албански парламент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Oct 2023 17:20:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png албански парламент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хаос во албанскиот парламент- блокирана говорницата, тепачка меѓу пратеници https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haos-vo-albanskiot-parlament-blokirana-govornitsata-tepachka-megu-pratenitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haos-vo-albanskiot-parlament-blokirana-govornitsata-tepachka-megu-pratenitsi/#respond Mon, 30 Oct 2023 17:20:14 +0000 https://kurir.mk/?p=894594

Пленарната седница на албанскиот законодавен дом доцна попладнево почна со тензии, откако пратениците од опозицијата ја блокираа говорницата. Припадници на Националната гарда веднаш се распоредија околу говорницата, над која се и столчињата каде седат претставниците на Владата. Расправијата ескалираше со физичка пресметка, кога опозицискиот пратеник Бледион Налбати физички го нападна пратеникот од Социјалистичката партија Вулнет Сина. Веднаш потоа беше прекинат директниот пренос и седницата, а на Налбати му беше наредено да ја напушти салата, што тој не го стори. Состојбата станувала потензична, па претседателката на Парламентот, Линдита Никола, потоа ја прекинала и оваа седница, како и минатата, кога 45 опозициски пратеници, приврзаници на Сали Бериша ја блокираа говорницата, но и просторот определен за претставниците на Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haos-vo-albanskiot-parlament-blokirana-govornitsata-tepachka-megu-pratenitsi/feed/ 0
Идризи побара од албанскиот Парламент да донесе резолуција за осуда на геноцидот врз Чамите во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/idrizi-pobara-od-albanskiot-parlament-da-donese-rezolutsija-za-osuda-na-genotsidot-vrz-chamite-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/idrizi-pobara-od-albanskiot-parlament-da-donese-rezolutsija-za-osuda-na-genotsidot-vrz-chamite-vo-grtsija/#respond Tue, 04 Jul 2023 10:49:45 +0000 https://kurir.mk/?p=852486

Лидерот на Партијата за правда, интеграција и единство (ПДИУ), и пратеник во албанскиот Парламент, Шпетим Идризи, побара законодавниот дом да усвои Резолуција за "осуда на геноцидот врз Чамите во Грција". Во име на партијата, која е позната како партија на Чамите, од собраниската говорница изрази жалење што и Парламентот на Албанија, кој го осудил геноцидот што се случил на Косово, во Босна и сл., се уште нема резолуција за осуда на насилството врз Албанците од Чамерија ( област во северниот дел на Грција). Според него, Собранието треба да донесе резолуција за заштита на нивните права според Уставот. - Бараме 27 јуни да биде прогласен за ден на геноцид врз жителите на Чамерија. Како што е општо познато, по Втората светска војна е извршен геноцид врз ова наше население. Беа свирепо масакрирани 2.770 човечки животи, стотина села беа запалени и ограбени, а 30 илјади Албанци избегаа. Стотици други умреле од глад, рече тој. При тоа побара едноминутно молчење, во знак на почит кон сите жртви во Чамарија, што и беше направено. - Ова почитувано собрание донесе многу резолуции, предизвика со право да се почитуваат таквите геноцидни случаи, како на пример за Косово, за Босна, за холокаустот, за претставниците на Црвениот крст во Камбоџа, и многу добро направивме зашто овој спомен ни помага ваквите случаи никогаш да не се повторат. Жал ми е што сè уште нема изјава или резолуција од овој парламент за отстранување на законот за војна со Грција и унапредување како обврска и од Уставот за прашањето за Албанците од Чамерија, рече тој. Грчките власти во континуитет изјавуваат дека за нив не постои никакво прашање за Чамите и бараат од албанските власти да го избришат од учебниците по историја. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/idrizi-pobara-od-albanskiot-parlament-da-donese-rezolutsija-za-osuda-na-genotsidot-vrz-chamite-vo-grtsija/feed/ 0
