албански претседател – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 29 Jun 2019 15:32:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png албански претседател – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Албанскиот претседател упати апел до граѓаните да избегнуваат провокации https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-pretsedatel-upati-apel-do-gragjanite-da-izbegnuvaat-provokacii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-pretsedatel-upati-apel-do-gragjanite-da-izbegnuvaat-provokacii/#respond Sat, 29 Jun 2019 15:32:33 +0000 https://kurir.mk/?p=213950

Албанскиот претседател Илир Мета попладнево упати апел до граѓаните да ги почитуваат граѓанските и демократски принципи на одлука на секого „во текот на утрешниот ден“. Преку порака на Фејсбук, Мета ги повикува албанските граѓани да се однесуваат со смиреност и мудрост. -Почитувани граѓани, го повторувам мојот повик за почитување на граѓанските и демократски принципи на одлука, на сите во текот на утрешниот ден. Повторно ве повикувам сите да се однесувате со смиреност и мудрост. Многу е важна воздржаноста на секого. Би сакал уште еднаш да го потенцирам големото значење утре да се одржи социјалниот мир. Сите ние треба да бiдеме во негова и служба на европската иднина на Албанија,стои во апелот. Мета побара од граѓаните да избегнуваат провокации што можат да доведат до насилство а политичките разлики да не го загрозат граѓанскиот соживот во секое семејство, населба, село, град и целото албанско општество. Вчера доцна попладне Мета уапати апел до граѓаните да ја зачуваат смиреноста и да не потпаѓаат под провокации „за време на изборите на социјалистите“. -Ситуацијата е јасна и од страна на изборниот законик и од Уставот. Уставниот датум на локалните избори е 13 октомври 2019 година. Што се однесува до 30 јуни, да ги почитуваме и да не се конфронтираме со сите оние сограѓани кои ќе одат на овие социјалистички избори, порача на Мета. Апели за дистанцирање од насилство и какво било попречување на утрешниот изборен тек, упатија и амбасадите на САД, Италија, Германја, како и делегацијата на ЕУ во Тирана, која посочува дека граѓаните треба да можат да го искористат своето право на глас на регуларен и мирен начин. Од друга страна опозицијата, која не учествува на овие избори освен апелот да не се потклекнува пред провокации кои се во интерес на „криминалната Влада на Еди Рама“, граѓаните ги повика на масовен бојкот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-pretsedatel-upati-apel-do-gragjanite-da-izbegnuvaat-provokacii/feed/ 0
Албанскиот претседател апелира на воздржаност https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-pretsedatel-apelira-na-vozdrzanost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-pretsedatel-apelira-na-vozdrzanost/#respond Sat, 16 Mar 2019 14:53:42 +0000 https://kurir.mk/?p=175390

По ескалирање на ситуацијата на денешниот масовен протест пред Парламентот во Тирана, реаграше претседателот Илир Мета, кој апелира на воздржаност и избегнување конфронтации. – Претседателот на Републиката ја следи ситуацијата со загриженост. Тој апелира на мирни протести и воздржаност. Тој ги повикува сите да ја избегнат конфронтацијата и да се држат настрана од провокации, се наведува во апелот на Мета, кој се наоѓа во посета на Азербејџан. Мета, дел од аналитичарите го критикуваа дека секогаш кога во Тирана имало масовен протест тој бил надвор од земјата, посочувајќи дека сега е во Азербејџан, а претходниот протест во Црна Гора… Ситуацијата пред Парламентот и понатаму е тензична. Медиумите јавуваат за повредени полицајци погодени со тврди предмети, но има и повредени демонстранти. вт/гт/ 2019-03-16 14:17:39, од Вера Тодоровска, Тирана ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-pretsedatel-apelira-na-vozdrzanost/feed/ 0