александар џамбазов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Jan 2023 08:51:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png александар џамбазов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Емотивна објава на Игор Џамбазов: Една година по смртта на неговиот татко, тој испрати моќна порака https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/emotivna-objava-na-igor-dhambazov-edna-godina-po-smrtta-na-negoviot-tatko-toj-isprati-mokna-poraka/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/emotivna-objava-na-igor-dhambazov-edna-godina-po-smrtta-na-negoviot-tatko-toj-isprati-mokna-poraka/#respond Wed, 25 Jan 2023 08:51:03 +0000 https://kurir.mk/?p=791533

Пред точно една година на 85-годишна возраст почина диригентот и композитор Александар Џамбазов. На тој 25-ти јануари 2022 година Игор Џамбазов го загуби својот татко. Денес со емотивна објава за него, ги разбуди емоциите кај сите негови следбеници на Инстаграм. „Помина една година. Цела година. За миг. За час. Помина побргу од која било детска песничка што си ја напишал. Сигурен сум дека си добар таму горе. И нека не ти е мака што не си овде долу, со нас. Да ти кажам искрено стари, ништо не си пропуштил. Медиокритетите и понатаму ни диригираат по сопствени партитури, а ние божем одбиваме да свириме фалш. Она што вредеше во годинава што летна се љубовта и почитта од луѓето за тебе, изразена во малку солзи и уште повеќе насмевки. Нема да ти посакам да бидеш добар, оти таму кај што си, не може да ти е лошо. Чувај ми место до клавирот“ - напиша тој.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/emotivna-objava-na-igor-dhambazov-edna-godina-po-smrtta-na-negoviot-tatko-toj-isprati-mokna-poraka/feed/ 0
„Омаж на маестро Џамбазов“ со оркестарот на Филхармонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/omaz-na-maestro-dzambazov-so-orkestarot-na-filharmonija-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/omaz-na-maestro-dzambazov-so-orkestarot-na-filharmonija-2/#respond Thu, 03 Nov 2022 06:11:32 +0000 https://kurir.mk/?p=754856

Оркестарот на Филхармонија вечер, во 20 часот, ќе го одржи концертот насловен „Омаж на маестро Александар Џамбазов“ во рамки на 45. издание на фестивалот „Денови на македонска музика“. Концертот е посветен на големиот македонски композитор, а диригент е Џијан Емин. Концертот е хуманитарен, а парите од билетите ќе бидат донирани на Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија „Баланс-Мк“. На концертниот омаж публиката ќе може да проследи дела од неговиот симфониски опус – „Седумте танцови варијации“ со Елена Атанасовска-Ивановска како солист на пијано и „Рапсодија за Скопје“ со Иво Настевски како солист на пијано. Ќе бидат изведени дела од опусот на маестро Џамбазов напишани за ревиски оркестар – „Реминисценија“, „Балада за Шпато“ и др., како и избор од многубројните песни за вокал и ревиски оркестар, меѓу кои се неповторливите „Довидување“, „Само ти“ и др., во изведба на Тамара Тодевска, Никола Перевски-Пере, Александар Тарабунов и Антониа Гиговска. Со овој концерт, оркестарот на Филхармонија, Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ) и пејачите кои ќе настапат на сцена ќе му оддадат признание и почит на македонскиот композитор и диригент –Александар Џамбазов, кој зад себе остави непроценлив музички опус. Творештвото на Александар Џамбазов (1936-1922) главно ротира околу формата на популарните жанрови. Повеќе од 40 години композициите на Џамбазов беа неодминлив дел на најпознатите македонски фестивали и фестивалите во поранешна Југославија. Одличната професионална подготовка стекната низ школувањето во Скопје и Белград и природната дарба му овозможија да остави голем број мелодии од кои некои се вбројуваат во евергрините на македонската популарна песна. Особено е значајно и неговото творештво на полето на детската песна. Во првите петнаесетина години од постоењето на „Златно славејче“, неговиот авторски придонес во програмата овозможи фестивалот да прерасне во еден од најважните фактори во музичкото воспитување и образование на најмладите. Во сферата на класичната музика Џамбазов напиша неколку маркантни композиции, а неговата „Рапсодија за Скопје“ за пијано и симфониски оркестар е добитник на највисоко признание на меѓународниот фестивал во Кава де Тирени – Италија.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/omaz-na-maestro-dzambazov-so-orkestarot-na-filharmonija-2/feed/ 0
„Омаж на маестро Џамбазов“ со оркестарот на Филхармонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/omaz-na-maestro-dzambazov-so-orkestarot-na-filharmonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/omaz-na-maestro-dzambazov-so-orkestarot-na-filharmonija/#respond Mon, 31 Oct 2022 07:03:55 +0000 https://kurir.mk/?p=752913

