Алберт Муслиу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 02 Dec 2022 08:11:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Алберт Муслиу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Здружение на оштетени штедачи: Колкава е душевната болка на Алберт Муслиу за невратен долг кон Еуростандард банка? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-kolkava-e-dushevnata-bolka-na-albert-musliu-za-nevraten-dolg-kon-eurostandard-banka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-kolkava-e-dushevnata-bolka-na-albert-musliu-za-nevraten-dolg-kon-eurostandard-banka/#respond Fri, 02 Dec 2022 08:11:21 +0000 https://kurir.mk/?p=769926

Алберт Муслиу, аналитичарот кој го гледаме многу често на телевизиски дебатни емисии, го тужи Здружението „Правда за штедачи“ за клевета поради изнесените факти дека негова фирма како и фирма на негов близок член од семејството имаат земено кредити од Еуростандард банка во вкупен износ од речиси 800 илјади евра, но немаат вратено ниту денар повеќе од четири години. И поради сето тоа, Алберт Муслиу се здобил со душевна болка и други здравствени проблеми. Се прашуваме каква е таа душевна болка да земеш пари од друг, да не вратиш ништо и со тоа да го оштетиш и да му предизвикаш болка. Или колку боли туѓата болка? На денот на затворањето на Еурoстандард банка, душевна болка и здравствени проблеми претрпеа преку 3.000 депоненти, физички и правни лица. Денот кога дознаа дека паричните средства доверени во банка ги немаат повеќе, допринесе да немаат сон, здравјето им се наруши, стресот им стана секојдневие. Неспокој, немир, главоболки и голема неизвесност. Мноштво последици за нив и нивните најблиски, порачуваат од Здружението на оштетени штедачи.

Во продолжение следува нивното соопштение:

Нивната единствена вина е што верувале во систем којшто е заштитен со закони, за да ги доверат своите лични парични средства во банкарска институција контролирана од државата. Се разбира, не знаејќи притоа дека внатре во банката со години се одвивал организиран криминал односно грабеж на депозити. И тоа грабеж инициран, организиран и спроведен од раководниот тим на банката, претежно во тесна соработка со сопственици на фирми како приматели на неповратни кредити. Еден од претставниците на раководниот тим на Еуростандард банка е Трифун Костовски во својство на долгогодишен претседател на надзорниот одбор, често присутен со свои колумни и гостувања во емисии во последните две и пол години. Додека Алберт Муслиу е еден од претставниците на сопственици на фирми кои земале кредити од Еуростандард банка за да никогаш не ги вратат.

И сега се прашуваме кој тоа има душевна болка. Дали е тоа Алберт Муслиу чија фирма е должник во Еуростандард банка или пак преку 3.000 доверители, кои очекуваат фирмата на Алберт Муслиу да ги врати стотиците илјади евра кои ги земала како кредит? Или пак можеби Трифун Костовски и неговите блиски колеги од раководството на Еуростандард банка кои масовно и свесно доделувале неповратни кредити со години?

Се прашуваме кој ќе ја надомести реалната душевна болка, претрпениот стрес и непроспиените ноќи на многуте оштетени доверители во Еуростандард банка. Парите кои фирмата на Алберт Муслиу и таквите како него ги земале од Еуростандард банка мора да ги вратат. Додека раководството на Еуростандард банка мора да сноси одговорност за злоупотребите и разните криминални активности кои ја однесоа банката во стечај, за што впрочем се води и истрага неполни две години. А за сето тоа да се случи, и за таквите личности како Алберт Муслиу и за раководните лица од Еуростандард банка, постојат финансиската полиција, обвинителството и судството. Но, нарушеното здравје и последиците на сите оштетени доверители и нивните семејства нема цена. Тоа не може да се плати со пари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-oshteteni-shtedachi-kolkava-e-dushevnata-bolka-na-albert-musliu-za-nevraten-dolg-kon-eurostandard-banka/feed/ 0
Петрушевски: Во „Тајни имоти“ се кријат градежни фирми, станови, куќи и скапи возила, Алберт Муслиу и адвокатот на СДС Ивица Јевтиќ не поднеле анкетни листови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevski-vo-tajni-imoti-se-krijat-gradezni-firmi-stanovi-kukji-i-skapi-vozila-albert-musliu-i-advokatot-na-sds-ivica-jevtikj-ne-podnele-anketni-listovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevski-vo-tajni-imoti-se-krijat-gradezni-firmi-stanovi-kukji-i-skapi-vozila-albert-musliu-i-advokatot-na-sds-ivica-jevtikj-ne-podnele-anketni-listovi/#respond Tue, 25 Oct 2022 10:46:10 +0000 https://kurir.mk/?p=750125

