Александар Чеферин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 17 Sep 2023 18:37:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Александар Чеферин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Чеферин: Русите ќе се вратат само кога ќе заврши војната https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-rusite-ke-se-vratat-samo-koga-ke-zavrshi-vojnata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-rusite-ke-se-vratat-samo-koga-ke-zavrshi-vojnata/#respond Sun, 17 Sep 2023 18:37:01 +0000 https://kurir.mk/?p=878859

Русите ќе се вратат на фудбалот само кога ќе заврши војната во Украина, изјави претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Александар Чеферин на прашањето кога Русите ќе се вратат во европскиот фудбал. И покрај војната во Украина, Русите повторно учествуваат на натпревари во различни спортови, но УЕФА е децидна за агресијата кон Украина. Чеферин од првиот момент е цврсто дециден дека војната во Украина е неприфатлива, а минатата година само неколку денови по инвазијата, УЕФА ја прекина соработката со долгорочниот спонзор рускиот енергетски гигант „Газпром“. „Тоа едноставно мораше да се направи како некој вид симболичен чин. Тешко е по почетокот на војната за стадионот, каде што стотици милиони луѓе ги гледаат натпреварите, да се даде реклама за оваа компанија. Жал ми е што е така, но моравме да го направиме тоа. Но, исто така, факт е дека по ова прашање најмногу плачат оние кои сè уште купуваат гас од истата компанија“, вели Чеферин во интервју за регионалната N1. Но, тој го отфрли предлогот дека УЕФА требало да размисли за подобноста на спонзорите уште пред војната. „Ова ми се чини дека е чист популизам. Европа не е баш светски шампион во човекови права. А популистите, кои се полни со луѓе со кои не треба да прават бизнис, тоа го прават исклучиво за себепромоција. Ние му даваме на фудбалот 97 проценти од парите што ги заработуваме, а јас ќе направам сѐ за овој спорт понатаму се развива“, изјави Словенецот на чело на една од најсилните светски спортски асоцијации. Во врска со неодамнешната афера „бакнување“ во Шпанија, Чеферин уште еднаш нагласи дека на женскиот фудбал му е потребен кодекс на однесување кој јасно ќе ги постави границите на она што е прифатливо и ќе ги одреди последиците кога ќе се помине границата. „Она што го направи Рубиалес беше несоодветно и непромислено. Но, кога прочитав дека тоа е кривично дело… Како адокат кривичар, изгледа сосема нелогично. Ја доведовте оваа приказна на ова ниво преку медиумите“, дадава челникот на УЕФА. Одливот на ѕвезди од европските клубови во Саудиска Арабија беше една од најактуелните теми во преодниот рок. „Мислам дека оваа приказна ќе трае релативно кратко. Веќе неколкупати кажав дека, според мене, ова е погрешен пристап кон развојот на фудбалот. Фудбалот не се развива со доведување фудбалери кои практично ја завршиле кариерата во Европа. Кина го направи истото пред многу години, но нивната репрезентација сепак не успеа да се пласира на Светското првенство“, објаснува Чеферин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-rusite-ke-se-vratat-samo-koga-ke-zavrshi-vojnata/feed/ 0
Чеферин: Нема место за саудиски клубови во Лигата на шампиони https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-nema-mesto-za-saudiski-klubovi-vo-ligata-na-shampioni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-nema-mesto-za-saudiski-klubovi-vo-ligata-na-shampioni/#respond Thu, 31 Aug 2023 11:13:53 +0000 https://kurir.mk/?p=872988