Оркестарот на Филхармонија в четврток ќе го одржи концертот насловен „Омаж на маестро Александар Џамбазов“ во рамки на 45. издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, посветен на големиот македонски композитор. Концертот е хуманитарен, а парите од билетите ќе бидат донирани на Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија „Баланс-Мк“. На концертниот омаж публиката ќе може да проследи дела од неговиот симфониски опус – „Седумте танцови варијации“ со Елена Атанасовска-Ивановска како солист на пијано и „Рапсодија за Скопје“ со Иво Настевски како солист на пијано, потоа дела од опусот на маестро Џамбазов напишани за ревиски оркестар – „Реминисценија“, „Балада за Шпато“ и др., како и избор од многубројните песни за вокал и ревиски оркестар, меѓу кои се неповторливите „Довидување“, „Само ти“ и др., во изведба на Тамара Тодевска, Никола Перевски-Пере, Александар Тарабунов и Антониа Гиговска, под диригентската палка на Џијан Емин. Со овој концерт оркестарот на Филхармонија, СОКОМ и пејачите кои ќе настапат на сцена ќе му оддадат признание и почит на македонскиот композитор и диригент – Александар Џамбазов, кој зад себе остави непроценлив музички опус. Творештвото на Александар Џамбазов (1936-1922) главно ротира околу формата на популарните жанрови. Повеќе од 40 години композициите на Џамбазов беа неодминлив дел на најпознатите македонски фестивали и фестивалите во поранешна Југославија. Одличната професионална подготовка стекната низ школувањето во Скопје и Белград и природната дарба му овозможија да остави голем број мелодии од кои некои се вбројуваат во евергрините на македонската популарна песна. Особено е значајно и неговото творештво на полето на детската песна. Во првите петнаесетина години од постоењето на „Златно славејче“, неговиот авторски придонес во програмата овозможи фестивалот да прерасне во еден од најважните фактори во музичкото воспитување и образование на најмладите. Во сферата на класичната музика Џамбазов напиша неколку маркантни композиции, а неговата „Рапсодија за Скопје“ за пијано и симфониски оркестар е добитник на највисоко признание на меѓународниот фестивал во Кава де Тирени – Италија.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/omaz-na-maestro-dzambazov-so-orkestarot-na-filharmonija/feed/ 0
Концерт во спомен на маестро Александар Џамбазов на „Охридско лето“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-vo-spomen-na-maestro-aleksandar-dzambazov-na-ohridsko-leto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-vo-spomen-na-maestro-aleksandar-dzambazov-na-ohridsko-leto/#respond Fri, 19 Aug 2022 05:58:55 +0000 https://kurir.mk/?p=720772

Во чест на македонскиот диригент и композитор Александар Џамбазов, ревискиот оркестар на Љупчо Мирковски вечер на сцената Долни Сарај ќе одржи концерт „Музиката на Александар Џамбазов“, во рамки на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“. Солисти на вечерта ќе бидат пијанистот Бобан Мирковски, сопранот Наде Талевска и тенорот Ѓорѓи Цуцковски, под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Пред публиката ќе изведат познати композиции од маестро Џамбазов. Македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов почина на 25 јануари годинава, а зад себе остави богат творечки опус. Тој е автор на сценска и филмска музика, детски песни, дела од класичната музика, хорски песни, но и на голем број популарни мелодии. Иницијатор е, и долгогодишен диригент на фестивалот на детски песни „Златно славејче“. За својата обемна творечка дејност во областа на музиката, маестро Џамбазов е добитник на бројни стручни награди. Со концертот посветен на маестро Џамбазов, „Охридско лето“ ќе ја заокружи музичката програма на годинешното 62-ро фестивалско издание. Фестивалот свечено ќе биде затворен утре со театарската претстава „Вујко Вања“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Егон Савин, а во изведба на Југословенски драмски театар-Белград, Србија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-vo-spomen-na-maestro-aleksandar-dzambazov-na-ohridsko-leto/feed/ 0
ВИДЕО: Денес маестро Џамбазов ќе наполнеше 86 години, Игор му ја отпеа неговата омилена песна https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-denes-maestro-dzambazov-kje-napolneshe-86-godini-igor-mu-ja-otpea-negovata-omilena-pesna/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-denes-maestro-dzambazov-kje-napolneshe-86-godini-igor-mu-ja-otpea-negovata-omilena-pesna/#respond Thu, 03 Feb 2022 10:16:14 +0000 https://kurir.mk/?p=626329

