Александар Ашаданов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Feb 2023 21:16:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Александар Ашаданов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ашаданов: Дури и да бевме комплетни, Белгија ќе беше пресилен противник за Македонија https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ashadanov-duri-i-da-bevme-kompletni-belgija-ke-beshe-presilen-protivnik-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ashadanov-duri-i-da-bevme-kompletni-belgija-ke-beshe-presilen-protivnik-za-makedonija/#respond Sun, 12 Feb 2023 21:16:42 +0000 https://kurir.mk/?p=799611

Селекторот на женската кошаркарска репрезентација на Македонија Александар Ашаданов, Македонија и да беше во комплетен состав, Белгија ќе беше пресилен противник. – Најпрво, сакам да ѝ посакам на Белгија среќа на ЕП, според мене, тие се една од топ-3 екипите фаворити кои можат да го освојат шампионатот. Девојките го дадоа максимумот, се вложија колку што можат по она исцрпување во Босна и Херцеговина да се дојде до таа посакувана победа, а потоа целиот тој пат со автобус. На тој дуел, пет играчи играа 39 минути. Исто така, тука в Скопје беше и квалитетот на противникот. Можеби резултатот е голем, но девојките не се откажаа и дадоа отпор колку што беше во нивна моќ. Дури и да бевме во комплетен состав, Белгија ќе беше пресилен противник за нас. Се надевам дека победата во овие квалификации и целиот циклус ќе бидат мотив за сите понатаму и за помладите кои треба допрва да ни се вклучат во процесот на надградба на сениорската репрезентација – рече Ашаданов по мечот со Белгијките.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ashadanov-duri-i-da-bevme-kompletni-belgija-ke-beshe-presilen-protivnik-za-makedonija/feed/ 0
Ашаданов: Овие девојки имаат срце големо како планина https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ashadanov-ovie-devojki-imaat-srtse-golemo-kako-planina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ashadanov-ovie-devojki-imaat-srtse-golemo-kako-planina/#respond Fri, 10 Feb 2023 06:01:56 +0000 https://kurir.mk/?p=798719

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија по речиси десет години славеше во квалификациски меч откако со 68-66 ја совладавме Босна и Херцеговина во Сараево. Селекторот Александар Ашаданов е презадоволен од изданието на неговите кошаркарки за кои има само пофални зборови. „Мислам дека со прикажаното, апсолутно и ја заслуживме оваа победа. Многу важна, голема, огромна. Ова е наградата за се што вложивме во изминатиот период. Потајно се надевавме, веруваа девојките, верував и јас, веруваа и моите соработници во стручниот штаб, дека можеме да изненадиме во Сараево. Го направивме тоа, со комплетен македонски ростер, без помош на натурализиран играч, што исто така е голема работа!“, вели Ашаданов. „Секоја чест за овие девојки кои го оставија срцето на теренот. Имаат срце, големо како планина. Покажаа дека треба да се верува во нив. Добро знаете со какви проблеми се соочувавме не само пред овој ФИБА прозорец, туку и на претходните два. Ниту еднаш не игравме во состав кој сакав да го имаме. Така беше и сега во Сараево. Но реков, овие девојки се феномен, сам по себе. Се издигнаа над сите невољи, и со ваква, кратка , домашна, ротација успеавме да совладаме една селекција која беше во горниот дел на табелата на Светското првенство, која е постојан учесник на Европското. Ова е мотив да работиме уште повеќе, макар што немаме многу време за одмор. Веќе во недела следува уште една тешка битка, во Скопје доаѓа Белгија, која веќе ја покажа својата моќ. Но за тоа потоа, малку да се израдуваме на оваа голема победа, па потоа ќе мислиме како против најдобрата селекција во групата“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ashadanov-ovie-devojki-imaat-srtse-golemo-kako-planina/feed/ 0
Ашаданов: Моите девојки покажаа дека можат да играат против најдобрите во светот https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ashadanov-moite-devojki-pokazaa-deka-mozat-da-igraat-protiv-najdobrite-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ashadanov-moite-devojki-pokazaa-deka-mozat-da-igraat-protiv-najdobrite-vo-svetot/#respond Mon, 28 Nov 2022 05:52:03 +0000 https://kurir.mk/?p=767324

