алберт ајнштајн – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Nov 2022 08:03:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png алберт ајнштајн – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Момче од Англија на 11 години има повисок коефициент на интелигенција од Ајнштајн https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/momche-od-anglija-na-11-godini-ima-povisok-koeficient-na-inteligencija-od-ajnshtajn/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/momche-od-anglija-na-11-godini-ima-povisok-koeficient-na-inteligencija-od-ajnshtajn/#respond Tue, 15 Nov 2022 08:03:44 +0000 https://kurir.mk/?p=760705

 Јусуф Шах, момче кое живее во Лидс, Велика Британија, според тестот за интелигенција на Менса, е „попаметен“ и од Ајнштајн и од Стивен Хокинг. – Сите на училиште мислат дека сум многу паметен и отсекогаш сум сакал да знам дали сум во првите два отсто меѓу луѓето кои го полагаат тестот Менса, изјави момчето за „Јоркшир ивнинг пост“. Имено, 11-годишниот Шах на тестот освоил 162 поени – неговиот коефициент на интелигенција. Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг, за споредба, имале коефициент на интелигенција од околу 160. Инаку, шестоодделенецот сака да учи математика на Оксфорд или Кембриџ. Неговиот татко вели дека тој едноставно има природно чувство за математика. – Дури и неговите учителки секогаш кога ќе ги добиеме извештаите од училиштето велат: „Нема што да го учиме, тој веќе знае сè“!, нагласува таткото на малиот генијалец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/momche-od-anglija-na-11-godini-ima-povisok-koeficient-na-inteligencija-od-ajnshtajn/feed/ 0
Ајнштајн наместо бакшиш, му ги подарил ОВИЕ две реченици на еден човек: Прочитајте ги, можат да ви го сменат животот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ajnshtajn-namesto-bakshish-mu-gi-podaril-ovie-dve-rechenici-na-eden-chovek-prochitajte-gi-mozat-da-vi-go-smenat-zivotot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ajnshtajn-namesto-bakshish-mu-gi-podaril-ovie-dve-rechenici-na-eden-chovek-prochitajte-gi-mozat-da-vi-go-smenat-zivotot/#respond Sun, 18 Sep 2022 20:30:53 +0000 https://kurir.mk/?p=734577

Алберт Ајнштајн во 1922-ра година бил на турнеја во Јапонија кога доставувач му испорачал порака во хотел во Токио. Кога сфатил дека нема доволно пари да му остави бакшиш, познатиот генијалец му напишал две пораки кои всушност биле животни совети. „Мирен и скромен живот донесува повеќе среќа од потрагата за успех која секогаш е немирна“.  „Каде има волја, има и начин“. Многу години подоцна, светски познати научници и психолози ги анализираа овие реченици. Заедничкиот заклучок е дека истите, доколку ги послушате и примените како совет, можат да ви го сменат животот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ajnshtajn-namesto-bakshish-mu-gi-podaril-ovie-dve-rechenici-na-eden-chovek-prochitajte-gi-mozat-da-vi-go-smenat-zivotot/feed/ 0
На денешен ден е роден Алберт Ајнштајн https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-deneshen-den-e-roden-albert-ajnshtajn/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-deneshen-den-e-roden-albert-ajnshtajn/#respond Mon, 14 Mar 2022 06:41:15 +0000 https://kurir.mk/?p=646581

На 14 март во 1879 година во Улм, Германија бил роден Алберт Ајнштајн, американски физичар, Евреин со германско потекло, најистакнат теоретичар на новата епоха во физиката. По доаѓањето на Хитлер на власт, Ајнштајн се откажал од германското државјанство и емигрирал во САД. Покрај „Општата теорија на релативитетот“ го објавил и „Законот за фотоелектричниот ефект со помош на квантната теорија“ и во 1921 година ја добил Нобеловата награда за физика. Ајнштајн објавил преку 300 научни и над 150 ненаучни дела. Има статус на слава во заедницата на физиката, а магазинот Тајм во 1999 го именува како „Личност на векот“. Во пошироката култура, името „Ајнштајн“ стана синоним на генијалност. Умрел во Принстон, на 18 април 1955 година. По смртта на Ајнштајн, за време на аутопсијата му биле извадени мозокот и очите, при што во 1955 година очите му биле предадени на неговиот личен офталмолог Хенри Абрамс, кој ги чувал до 2009 година. Потоа, тие се чувале во сеф во Њујорк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-deneshen-den-e-roden-albert-ajnshtajn/feed/ 0
Ракопис на Ајнштајн продаден за рекордни 11,6 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/rakopis-na-ajnshtajn-prodaden-za-rekordni-11-6-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/rakopis-na-ajnshtajn-prodaden-za-rekordni-11-6-milioni-evra/#respond Wed, 24 Nov 2021 07:29:12 +0000 https://kurir.mk/?p=599124

