Александар де Кро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Sep 2023 07:19:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Александар де Кро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Де Кро: Белгија размислува да испрати Ф-16 во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/de-kro-belgija-razmisluva-da-isprati-f-16-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/de-kro-belgija-razmisluva-da-isprati-f-16-vo-ukraina/#respond Thu, 21 Sep 2023 07:19:59 +0000 https://kurir.mk/?p=880121

Белгија размислува дали да ги испорача своите борбени авиони Ф-16 на Украина, изјави белгискиот премиер Александар Де Кро. Белгија ги заменува своите Ф-16 со борбени авиони Ф-35, а нејзиното Министерство за одбрана претходно соопшти дека Ф-16 се премногу стари за Украина да ги користи во борба, иако Де Кро рече дека тие сè уште можат да бидат корисни, на пример за обука на пилоти. -Побарав од Министерството за одбрана да види каква употреба би можеле да имаат нашите Ф-16 во Украина, рече Де Кро, говорејќи на маргините на состанокот на Генералното собрание на ОН во Њујорк, додавајќи дека мора да ги разгледаат сите опции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/de-kro-belgija-razmisluva-da-isprati-f-16-vo-ukraina/feed/ 0
Пожари во неколку училишта во Белгија, се протестира против часови за сексуално образование https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozhari-vo-nekolku-uchilishta-vo-belgija-se-protestira-protiv-chasovi-za-seksualno-obrazovanie/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozhari-vo-nekolku-uchilishta-vo-belgija-se-protestira-protiv-chasovi-za-seksualno-obrazovanie/#respond Thu, 14 Sep 2023 17:45:02 +0000 https://kurir.mk/?p=878170

Белгискиот премиер Александар Де Кро денеска изјави дека е „длабоко шокиран“ од серијата подметнати пожари во училиштата поврзани со протестите против задолжителните часови за сексуално образование. „Нашите училишта мора да бидат безбедно место за сите наши деца“, рече Де Кро во видеото објавено на Фејсбук. „Пристапот до сексуалното образование не може да се доведе во прашање. Тоа ги прави нашите деца еластични и е основа за добро сексуално здравје“, додаде тој. Претходно овој месец, Парламентот за белгиските региони каде што се зборува француски усвои предлог двочасовните курсеви за сексуално образование да бидат задолжителни за учениците на возраст од околу 11 и 15 години, пишува новинската агенција Белга. Четири училишта беа запалени во вторникот вечерта, а обвинителите ги поврзаа инцидентите со протестите, бидејќи на местата беа пронајдени графити со слогани против реформите, објави Белга. Петтото училиште изгоре во средата навечер, но не беа пронајдени графити поврзани со протестите, соопштија обвинителите. Протестите се поттикнати од дезинформации кои кружат на социјалните мрежи, вклучително и неосновани тврдења дека учениците ќе научат како да мастурбираат на новите курсеви, објави белгискиот јавен сервис РТБФ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozhari-vo-nekolku-uchilishta-vo-belgija-se-protestira-protiv-chasovi-za-seksualno-obrazovanie/feed/ 0
Белгискиот премиер паднал од велосипедот и изгубил свест https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskiot-premier-padnal-od-velosipedot-i-izgubil-svest/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskiot-premier-padnal-od-velosipedot-i-izgubil-svest/#respond Sun, 04 Jun 2023 17:58:14 +0000 https://kurir.mk/?p=841993

