албански партии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 08 Jan 2023 15:34:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png албански партии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕВЕ КОИ АЛБАНСКИ ПАРТИИ ЌЕ ОДАТ НА СРЕДБАТА СО РАМА ВО ТИРАНА! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-koi-albanski-partii-kje-odat-na-sredbata-so-rama-vo-tirana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-koi-albanski-partii-kje-odat-na-sredbata-so-rama-vo-tirana/#respond Sun, 08 Jan 2023 15:34:23 +0000 https://kurir.mk/?p=784686

Дел од албанските партии во земјава потврдија дека ќе одат на средбата во Тирана која, како што објавија медиумите, ја организира албанскиот премиер Еди Рама. Од „Алтернатива“, „Алијанса за Албанците“ и од „Беса“ за МИА изјавија дека добиле покана за средба и дека ќе одат, но не прецизираа детали. МИА побара одговор и од ДУИ, но оттаму досега нема одговор. – Исто како што сме одговориле позитивно на сите покани за средби, и во овој случај ја потврдуваме поканата, како и нашето присуство на вечерата организирана од премиерот Еди Рама, изјавија за МИА од Алијанса за Албанците. Од „Алтернатива“ потврдија дека претседателот на партијата Африм Гаши ќе присуствува на средбата, но дека не се знае за што ќе се разговара. И од „Беса“ за МИА потврдија дека е добиена покана за средба од страна на Рама, но нема детали дали некој од партијата ќе присуствува на средбата. Агенцијата „Журнал“ јави дека Рама ги поканил лидерите на политичките партии на Албанците од земјава на неформална средба во вторник. Поканети се лидерот на ДУИ Али Ахмети, на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, на Движењето Беса, Билал Касами, на Алтернатива Африм Гаши и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-koi-albanski-partii-kje-odat-na-sredbata-so-rama-vo-tirana/feed/ 0
Аналитичари за Сител: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со албански партии ќе ги смени математиките на СДСМ и ДУИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analitichari-za-sitel-koalicijata-na-vmro-dpmne-so-albanski-partii-kje-gi-smeni-matematikite-na-sdsm-i-dui/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analitichari-za-sitel-koalicijata-na-vmro-dpmne-so-albanski-partii-kje-gi-smeni-matematikite-na-sdsm-i-dui/#respond Sat, 28 Aug 2021 17:45:31 +0000 https://kurir.mk/?p=556059

Логичен, прагматичен и политички исправен чекор е коалицијата на Мицкоски со Села и Гаши, сметаат експертите. Според нив, таа носи значителна промена на политичката сцена рушејќи го последното табу во македонската десница и етничката поларизација во македонската опозиција, објавиСител телевизија. За аналитичарите нема дилема дека заедничкиот настап на Мицкоски Села и Гаши значително ќе им ги смени пресметките на Заев и Ахмети. За изјавата на премиерот Заев дека нема сила која ќе ги натера гласачите на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за кандидатите на Села и Гаши и обратно, Небиу вели дека е класичен предизборен фолклор. Аналитичарите сметаат дека сега и двата политички блока тргнуваат од иста стартна позиција па на овие избори очекуваат големо влијание на резултатите да има квалитетот на кандидатурите и начинот на кој ќе се води кампањата. Мицкоски, Села и Гаши вчера се договорија за заеднички настап на изборите уште во првиот круг на начин што нема да кандидираат свои кандидати во општините со мешан етнички состав каде што реално, немаат шанси за победа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analitichari-za-sitel-koalicijata-na-vmro-dpmne-so-albanski-partii-kje-gi-smeni-matematikite-na-sdsm-i-dui/feed/ 0
Мицкоски: Ако сакаат поддршка за градоначалници, албанските партии мора да ги почитуваат Македонците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ako-sakaat-poddrshka-za-gradonachalnici-albanskite-partii-mora-da-gi-pochituvaat-makedoncite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ako-sakaat-poddrshka-za-gradonachalnici-albanskite-partii-mora-da-gi-pochituvaat-makedoncite/#respond Sun, 23 May 2021 17:25:50 +0000 https://kurir.mk/?p=514147