Ракописот на славниот физичар Алберт Ајнштајн во кој се зачетоците на неговата општа теорија на релативноста е продаден во вторникот на наддавање во Париз за рекордна сума од 11,6 милиони евра, пренесува AFP. Претходните рекорди за некој ракопис на Ајнштајн изнесуваа 2,4 милиони евра за писмото за Господ продадено во 2018 година и 1,39 милиони евра за двете куси белешки кои Ајнштајн му го оставил на момче во хотел во Токио во кои ја опишува неговата „формула“ за среќата продадени во 2017 година во Ерусалим. Во мај 2021 година, писмото од Ајнштајн до физичар конкурент, кое ја содржи неговата позната равенка E=mc2, беше продадено на аукција за 1,3 милиони евра. Документот продаден во вторникот првично беше проценет меѓу два и три милиона евра. За разлика од претходно продадените по рекордни цени, овој е работен документ, што е особена реткост кога станува збор за оставнината на Ајнштајн. „Ракописите на Ајнштајн од сферата на науката од тој период и воопшто пред 1919 година се извонредно ретки“, соопштија од аукциската куќа Christie’s каде се одржала аукцијата за куќата Aguttes. Станува збор за ракопис на 54 страници кои меѓу јуни 1913 и почетокот на 1914 година во швајцарски Цирих го редактирале германскиот физичар од еврејско потекло и неговиот соработник и приjател Мишел Бесо. Тоа е обид Ајнштајн и Бесо да ја објаснат космичката мистерија, односно дека орбиталниот пат на Меркур е „за влакно“ од она што било предвидено со законите за движењето на Исак Њутн, користејќи идеи и равенки кои стануваат основа на Ајнштајновата теорија на релативноста. Честите белешки на маргините укажуваат дека научниците меѓусебно ја коментирале работата на другиот, а Ајнштајн во еден момент возбудено напишал „stimmt!“, односно од германски „тоа функционира“, на страниците на кои се опишува релативната ротација на сфери. Двајцата научници на крајот не успеале да го објаснат несовпаѓањето во орбитата на Меркур, но сепак равенките што ги развиле директно довеле до равенките на Ајнштајн за општата релативност, кои сѐ уште се користат за опишување на односите меѓу објектите во Вселената.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/rakopis-na-ajnshtajn-prodaden-za-rekordni-11-6-milioni-evra/feed/ 0
Ѕирнете во најморбидниот музеј каде се чува мозокот на Ајнштајн (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzirnete-vo-najmorbidniot-muzej-kade-se-chuva-mozokot-na-ajnshtajn-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzirnete-vo-najmorbidniot-muzej-kade-se-chuva-mozokot-na-ajnshtajn-video/#respond Thu, 30 Jan 2020 12:30:54 +0000 https://kurir.mk/?p=296944

Контроверзниот музеј Муттер дефинитивно не е за оние со послаб стомак. Во викторијанските соби се чуваат медицински занимливости, како што се разни предмети и тумори извадени од човечки тела. За да го посетите Музејот за историја на медицината, ќе треба да патувате до Пенсилванија, поточно Филаделфија, дом на ова чудно место што се наоѓа во просториите на поранешниот Mедицински факултет. Еден од експонатите што привлекува најголемо внимание е мозокот на Алберт Ајнштајн. Научникот сакал да биде кремиран, но додека неговата пепел е расфрлана во реката Делавер, патологот кој бил на должност ноќта кога Ајнштајн починал го задржал неговиот мозок, со цел да се најде физички доказ за неговата генијалност. По бројните дискусии, патологот добил дозвола да го задржи мозокот, но под услов да се користи само за научни истражувања. Првично, научниците кои го анализирале не виделе ништо необично, но со текот на времето забележале интересни карактеристики во областите кои вклучуваат визуелни, математички и просторни информации. Историјата на овој музеј започнува во 1750 година, кога го отворил Бенџамин Френклин, но истиот започнал да работи во 1858 година. Многу туристи од целиот свет доаѓаат тука да ги видат овие застрашувачки експонати. Еден од најпознатите експонати во музејот е трупот на жената која се претворила во сапун на местото каде што била погребана. Исто така е импресивна и колекцијата на човечки черепи. Човек по име Гери Истакл е познат во медицинските кругови. Овој човек страдал од чудна болест, поради што му растел нов екстремитет на местото каде што имал модринка. Непосредно пред неговата смрт, тој доброволно го подарил своето тело како подарок на музејот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzirnete-vo-najmorbidniot-muzej-kade-se-chuva-mozokot-na-ajnshtajn-video/feed/ 0
Ги надмина Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг: Ова девојче е најпаметно во светот! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/gi-nadmina-albert-ajnshtajn-i-stiven-hoking-ova-devojche-e-najpametno-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/gi-nadmina-albert-ajnshtajn-i-stiven-hoking-ova-devojche-e-najpametno-vo-svetot/#respond Wed, 28 Aug 2019 12:48:48 +0000 https://kurir.mk/?p=234419