Белгискиот премиер Александар Де Кро додека се возел со својот син, паднал од велосипедот и накратко изгубил свест. Тој бил пренесен во болница, но тестовите покажале дека падот немал значителни последици. Падот се случил вчера додека 47-годишниот премиер се возел во близина на својот дом во регионот на Фландрија, јавува новинската агенција Белга. Денеска Де Кро на социјалните мрежи објави видео од својот дом во кое му се заблагодарува на медицинскиот персонал кој се грижел за него. „За среќа, носев кацига и син ми повика брза помош. Спортот е добар за здравјето. Но понекогаш треба да се биде малку внимателен”, рекол тој. Дополнително, тој им се заблагодари на сите што му испратија пораки со кои му посакуваат брзо закрепнување. Не се очекува несреќата да влијае на работниот распоред на премиерот за следната недела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgiskiot-premier-padnal-od-velosipedot-i-izgubil-svest/feed/ 0
Де Кро: Со ембаргото треба да бидеме сигурни дека цените на нафтата нема да се зголемат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/de-kro-so-embargoto-treba-da-bideme-sigurni-deka-cenite-na-naftata-nema-da-se-zgolemat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/de-kro-so-embargoto-treba-da-bideme-sigurni-deka-cenite-na-naftata-nema-da-se-zgolemat/#respond Mon, 30 May 2022 17:15:47 +0000 https://kurir.mk/?p=683769

Белгискиот премиер, Александар Де Кро, пред почетокот на лидерскиот самит на ЕУ изјави дека треба да се има слух за земјите кои имаат прашања за ембаргото врз руската нафта, јави дописничката на МИА од Брисел. -Некои земји имаат прашања…. Чешка, Унгарија, треба да се најде решение за нивните прашања, мислам дека е изводливо, имаме до крајот на годината да се осамостоиме од руската нафта, но кога ја носиме оваа мерка мора да бидеме сигурни дека цените нема да се зголемат и дека населението нема да страда, изјави премиерот на Белгија, Александер Де Кро. Шефовите на држави и влади вечерва ќе разговараат за предложеното ембарго врз нафтата, Де Кро порача дека некои земји ќе треба да вложат поголем напор, меѓу нив се и Белгија и Холандија, за кои руската нафта претставува една третина. Белгискиот премиер инсистираше на тоа дека мора да се сочува и европското единство, но дека ембаргото, доколку се донесе, мора да биде целосно, а не да се однесува само на една половина од континентот. Земјите од источна Европа кои се повеќе зависни од руската нафта бараат изземање или подолги рокови за ослободување од Русија. Посебно се погодени земјите без излез на море како Унгарија, Словачка и Чешка. Тие бараат помош и солидарност од другите земји на ЕУ за да не се најдат во ситуација да немаат доволно нафта доколку воведат ембарго. На маса е опција да се изземе нафтата која пристигнува преку нафтовод, ова е една од темите за кои ќе разговараат лидерите денеска. Унгарскиот премиер исто така побара, во случај на оштетување на нафтоводот кој ја снабдува неговата земја и поминува низ Украина, да може повторно да добива руска нафта. Во секој случај, според предлогот на Европската Комисија, земјите на ЕУ имаат до крајот на оваа година да го спроведат ембаргото врз нафтата од Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/de-kro-so-embargoto-treba-da-bideme-sigurni-deka-cenite-na-naftata-nema-da-se-zgolemat/feed/ 0
Белгија ги заостри мерките, цел е ограничување на контактите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-gi-zaostri-merkite-cel-e-ogranichuvanje-na-kontaktite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-gi-zaostri-merkite-cel-e-ogranichuvanje-na-kontaktite/#respond Fri, 23 Oct 2020 08:59:04 +0000 https://kurir.mk/?p=419667

Белгија денеска ги заостри рестриктивните мерки, што вклучуваат забрана за присуство на јавноста на спортски настани, затворање на тематски паркови, со цел да се сузбие Ковид-19. Премиерот рече дека целта е да се ограничат контактите што не се потребни. Исто така, бројот на луѓе на културни настани е ограничен, така што ќе има најмногу 200 луѓе во театри, концертни сали и кина. Ограничувањата ќе бидат на сила до 19 ноември. – Го притискаме копчето за пауза … Имаме една цел, а тоа е да ги ограничиме контактите што не се потребни, рече белгискиот премиер Александар де Кро на прес-конференција. Белгија има втора највисока стапка на инфекција по глава на жител во Европа по Чешка, а кафулињата, баровите и рестораните се веќе затворени, а полицискиот час е воведен преку ноќ. Бројот на новозаболени вчера беше повеќе од 10.500.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-gi-zaostri-merkite-cel-e-ogranichuvanje-na-kontaktite/feed/ 0