Како што вчера најавија, ВМРО-ДПМНЕ денеска започна со соопштување детали за аферата „Тајни имоти“. Пратеникот Бране Петрушевски на денешната прес-конференција истакна дека функционерите кои кријат имот преку бледи соопштенија се обиделе да ја извртат вистината, но заборавијле дека со секој напад само потврдуваат дека СДС крие имот. Рече дека аферата „Тајни имоти“ откри дека СДС и Димитар Ковачевски именувајќи ги овие лица на државни позиции, кријат имот вреден 30 милиони евра. -ВМРО-ДПМНЕ денес ќе ги претстави на јавноста лицата кои се дел од функционерите вклучени во аферата „Тајни имоти“. Се работи за луѓе кои имаат директни релации со врвот на власта, ова се луѓе кои Ковачевски на седница на Влада им ја дава довербата и ги именува на државни позиции. Ќе започнеме со Алберт Муслиу, кој како експерт и аналитичар редовно ги брани ставовите на СДС криејќи се под превезот независен. Но колку навистина е независен? Алберт Муслиу на 19-ти декември 2017-та година е именуван за претставник определен од Владата во Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. Муслиу пет години нема поднесено анкетен лист до Антикорупциската комисија. Што крие Муслиу? Според нашите истражувања Муслиу на сопствено име поседува куќа во Скопје од 118 м2 и стан во Центар од 81 м2. Муслиу се јавува и како основач и сопственик на повеќе правни лица и Здруженија на граѓани. Имено тој е основач на Здружението Институт за мир и безбедност и истражување на политики КОНИЦА Скопје, како и на фирмата за трговија МАКРО МЕД, вели Петрушевски.
Пратеникот објави и дека имот криел и адвокатот Ивица Јевтиќ, тој е најпознатиот адвокат на СДС кој ги поднесува фамозните тужби на функционерите на СДС за навреда и клевета. -Бројни такви тужби се поднесени од Ивица Јевтиќ. Па дали со негово именување на функцијата му се наплаќаат овие услуги е тема која треба дополнително да се обработи. Патем, адвокатот Ивица Јевтиќ, еден од лицата кои се опфатени со аферата „Тајни имоти“, бил член на надзорниот одбор на СДС, се јавува во голем број судски случаи каде партијата или нејзини истакнати функционери се странка во постапката. Инаку Јевтиќ е член на Управниот одбор на Прифатниот центар за баратели на азил. И тој не го пријавил својот имот, односно нема поднесено анкетен лист и тоа може да се види на веб страната на ДКСК. Но што крие Јевтиќ? Од анализата која ја направивме може да се види дека Јевтиќ на свое име поседува стан во Скопје, од 2015-та година основач е на Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ, а во 2020-та година во месец ноември ја основа градежната компанија ФИЗ Констракшн ДООЕЛ Скопје. Јевтиќ покрај тоа што е адвокат на СДС и тој самиот бил партиски функционер, како член на Надзорниот одбор на партијата. Јевтиќ е и адвокат на голем број на општини додека СДС беа на власт во локалната самоуправа, како што е примерот со општината Кисела Вода. Воедно, воедно Јевтиќ е член и на Македонско Бугарската Стопанска комора. Бројни функции, високо платени позиции, но анкетниот лист е таен, имотот е таен. Што крие Јевтиќ? Која е причината што еден правник, лице кое треба да е заштитник на правдата е лице кое го крши правото? Дали СДС му ја гарантира неказнивоста и дали има и други имоти?, прашува тој.
Петрушевски вели дека на листата е и директорот на ЈП Македонски шуми, Валентин Груевски. -Имено, од претходниот анкетен лист на Валентин може да се види дека поседува куќа во Битола и автомобил Фоксваген Голф, а неговиот брачен другар поседува куќа во Ресен. Дали има промени, и зошто не го пријавил иако веќе бил функционер и знае дека тоа му е обврска? Новица Печински, член на Управен одбор Здравствен Дом Берово исто така е на листата функционери кои кријат имот. Печински кој е вработен и во Општина Берово е и претседател на спортски клуб. А, според истражувањето кое го направивме дојдовме до сознание дека крие голема куќа во Берово и автомобил Фолксваген, кои се на негово име. Ова се само дел од функционерите кои кријат имот, а се директно поврзани со врвот на власта. Очекувано ДКСК да ја брани злоупотребата на законот од СДС затоа што тоа е веќе видена пракса, ДКСК работи по диктат на СДС. Ја повикуваме ДКСК и останатите институции да почнат да си ја вршат работата, а истовремено ги повикуваме Јевтиќ и Груевски да си поднесат оставки на позициите кои ги држат и да платат казна која им следува по закон, а за тоа постапка да покрене ДКСК. Институциите да го испитаат нивниот имот, но и дали имаат и друг имот кој е на нивни блиски роднини, а може да се доведе во корелација со нив. Ние продолжуваме со објавување на детали. Одговорност мора да има, нагласи Петрушевски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevski-vo-tajni-imoti-se-krijat-gradezni-firmi-stanovi-kukji-i-skapi-vozila-albert-musliu-i-advokatot-na-sds-ivica-jevtikj-ne-podnele-anketni-listovi/feed/ 0
Алберт Муслиу: Заминувањето на младите има позитивен ефект, цената на трудот ќе почне да расте https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/albert-musliu-zaminuvanjeto-na-mladite-ima-pozitiven-efekt-cenata-na-trudot-kje-pochne-da-raste/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/albert-musliu-zaminuvanjeto-na-mladite-ima-pozitiven-efekt-cenata-na-trudot-kje-pochne-da-raste/#respond Tue, 22 Mar 2022 21:25:18 +0000 https://kurir.mk/?p=651674