Тара Шарифи, 11-годишна Иранка која живее со своето семејство во Велика Британија, официјално стана најпаметната девојка на светот. Поточно, Тара, како ученичка во британското училиште Аилсури, го полагала популарниот тест за интелигенција Менса, со што заработила импресивни 162 поени. Тој резултат ја става високо над границата на генијалноста – која изнесува 140 поени. Покрај тоа, тој резултат ја прави попаметен од Алберт Ајнштајн, кој иако никогаш не го полагал тестот, имал коефициент на интелигенција од 160. Стивен Хокинг исто така имал коефициент на интелигенција од 160. Резултатот бел големо изненадување за сите, а особено за Тара која рекла: „Бев шокирана кога ми кажаа“. Заедно нејзините родители одлучиле дека Тара ќе оди на тестот во Оксфорд, бидејќи тие веруваат дека нивната ќерка е многу интелигентна. Резултатот од нејзиниот тест зависел од нејзината способност да разбере одредени зборови и да одговори на нив во одредени периоди. -Знаев дека е паметна затоа што во разни квизови ќе одговараше на прашања, особено математички, наместо самите конкуренти. Сепак, не се надевав дека таа имала толку висок коефициент на интелигенција, рекол татко ѝ Хосеин Шарифи. Како што рекла, кога била постара, би сакала да се знаимава со нешто повразно со математика и наука.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/gi-nadmina-albert-ajnshtajn-i-stiven-hoking-ova-devojche-e-najpametno-vo-svetot/feed/ 0
Овие две реченици ќе ви го променат животот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-dve-rechenici-kje-vi-go-promenat-zivotot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-dve-rechenici-kje-vi-go-promenat-zivotot/#respond Wed, 08 May 2019 07:44:27 +0000 https://kurir.mk/?p=195368

Алберт Ајнштајн во 1922-ра година бил на турнеја во Јапонија кога доставувач му испорачал порака во хотел во Токио. Кога сфатил дека нема доволно пари да му остави бакшиш, познатиот генијалец му напишал две пораки кои всушност биле животни совети.  „Мирен и скромен живот донесува повеќе среќа од потрагата за успех која секогаш е немирна“.  „Каде има волја, има и начин“. Многу години подоцна, светски познати научници и психолози ги анализираа овие реченици. Заедничкиот заклучок е дека истите, доколку ги послушате и примените како совет, можат да ви го сменат животот.]]>

Алберт Ајнштајн во 1922-ра година бил на турнеја во Јапонија кога доставувач му испорачал порака во хотел во Токио. Кога сфатил дека нема доволно пари да му остави бакшиш, познатиот генијалец му напишал две пораки кои всушност биле животни совети.  „Мирен и скромен живот донесува повеќе среќа од потрагата за успех која секогаш е немирна“.  „Каде има волја, има и начин“. Многу години подоцна, светски познати научници и психолози ги анализираа овие реченици. Заедничкиот заклучок е дека истите, доколку ги послушате и примените како совет, можат да ви го сменат животот.]]>
https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-dve-rechenici-kje-vi-go-promenat-zivotot/feed/ 0
Индиски научници отфрлија теории на Ајнштајн https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/indiski-nauchnici-otfrlija-teorii-na-ajnshtajn/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/indiski-nauchnici-otfrlija-teorii-na-ajnshtajn/#respond Tue, 15 Jan 2019 20:54:26 +0000 https://kurir.mk/?p=152675

