албански театар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 29 Mar 2021 08:35:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png албански театар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Комеморација за Луран Ахмети во Албански театар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/komemoracija-za-luran-ahmeti-vo-albanski-teatar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/komemoracija-za-luran-ahmeti-vo-albanski-teatar/#respond Mon, 29 Mar 2021 08:35:43 +0000 https://kurir.mk/?p=489068

Во Албанскиот театар – Скопје денеска ќе се одржи комеморација во чест на животот и делото на актерот Луран Ахмети кој почина минатата недела, на 46 години, по компликации од коронавирусот. Ахмети дипломирал на Факултетот за драмски уметности, а беше еден од најталентираните актери во Албанскиот театар во Скопје, каде играше во голем број претстави. Последниве години тој се прослави по своите улоги во дел од најгледаните турски телевизиски серии, а имаше и успешна филмска кариера со улоги во филмовите „Бал-кан-кан“, „Тејкен 2“ и „Лимоната“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/komemoracija-za-luran-ahmeti-vo-albanski-teatar/feed/ 0
Спуштени завесите на фестивалот „Албански театар во Македонија“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/spushteni-zavesite-na-festivalot-albanski-teatar-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/spushteni-zavesite-na-festivalot-albanski-teatar-vo-makedonija/#respond Sat, 12 Oct 2019 11:41:28 +0000 https://kurir.mk/?p=250790

Со доделување на наградите на најдобрите, синоќа во Дебар заврши 18-то издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“. Наградата за најдобра претстава беше доделена на претставата „Соседи“ во изведба на татарот од албанскиот град Ѓирокатро, во режија на Милто Кутали. Наградата за најдобра режија и припадна на Елмаза Дура за претставата „Скржавец “ од театарот од косовскиот град Урошевац, додека за најдобар актер и актерка беа прогласени Дајана Нена и Муса Исуфи. Во изминатите седум фестивалски вечери, со свои претстави учествуваа тетарски трупи од Куманово, Тетово, Ѓирокастро, Урошевац, Прешево и Гљилане. Последната вечер пред доделувањето на наградите, пред дебарската публика вон конкуренција се претстави Националниот театар од Приштина, со „Корчарски карневали“ во режија на Алтин Баша. -Ви благодарам за големото присуство на сите претстави, со што докажавме уште еднаш дека дебарчани знаат што е уметност и истата достоинствено ја ценат. Благодарам на учесниците за нивните успешни претстави. Се надевам дека до година ќе се оствари нашиот сон, фестивалот да биде институционализиран од страна на Министерството за култура на Република Македонија, со што ќе добиеме повеќе средства, а тоа значи и побогата фестивалска програма, рече директорот на фестивалот Илбер Нуредини прогласувајќи го фестивалот за затворен. Оваа манифестација, што традиционално се одржува во Дебар, и годинава финансиски беше подржана од македонското министерство за култура, со 600 илјади денари, од локалната власт, како и од други спонзори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/spushteni-zavesite-na-festivalot-albanski-teatar-vo-makedonija/feed/ 0
Нови 810 илјади евра за реконструкција на Албанскиот театар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/novi-810-iljadi-evra-za-rekonstrukcija-na-albanskiot-teatar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/novi-810-iljadi-evra-za-rekonstrukcija-na-albanskiot-teatar/#respond Wed, 28 Nov 2018 13:59:40 +0000 https://kurir.mk/?p=133169

Албанскиот театар во Скопје ќе добие нови 810 илјади евра од буџетот на Министерството за култура предвидени за идната година. Ресорниот министер Асаф Адеми соопшти дека очекува оваа национална установа набрзо да биде готова. Реконструкцијата трае веќе пет години, а се пробија неколку рокови. Последното ветување од установата е дека зградата ќе биде готова до Нова година. -Предвидени се 50 милиони денари за Театарот во Скопје, за кој верувам дека дефинитивно ќе заврши реконструкцијата на објектот и ќе се стави во употреба, рече министерот за култура, Асаф Адеми. Министерството за култура пред две недели објави извештај кој го изготви надворешна ревизорска група, а се однесуваше токму на реконструкцијата на Албанскиот театар. Документот со заклучоците е доставен до Владата, но се уште не е разгледуван на седница. Министерот посочи дека дополнително формирал работна група во рамки на министерството кое ги истражува наодите во извештајот кој е препратен и до државната ревизија, но и до министерството за финансии. -Ги презедовме сите неопходни дејствија, ги информиравме надлежните органи, испративме писмо до различни институции и државната ревизија каде што ги информиравме за ситуацијата констатирана од комисијата што ја формирав. Исто така ќе се земе во предвид и информацијата од Националниот институт, Албанскиот театар во Скопје, целосна информација ќе се достави и во Владата, додаде министерот Адеми. На 16 – ти месецов Министерството за култура го објави посебниот извештај. Во документот беше наведено дека неквалификувани лица ги воделе тендерските постапки. Вредноста на проектот била зголемена. Иако немало никаква промена во проектот во 2012 година, сумата на обезбедени пари била зголемена за цели еден милион евра. Дополнително работната група утврдила дека фирмата „Шенција“ која ја врши реконструкцијата имала две подружници, што било спротивно на законот. Според анализата на независната ревизија досега за санација на зградата се потпишале договори во вредност од 10 милиони и 600 илјади евра. Предистрага во рамки на „Скопје 2014“ поврзана со реконструкцијата на Албанскиот театар води и СЈО. Дополнително до Катица Јанева доставен е извештајот на посебните ревизори, но документи за реконструкција на театарот испратила и финансиската полиција. Од Албанскиот театар пак, посочуваат дека санацијата на објектот е според сите законски прописи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/novi-810-iljadi-evra-za-rekonstrukcija-na-albanskiot-teatar/feed/ 0