Само европските клубови можат да настапуваат во Лигата на шампиони, Лига Европа и Конференциската лига, изјави денеска за француски Л’Екип, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. Неговата изјава доаѓа како реакција на наводите дека Саудиска Арабија во блиска иднина сака да има свој претставник во елитната европска Лига на шампиони. „Не мислам дека парите од Саудиска Арабија се закана за европскиот фудбал. Слични примери имавме и порано. Фудбалерите заминуваа за Кина, од таа земја се нижеа големи понуди, но кинескиот фудбал не напредуваше поради тоа. Таквиот пристап не е вистинскиот, мислам дека во Саудиска Арабија, или, на кое било друго место треба да инвестираат во едукацијата и напредокот на играчите и тренерите“, рече Чеферин, осврнувајќи се притоа и на двете најголеми европски фудбалски ѕвезди во моментов. „Колку што јас знам, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд не сонуваат да заминат во Саудиска Арабија. Повторувам, навистина не верувам дека во која било смисла ќе биде загрозен квалитетот на нашите натпреварувања“, посочи челникот на УЕФА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-nema-mesto-za-saudiski-klubovi-vo-ligata-na-shampioni/feed/ 0
Чеферин: Мора да се ослободиме од идиотите кои го понижуваат фудбалот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-mora-da-se-oslobodime-od-idiotite-koi-go-ponizhuvaat-fudbalot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-mora-da-se-oslobodime-od-idiotite-koi-go-ponizhuvaat-fudbalot/#respond Sun, 25 Jun 2023 14:16:48 +0000 https://kurir.mk/?p=849479

На отворањето на четиридневниот Конгрес на европските љубители на фудбалот во Манчестер, првиот човек на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин зборуваше за изминатата сезона, со посебен осврт на финалните натпревари под покровителство на УЕФА. Словенецот не беше задоволен од организацијата на последните натпревари во Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига. „Сите сме свесни дека не беше сè совршено во Истанбул. Јас секако не ги минимизирам проблемите, но да продолжиме да работиме заедно за да го подобриме она што може да се направи. Пред сè, тука мислам на транспортот до стадионот и назад, пречекот на публиката и пристапот до вода и тоалети за сите“, рече Чеферин. Потоа зборуваше за навивачкиот конфликт во финалето на Конференциската лига во Прага, каде играа Фиорентина и Вест Хем. „Мораме да го кренеме гласот, да ги бараме одговорните и да се ослободиме од идиотите кои го понижуваат фудбалот и нормалните навивачи. Да се ​​ослободиме од оние кои фрлаат омраза кон фудбалските функционери, судиите, персоналот на УЕФА, федерациите и лигите“, заврши Словенецот. Во Прага, италијанските хулигани ги нападнаа навивачите на Вест Хем, додека во Истанбул фановите на Манчестер Сити се жалеа од лошата организација и сообрајаќниот хаос пред почетокот на финалето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-mora-da-se-oslobodime-od-idiotite-koi-go-ponizhuvaat-fudbalot/feed/ 0
Чеферин: Сериозно размислуваме за „селери кап“ во фудбалот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-seriozno-razmisluvame-za-seleri-kap-vo-fudbalot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-seriozno-razmisluvame-za-seleri-kap-vo-fudbalot/#respond Thu, 27 Apr 2023 05:30:28 +0000 https://kurir.mk/?p=828069

Претседателот на Европската куќа на фудбалот, Александар Чеферин најави големи промени во иднината на фудбалските натпреварувања на УЕФА. По примерот на НБА, планот е да се воведе максимален буџет на клубовите за плати на играчите, т.е. „селери кап“. „Во иднина мора сериозно да размислуваме за „селери кап“. Затоа што ако буџетите одат превисоко, тогаш нашата конкурентност е проблем. Изненадувачки, сите се согласуваат. Големи клубови, мали клубови, државни клубови, оние во сопственост на милијардери, сите. Се надевам дека тоа ќе биде изводливо што е можно поскоро. Штотуку почнавме да разговараме за тоа и мислам дека тоа е решението“, изјави Чеферин. Тој неодамна доби уште еден мандат на чело на УЕФА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-seriozno-razmisluvame-za-seleri-kap-vo-fudbalot/feed/ 0
Чеферин: Можно е да се играат натпревари од Лигата на шампионите и во САД https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-mozhno-e-da-se-igraat-natprevari-od-ligata-na-shampionite-i-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-mozhno-e-da-se-igraat-natprevari-od-ligata-na-shampionite-i-vo-sad/#respond Tue, 25 Apr 2023 16:26:24 +0000 https://kurir.mk/?p=827501