Тензии во и протест пред албанскиот Парламент https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tenzii-vo-i-protest-pred-albanskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tenzii-vo-i-protest-pred-albanskiot-parlament/#respond Thu, 16 Feb 2023 13:15:11 +0000 https://kurir.mk/?p=801286

Речиси идентична ситуација во и пред албанскиот Парламент, како и во понеделникот, внатре тензична ситуација со блокирање на собраниската говорница од страна на пратеници приврзаници на Сали Бериша. Додека пред Парламентот има протест и обраќања преполни со обвинувања за премиерот Еди Рама, а беа фрлени и неколку димни бомби на одредена оддалеченост од полицискиот кордон. Протестот по масовност е многу помал и не се регистрирани поголеми инциденти. Пред Парламентот се појави и маж облечен во национална албанска облека на бел коњ (како што бил на Скендербег) и се обиде да влезе во дворот на Парламентот, но беше сопрен од полицијата. Бериша, кој е меѓу 12. демократски пратеници, негови приврзаници, исклучени по десет дена од работата на законодавниот дом, поради недолично однесување во собраниската сала, пред насобраните граѓани, обвини дека „Парламентот е бункер на забранетиот збор“, и порача дека „овој протест е револуција на секој Албанец“. - Не протестирате за некои пратеници од ДП или за партијата, туку протестирате за секој Албанец, кој во својата свест ги има идеалите за слобода. Денеска сте тука за секој Албанец кој верува дека Парламентот треба да биде храм на демократијата, а не бункер на забранетиот збор. За сите Албанци кои слушаат за бескрајни афери и сакам да ја знаат вистината за кражбите. За сите оние Албанци кои ги одвојуваат децата од себе и ги испраќаат во туѓи земји. За оние Албанци кои сакаат да веруваат дека Албанците сакаат да ја направат Албанија. Зошто овој Парламент од храм на говорот се претвори во бункер на забранет говор. Ова е револуција на секој Албанец, рече меѓу другото Бериша. На протестот се приклучи и поранешниот претседател и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета кој обвини за корупција, криминал, ниски плати, безнадежност на младите кои поради тоа ја напуштаат земјата. - Затоа сите станете против овој бездушен режим. Слободниот говор ќе се слушне во собраниската сала, ќе се воспостави одговорност и правда, повеќе нема да биде во џебот на Еди Рама. Политичкиот плурализам не го менуваме за ништо, бидејќи тој е столбот, гаранцијата за заштита на правата на граѓаните во секоја држава. Сите стојат против овој бездушен и нехуман режим. Мимозите ќе процветаат, порача Мета. Опозицијата предводена од Бериша најави протест и на 3 следниот месец, кога Апелација одлучува за тоа кој е наследник на логото, печатот и знамето на Демократската партија, крилото на Бериша или она на Енкелед Алибеај, кој е вршител на должноста претседател по оставката на претходниот лидер, Љуљзим Баша.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tenzii-vo-i-protest-pred-albanskiot-parlament/feed/ 0
Албанскиот парламент го ратификуваше договорот за враќање на 20-те икони во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/albanskiot-parlament-go-ratifikuvashe-dogovorot-za-vrakane-na-20-te-ikoni-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/albanskiot-parlament-go-ratifikuvashe-dogovorot-za-vrakane-na-20-te-ikoni-vo-makedonija/#respond Thu, 02 Feb 2023 16:58:27 +0000 https://kurir.mk/?p=795353