„Заминувањето на младите предизвикува недостиг на работна сила, но тоа позитивно ќе се одрази на вработените, бидејќи цената на трудот ќе почне да расте, што може да биде мотив плус за некои да почнат да се враќаат“. Ова во „10 минути“ на ТВ21 го изјави аналитичарот Алберт Муслиу. Тој вели дека преселувањето ќе има позитивен ефект, ќе ја зголеми вредноста на работата. Како за пример ја зема Албанија, бидејќи според него, со зголемувањето на миграцијата се зголемила и вредноста на работната сила. Според него, тоа предизвикало многу Албанци кои заминале во Грција да се вратат во Албанија. „Мислам дека Албанија помина низ ова“, додаде Муслиу. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/albert-musliu-zaminuvanjeto-na-mladite-ima-pozitiven-efekt-cenata-na-trudot-kje-pochne-da-raste/feed/ 0
И синот на Алберт Муслиу доби функција, ќе стане конзул во Чикаго https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-sinot-na-albert-musliu-dobi-funkcija-kje-stane-konzul-vo-chikago/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-sinot-na-albert-musliu-dobi-funkcija-kje-stane-konzul-vo-chikago/#respond Wed, 16 Feb 2022 12:40:15 +0000 https://kurir.mk/?p=632145

ТВ презентерката на вести, Бесмира Ејупи ќе стане генерален конзул на Северна Македонија во Њујорк, САД, објави порталот Зум, повикувајќи се на владини избори. Во Чикаго, пак, веќе е заминат Петрит Муслиу. Синоќа Владата на затворена седница, по предлог на Министерството за надворешни работи, го утврдила предлогот Бесмира Ејупи да биде пратена за македонски генерален конзул во Њујорк. Во наредниот период во консултации со кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, официјално ќе биде побаран агреман од земјата домаќин за новиот конзул. Освен за Ејупи, неодамна е донесена уште една одлука за испраќање на Петри Муслиу за генерален конзул во Чикаго. Муслиу, инаку син на аналитичарот Алберт Муслиу неколку недели веќе е во Чикаго во македонскиот конзулат. Дипломатски извори ги потврдија двете информации за МКД.мк. Инаку, ни Ејупи ни Муслиу не се кариерни дипломати, односно не се од МНР, што досега, освен исклучоци беше пракса, а според нашите извори испратени се врз база на блиски врски со функционери на ДУИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-sinot-na-albert-musliu-dobi-funkcija-kje-stane-konzul-vo-chikago/feed/ 0
Алберт Муслиу: Факт е дека и Албанците не се среќни од тоа како се живее денес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/albert-musliu-fakt-e-deka-i-albancite-ne-se-srekjni-od-toa-kako-se-zivee-denes/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/albert-musliu-fakt-e-deka-i-albancite-ne-se-srekjni-od-toa-kako-se-zivee-denes/#respond Tue, 16 Apr 2019 20:12:33 +0000 https://kurir.mk/?p=187399

