алцхајмерова болест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 24 Jul 2023 06:30:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png алцхајмерова болест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еспресото можно делотворно оружје против Алцхајмерова болест https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/espresoto-mozhno-delotvorno-oruzhje-protiv-altshajmerova-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/espresoto-mozhno-delotvorno-oruzhje-protiv-altshajmerova-bolest/#respond Mon, 24 Jul 2023 06:30:55 +0000 https://kurir.mk/?p=859314

Пиењето кафе eспресо би можело да има значајно влијание врз спречувањето на Алцхајмерова болест, посочува ново истражување на Универзитетот на Верона, Италија. Со години науката кафето го поврзува со здравствени опасности. Сепак, неодамнешни истражувања покажаа дека умереното консумирање кафе може да има и корисно влијание врз здравјето. Истражувачите од Универзитетот откриле дека eспресото  посебно ја спречува акумулацијата на тау-протеин, којшто е поврзан со Алцхајмеровата болест. Со други зборови, тоа го прави собирањето на споменатиот протеин помалку штетно за мозочните клетки. - Овие наоди даваат увид во невропротективниот потенцијал на еспресо кафето. Овој напиток којшто често се конзумира, е извор на природни соединенија што имаат корисни својства, вели д-р Маријапина Д'Онофрио. За потсетување, на почетокот на минатата година беа објавени загрижувачки резултати од истражување за деменцијата спроведено во 195 земји. Со тоа, се предвидува дека таа болест ќе ги зафати умовите на 153 милиони луѓе ширум светот до 2050 година, што е околу три пати повеќе отколку во 2019 година. Ова е поврзано со трендовите на факторите на опасност - вклучувајќи дебелина, дијабетес, ниско образование и пушење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/espresoto-mozhno-delotvorno-oruzhje-protiv-altshajmerova-bolest/feed/ 0
Нов лек за забавување на Алцхајмеровата болест https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nov-lek-za-zabavuvane-na-altshajmerovata-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nov-lek-za-zabavuvane-na-altshajmerovata-bolest/#respond Tue, 18 Jul 2023 07:16:24 +0000 https://kurir.mk/?p=857543

Нов лек за Алцхајмеровата болест е оценет како „пресвртница во борбата“ против тоа нарушување, откако беше откриено и научно потврдено дека ја забавува неговата прогресија. Истражувачите поделиле 1.800 учесници во две еднакви групи. Притоа, првите испитаници 18 месеци примале месечна инфузија на лекот „Донанемаб“, а вторите земале плацебо. Се утврди дека „Донанемаб“ го прави „клиничкото опаѓање“ побавно до 35 отсто, што значи дека луѓето со оваа болест сè уште можат да вршат секојдневни активности, како купување, домаќинство, управување со финансии и земање други лекови. Околу 47 отсто од луѓето кои го земале лекот, а ја имале болеста во рана фаза, имале ниски или умерени нивоа на тау-протеинот, и една година немале прогресија на болеста. Здружението за истражувања на Алцхајмеровата болест во Обединетото Кралство вели дека се влегува во нова ера кога заболувањето „може да стане излечиво“, се наведува во написот објавен и во „Журналот“ на Американското медицинско здружение. Здружението забележува дека лековите како „Донанемаб“ еден ден може да доведат до тоа - Алцхајмеровата болест да се спореди со хронични болести како што се астма или дијабетес. Лекот е произведен од „Ели Лили и компани“. Регулаторите за здравствени трошоци во Англија веќе проценува дали лекот може да се користи во дел од англискиот јавен здравствен систем. Научниот труд претходно беше претставен и на Меѓународната конференција на здруженијата против Алцхајмеровата болест во Амстердам, Холандија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nov-lek-za-zabavuvane-na-altshajmerovata-bolest/feed/ 0
