албански граѓани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Sep 2023 20:11:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png албански граѓани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Околу 16.500 албански граѓани побарале азил во Европа и Британија во првите шест месеци од годинава https://arhiva.kurir.mk/svet/region/okolu-16-500-albanski-gragani-pobarale-azil-vo-evropa-i-britanija-vo-prvite-shest-mesetsi-od-godinava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/okolu-16-500-albanski-gragani-pobarale-azil-vo-evropa-i-britanija-vo-prvite-shest-mesetsi-od-godinava/#respond Wed, 06 Sep 2023 20:11:26 +0000 https://kurir.mk/?p=875430

Во земјите на Европската унија и Велика Британија, во периодот јануари-јуни годинава, азил побарале 16.500 албански државјани, се наведува во извештајот на Агенцијата за азил на Европската унија (ЕУАА). - Од вкупниот број, 4.779 барања за азил се во земјите на ЕУ, од кои 3.602 првпат. Според агенцијата, 3.444 поднесени барања во текот на изминатите години чекаат да бидат разгледани, додека од 4.642 донесени решенија, стапката на позитивни одлуки е многу ниска за албанските граѓани и не надминува еден отсто, јавија албанските медиуми, повикувајќи се на Гласот на Америка. Трендот на барања за азил на Албанците и понатаму останува многу висок во споредба не само со земјите од регионот, туку и пошироко. Според статистиката на Европската агенција за азил, во 2022 година во земјите на Европската унија биле регистрирани 13.043 барања за азил од албански државјани, од 11.210 колку што биле регистрирани во 2021 година и 6.498 во 2020 година. Според британските власти, пак, за првите шест месеци од годинава барања за азил поднеле 11.790 албански државјани, што ја потврдува промената на определбата на албанските граѓани да се пренасочат од Европа кон Велика Британија. Со тоа Албанците се на прво место по барања за азил, со што ги надминале граѓаните од Авганистан, кои се на второ место.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/okolu-16-500-albanski-gragani-pobarale-azil-vo-evropa-i-britanija-vo-prvite-shest-mesetsi-od-godinava/feed/ 0
Хакерите објавија броеви и разговори од WhatsApp на над 500.000 албански граѓани https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hakerite-objavija-broevi-i-razgovori-od-whatsapp-na-nad-500-000-albanski-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hakerite-objavija-broevi-i-razgovori-od-whatsapp-na-nad-500-000-albanski-gragjani/#respond Mon, 28 Nov 2022 15:15:05 +0000 https://kurir.mk/?p=767724

Нема повеќе приватност за Албанците, телефонските броеви и разговорите на над 500 илјади граѓани завршија на пазар, јавија албанските медиуми. За експертите, објавените телефонски броеви и разговорите направени од околу 500.000 албански корисници на WhatsApp, а сега ставени на продажба на darkweb претставува “катастрофална штета”. Експертот за безбедност и професор по криминалистика, Ервин Карамучо е со ист став,  дека “овој чин е уште една катастрофална штета на приватноста”. „На 506 илјади Албанци, корисници на апликацијата WhatsApp, им се продаваат на дарк веб сите комуникации што ги направиле во текот на минатата година. Уште едно катастрофално нарушување на приватноста“,  напиша тој на Фејсбук. По извршените кибер-напади од страна на иранската хакери врз албанските владини системи ова не е првпат да се објавуваат податоците од хакирањето, вклучително и податоци за платите, регистарските таблички на возила, документи за идентификација на албанските граѓани. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hakerite-objavija-broevi-i-razgovori-od-whatsapp-na-nad-500-000-albanski-gragjani/feed/ 0