Албанците не се среќни поради договорите кои се склучени, туку ако се живее добро во земјата и со соседите, рече аналитичарот Алберт Муслиу кој беше дел од дебатата на телевизија 21 на која аналитичари и новинари дебатираат со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според него факт е дека и Албанците не среќни од тоа како се живее денес, но говорејќи за постигнатите договори со Грција и Бугарија посочи и дека требаше да се потпишат договорите со соседите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/albert-musliu-fakt-e-deka-i-albancite-ne-se-srekjni-od-toa-kako-se-zivee-denes/feed/ 0
Муслиу: Со поднесување на оставка и 11 дисциплински за претепувањето на Јанакиески и Ристоски не завршува процесот, со таков однос не одиме кон ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/musliu-so-podnesuvanje-na-ostavka-i-11-disciplinski-za-pretepuvanjeto-na-janakieski-i-ristoski-ne-zavrshuva-procesot-so-takov-odnos-ne-odime-kon-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/musliu-so-podnesuvanje-na-ostavka-i-11-disciplinski-za-pretepuvanjeto-na-janakieski-i-ristoski-ne-zavrshuva-procesot-so-takov-odnos-ne-odime-kon-eu/#respond Tue, 26 Feb 2019 19:07:03 +0000 https://kurir.mk/?p=168664

Алберт Муслиу, политичкиот аналитичар при своето гостување во дебатната емисија „Само вистина“ говореше и за случката со претепување на бившите министери Миле Јанакиески и Спиро Ристоски каде што тој потенцира дека некој треба да биде одговорен за ова. И треба од овие работи да се извлечат поуки, значи вие можете да имате некој проблем и вие да не извлечете поука затоа што пак ќе ви се случи. Не е прв пат тоа кај нас да се случува. И ако не извлечете поука вие значи не можете да го градите системот и институциите, појасни Муслиу. Муслиу нагласи дела освен политичка одговорност, дека е поднесена оставка и дека 11 дисциплински има тоа не го завршува процесот. Таму треба да се смени начинот на менаџирање на тие институции, затоа што ние не можеме да бидеме членка на ЕУ или да тежнееме да бидеме членка на ЕУ, а нивните затвори да бидат подобри од некои наши болници. За мене фактот дека поднел оставка е поднесување на политичка одговорност за процесот, дали он ќе има дисциплинска постапка, дали ќе има друг вид на одговорност тоа треба допрва да се види, потенцира Муслиу.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/musliu-so-podnesuvanje-na-ostavka-i-11-disciplinski-za-pretepuvanjeto-na-janakieski-i-ristoski-ne-zavrshuva-procesot-so-takov-odnos-ne-odime-kon-eu/feed/ 0
Муслиу: Пораките кои ги промовираше Трајковски за помирување и за зближување треба да бидат поука https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/musliu-porakite-koi-gi-promovirashe-trajkovski-za-pomiruvanje-i-za-zblizuvanje-treba-da-bidat-pouka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/musliu-porakite-koi-gi-promovirashe-trajkovski-za-pomiruvanje-i-za-zblizuvanje-treba-da-bidat-pouka/#respond Tue, 26 Feb 2019 18:15:51 +0000 https://kurir.mk/?p=168651