Албанскиот парламент попладнево, на пленарна седница, го ратификуваше договорот за соработка меѓу Република Албанија и Република Северна Македонија, за враќање на иконите шверцувани од македонска на албанска територија, јави државната агенција АТА. Договорот беше изгласан со 73 гласа, со што се отвора патот да се вратат 20 икони во „нивната земја на потекло, кои по заплената во Албанија преминаа во сопственост на албанската држава врз основа на одлуките на албанските судови". -Врз основа на направената проценка, иконите се совпаѓаат со културните добра на соседната држава и врз основа на договорот, Министерството за култура ќе го следи целиот процес за нивно враќање во земјата на потекло, согласно обврските дефинирани во Конвенцијата на УНЕСКО од 1970 година, стои во документот. Во истрагата, која албанските власти ја водат под името „Икона“, во октомври 2013 година во Албанија беа запленети повеќе од илјада икони и црковни предмети. Беше утврдено дека 20 меѓу нив се по потекло од Северна Македонија, од каде што биле изнесени илегално.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/albanskiot-parlament-go-ratifikuvashe-dogovorot-za-vrakane-na-20-te-ikoni-vo-makedonija/feed/ 0
Тензии во албанскиот Парламент по барањето на опозицијата за расправа за вмешаноста на Рама во случајот „Мекгонигал“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tenzii-vo-albanskiot-parlament-po-baraneto-na-opozitsijata-za-rasprava-za-vmeshanosta-na-rama-vo-sluchajot-mekgonigal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tenzii-vo-albanskiot-parlament-po-baraneto-na-opozitsijata-za-rasprava-za-vmeshanosta-na-rama-vo-sluchajot-mekgonigal/#respond Thu, 02 Feb 2023 12:38:51 +0000 https://kurir.mk/?p=795191

Неприсуството на премиерот Еди Рама на седницата на албанскиот Парламент на која приврзаниците на Сали Бериша побараа измени во дневниот ред и расправа за неговата вмешаност во аферата „Мекгонигал“, предизвикаа тензии со блокирање на собраниската говорница и тешки меѓусебни обвинувања. Барањето го изнесе пратеникот Луачиано Бочи, кој рече дека од интерес на цела Албанија е денеска да има расправа по ова прашање. -Американската правда ги стави под истрага Еди Рама и неговите соработници во обидот да финансираат со готовина погубување на опозицијата во земјата. Да не заборавиме дека премиерот не е сам и случајно со своите соработници. Главна рака што денеска удира во опозицијата е самиот премиер, тој ја корумпираше економијата, парламентот, се во Албанија, само да се елиминира опозицијата. Овој човек денеска го нема, се крие. Ќе ја разоткриеме вистината, а правдата треба веднаш да постапи. Зошто доцни албанската правда? Се соочуваме со криминални дела, а не заем од 225 илјади долари, што е најсмешната изјава на премиерот. Бараме расправата да почне веднаш со присуство на премиерот. Во оваа дебата денеска е интересот на цела Албанија, рече Бочи, јави АБЦ њуз. Тој исто така обвини дека без никаква причина Советот за етика при законодавниот дом, од неговата работа ги исклучил Бериша и уште петмина пратеници, негови приврзаници, во период од десет дена. Координаторот на пратеничката група на Социјалистичката партија, Таулант Бала, во аргументите против, рече дека она што може да се види во парламентот нема врска со прашањето на Мекгонигал, туку е обид да се оттргне вниманието од почетокот на истрагите за случајот „Грдец“.
-Имаме барање за промена на дневниот ред. Тоа мора да се направи спротивно на деловникот. Како што објаснивме, ваквите барања не поминуваат на седница. Тие се претставуваат на средба на координаторите. Причината за ваквото појавување на собранието нема врска со истрагата во САД, во истрагата нема албански функционер, туку пред една недела, синот на Сали Бериша беше пред Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК. Истрагата за Грдец и 21 јануари се фундаментални прашања. Секој обид да се сврти вниманието е залуден напор, рече Бала. Барањето беше отфрлено со 39 „за“ и 66 „против“, а собраниската говорница и понатаму останува запоседната од приврзанците на Бериша. Претседателката на парламентот Линдита Никола од седницата го отстрани Газменд Барди, по што демократите продолжија со опсадата на говорницата и со постојано тропање на столчињата. Инаку, обвиненијата против поранешниот висок агент на Федералното биро за истраги (ФБИ) Чарлс Мекгонигал, покрај врските со руски олигарси, укажуваат дека тој имал сомнителни деловни врски со политичари од Албанија и Босна и Херцеговина. Во одделен случај поднесен во Вашингтон, обвинителите