Губењето на видот може да биде ран знак за Алцхајмерова болест https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/gubeneto-na-vidot-mozhe-da-bide-ran-znak-za-altshajmerova-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/gubeneto-na-vidot-mozhe-da-bide-ran-znak-za-altshajmerova-bolest/#respond Mon, 17 Jul 2023 08:37:42 +0000 https://kurir.mk/?p=857301

Слабеењето на видот може да биде знак за когнитивно опаѓање, според американски лекари и научници, кои велат дека овие наоди би можеле да помогнат во рано откривање состојби како Алцхајмеровата болест. Тимот научници предводени од Џошуа Р. Ерлих од Универзитетот во Мичиген откриле дека „објективно измереното оштетување на видот е поврзано со поголема инциденца на деменција“. Но, бидејќи се смета дека повеќето такви оштетувања може да се спречат, напорите за „приоритизирање на здравиот вид“ би можеле да бидат важни за оптимизирање на падот на умствената функција, истакнуваат стручњаците по прегледувањето на податоците за речиси 4.000 луѓе на возраст од 71 година и повеќе, од Националната студија здравјето и стареењето (НХАТС), што се спроведува во САД од 2021 година. „Поголемиот дел од оштетувањето на видот кај постарите возрасни лица може да се спречи или едноставно, проблемот сè уште не е решен со интервенции како очила или операција на катаракта“, соопшти истражувачкиот тим. Операцијата на катаракта го намалува ризикот од деменција, според наводите, а оптимизирањето на видот може да спречи до 100.000 распространети случаи на деменција во САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/gubeneto-na-vidot-mozhe-da-bide-ran-znak-za-altshajmerova-bolest/feed/ 0
Најраните знаци на Алцхајмеровата болест може да се видат во очите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najranite-znatsi-na-altshajmerovata-bolest-mozhe-da-se-vidat-vo-ochite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najranite-znatsi-na-altshajmerovata-bolest-mozhe-da-se-vidat-vo-ochite/#respond Mon, 27 Mar 2023 10:00:19 +0000 https://kurir.mk/?p=816857

Почетните знаци на Алцхајмеровата болест може да се појават во окото на пациентот, посочуваат најновите истражувања во САД. Стручњаци од Институтот за невродегенеративни болести во Бока Ратон, Флорида, и Медицинскиот центар „Седарс-Синај“ во Лос Анџелес, Калифорнија, испитувале како окото може да помогне во дијагностицирањето Алцхајмерова болест пред да се појават симптомите. Научниците собраа примероци од ретината и од мозочното ткиво од 86 лица кај кои се појавило тоа заболување. До мигот кога помнењето и однесувањето се засегнати, болеста е веќе напредната, според наводите. Наодите се евидентни и кај луѓе без минимални когнитивни симптоми. - Нашето истражување е прво што обезбеди длабински анализи на протеинскиот профил и молекуларните, клеточните и структурните ефекти на Алцхајмеровата болест врз човечката ретина и како тие одговараат на промените во мозокот и когнитивната функција. Овие промени во мрежницата се поврзани со промени во деловите на мозокот одговорни за помнењето, движењето и перцепцијата на времето, изјави авторката на трудот, Маја Коронио-Хамауи, професорка по неврохирургија и биомедицински науки во „Седарс“. Ако лекарите ја идентификуваат болеста во нејзините најрани фази, се вели, луѓето потоа би можеле порано да се сосредоточат на здрав начин на живот и да ги контролираат факторите на ризик, како што се висок крвен притисок, холестерол или шеќер, посочува истражувањето. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najranite-znatsi-na-altshajmerovata-bolest-mozhe-da-se-vidat-vo-ochite/feed/ 0
