedonija-albanskata-policija-za-chetiri-meseci-zaplenila-nad-425-000-falsifikuvani-evra-i-10-000-dolari/feed/ 0
Албанската полиција ќе забрани собир на повеќе од 10 луѓе во Тирана https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-policija-kje-zabrani-sobir-na-povekje-od-10-lugje-vo-tirana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-policija-kje-zabrani-sobir-na-povekje-od-10-lugje-vo-tirana/#respond Mon, 14 Dec 2020 13:29:01 +0000 https://kurir.mk/?p=443121

Албанската полиција денеска соопшти дека ќе забрани собирање на повеќе од 10 лица во Тирана. Според соопштението, полицијата е свесна за правото на луѓето да протестираат, но судството ја работи својата работа против убиецот на 25-годишно момче, но бидејќи протестите се претворија во немири и уништување на имотот, полицијата нема да толерира никакви собири. Истовремено, полицијата ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за спречување на ширање на коронавирус, за да не дојде до повторно затворање на границите. Во Тирана синоќа беше одржан петтиот по ред протест за убиството на 25-годишниот Клодјан Раша од страна на полициски специјалец, но за разлика од претходните, мина помирно и со многу помало присуство на демонстранти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-policija-kje-zabrani-sobir-na-povekje-od-10-lugje-vo-tirana/feed/ 0
Албанската полиција нов кластер на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-policija-nov-klaster-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-policija-nov-klaster-na-kovid-19/#respond Fri, 20 Nov 2020 13:42:26 +0000 https://kurir.mk/?p=432243

Албанската полиција станува ново жариште на Ковид-19, во чии редови само во последните 24 часа се заразени 16 полициски службеници, јави Ора њуз телевизија. Меѓу новодијагностицирани е директорот на државната полиција Арди Велиу, кој веста за позитивниот резултат на тестот ја објави лично. Во негово отсуство со државната полиција ќе раководи неговиот заменик, Алберт Дервишај. Дека е позитивен денеска потврди и Арди Бита, портпарол на министерот за внатрешни работи. Претходно позитивен беше портпаролот на државната полиција Гентиан Мулаи, кој денеска објави дека ја добил битката со опасниот вирус, наведува телевизијата. Според телевизијата моментно 317 полициски службеници се заразени со Ковид-19 од нив петмина се хоспитализирани. Од почетокот на пандемијата опасниот вирус е дијагностициран кај 699 полициски службеници, при што 10 од нив починале. Албанските медиуми, во очекување на официјалните податоци за состојбата во последните 24 часа, јавуваат за поголем број починати, меѓу нив и 16-месечно бебе, кое во последните два дена било интубирано.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-policija-nov-klaster-na-kovid-19/feed/ 0