навеле дека најмалку од август 2017 година, Мекгонигал не му ја открил на ФБИ неговата врска со поранешен службеник на албанската разузнавачка агенција – опишан во обвинението како „Лице А“. Исто така, според обвинението, тој не откри дека „имал контакти“ со албанскиот премиер Еди Рама. Од своја страна Рама изјави дека наводите против поранешниот функционер на ФБИ немаат никаква врска со него. „Офицер на ФБИ е обвинет во Америка за работи кои немаат врска со мене … а во Албанија процесот против мене почнува на начин на политика, медиумски канали и портали на „Големиот брат“! Навикнат сум на тоа, но неодамна решив да престанам да го вадам секој камен што се фрла во реката секојдневно“, изјави Рама. Кон крајот на 2017 година, според властите, Мекгонигал зел вкупно 225.000 долари од „лицето А“, првиот пат во автомобил паркиран пред ресторан во Њујорк, а следните двапати во домот на лицето во Њу Џерси. Според обвинението, Мекгонигал „му кажал на „Лицето А“ дека парите ќе бидат вратени.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tenzii-vo-albanskiot-parlament-po-baraneto-na-opozitsijata-za-rasprava-za-vmeshanosta-na-rama-vo-sluchajot-mekgonigal/feed/ 0
Албанскиот парламент со 94 гласови го изгласа законот за отворање на сите досиеја на тајната служба Сигурими https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-parlament-so-94-glasovi-go-izglasa-zakonot-za-otvoranje-na-site-dosieja-na-tajnata-sluzba-sigurimi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-parlament-so-94-glasovi-go-izglasa-zakonot-za-otvoranje-na-site-dosieja-na-tajnata-sluzba-sigurimi/#respond Fri, 21 Oct 2022 08:03:29 +0000 https://kurir.mk/?p=748808

Албанскиот парламент, по долга и жолчна расправа, пред полноќ, со 94 гласови го изгласа законот за досиеја на државна безбедност. Воздржани беа двајца пратеници, а на гласањето на учествуваа демократските пратеници приврзаници на Сали Бериша. Владејачкото мнозинство и опозицијата ги обединија гласовите за одобрување на измените на „Законот за досиејата на државна безбедност” со што станува возможно да се отворат сите досиеја од 1944 до 1991 година. Воедно, според овие измени, кандидатите за високи раководни позиции повторно мора да поминат низ ситото на Управата за досиеја и покрај тоа што можеби претходно добиле потврда за чистота од двете комисии формирани за таа цел „Мезини“ и „Бежани“. Законските измени предизвикаа бројни дебати во последните две недели во парламентарната законодавна комисија и во Собранието, по што синоќа мнозинството го прифати амандманот на Демократската партија за отворање на сите поранешни досиеја. Триесетгодишната дебата за поранешните досиеја за безбедност беше повторно активирана во последната недела од јули откако Управата за досиеја испрати писмо до собранието во кое се вели дека важен политичар со иницијали И.М. соработувал со поранешната Државна безбедност. Сите дебати беа насочени кон поранешниот претседател Илир Мета, кој постојано негира дека соработувал со поранешната тајна служба Сигурими.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-parlament-so-94-glasovi-go-izglasa-zakonot-za-otvoranje-na-site-dosieja-na-tajnata-sluzba-sigurimi/feed/ 0
Руското МНР реагираше за резолуцијата на албанскиот Парламент против извештајот на Дик Мартин https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ruskoto-mnr-reagirashe-za-rezolucijata-na-albanskiot-parlament-protiv-izveshtajot-na-dik-martin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ruskoto-mnr-reagirashe-za-rezolucijata-na-albanskiot-parlament-protiv-izveshtajot-na-dik-martin/#respond Wed, 03 Aug 2022 09:40:16 +0000 https://kurir.mk/?p=713355