Во емисијата „Само Вистина“, гостуваше Алберт Муслиу, политички аналитичар кој при самиот почеток говореше за Борис Трајковски каков претседател бил, бидејќи денеска се нарушуваа 15 години од неговата трагична смрт. Муслиу посочи дека Трајковски за време на најкритичните моменти, единствено тој имал капацитет да издејствува да се помират учесниците од конфликтите. Тој беше еден од главните фактори зошто Македонија влезе и во помирните води. -Пораките кои ги промовираше на помирување, на зближување мислам дека треба да бидат поука. Работите кои не сме ги извлекле од тие поуки сега не оптеретуваат во сегашно време кога ги ставаме тие партиски интереси над сите не само општествени туку и индивидуални, и билатерални и односите меѓу луѓето. И мислам дека тој тоа само го направи и на сите ни покажа дека на тој начин на однесување е корисен за сите, појасни Муслиу.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/musliu-porakite-koi-gi-promovirashe-trajkovski-za-pomiruvanje-i-za-zblizuvanje-treba-da-bidat-pouka/feed/ 0
Муслиу: Има пропуст во институциите во врска со случајот на претепување на Јанакиески и Ристовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/musliu-ima-propust-vo-instituciite-vo-vrska-so-sluchajot-na-pretepuvanje-na-janakieski-i-ristovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/musliu-ima-propust-vo-instituciite-vo-vrska-so-sluchajot-na-pretepuvanje-na-janakieski-i-ristovski/#respond Mon, 25 Feb 2019 18:03:06 +0000 https://kurir.mk/?p=168240

Во вечерашната емисија „Отворено на Алфа“ гостуваше Алберт Муслиу, политички аналитичар кој рече дека кај нас во политиката ништо не го чуди, и не го зачудуваат исценирање на работите, мислејќи на инцидентот во истражниот затвор „Шутка“ каде беа нападнати екс министрите Јанакиески и Ристовски. -Во секој случај има пропуст во институциите. Не може во такви институции да се случуваат такви немили случувања и тука не треба вината за случувањата да се бараат надвор. Дали тоа е исценирано, дали е тоа провоцирано институциите кај нас после 28 години треба да навикнат дури ако некој ги провоцира тие треба префесионално да се однесуваат и да ги заштитат сите граѓани, нагласи Муслиу. Муслиу појасни дека памети времиња дури и 97-ма во Гостивар кога се случија немилите настани и кога изговорот на полицијата беше дека биле испровоцирани. Институциите треба да се професионални и да не потпаѓаат под провокации или исценирања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/musliu-ima-propust-vo-instituciite-vo-vrska-so-sluchajot-na-pretepuvanje-na-janakieski-i-ristovski/feed/ 0
Муслиу не верува во правосудниот систем на Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/musliu-ne-veruva-vo-pravosudniot-sistem-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/musliu-ne-veruva-vo-pravosudniot-sistem-na-zaev/#respond Fri, 18 Jan 2019 10:13:16 +0000 https://kurir.mk/?p=153724

На вчерашната емисија „Само вистина“ гостуваа Димитар Апасиев, универзитетски професор и Алберт Муслиу, политички аналитичар. Во една прилика од оваа жестока дебата Муслиу потенцира дека не верува во овој правосуден систем, иако самата јавност е запознаена дека тој беше жесток бранител на актуелната власт. -Треба да ме прашаш дали верувам во правосуден систем. Прашај ме дали верувам во тој правосуден систем. Ме импутираш дека јас верувам. Се додека таму не се направи реформа, по мене и ветинг, па да си имаат одговорност. Јас целосно и верба во тој процес и систем немам, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/musliu-ne-veruva-vo-pravosudniot-sistem-na-zaev/feed/ 0