алекс баена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 09 Apr 2023 15:24:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png алекс баена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Плачи, твоето дете нема да се роди“: Оваа реченица е причината за тепачката меѓу славните фубалери?! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/plachi-tvoeto-dete-nema-da-se-rodi-ovaa-rechenitsa-e-prichinata-za-tepachkata-megu-slavnite-fubaleri/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/plachi-tvoeto-dete-nema-da-se-rodi-ovaa-rechenitsa-e-prichinata-za-tepachkata-megu-slavnite-fubaleri/#respond Sun, 09 Apr 2023 15:24:45 +0000 https://kurir.mk/?p=822171

Шпанскиот фудбалер и член на Виљареал, Алекс Баена, демантираше денеска преку социјалните мрежи дека го испровоцирал физичкиот напад од играчот на Реал Мадрид, Федерико Валверде, навредувајќи го, наводно, во врска со неговото неродено дете.

-Навистина сум среќен поради фантастичната победа на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, но во исто време и многу сум тажен поради нападот што го претрпев после натпреварот. Изненадувам сум што се зборува за мене. Апсолутно не е вистина дека тоа сум го рекол, напиша Баена на социјалните мрежи.

Валверде по поразот на Реал (2-3) во Мадрид од Виљареал го сочека Баена на паркингот и неколку пати го удри, а шпанските медиуми пренесуваат дека повод биле навреди од претходниот меѓусебен дуел на двајцата играчи на теренот.

Медиумите тврдеа дека Баена тогаш му рекол на Валверде: „Плачи, бидејќи твоето дете нема да се роди“.  (МИА)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/plachi-tvoeto-dete-nema-da-se-rodi-ovaa-rechenitsa-e-prichinata-za-tepachkata-megu-slavnite-fubaleri/feed/ 0
Баена се појави пред камерите со последиците од ударот на Валверде (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baena-se-pojavi-pred-kamerite-so-posleditsite-od-udarot-na-valverde-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baena-se-pojavi-pred-kamerite-so-posleditsite-od-udarot-na-valverde-video/#respond Sun, 09 Apr 2023 10:15:26 +0000 https://kurir.mk/?p=822061

Пресметката меѓу Реал Мадрид и Вилјареал донесе многу возбудувања на теренот и победа за гостите во натпревар со пет гола, но и голем инцидент по завршувањето на средбата. Феде Валверде решил да ги „израмни сметките“ со Алекс Баена и му удрил тупаница во подтрибинскиот простор, а како причина се наведени провокациите на играчот на Вилјареал на сметка на семејството на Уругваецот, на последните две соочувања на овие екипи. Камерата на „Ел Чирингито“ го улови Баена при влегувањето во автобусот и на левата страна на неговото лице се гледа модринка како сведоштво за ударот кој го добил од Валверде. Баена се обрати преку социјалните мрежи и тврди дека никогаш не го провоцирал фудбалерот на Реал. – Среќен сум поради импресивната победа, но и тажен поради нападот на кој бев изложен по средбата. Изненаден сум од она што се зборува за мене, никогаш не сум рекол такви работи, – напишал Баена. Уругвајската ѕвезда го удрил директно во лице Алекс Баена, а пресметката пред автобусот ја потврдил и портпаролот на Валверде кој за „Марка“ открил дека ова било резултат на ниската провокација која противникот ја испратил за време на мечот, но и на претходниот дуел во Копа дел Реј. – Ова датира од натпреварот во Копа дел Реј, Баена го удри Феде и му се обрати со следните зборови: Плачи сега, твојот син нема да дочека да биде роден! Тоа остана на теренот, но овојпат му кажал нешто слично на Феде и овој решил да го сочека пред автобусот. Јасно му ставил до знаење дека не смее да го меша семејството и се случило тоа што се случило, – изјавил портпаролот за „Марка“, кој автоматски го потврдил инцидентот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baena-se-pojavi-pred-kamerite-so-posleditsite-od-udarot-na-valverde-video/feed/ 0