албански пратеници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 30 Sep 2022 10:41:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png албански пратеници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пендаровски се сретна со пратеници од албанскиот Парламент https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-se-sretna-so-pratenici-od-albanskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-se-sretna-so-pratenici-od-albanskiot-parlament/#respond Fri, 30 Sep 2022 10:41:42 +0000 https://kurir.mk/?p=739477

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на пратеници од Собранието на Република Албанија, учесници на вториот состанок „Улогата на парламентарците во текот на преговарачкиот процес“ во рамки на проектот „Зајакнување на експертизата и капацитетите на парламентарците во однос на процесот на пристапување во ЕУ“, што се одржува во Скопје. Претседателот Пендаровски беше запознаен со активностите предвидени во рамки на проектот, што се реализира со поддршка од Фондацијата Фридрих Еберт. На средбата претседателот Пендаровски истакна дека одличните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Албанија се добра можност за размена на искуства и во доменот на европската интеграција, имајќи го предвид истовремениот почеток на пристапните преговори на двете држави. На средбата се разговараше за состојбите во поширокиот регион, вклучувајќи ја руската инвазија на Украина и енергетската криза, соопшти кабинетот на шефот на државата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-se-sretna-so-pratenici-od-albanskiot-parlament/feed/ 0
Зеленски во вторник со видео порака ќе се обрати до албанските пратеници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-vo-vtornik-so-video-poraka-kje-se-obrati-do-albanskite-pratenici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-vo-vtornik-so-video-poraka-kje-se-obrati-do-albanskite-pratenici/#respond Thu, 28 Apr 2022 10:16:26 +0000 https://kurir.mk/?p=669128

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски се очекува да се обрати пред албанскиот Парламент на следната пленарна седница, јави дописничката на МИА од Тирана. Топ чанел објави дека Зеленски се согласил да се обрати со видео порака до албанските народни избраници и оти во албанскиот Парламент се подготвуваат за неговото обраќање, во вторник во 10 часот. Во последните неколку недели, украинскиот претседател со видео пораки се обрати во парламентите на неколку европски земји. Албанија, сојузник во НАТО, застана на страната на Украина, осудувајќи ја руската агресија и наметнувајќи санкции кон Русија. Во земјата до сега пристигнати се околу 400 украински бегалци, на кои им е дадена привремена заштита според целосните законски одредби за азил. Со посебна одлука на Владата, украинските државјани имаат право да влезат и да останат во Албанија без дозвола за престој, во период од една година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-vo-vtornik-so-video-poraka-kje-se-obrati-do-albanskite-pratenici/feed/ 0