Само пред девет дена Македонија се прости со својот маестрален диригент и композитор Александар Џамбазов. Неговиот син Игор утрово преку песна уште еднаш се прости со својот татко, а како што напиша – денеска маестро Џамбазов ќе наполнеше 86 години. Денес, маестро Џамбазов ќе наполнеше 86 години. Ова е еден од неговите најубави рефрени… Довидување, маестро мој…, напиша Игор и сподели емотивно видео на Инстаграм.

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-denes-maestro-dzambazov-kje-napolneshe-86-godini-igor-mu-ja-otpea-negovata-omilena-pesna/feed/ 0
Игор Џамбазов објави фотографија од венчавката на своите родители: За некои луѓе смртта е само ваучер за во вечноста https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/igor-dzambazov-objavi-fotografija-od-venchavkata-na-svoite-roditeli-za-nekoi-lugje-smrtta-e-samo-vaucher-za-vo-vechnosta/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/igor-dzambazov-objavi-fotografija-od-venchavkata-na-svoite-roditeli-za-nekoi-lugje-smrtta-e-samo-vaucher-za-vo-vechnosta/#respond Wed, 02 Feb 2022 10:17:04 +0000 https://kurir.mk/?p=625809

Македонија пред девет дена се прости со својот маестрален диригент и композитор Александар Џамбазов. Веста за смртта на маестро Џамбазов ја соопшти неговиот син Игор на социјалните мрежи, а потоа се огласи и неговата сестра, Тања. Со голема тага огромен број соработници, пријатели и јавни личноси се збогуваа со незаменливиот маестро Џамбазов на комеморацијата во МОБ. Во спомен на своите родители, напиот познат актер и шоумен и син на Александар и Анче Џамбазови, Игор Џамбазов, на социјалните мрежи сподели фотографија од нивната венчавка. „За некои луѓе, смртта е само ваучер за во вечноста...“, напиша Игор.

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/igor-dzambazov-objavi-fotografija-od-venchavkata-na-svoite-roditeli-za-nekoi-lugje-smrtta-e-samo-vaucher-za-vo-vechnosta/feed/ 0
„Господин тешко се станува – таков треба да се родиш“ – одржана комеморацијата за маестро Александар Џамбазов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gospodin-teshko-se-stanuva-takov-treba-da-se-rodish-odrzana-komemoracijata-za-maestro-aleksandar-dzambazov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gospodin-teshko-se-stanuva-takov-treba-da-se-rodish-odrzana-komemoracijata-za-maestro-aleksandar-dzambazov/#respond Fri, 28 Jan 2022 12:36:48 +0000 https://kurir.mk/?p=623922