Руското Министерство за надворешни работи реагираше во врска со резолуцијата против извештајот на Дик Мартин што албанскиот Парламент ја усвои на 21 минатиот месец. Министерството преку објава на Твитер соопшти дека не го менува односот кон покренатите обвиненија и дека лицата вмешани во трговија со органи мора да бидат најстрого казнети. -Албанскиот Парламент одобри резолуција која се спротивставува на обвинувањата за трговија со органи во Косово и Албанија. Остануваме цврсто на нашиот став дека лицата вклучени во овие злосторства мора да се соочат со остра и правична казна, стои во објавата, јави Ора њуз. Според телевизијата извештајот од 2010 година, подготвен од тогашниот швајцарски сенатор, Дик Марти, а одобрен од Парламентарното собрание на Советот на Европа, тврди дека водачите на Ослободителната војска на Косово биле вклучени во трговија со органи во периодот 1998-1999 година. На седницата на 21 јули, албанскиот законодавен дом, со 125 гласови „за“ ја усвои резолуцијата „За неоснованоста на тврдењата за нелегална трговија со човечки органи во Косово и Албанија“. -Го повикуваме Парламентарното собрание на Советот на Европа да подготви последователен извештај, а со тоа и преразгледување на Резолуцијата 1782 (2011), со која се преоценуваат тврдењата за нелегална трговија со човечки органи во Албанија и/или Косово, во светлината на случувањата што се случија во текот на оваа деценија, фактите, доказите и ажурираните информации, како и од аспект на посветеноста, подготвеноста и целосната соработка на Албанија и Косово во служба на вистината и воспоставувањето на правдата, стои меѓу другото во резолуцијата. Исто така, Парламентот бара од албанската Влада да остане целосно посветена на „помагање на правдата и утврдување на одговорноста за сите злосторства извршени во поранешна Југославија“. Под обвинеие за воени злосторства во Хаг се дел од највисокото раководство на ОВК, меѓу кои и поранешниот косовски претседател и експремиер Хашим Тачи. Инаку, албанскиот Парламент резолуцијата ја донесе месец по одржувањето на осмата заедничка седница на владите на Албанија и на Косово, кога во Приштина албанскиот премиер Еди Рама, најави дека „Тирана ќе започне кампања, која ќе ги вклучи Вашингтон, Париз, Берлин и други центри во светот, за да документира дека Ослободителната војска на Косово не била вклучена во трговија со органи“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ruskoto-mnr-reagirashe-za-rezolucijata-na-albanskiot-parlament-protiv-izveshtajot-na-dik-martin/feed/ 0
Албанскиот Парламент на 7 јули ќе изгласа Резолуција за осуда на геноцидот во Сребреница https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-parlament-na-7-juli-kje-izglasa-rezolucija-za-osuda-na-genocidot-vo-srebrenica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-parlament-na-7-juli-kje-izglasa-rezolucija-za-osuda-na-genocidot-vo-srebrenica/#respond Thu, 16 Jun 2022 16:16:37 +0000 https://kurir.mk/?p=691822

Албанскиот Парламент, пред 11 јули, кога се  одбележува геноцидот врз 6.838 Бошњаци, егзекутирани од српската војска, ќе расправа и ќе изгласа Резолуција за осуда на геноцидот во Сребреници, јави Топ чанел. Текстот на овој документ не е оној што неодамна го предложи Сали Бериша, туку истиот заедно ќе го подготват владејачките социјалисти и опозициските демократи предводени од Енкелејд Алибеај. – Седницата ќе се одржи на 7 јули,  со потребната свеченост и протокол, како што му доликува на албанскиот законодавен дом. Претставник на Владата и координаторите на пратеничките групи ќе одржан пригодни обраќања. Секако документот треба да биде сериозен со кој нашиот Парламент треба јасно да ја изрази осудата и продолжувањето на консеквентните ставови на албанската Влада за неказнивоста во случајот со овој геноцид, изјави координаторот на пратеничката група на Социјалистичката партија, Таулант Бала,. Иако социјалистите одбија да ја одобрат нацрт-резолуцијата подготвена од приврзаниците на Бериша, во нивно име Тритан Шеху, рече дека се задоволни што Парламентот сепак ќе донесе ваков документ. – На седницата на албанскиот Парламент за Сребреница ќе бидат поканети претставници на Владата на Босна и Херцеговина и роднини на жртвите од овој геноцид, што се смета за најстрашниот во Европа, по Втората светска војна, посочува Топ чанел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-parlament-na-7-juli-kje-izglasa-rezolucija-za-osuda-na-genocidot-vo-srebrenica/feed/ 0