Одлично прво полувреме, водство и егал резултат до крајот на третата четвртина, и само три постигнати поени во последната – која и го даде конечниот победник на дуелот во СРЦ „Кале“. На крајот, веројатно и преубедливи 71-47 за Германија, кои сепак, не носат разочаруавње кај селекторот Александар Ашаданов. „Најголема честитка ќе упатам до моите девојки кои се издигнаа и покажаа дека можат да играат против најдобрите во светот. Гледам голем квалитет во нашиот тим. Знам дека можат, можеби проблем е кратката ротација која не ни дозволува да играме во ист ритам во текот на сите 40 минути.Противниците се малку поподготвени бидејќи се навикнати да играат среда-сабота. Тоа се виде во последната четвртина кога ја загубвме силата и постигнавме три, а примивме 25 поени. Можам да кажам дека Мерит Хемпе е одлична личност, натпреварот против Белгија не е мерило бидејќи не беше вклопена во тимот, а и играше против некои од најдобрите кошаркарки на нејзината позиција во светот. Сигурен сум дека во февруари ќе биде многу подобро“, рече Ашаданов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ashadanov-moite-devojki-pokazaa-deka-mozat-da-igraat-protiv-najdobrite-vo-svetot/feed/ 0
Ашданов: Многу потешко е да се игра без најдобриот играч против Белгија https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ashdanov-mnogu-poteshko-e-da-se-igra-bez-najdobriot-igrach-protiv-belgija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ashdanov-mnogu-poteshko-e-da-se-igra-bez-najdobriot-igrach-protiv-belgija/#respond Fri, 25 Nov 2022 06:04:39 +0000 https://kurir.mk/?p=766114

Селекторот на женската кошаркарска репрезентација Александар Ашаданов не му преостана ништо друго освен да му честита на далеку поквалитетниот противник. Белгија потврди дека е веројатно и фаворит за место кое води на Евробаскетот во 2023 година. „Ова е некоја, би ја нарекол, сурова реалност. Игравме против еден, за нас, пресилен противник. Селекција која е одлично покриена на сите позиции, има одлична ротација, и која веројатно до крајот на квалификациите ќе ги добие сите натпревари, вклучително и наредниот со БиХ. Евидентно е во нашата игра дека ни недостасуваше вистински организатор на играта. Се обидовме да го надополниме отуството на нашата најдобра кошаркарка. Но видливо беше дека тоа тешко ни оди. Без квалитетен плејмејкер, е двојно потешко и за другите. Немам замерки, Белгија е едно ниво над нас, и за нас останува да пронајдеме начин како да ја поправиме играта пред наредниот дуел, оној со Германија во Скопје“, искоментира македонскиот селектор по завршувањето на средбата во Ловен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ashdanov-mnogu-poteshko-e-da-se-igra-bez-najdobriot-igrach-protiv-belgija/feed/ 0
Ашаданов нов селектор на македонската женска кошаркарска репрезентација https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ashadanov-nov-selektor-na-makedonskata-zenska-kosharkarska-reprezentacija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ashadanov-nov-selektor-na-makedonskata-zenska-kosharkarska-reprezentacija/#respond Wed, 13 Oct 2021 11:33:33 +0000 https://kurir.mk/?p=578261

Актуелниот шеф на стручниот штаб на ЖКК Вардар, и доскорешен асистент-тренер во нашата најдобра селекција, Александар Ашаданов, ќе ја предводи македонската сениорска репрезентација во наредниот циклус од квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во 2023 година во Словенија и Израел. -Чест и задоволство е да се биде селектор на една репрезентација, уште поголема ако станува збор за својата земја. Огромна благодарност до раководството на кошаркарската федерација кое одлучи да ме назначи за селектор на сениорките. Ова е голем предизвик за мене како тренер, а предизвиците отсекогаш биле мојата енергија и мотивација. Иако сум запознаен со целосната ситуација во женската кошарка кај нас и на тоа се додаде групата на нашата репрезентација, сепак сум голем ентузијаст и верувам во квалитетот на нашите репрезентативки, изјави Ашаданов за веб-страницата на КФСМ. Триесет и двегодишниот селектор ја добива довербата од федерацијата да ја предводи најдобрата женска селекција низ натпреварите од групата „А“ во која нè очекуваaт шест натпревари против репрезентациите на Германија, Белгија и Босна и Херцеговина. Ашаданов, кој на селекторското место го наследува Владимир Ѓоровиќ важи за еден од најперспективните млади тренери во земјава. Во минатата сезона активно учествуваше во успесите на екипата на Баскет Кам 2011 со која ја освои двојната круна, првенството и Купот на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ashadanov-nov-selektor-na-makedonskata-zenska-kosharkarska-reprezentacija/feed/ 0