Индиски научници повторно тврдат дека тие ги измислиле авионите и истражувањето на матични клетки, а доказите за тоа ги наоѓаат во епови. Тие ја вознемирија јавноста со тврдењето дека теориите на Алберт Ајнштајн и Исак Њутон не се точни. Одделни индиски академци се појавија на годишниот Индиски научен конгрес кој го отвори премиертот на Нарендра Моди, и ги отфрлија општо прифатените научни откритија, инсистирајќи дека древните индуси го откриле истражувањето со матични клетки. Хиндуистичката митологија и религиозни теории сè повеќе стануваат дел од дневниот ред на Индискиот научен конгрес. Но овогодинешните изјави на научниците се повеќе од вџашувачки, дури и во споредба со претходните. Директор на јужноиндиски Универзитет цитираше став хиндуистички текст како доказ дека истражувањето со матични клетки било откриено во Индија пред неколку илјада години. Демони и летала Ѓи Нагишар Рао потпретседател на Универзитетот Андра, изјави дека демонскиот крал од хиндуистичкиот еп Рамајана имал 24 различни летала и повеќе писти за слетување во денешна Шри Ланка. Друг научник од Универзитет во јужната држава Тамил Наду, кој зборуваше на конференцијата изјави дека Исак Њутн и Алберт Ајнштајн погрешиле и дека брановите треба да се применуваат во „Нарендра Моди бранови“. Докторот Кеј Џеј Кришна изјави дека Њутн не ја разбирал силата на гравитација, а теориите на Анштајн се само привид.. Критичарите велат дека древните текстови треба да се читаат и во нив да се ужива, но е бесмислено да се тврди дека претставуваат научни откритија. Здружението на индискиот научен конгрес изрази „сериозна загриженост“ поради критиките. „Ние не ги споделуваме нивните ставови и се оградуваме од нивните коментари. Тоа е навистина тажно, изјави Применду Пи Матур, генерален секретар на Здружението на научниот конгрес на Индија -Сериозно сме загрижени поради таквите изјави кои се дадени од одговорни луѓе, велат тие. Авиони во епови Минатата година индискиот министер за образование Садиапал Синг изјави дека авионите првпат биле спомнати во древниот хиндуистички еп Рамајани. Тој исто така рече дека првиот авион го измислил Индиецот Шивакар Бабузи Салбади, осум години пред браќата Рајт. Премиерот Моди во 2014 на собир на лекари и медицински персонал во болница во Мумбај изјави дека приказната за хиндуистичкиот бог Ганеши – олицетворен во глава на слон на човеково тело – покажува дека естетската хирургија постоела и во древна индија. Минисерот за образование на западната држава Раџастан изјави во јануари 2017 година дека е важно „да го разбереме научното значење“ кое го има кравата, бидејќи таа била единственото животно во светот кое вдишува и издишува кислород. Би-Би-Си]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/indiski-nauchnici-otfrlija-teorii-na-ajnshtajn/feed/ 0
Писмо на Ајнштајн продадено за 2,9 милиони долари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pismo-na-ajnshtajn-prodadeno-za-2-9-milioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pismo-na-ajnshtajn-prodadeno-za-2-9-milioni-dolari/#respond Wed, 05 Dec 2018 08:51:44 +0000 https://kurir.mk/?p=135922

Писмото од 1954 година во кое Алберт Ајнштајн тврди дека  Бог е „производ на човековата слабост“ и во кое зборува за својот еврејски идентитет продадено е на аукција за речиси 2,9 милиони долари, изјави портпаролката на аукциската куќа „Кристис“. Ајнштајн, во писмо адресирано до германскиот филозоф со еврејско потекло Ерик Гуткинд, за Библијата пишува дека е „колекција на благородни, но сепак примитивни легенди“. – Зборот Бог за мене не е ништо други туку израз и производ на човековата слабост, напиша физичарот една година пред смртта. Наддавањето за писмото траело само четири минути, а постигнатата цена е поголема, „Кристис“ предвидуваше дека ќе биде продадено за околу 1,5 милиони долари. Ајнштајн писмото го напиша додека живееше во Принстон, американската сојузна држава Њу Џерси, како одговор на книгата на Гуткинд од 1952 година, во која пишува за еврејството, Израел и модерното време. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pismo-na-ajnshtajn-prodadeno-za-2-9-milioni-dolari/feed/ 0
Аукција во Израел: Писмо на Ајнштајн за антисемитизмот продадено за 32.000 долари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/aukcija-vo-izrael-pismo-na-ajnshtajn-za-antisemitizmot-prodadeno-za-32-000-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/aukcija-vo-izrael-pismo-na-ajnshtajn-za-antisemitizmot-prodadeno-za-32-000-dolari/#respond Wed, 14 Nov 2018 15:37:54 +0000 https://kurir.mk/?p=127836

Писмо на Алберт Ајнштајн во кое тој говори за зголемувањето на антисемитизмот во Германија во 20-те години од минатиот век, беше продадено на аукција во Израел за 32.000 долари. – Овде се подготвуваат економски и политички мрачни времиња, така што сум среќен што можам да одам далеку од сѐ ова, напишал физичарот во 1922 година во пораката до својата сестра по напуштањето на Берлин. Ajнштајн e германски физичар од еврејско потекло. Тоа се случило повеќе од деценија пред нацистите во Германија да ја преземат власта. А три месеци претходно, пак, Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика, по што ја напуштил германската престолниина. Кусо потоа, неговиот пријател, германскиот министер за надворешни работи Валтер Ратенау, исто така, Евреин, бил убиен од екстремисти. – Писмово е занимливо оти Ајнштајн 10 години порано навистина предвидел што ќе се случува во Германија, изјави Мерон Ерен, еден од основачите на израелската куќа Кедем, со седиште во Ерусалим. Името на купувачот не се открива.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/aukcija-vo-izrael-pismo-na-ajnshtajn-za-antisemitizmot-prodadeno-za-32-000-dolari/feed/ 0