албанска Влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 08 Oct 2020 10:56:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png албанска Влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Албанската Влада им ги простува сите казни на граѓаните изречени во периодот на пандемија за непочитување на мерките https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-vlada-im-gi-prostuva-site-kazni-na-gragjanite-izrecheni-vo-periodot-na-pandemija-za-nepochituvanje-na-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-vlada-im-gi-prostuva-site-kazni-na-gragjanite-izrecheni-vo-periodot-na-pandemija-za-nepochituvanje-na-merkite/#respond Thu, 08 Oct 2020 10:56:16 +0000 https://kurir.mk/?p=413881

Албанската Влада донесе одлука со која до 15 идниот месец ќе им бидат вратени парите наплатени на име казни, одземените лиценци за работа, возачки дозволи и возила,кои биле изречени во период на пандемија, поради непочитување на пропишаните мерки. Нормативниот акт предвидува простување на сите административни мерки од казнена природа, изречени од релевантните државни органи за кршење на правилата или подзаконските акти издадени во рамките на мерките преземени за спречување и борба против Ковид-19, од 17 април до 7 октомври годинава. Исто така, им се простуваат сите административни мерки издадени од структурите на единиците на локалната самоуправа на семејствата погодени од природни катастрофи, односно земјотресите од 21 септември и 26 ноември 2019 година, за откриени прекршоци при реконструкција на индивидуални куќи. Одлуката е донесена по предлог на министрите за внатрешни работи Сандер Лешај, за финансии и економија Анила Денај и за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-vlada-im-gi-prostuva-site-kazni-na-gragjanite-izrecheni-vo-periodot-na-pandemija-za-nepochituvanje-na-merkite/feed/ 0
Цакај: Извештајот на ЕК потврда за достигнувањата на албанската Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/cakaj-izveshtajot-na-ek-potvrda-za-dostignuvanjata-na-albanskata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/cakaj-izveshtajot-na-ek-potvrda-za-dostignuvanjata-na-albanskata-vlada/#respond Mon, 02 Mar 2020 16:48:51 +0000 https://kurir.mk/?p=311117

Овластениот албански министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај во реакција на Фејсбук за позитивната препорака на Европската комисија за отворање преговори на Албанија и Северна Македонија оценува дека станува збор за потврда за достигнувањата на Владата. -Во извештајот на Комисијата, уште еднаш се препорачува итно и безусловно отворање преговорите за членство на Албанија во Европската унија, напиша Цакај. Најавува дека веднаш ќе се започне со политичка и дипломатска комуникациска кампања со земјите – членки за да се убедат во потребата од отворање пристапни преговори со Албанија. Цакај, исто така, ја изразува целосната посветеност на Владата за темелни реформи преземени во правецот на Европската унија. Европската Комисија претпладнето ги објави и официјално двата извештаја за реформскиот напредок на Северна Македонија и Албанија, наменети за земјите членки на Унијата да донесат одлука на крајот на овој месец за почеток на преговорите. Пролетниот самит на ЕУ е закажан за крајот на март, кога се очекува преговорите со Скопје и Тирана да бидат ставени на дневен ред. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/cakaj-izveshtajot-na-ek-potvrda-za-dostignuvanjata-na-albanskata-vlada/feed/ 0