Со звуците на неговата Рапсодија за Скопје, наместо како вообичаено со едноминутен молк, денеска во Скопје почна комеморацијата во чест на диригентот и композитор Александар Џамбазов, кој почина на 25 јануари, на 85-годишна возраст. За Александар како човек, музички творец, диригент, организатор може многу да се зборува. Македонските музиколози веќе тоа го препознаа. Нека му е вечен споменот на нашиот драг, почитуван пријател, колега Александар Џамбазов, рече во својот говор претседателот на Собранието на Сојузот на композитори на Македонија, Јане Коџобашија. – Си заминува во музичката историја Александар Џамбазов, човекот чие име повеќе од 50 години растеше и израсна во синоним на македонската популарна музика. Во тој долг творечки период неуморниот творец создаваше многубројни композиции во повеќе музички жанрови. Во последните 15-тина години се повлече од музичката сцена. Последната средба со скопската публика беше на јубилејниот концерт што го организираше Сојузот на композиторите на Македонија по повод 50 годишнината. Тогаш во преполнетата сала на АРМ прозвучеа најубавите композиции на маестро Џамбазов. Тоа беше еден од најубавите музички настани од осамостојувањето на Република Македонија и како да оживеаја надежите дека може да се врати златниот период на македонската популарна музика, рече Коџобашија и додаде дека оттогаш и пред тоа не се случи сличен настан на планот на забавната музика. Неговиот колега Стојан Стојков рече дека тешко паѓа кога ќе се изгуби колега и кога полека, полека се помалку и помалку има такви луѓе. -Тој е еден можеби од неколкуте автори културни дејци, културни работници што многу значеше за уметниците затоа што имаше визија. Нека му е светол патот до вечноста, посочи Стојков. Директорката на ЗАМП, Антоанета Токовска Котевска истакна дека во неговото досие во ЗАМП уредно се пријавени 982 авторски дела, а како што кажа, Џамбазов несебично дал и голем придонес во авторската заштита, првенствено во претседателството на Сојузот на композиторите на Југославија, но и како долгогодишен член на УО и на НО на ЗАМП. -Постојат повеќе дефиниции за зборот господин, но господин тешко се станува – таков треба да се родиш, а таква привилегија имаат малку луѓе. Маестро Џамбазов беше навистина тоа, роден господин. Кој ја имал привилегијата да го запознае и кој ја допрел неговата добрина никогаш нема да ја заборави. Ќе го паметиме по добрината, хуморот, посебниот шарм, по генијалноста. Композитор, прв диригент, човек на Сојузот на композиторите на Југославија од далечната 1958 година. Дојдовме овде да се поклониме и да кажеме едно големо благодарам за секој момент, за секој збор со кој несебично не почести. Нека тие светол патот кон идеите мој мил мајсторе, рече Токовска Котевска. Неговиот син Игор Џамбазов им изрази благодарност на сите кои во овие лоши времиња присуствува на комеморацијата. -Ја чувствувам љубовта што ја имате кон вашиот омилен маестро, вашиот чичко Ацо, вашиот Џамбаз. Тања јас и целото семејство ви ветуваме дека истата оваа количина љубов ќе ја земеме сега со нас и ќе ја пренесеме во неговиот вечен дом. Денес тоа ќе го направиме само во најблискиот круг на семејството, а вие уште од попладне ќе можете да му оддадете последна почит на еден благодарен човек, на еден кроток, мирен господин, на еден човек кој кога ќе му го споменевте името настрана, прво што предизвикуваше кај луѓето беше насмевка. Човек кој цел живот беше во сенка на други, а всушност е најголем генијалец во нашето семејство. Прво викаше што сум јас, цел живот бев зет на Петре, па маж на Анче, па татко на Тања и Игор – што сум јас. Сега ќе ти кажам – ти си маестро, маестро мој, рече Игор. Александар Џамбазов иако е роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина – Србија, целото детство го поминал во Штип и Скопје каде стекнува основно и средно музичко образование. Дипломирал во 1960 година на Музичката академија во Белград во класата на Марко Тајчевиќ. Целиот свој работен век го помина во Македонската радио телевизија, најнапред како млад соработник во музичките редакции, а потоа како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Тој е еден од иницијаторите и основоположниците на Скопскиот фестивал на забавни мелодии и на Фестивалот на детски песни „Златно славејче“ на кој го доби и прекарот „чичко Ацо“. Освен во популарните жанрови, во кој има бројни забавни мелодии и детски песни, во творечкиот опус на Џамбазов има дела од класичната музика, оркестарски, хорски и камерни творби, творби за бас и пијано, музика за филм и театарски претстави. За својата музичка дејност е добитник на голем бројни највисоки државни и стручни награди, а неговото дело Рапсодија за пијано и симфониски оркестар има добиено награда на Меѓународниот конкурс во Италија. Има реализирано безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gospodin-teshko-se-stanuva-takov-treba-da-se-rodish-odrzana-komemoracijata-za-maestro-aleksandar-dzambazov/feed/ 0
Комеморација за Александар Џамбазов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemoracija-za-aleksandar-dzambazov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemoracija-za-aleksandar-dzambazov/#respond Fri, 28 Jan 2022 07:32:30 +0000 https://kurir.mk/?p=623756