Несомнено е дека светската фудбалска организација (ФИФА) веќе подолго време планира дополнително да се афирмира во САД, а евидентно е дека за тоа размислува и УЕФА. Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин навести дека во иднина во оваа земја би можело да се организира финалето на Лигата на шампионите, најпрестижното фудбалско клупско натпреварување. Секако, САД не е членка на УЕФА, но во последните години сме сведоци на зголемен број натпревари кои се одржуваат на територии надвор од надлежноста на федерацијата која ги организира овие натпревари. Така, го видовме Купот на Италија и Шпанија на Блискиот Исток. – Натпревари од Лигата на шампионите во САД? Можно е. Почнавме да разговараме на таа тема. Знаеме дека финалето во 2025 година ќе се игра во Минхен, а потоа ќе видиме – рече Чеферин говорејќи за американската спортска програма „Man in Blazers“. Следното финале на ова натпреварување за кое се борат Реал Мадрид, Манчестер сити, Интер и Милан ќе се одржи во Истанбул, Турција. Финалето во ЛШ за 2024 година го доби лондонски „Вембли“, а во 2025 година на минхенската „Алијанц Арена“ ќе играат најдобрите тимови од Лигата на шампионите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-mozhno-e-da-se-igraat-natprevari-od-ligata-na-shampionite-i-vo-sad/feed/ 0
СКАНДАЛ: Чеферин не смеел да биде претседател на УЕФА, лажел за својата биографија?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/skandal-cheferin-ne-smeel-da-bide-pretsedatel-na-uefa-lazhel-za-svojata-biografija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/skandal-cheferin-ne-smeel-da-bide-pretsedatel-na-uefa-lazhel-za-svojata-biografija/#respond Sat, 08 Apr 2023 18:34:41 +0000 https://kurir.mk/?p=821917

Словенечкиот портал prava.si, објави информација дека претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, во 2016 година не смеел да стане прв човек на европската куќа на фудбалот, затоа што „сиви-то“ му било делумен фалсификат. Чеферин пред да стане претседател на УЕФА, поднел кандидатури за четири различни раководни места, од кои едното во фудбалската федерација на Словенија. Според порталот Права, има докази дека Чеферин лажел за својата биографија. Таму стоело дека бил член на Управниот одбор на клубот Олимпија/Бежиград од 2006 до 2011 година, но објавени се документи дека тоа не било така.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/skandal-cheferin-ne-smeel-da-bide-pretsedatel-na-uefa-lazhel-za-svojata-biografija/feed/ 0
Сејдини: Фудбалот со Чеферин сигурно е на вистинскиот пат https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sejdini-fudbalot-so-cheferin-sigurno-e-na-vistinskiot-pat/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sejdini-fudbalot-so-cheferin-sigurno-e-na-vistinskiot-pat/#respond Thu, 06 Apr 2023 04:12:16 +0000 https://kurir.mk/?p=820790

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, беше дел од Изборното собрание на Европската фудбалска унија (УЕФА), каде Александар Чеферин доби нов мандат на чело на европскиот фудбал до 2027 година. Делегатите го усвоија извештајот на претседателот и Извршниот комитет на УЕФА за периодот 2021/22. како и финансиските извештаи за истиот период, а Чеферин ја доби комплетната доверба. Сејдини му честита за изборот и кажа дека фудбалот со него е на вистинскиот пат. „Би сакал да упатам најискрени честитки до Александар Чеферин за вашиот реизбор за претседател на УЕФА. Вашата победа е доказ за довербата што асоцијациите членки на УЕФА ја имаат во вашето водство и визија за иднината на фудбалот во Европа.Ние сме горди што ве имаме како претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА) и ве уверуваме во нашата непоколеблива поддршка и охрабрување да продолжите да ја насочувате организацијата кон поголеми височини. Имаме доверба во вашата способност да ја водите Европската фудбалска унија со интегритет, страст и цел, и не се сомневаме дека фудбалот е на вистинскиот пат под ваше водство.Уште еднаш, ви честитам за вашиот реизбор за претседател на УЕФА и ви посакувам успех во вашите континуирани напори за промовирање и развивање на убавата фудбалска игра во Европа. Истовремено честитки и до мојот пријател Армандо Дука за реизборот во Извршниот комитет на УЕФА“, истакна Сејдини. Покрај што беа дел од Собранието, претставниците на македонскиот фудбал имаа низа одвоени состаноци со високи претставници на УЕФА и билатерални средби со преставниците на останатите национални асоцијации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sejdini-fudbalot-so-cheferin-sigurno-e-na-vistinskiot-pat/feed/ 0
Чеферин: Фудбалот бил и секогаш ќе биде народен спорт https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-fudbalot-bil-i-sekogash-ke-bide-naroden-sport/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-fudbalot-bil-i-sekogash-ke-bide-naroden-sport/#respond Wed, 05 Apr 2023 16:37:59 +0000 https://kurir.mk/?p=820682

