албанска православна црква – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Nov 2020 10:13:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png албанска православна црква – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поглаварот на Албанската православна црква ја доби битката со Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poglavarot-na-albanskata-pravoslavna-crkva-ja-dobi-bitkata-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poglavarot-na-albanskata-pravoslavna-crkva-ja-dobi-bitkata-so-kovid-19/#respond Mon, 23 Nov 2020 10:13:50 +0000 https://kurir.mk/?p=433103

Поглаварот на Албанската автоќефална православна црква, архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, Анастас Јанулатос ја доби битката со коронаврусот, јави албанската агенција Балкан веб. -По 12 дена минати во клиника во Атина, поглаварот Јанулатос денеска треба да ја напушти болницата. Ќе остане во неговиот дом во изолација почитувајќи ги дадените препораки. Тој имаше лесна форма на болеста, наведува агенцијата. Веста дека е заразен со опасниот вирус беше објавена на 11 ноември. Поради неговата возраст и некои хронични здравствени проблеми и прележаниот срцев удар во јуни годинава, Јанулатос со грчки воен санитарен авион Ц130 беше префлен во клиника во Атина за специјален третман. Анастас Јанулатос (91) по потекло е од Грција, во Албанија дојде по падот на комунистичкиот режим а во 1992 година беше проглаен за поглавар на ААЦ. По 25 години престој во Албанија и покрај доставените барања, на крајот од декември 2017 година конечно доби албанско државјанство. Указот за државјанството го потпиша шефот на државата Илир Мета. Се уште на лекување од Ковид-19, во Италија е првиот човек на албанската католичка црква,тиранскиот бискуп и тиранско – драчки епарх, воедно и Претседател на епископската конференција на Албанија, монсињор Џорџ Ентони Френдо(74).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poglavarot-na-albanskata-pravoslavna-crkva-ja-dobi-bitkata-so-kovid-19/feed/ 0
Албанската Православна црква донираше заштитни средства за полицијата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-pravoslavna-crkva-donirashe-zashtitni-sredstva-za-policijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-pravoslavna-crkva-donirashe-zashtitni-sredstva-za-policijata/#respond Fri, 10 Apr 2020 09:46:58 +0000 https://kurir.mk/?p=330118

Албанската православна афтокефална црква донираше за припадниците на полицијата во Тирана заштитни средства и дезинфекциски средства,солидаризирајќи се со оние кои се на прваталинија на битката со опасниот Ковид-19. Донацијата се состои од 1.000 маски,исто толку ракавици,како и 110 литри средство за дезинфекција. -Сакавме тоа да го сториме и порано,да ги заштитиме полициските службеници,но сега тоа успеавме да го обезбедивме. Вие сте на првата линија на фронтот. Секојдневно се молиме за вас. Господ нека ве просветли и зајакне, изјави отец Асти Бакалбаси. Директорот на полицијата во Тирана, Ребани Јаупи, се заблагодари на п равославната црква додавајќи дека на полицијата во моментот и треба поддршка. -Ви благодариме за овој придонес и што не ставивте на списокот на приоритети, бидејќи вашата вистинска мисија е да им помогнете на луѓето кои имаат потреба. На полицијата и е потребна поддршка во оваа ситуација, бидејќи ние сме на првата линија на борбата против овој невидлив непријател. Би сакал преку Вас да испратам порака до сите граѓани во овие тешки денови да продолжат строго да ги почитуваат сите препораки и мерки на Владата и медицинските работници. Вашиот гест на солидарност и подршка ни ја стопли душата, рече Јаупи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-pravoslavna-crkva-donirashe-zashtitni-sredstva-za-policijata/feed/ 0