Алдаир Нето – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Jan 2020 10:24:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Алдаир Нето – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Португалско засилување за Шкендија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/portugalsko-zasiluvanje-za-shkendija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/portugalsko-zasiluvanje-za-shkendija/#respond Wed, 08 Jan 2020 10:24:44 +0000 https://kurir.mk/?p=286773

Шкендија го потврди ангажманот на Португалецот, Алдаир Нето кој доаѓа како засилување за офанзивата. „Шкендија може да го потврди Алдаир Нето. Се работи за 25-годишен Португалец кој потпиша договор за следните шест месеци со опција за уште две години во зависност од перформансите на фудбалерот во пролетниот дел од сезоната“, стои во соопштението на Шкендија. Алдаир Нето бил дел од еднонеделниот камп организиран од Шкендија во декември брзо по крајот на полусезоната. Од 29 фудбалери колку што биле на селективниот камп, Нето се издвојувал и затоа добил договор од тетовскиот клуб. „Чест ми е и се надевам дека ќе играм добро тука. Верувам во позитивни работи и затоа сакам да им се заблагодарам на клубот и претседателството кои покажаа доверба во мене. Бев тука една недела. Работите се одвиваа добро. Ми се допаѓа начинот на кој игра тимот, знам дека се работи за добар клуб. Првиот ден кога дојдов во Македонија го гледав мечот против Вардар и водов дека имаме многу добар тим. Мислам дека ова ќе биде вистински предизвик за мене“, изјави Нето. Тој доаѓа од велшкото првенство каде играше за Багор Сити. Во раните младински денови бил член на Брага од Португалија, потоа заминал за Фатима, па играл четири години за Маритимо. Нето е трето засилување за Шкендија во јануарскиот преоден рок, претходно со клубот потпишаа Ардин Далкут и Валон Ахмед. Извор: 24фудбал]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/portugalsko-zasiluvanje-za-shkendija/feed/ 0