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, предупреди денеска дека на фудбалот му се заканува распродажба, поради константните закани за формирање Суперлига и поради сè поголемиот број инвеститори во овој спорт. „Овде имаме два спротивставени погледи на светот. Имаме цинизам пред морал. Имаме себичност пред солидарност. Имаме алчност пред добронамерност. Преокупација со своето јас пред отвореност пред другите. Сопствен интерес пред алтруизам. Срамни лаги пред вистина. Наследници пред градители. Картел пред меритокрација и демократија. Цени на акции пред спортски заслуги. Потрага по профит пред трка за трофеи“, рече Чеферин во обраќањето на Извршниот комитет на УЕФА во Лисабон, на кој денеска беше резибран за претседател на Европската куќа на фудбалот. Првиот обид за формирање Суперлига, замислена како паралелно натпреварување на Лигата на шампиони од 12 клубови од Англија, Шпанија и Италија, пропадна само неколку денови по иницирањето, но Реал Мадрид, Барселона и Јувентус не се откажаа и го изнесоа случајот пред Европскиот суд на правдата, тврдејќи дека УЕФА нема право да ги санкционира клубовите кои формираат конкурентско натпреварување, како што европските фудбалски челници се заканија дека ќе го сторат. „Мораме да го разбиеме митот дека приватизацијата на фудбалот е незапирлив процес. Тоа денес е опасност, како што гледаме, но заедно ќе го смениме текот на историјата. Фудбалот е и секогаш ќе остане народен спорт“, порача 55-годишниот Чеферин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-fudbalot-bil-i-sekogash-ke-bide-naroden-sport/feed/ 0
Чеферин по трет пат избран за претседател на УЕФА https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-po-tret-pat-izbran-za-pretsedatel-na-uefa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-po-tret-pat-izbran-za-pretsedatel-na-uefa/#respond Wed, 05 Apr 2023 12:10:07 +0000 https://kurir.mk/?p=820519

Александар Чеферин по трет пат е избран за претседател на УЕФА. Гласањето се одржа денес на 47. конгрес на организацијата во Лисабон (Португалија). Кандидатурата на Чеферин беше единствената ставена на изборите. Педесет и петгодишниот Словенец ќе ја извршува функцијата уште четири години. Чеферин е седмиот претседател во историјата на УЕФА. Тој ја презеде функцијата во септември 2016 година и беше реизбран во февруари 2019 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-po-tret-pat-izbran-za-pretsedatel-na-uefa/feed/ 0
Чеферин: Мислат дека се елита и дека сите треба да им се поклонуваат https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-mislat-deka-se-elita-i-deka-site-treba-da-im-se-poklonuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-mislat-deka-se-elita-i-deka-site-treba-da-im-se-poklonuvaat/#respond Sun, 15 Jan 2023 07:04:43 +0000 https://kurir.mk/?p=787421

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин беше жесток кон Реал Мадрид и првиот човек на овој клуб Флорентино Перез поради постојаните приказни за формирање на Суперлигата. „Флорентино Перез и Реал Мадрид сметаат дека се елитен клуб и дека е толку важни што сите други треба да им се поклонуваат. Многу ајкули пливаат во фудбалското море. Кога прв пат чув за формирање на Суперлигата знаев чија идеја е таа. Секогаш се жалеше што неговиот клуб игра против помали клубови“, изјави Чеферин. Првичниот план за Суперлигата пропадна откако голем број на клубови отстапија од идеата по протестот на навивачите и заканите за санкции од УЕФА. „Еден клуб ми го испрати распоредот на натпревари во Суперлигата. Изгледаше смешно затоа што само Реал Мадрид и Јувентус требаа да играат секоја седмица“, додаде Словенецот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-mislat-deka-se-elita-i-deka-site-treba-da-im-se-poklonuvaat/feed/ 0