албански министер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 03 Dec 2022 13:52:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png албански министер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Албанскиот министер за внатрешни работи и порача на опозицијата дека протест може да се одржи само надвор од безбедносниот периметар https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-minister-za-vnatreshni-raboti-i-poracha-na-opozicijata-deka-protest-moze-da-se-odrzi-samo-nadvor-od-bezbednosniot-perimetar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-minister-za-vnatreshni-raboti-i-poracha-na-opozicijata-deka-protest-moze-da-se-odrzi-samo-nadvor-od-bezbednosniot-perimetar/#respond Sat, 03 Dec 2022 13:52:20 +0000 https://kurir.mk/?p=770578

Протестот на албанската опозицијата, што е најавен на денот кога лидерите на ЕУ ќе пристигнат во Тирана на Самитот ЕУ-Западен Балкан, може да се одржи само надвор од безбедносниот периметар, изјави министерот за внатрешни работи Бледи Чучи. Тој заедно со генералниот директор на државната полиција Мухамет Румбулаку на прес-конференција зборуваа за безбедносните мерки за непречено одвивање на Самитот, што ќе се одржи во Тирана на 6 декември. – Ви гарантирам дека се ќе оди добро. Ние сме целосно подготвени како една европска земја. Никогаш не сме биле против протести, секогаш сме го гарантирале уставното право на протест. Овој пат едноставно има црвена зона каде што ќе се одржи Самитот и не може да се протестира. Надвор од овој простор ќе ги преземеме сите мерки за да се одржи и протестот, рече министерот Чучи. Според Румбулаку, државната полиција апсолутно не го попречува најавениот протест, туку гарантира негово одржување надвор од безбедносниот периметар, бидејќи „безбедносниот периметар е неприкосновен и достапен само за учесниците на Самитот и за акредитираните новинари“. – Државната полиција немала и нема тенденција да запре или да растера каков било протест, но во овој случај безбедноста на 32-те државни делегации со нивните лидери од ЕУ и од Западен Балкан, делегацијата на претседателот на Советот, на претседателката на Комисијата и на сите ВИП личности од категоријата високи државни органи ни наложува да ја ставиме националната и меѓународната безбедност над географската желба да се протестира, рече Румбулаку. Веруваме, порача тој, дека ќе „надвладее разумот над сечии емоции и подготвени сме за секоја ситуација кога ќе се случи спротивното“. Преку мапата која ја објави го конкретизираше „безбедносниот периметар“, блокирани патишта и алтернативни патишта по кои граѓаните ќе можат слободно да се движат. Полицијата вчера потврди дека протестот не може да се одржи на булеварот „Народни херои” пред Владата, туку на плоштадот „Скендербег“. Претходно и локалните власти на Тирана опозицијата ја информираа дека протест може да одржи на плоштадот „Скендербег“ што таа веднаш го отфрли. По вчерашното известување и денешната изјава на првите луѓе на албанската полиција, засега нема реакција од страна на опозицијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-minister-za-vnatreshni-raboti-i-poracha-na-opozicijata-deka-protest-moze-da-se-odrzi-samo-nadvor-od-bezbednosniot-perimetar/feed/ 0
Албански министер казнет со 4.500 евра за непочитување на анти-ковид мерките https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanski-minister-kaznet-so-4-500-evra-za-nepochituvanje-na-anti-kovid-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanski-minister-kaznet-so-4-500-evra-za-nepochituvanje-na-anti-kovid-merkite/#respond Sat, 13 Feb 2021 11:33:42 +0000 https://kurir.mk/?p=468217