Конститутивна седница на албанскиот Парламент закажана на 10-ти септември https://arhiva.kurir.mk/svet/region/konstitutivna-sednica-na-albanskiot-parlament-zakazana-na-10-ti-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/konstitutivna-sednica-na-albanskiot-parlament-zakazana-na-10-ti-septemvri/#respond Sat, 04 Sep 2021 13:03:37 +0000 https://kurir.mk/?p=559310

Конституивната седница на новиот албански законодавен дом ќе се одржи на 10 септември. Врз основа на уставните надлежности седницата со уредба ја свика претседателот Илир Мета. Во новиот Парламент со вкупно 140 пратенци Социјалистичката партија (ПС) има 74 пратенички места, изборната коалиција предводена од Демократската партија (ПД) 59, Движењето за социјалистичка интеграција интеграција (ЛСИ) четири и Социјалдемократската партија има три пратенички места. Како што пред два дена, на седница на Националното партиско собрание, соопшти лидерот на социјалистите Еди Рама, спикер на Парламентот ќе биде универзитетска професорка Линдита Никола. Педесет и шест годишната Линдита е сопруга на за проф. д-р Лигор Никола, актуелен декан на Факултетот за математичко инжињерство и физика во Тирана. Тој е Македонец, родум од село Врница, област Голо Брдо. Како македонска снаа одлично зборува македонски јазик. Ова е последователна висока функција која Рама ја доверува на своите сопартијки. Во новата влада, која ќе брои 16 министерства, 12 се жени. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/konstitutivna-sednica-na-albanskiot-parlament-zakazana-na-10-ti-septemvri/feed/ 0
На 9 јуни албанскиот Парламент ќе гласа за разрешување на претседателот Илир Мета https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-9-juni-albanskiot-parlament-kje-glasa-za-razreshuvanje-na-pretsedatelot-ilir-meta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-9-juni-albanskiot-parlament-kje-glasa-za-razreshuvanje-na-pretsedatelot-ilir-meta/#respond Mon, 31 May 2021 10:55:43 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517177

Координаторите на пратеничките групи во албанскиот Законодавен дом, на денешната средба одлучија седницата за разрешување на претседателот Илир Мета да се одржи на 9 јуни во 10 часот. Предходно беше најавено дека седницата ќе се одржи на 10 јуни, но нема информации зошто таа е презакажана ден порано. На седницата ќе се расправа по извештајот на парламентарната анкетна комисија, која од 7 мај прибираше докази, по што претседателот Алкет Хисени, информираше дека е утврдено оти шефот на државата ги прекршил уставните надлежности. Според комисијата, претседателот Мета дури 16-пати ги прекршил уставните надлежности, пред и по парламентарните избори на 25 април, што главно било утврдено од процената на неговите изјави и објави во медиумите и на социјалните мрежи. Гласањето за разрешување на шефот на државата, што се случува за првпат во плурална Албанија, ќе биде тајно, а според член 88 од Уставот потребни се две третини од вкупниот број пратеници односно 94. Во албанскиот парламент од 140 пополнети се 122 пратенички места, откако во февруари 2019 опозицијата се откажа од пратеничките мандати и не се успеа да се пополнат со други кандидати од нивните листи. Имајќи во предвид дека за формирање на анкетната комисија гласаа 97 пратеници владејачкото мнозинство го има обезбедено потребниот број. Одлуката на парламентот потоа оди во Уставнот суд, кој по прашањето треба да се изјасни во рок од три месеци. Од своја страна, Мета во неколку наврати порача дека „ни најмалку не е загрижен или вознемирен од одлуката на еднопартискиот парламент и оти на функцијата останува до 24 јули 2022, кога му завршува мандатот“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-9-juni-albanskiot-parlament-kje-glasa-za-razreshuvanje-na-pretsedatelot-ilir-meta/feed/ 0