На 82-годишен пациент со Алцхајмер не му даваат 4.711 денари за нега од друго лице, му рекле можеш сам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-82-godishen-patsient-so-altshajmer-ne-mu-davaat-4-711-denari-za-nega-od-drugo-litse-mu-rekle-mozhesh-sam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-82-godishen-patsient-so-altshajmer-ne-mu-davaat-4-711-denari-za-nega-od-drugo-litse-mu-rekle-mozhesh-sam/#respond Tue, 31 Jan 2023 10:42:42 +0000 https://kurir.mk/?p=794141

Осумдесет и двегодишниот Добре Лазевски од Скопје, кому му е дијагностицирана деменција со Алцхајмер, како и Алцхајмерова болест во напредната фаза, не му е потребна нега и може сам да се грижи за себе. Ваква одлука донела Комисијата на јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи Скопје-Карпош, која му ја укинала помошта од 4.711 денари, објавува МКД.мк. Овие пари болниот скопјанец ги земал како надомест за помош и нега од друго лице, а за него се грижи неговата сопруга. Но иако болеста на Лазески прогресира, тој тешко се движи, не може да зборува, не ги познава блиските, не може сам да јаде, му треба помош при вршење на физиолошките потреби и за сето ова семејството поседува уредна медицинска документација, сепак Комисијата проценила дека пациентот не го остварува правото на надоместок и дека може сам да се грижи за себе. За семејството на Лазевски оваа одлука е апсурдна и тие денес поднесоа жалба на ваквото Решение до Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Скопје-Карпош. Месечната сума од 4.711 денари овој човек ја земал во период од околу 5 години, а семејството вели дека болеста не се повлекува, туку прогресира. Тие прашуваат како може за пациент со ваква дијагноза да се процени дека може сам да се грижи за себе. Согласно со член 52 од Законот за социјална заштита, министерот за здравство со решение формира комисија за подготвување наод, оцена и мислење, во постапката по изјавена жалба против првостепено решение со кое е одлучено за правото на помош и нега од друго лице. „Не можам да сфатам човек со таква дијагноза, на кого фатен му е центарот за говор, тешко оди, да го транспортираме треба да се ангажираме повеќе лица... ми велат дека сам може да се грижи за себе. Документи се носат на неколку месеци, а за тоа ние го носиме од едно на друго место за пак да собереме документација. Татко ми ги исполнува условите да дојде комисија дома и да го прегледа, а тие згора на сѐ, уште велат дека сам за себе може да се грижи и му го укинуваат и тој надомест што го зема, а за него се грижи мајка ми", вели Весна Цветиновска, ќерката на пациентот кого Комисијата го одбила. Семејството на Лазевски до редакцијата на МКД.мк достави документи во кои ја има дијагнозата на пациентот, како и решенијата од истиот центар што со години одлучува дека човекот според дијагностицираните болести, има потреба од грижа од друго лице, како и новото решение во кое, истиот овој здравствен центар вели дека сега Лазевски сега може сам да се грижи за себе. Во Решението за одбивање на барањето за остварување на правото на надоместок за помош и нега на друго лице стои дека „со приложената документација, а врз основа на наод, оценката и мислењето за потребата од помош и нега од друго лице на Стручната комисија од 20.10.2022 година утврди дека именуваното лице нема потреба од помош и нега од друго лице, односно не ги исполнува условите од Законот за заштита, член 48, 49, 50, 51, 52, 53, 54, 261 и 272". Според претходното Решение донесено на 6 мај, 2022 година, Добре Лазевски има право да оствари надомест за помош и нега на друго лице и барањето му е оправдано бидејќи ги исполнува истите членови од Законот за заштита. Но неколку месеци подоцна Меѓуопштинскиот центар прави проценка дека пациентот со тип на болест што го зафаќа мозокот и центрите во мозокот, може сам да се грижи за себе. Целиот текст прочитајте го ТУКА.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-82-godishen-patsient-so-altshajmer-ne-mu-davaat-4-711-denari-za-nega-od-drugo-litse-mu-rekle-mozhesh-sam/feed/ 0