Во најмалку 10 од 13 општини во кои ќе победат кандидати за градоначалници од албанската заедница, доколку ја сакаат поддршката од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициски партнери, ќе мора да го почитуваат достоинството на Македонците и на помалите етнички заедници, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за најновиот број на неделникот Фокус. -Еве, ексклузивно ќе откријам за вашиот весник, дека најмалку што можеме да побараме од нашиот иден коалициски партнер, кој пледира да ја добие поддршката за градоначалник во овие (мешани) средини, е да ги почитува Македонците и другите помали заедници. А, да го видиме тоа на дело, најмалку што можеме да се договориме е претседавачот на Советот да биде од втората по големина заедница, а тоа е, на пример, во Тетово или во Гостивар, да биде Македонец, рече Мицкоски. Тој вели дека во таа насока не разговарал со албанските опозициски партии, но ги повикува сите македонски партии и партиите на помалите етнички заедници да се придружат на инцијативата на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што, истакнува лидерот на оваа партија, само на тој начин нема да се чувствуваат како граѓани од втор ред во својата држава. Целото интервју прочитајте го новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ako-sakaat-poddrshka-za-gradonachalnici-albanskite-partii-mora-da-gi-pochituvaat-makedoncite/feed/ 0
ЕУ и ОБСЕ ги повикаа албанските политички партии да ги завршат изборните реформи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-i-obse-gi-povikaa-albanskite-politichki-partii-da-gi-zavrshat-izbornite-reformi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-i-obse-gi-povikaa-albanskite-politichki-partii-da-gi-zavrshat-izbornite-reformi/#respond Thu, 28 May 2020 13:17:21 +0000 https://kurir.mk/?p=351077

Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји денеска им порача на албанските политички партии да ја завршат изборната реформа, што е еден од условите за почеток на преговори со ЕУ. По телефонскиот разговор со лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, преку објава на Твитер, Вархеји ја поздрави одлуката на Баша за вклучување на опозицијата во Политичкиот совет за изборни реформи. Исто така, тој оценува дека е од суштинско значење Албанија на патот кон ЕУ да ги заврши реформите без дополнително одложување. – Разговарав денеска со Љуљзим Баша, поздравувајќи го продолжувањето на меѓупартиската работа за изборната реформа во Политичкиот совет. За Албанија и нејзиниот пат кон ЕУ е од суштинско значење оваа важна реформа да се заврши без натамошно одложување, согласно препораките на Советот на Европа од март, напиша Вархеји. И шефот на мисијата на ОБСЕ во Албанија, Бернд Борхард, им честиташе на политичките партии за продолжување на дијалогот за изборните реформи и за договорите постигнати досега во Политичкиот совет. Преку соопштение, тој ги повика сите партии во Политичкиот совет за изборни реформи да продолжат на патот на изнаоѓање конструктивни компромиси и да ги финализираат изборните реформи за доброто на Албанија и нејзините аспирации за интеграција. Исто така Борхард додава дека ОДХИР ќе понуди поддршка со цел заокружување на реформите до 31 мај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-i-obse-gi-povikaa-albanskite-politichki-partii-da-gi-zavrshat-izbornite-reformi/feed/ 0
Заев: Отворени сме за коалиција со сите албански партии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-otvoreni-sme-za-koalicija-so-site-albanski-partii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-otvoreni-sme-za-koalicija-so-site-albanski-partii/#respond Tue, 11 Feb 2020 13:46:07 +0000 https://kurir.mk/?p=302443

На денешната прес-конференција, лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев, уште еднаш повтори дека неговата партија е отворена за коалицирање со сите албански партии. -Ние сме отворени за коалиција со сите албански партии, но сепак не зависи само од нас, туку треба да се согласи и другата страна. Ако стоиме и ако веруваме во исти вредности, тогаш се отвора патот за можни коалиции, истакна Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-otvoreni-sme-za-koalicija-so-site-albanski-partii/feed/ 0