Министерот за туризам Бленди Клоси е казнет со 5 милиони леки, односно 4.500 евра како организатор на изборна активност одржана во градот Кучово, на која не се почтувани анти-ковид мерките. Исто така со парична казна во износ од над осум илјади евра казнет е сопственикот на угостителскиот објектот поради тоа што дозволил одржување средба без запазување на протоколите. Деновиве, откако премиерот Еди Рама, најави казни за секој кој не ги почитува мерките и протоколите за спречување на ширењето на опасниот вирус, од високите казни не е изземена и опозицијата. Полицијата во Драч казни од по 4.500 евра им изрече на тројца претставници на Демократската партија а осум илјади евра на сопственикот на објектот каде одржувале срдба. Прв ваква казна доби Ендрит Браимлари од Движењето за социјалистичка интеграција а потоа и здружението „Драч“ кое организираше средба со претседателот Илир Мета. Премиер Еди Рама на 10 овој месец, откако Комитетот на експерти донесе одлука за заострување на анти-ковид мерките, упати апел строго да се почитуваат мерките за време на кампањата за парламентарните избори, закажани за 25 април. Тој предупреди дека „нема да има прошка за никого, ниту за лидер на партија, ниту за министри, пратеници, шеф на државата“. -Санкции за политичките партии без исклучок, казни за секого, било тоа да се лидери на партија, министри, пратеници или претседател. Јас сум многу строг кон себе, па нема причина и другите да не го прават тоа, порача Рама. Во меѓувреме во Албанија не стивнува заразата, каде овој месец дневниот просек на новозаразени е над 1.060. Вчера според Министерството регистрирани се нови 1.059 новозаразени и 14 починат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanski-minister-kaznet-so-4-500-evra-za-nepochituvanje-na-anti-kovid-merkite/feed/ 0
Поранешен албански министер почина од коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshen-albanski-minister-pochina-od-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshen-albanski-minister-pochina-od-koronavirus/#respond Fri, 04 Dec 2020 10:57:35 +0000 https://kurir.mk/?p=438618

Поранешниот албански министер за евроинтеграции и за координација на владата, Марко Бело почина денеска на 59-годишна возраст како последица на коронавирусот. По дијагностицирањето на Ковид-19, тој 23 дена се лекуваше во болница во Турција, каде и почина. Покрај тоа што беше пратеник од редовите на Социјалистичката партија во период од 2001 до 2013 година, ја извршувал и функцијата министер за евротеграција, државен министер за координација, како и заменик министер за одбрана. Во периодот 1997-2000 Марко Бело беше амбасадор на Албанија во Романија, а е еден и од основачите на Советот на амбасадори на Албанија. Изразувајќи длабоко сочувство до семејството на Бело, претседателот Илир Мета истакна дека „болката е огромна од прераното заминување на пријател, соработник, колега, активен интелектуалец, примерен граѓанин и семеен човек“. Од него се простија и лидери на политички партии, негови сопартијци, колеги, пратеници и дипломати. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshen-albanski-minister-pochina-od-koronavirus/feed/ 0
Домашен притвор за поранешниот албански министер за внатрешни работи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/domashen-pritvor-za-poraneshniot-albanski-minister-za-vnatreshni-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/domashen-pritvor-za-poraneshniot-albanski-minister-za-vnatreshni-raboti/#respond Sun, 13 May 2018 07:56:38 +0000 https://kurir.mk/?p=53578

Обвинителството во Тирана одреди домашен притвор за поранешниот албански министер Саимир Тахири, долгогодишниот близок соработник на албанскиот премиер Еди Рама. Тахири (38) веќе седум месеци е под истрага поради наводна вмешаност во криумчарење на дрога и корупција. Доколку биде осуден, може да добие максимална затворска казна од 15 години. - Обвинителството во Тирана побара на Тахири да му биде одреден притвор, но судот одлучи тој да биде во домашен притвор, наведе портпаролот на канцеларијата на државниот обвинител, Денион Ндреник. Адвокатот на Тахири, Макс Хаџи изјави дека обвинителството не изнело ниту еден нов доказ со кој би се оправдало „ограничувањето на слободата“ на неговиот клиент. Хаџи најави дека ќе поднесе жалба за одлуката за домашен притвор. Рама наведе дека ја почитува одлуката на судот и повика на „независен и транспарентен процес“. Истовремено, американската Амбасада во Албанија повика на одредување на домашен притвор за Тахири, наведувајќи дека овој „важен случај за корупција ќе биде решен чесно и транспарентно на суд“. Тахири беше министер за внатрешни работи од 2013 до 2017 година, а минатата недела поднесе оставка од позицијата пратеник. Обвинет е за поврзаност со криминална група која е осомничена за криумчарење на голема количина канабис. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/domashen-pritvor-za-poraneshniot-albanski-minister-za-vnatreshni-raboti/feed/ 0