Трогателна исповед на Милица Павловиќ: Баба ми повеќе не ме препознава, болеста зема замав https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/trogatelna-ispoved-na-milica-pavlovikj-baba-mi-povekje-ne-me-prepoznava-bolesta-zema-zamav/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/trogatelna-ispoved-na-milica-pavlovikj-baba-mi-povekje-ne-me-prepoznava-bolesta-zema-zamav/#respond Wed, 20 Apr 2022 06:22:54 +0000 https://kurir.mk/?p=665693

Српската пејачка Милица Павловиќ пораснала со своите баба и дедо и тоа е една од причините зошто е се најважни личности во животот. Пејачката открива дека по смртта на дедото пред години, се грижи за својата баба која има Алцхајмерова болест. Открива дека нивниот однос поради болеста е променет, и дека тоа многу тешко го поднесува. -Тоа за мене во моментов е најболната тема во животот. Болеста зема замав. Срцето и душата ме болат што мојата баба не ме познава. Таа е моето злато, мојата душа, моето се на светот и многу е страшно кога при секое гледање со неа морам одново и одново да се запознавам и да се обидувам да ја потсетам која сум. Дека сум ќерка на нејзиниот син, нејзина внука. Нејзината Милица, нејзината пејачка, открива пејачката. Додава дека самиот факт што доживеала некој кој и е најважен на светот да е дементен, вели е многу тежок и потресен. -При секоја наша средба се обидувам да допрам до неа, да се присети дека сум нејзината Милица, но секоја нова средба носи исти моменти. Но, тогаш кога ќе се сети, кога ќе ме препознае тоа е непроценливо и не можам да опишам како чувство се буди во мене, како ме бакнувам, прегрнува. Секој збор кој ќе ми го упати за мене е голем како целиот универзум, додава Милица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/trogatelna-ispoved-na-milica-pavlovikj-baba-mi-povekje-ne-me-prepoznava-bolesta-zema-zamav/feed/ 0
Две шолји кафе дневно нѐ оддалечуваат од Алцхајмеровата болест https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dve-sholji-kafe-dnevno-n-oddalechuvaat-od-alchajmerovata-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dve-sholji-kafe-dnevno-n-oddalechuvaat-od-alchajmerovata-bolest/#respond Tue, 23 Nov 2021 10:10:43 +0000 https://kurir.mk/?p=598694

Научници открија дека кај луѓето кои пијат кафе секој ден има помала можност за развој на когнитивно оштетување на мозокот. Истражувањето објавено во списанието „Фронтиерс оф ејџинг неуросајенс“ (Frontiers of Aging Neuroscience), е спроведено во тек на 10 години, во Универзитетот „Едит Кoуaн“ во Перт, Западна Австралија. – Откривме дека учесниците кои пијат повеќе кафе, имале помала опасност од развој на слабо когнитивно оштетување, што често е претходник на самата Алцхајмерова болест. Кај љубителите на кафе, промените во областите на мозокот одговорни за извршните функции како планирање, самоконтрола и внимание, се помалку засегнати со текот на времето… Кафето може да биде особено корисно за постарите луѓе кои се изложени на опаснорт за когнитивно оштетување, но немаат никакви симптоми. Можеби ќе може да развиеме препораки за луѓето што треба да ги следат во средната возраст и се надеваме дека тоа ќе има траен ефект, објасни одговорната авторка, д-р Саманта Гарднер од Центарот за истражување и третман на Алцхајмеровата болест на Медицинскиот факултет при Универзитетот. Претходни испитувања покажаа дека необработениот кофеин е делотворен во спречувањето на оштетување на помнењето кај глувците. Преработените пијалаци од кафе обично не содржат сиров кофеин, но има и други супстанции како што се кафестол, кафеол и ејкозаноил-5-хидрокситриптамид, кои исто така, имаат благотворно дејство. Истражувачите не испитале дали ефектот на кафето врз мозокот се менува во зависност од начинот на подготовка и од додатоците како млеко или шеќер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dve-sholji-kafe-dnevno-n-oddalechuvaat-od-alchajmerovata-bolest/feed/ 0
ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА КОЈА ЌЕ ВЕ РАСПЛАЧЕ: Има Алцхајмерова болест, но една работа не може да заборави https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/vistinska-prikazna-koja-kje-ve-rasplache-ima-alchajmerova-bolest-no-edna-rabota-ne-moze-da-zaboravi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/vistinska-prikazna-koja-kje-ve-rasplache-ima-alchajmerova-bolest-no-edna-rabota-ne-moze-da-zaboravi/#respond Tue, 06 Jul 2021 09:01:36 +0000 https://kurir.mk/?p=532586

Додека Питер и Лиса Маршал една саботна ноќ седеле на креветот и гледале телевизија, тој ја прашал дали ќе се омажи за него. Она што Питер (56) го заборавил е дека тие веќе биле во брак. Пред три години на Питер му била дијагностицирана Алцхајмерова болест, по што тој почнал да го губи помнењето. Заборавил кога прв пат ја сретнал Лиса, го заборавил првиот бакнеж, но и свадбата. -Ова е потресно. Направивме нови спомени, но ме боли секогаш кога сакам да кажам „Се сеќавам ли на тоа?“. Сакам да се сеќавам на нив, но Питер не може на ништо да се сети, а уште помалку на она што било пред 20 години, изјавила Лиса. Тие се во брак 12 години, а се запознале како соседи во Пенсилванија. Тогаш и двајцата биле во брак со други партнери, но се спријателите и останале во близок однос се додека семејството на Питер не се преселило. По речиси една година без контакт тие повторно се поврзале кога откриле дека двајцата се развеле. По еден заеднички состанок станале неразделни и ја одржува осумгодишната врска на далечина се додека нивните деца не се запишале на факултет. -Начинот на кој тој ме сака, е толку нежен, духовит, романтичен. Секогаш беше страствен кога е во прашање нашата врска и јас, раскажува Лиса. Таа во 2009 година се преселила во Конектикат, по што се венчале. На Лиса и било лесно да воочи дека нешто не е во ред со него, но и било тешко да се соочи со реалноста. Најпрво тој започнал да ги заборава клучевите, паричникот, а потоа почнал да заборава зборови и кое е нивното значење. По дијагностицирање на болеста, почнале да исчезнуваат сите нивни сеќавања. Прв пат заборавил дека има жена додека биле на патување на Роуд Алјенд. -Одевме во нашата куќа таму, а тој ми даваше упатства како да стигнеме, како да сум некој странец. После неколку месеци додека гледавме серија, а сцената беше од венчавка ми рече: „Ајде и ние ова да го направиме.“ А ние веќе бевме венчани. Тоа многу ме погоди. Се заљуби во мене во втор пат. Се чувствував почестено, како принцеза, како Пепелашка. Јас сум најсреќната девојка на светот, вели таа. Со поддршката од нивните деца тие на крајот од април повторно се нашле пред олтарот за да ги обноват брачните завети. -Влегов во таа приказна без очекувања бидејќи болеста е непредвидлива. Сепак бев возбудена додека се подготвував и го облекував фустанот, секој момент беше волшебен. Тој беше пресреќен. Ми кажа дека ме сака и тоа беше се што ми требаше. Јас сум неговата омилена личност. Нашите срца се поврзани и тоа е се што ми е потребно за и тој да се чувствува безбедно. Тој ме сака, го сакам и јас, единствено тоа е важно, заклучува Лиса. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/vistinska-prikazna-koja-kje-ve-rasplache-ima-alchajmerova-bolest-no-edna-rabota-ne-moze-da-zaboravi/feed/ 0
Нов тест за Алцхајмерова болест: Ја открива болеста една година пред првите симптоми https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-test-za-alchajmerova-bolest-ja-otkriva-bolesta-edna-godina-pred-prvite-simptomi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-test-za-alchajmerova-bolest-ja-otkriva-bolesta-edna-godina-pred-prvite-simptomi/#respond Sun, 30 May 2021 16:02:58 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516949

Националната здравствена служба на Велика Британија, претстави револуционерна апликација која помага во дијагностицирање на Алцхајмерова болест. Потребни се само пет минути за да се направи тестот, а резултатите се поверодостојни од сите претходни тестови. Тестот во моментов е завршен само во Велика Британија, преку таблети во болници или клиники, но наскоро ќе биде можно тестирање од дома со употреба на паметни телефони. Ова ќе биде прва програма за масовно тестирање на Алцхајмерова болест и други видови на деменција. Целта на програмата е да ги идентификува луѓето кои имаат големи шанси да заболат од Алцхајмерова болест. Иако оваа болест се развива постепено и е многу тешко да се препознае од самиот почеток, апликацијата треба да препознае потенцијални случаи дури и 15 години пред развојот на првите симптоми. Тестот користи вештачка интелигенција за пристап до мозочните функции на испитаниците покажувајќи им голем број на црно-бели фотографии и барајќи од испитаниците да препознаат слики на животни. Сликите се појавуваат за неколку секунди, некои се очигледно животни, додека други се помалку очигледни или непостоечки. Животните се користени затоа што предизвикуваат силни реакции кај луѓето, што и дава на апликацијата подобар увид во функциите и активностите на мозокот. Тестот може да ги идентификува разликите во брзината и точноста на реакцијата, што покажува симптоми долго пред вистинското губење на меморијата и на што се фокусира тестот. Клучно е да се откријат што е можно повеќе потенцијални случаи Пронаоѓачи на ова големо научно достигнување се компанијата „Когнитивност“ и нивните двајца научници, со докторат на Универзитетот Кембриџ. Тестот е веќе одобрен од Агенцијата за регулирање на здравството во Велика Британија. Од компанијата „Когнитивност“ велат дека е клучно да се откријат што е можно повеќе потенцијални случаи и да се третираат со нови лекови за почетните фази и превенција. - Не е можно да се врати меморијата, но ако се открие на време, имате повеќе шанси да ја запрете, изјави за iNews, Сејед-Махди Калиг-Разави. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-test-za-alchajmerova-bolest-ja-otkriva-bolesta-edna-godina-pred-prvite-simptomi/feed/ 0
Го губи помнењето и не разбира каде е, американскиот пејач боледува од Алцхајмерова болест https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/go-gubi-pomnenjeto-i-ne-razbira-kade-e-amerikanskiot-pejach-boleduva-od-alchajmerova-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/go-gubi-pomnenjeto-i-ne-razbira-kade-e-amerikanskiot-pejach-boleduva-od-alchajmerova-bolest/#respond Tue, 02 Feb 2021 09:34:16 +0000 https://kurir.mk/?p=463031

Американскиот пејач Тони Бенет има Алцхајмерова болест, соопшти негов претставник денеска, откако пред извесно време успеа да сними нов албум со Лејди Гага, којшто треба да излезе наскоро. Музичарот има Алцхајмерова болест од 2016 година, но тогаш немал сериозни симптоми. -Сега тој почна да го губи помнењето и понекогаш не разбира каде е, но сепак ги препознава своите најблиски и е во состојба да разговара, иако веќе не може да дава интервјуа, рече Бенет. Бенет (94) роден во Њујорк, како Ентони Бенедето, се стекна со светска слава со песната „I Left My Heart in San Francisco“. Освои неколку музички Греми награди и сними повеќе од 100 албуми. Во 2014 година го сними и албумот „Cheek To Cheek“ со Лејди Гага, на којшто пејачката им се враќа на корените на џезот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/go-gubi-pomnenjeto-i-ne-razbira-kade-e-amerikanskiot-pejach-boleduva-od-alchajmerova-bolest/feed/ 0