Комеморација во чест на македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов (03.02.1936 – 25.01.2022) денеска ќе се одржи во фоајето на Националната опера и балет. Организатор на комеморацијата е Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ и МРТ. Џамбазов ќе биде погребан на Градските гробишта во Бутел во 12 часот. Александар Џамбазов почина на 25 јануари 2022 година на 85-годишна возраст. Тој беше истакнат македонски композитор, диригент, општествен деец, долгогодишен член на СОКОМ, еден од втемелувачите на македонската популарна и детска музика. Неговата уметничка сестраност и многуслојна дарба ја манифестирал не само занимавајќи се со многу уметнички дисциплини, туку и протегајќи го своето творештво во сите музички жанри, вклучувајќи ја и класичната музика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemoracija-za-aleksandar-dzambazov/feed/ 0
Утре Комеморација во чест на Александар Џамбазов, а потоа и погреб: Неговиот син Игор сподели апел https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/utre-komemoracija-vo-chest-na-aleksandar-dzambazov-a-potoa-i-pogreb-negoviot-sin-igor-spodeli-apel/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/utre-komemoracija-vo-chest-na-aleksandar-dzambazov-a-potoa-i-pogreb-negoviot-sin-igor-spodeli-apel/#respond Thu, 27 Jan 2022 15:26:48 +0000 https://kurir.mk/?p=623618

Утре ќе се одржи Комеморација во чест на македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов, во Фоајето на Националната опера и балет во 10 часот, а неговото последно испраќање на градските гробишта во Бутел во 12 часот. Неговиот син, Игор Џамбазов, во објава на Инстаграм се заблагодари за подршката и убавите зборови и извести дека погребот ќе биде од затворен тип, заради ковид-протоколите. -Сите што ќе сакате да му кажете последно збогум, ќе можете да го направите тоа од сабота, па натаму. Ве молиме за разбирање, порача Игор Џамбазов.

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/utre-komemoracija-vo-chest-na-aleksandar-dzambazov-a-potoa-i-pogreb-negoviot-sin-igor-spodeli-apel/feed/ 0
Маестро Александар Џамбазов ќе биде погребан во петок, закажана и комеморација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maestro-aleksandar-dzambazov-kje-bide-pogreban-vo-petok-zakazana-i-komemoracija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maestro-aleksandar-dzambazov-kje-bide-pogreban-vo-petok-zakazana-i-komemoracija/#respond Wed, 26 Jan 2022 10:01:35 +0000 https://kurir.mk/?p=623097

Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ и МРТ ја известуваат јавноста дека на ден 28.01.2022 (петок), ќе се одржи Комеморација во чест на македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов. Комеморацијата ќе се одржи во Фоајето на Националната опера и балет во 10 часот, а неговото последно испраќање на градските гробишта во Бутел во 12 часот. Александар Џамбазов почина на 25.01.2022г. на 85 годишна возраст. Александар Џамбазов е истакнат македонски композитор, диригент, општествен деец, долгогодишен член на СОКОМ, еден од втемелувачите на македонската популарна и детска музика. Неговата уметничка сестраност и многуслојна дарба ја манифестирал не само занимавајќи се со многу уметнички дисциплини, туку и протегајќи го своето творештво во сите музички жанри, вклучувајќи ја и класичната музика. Во делото на исполнителската уметност во македонската музичка историја ќе остане забележан како еден од основоположниците и долгогодишен раководител и диригент на Тнацовиот и Ревискиот оркестар на Македонската радио телевизија. Неговото име најдиректно е врзано и со покренувањето и опстојувањето на Скопскиот фестивал на забавна музика и еден од најстарите музичко-детски фестивали во Европа, Фестивалот на детски песни „Златно славајче“. Во делот на творештвото, Александар Џамбазов ја задолжи македонската музичка култура со неколку стотини композиции и аражнмани и со 1450 студиски снимки со голем број ансамбли, секако најмногу со оние во рамките на Македонската радио телевизија. Добитник е на голем број стучни, домашни и меѓународни награди и општествени признанија, меѓу кои 11 октомвриската награда, наградата „13 ноември“, наградата за животно дело „Трајко Прокопиев“ на Сојузот на композиторите на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maestro-aleksandar-dzambazov-kje-bide-pogreban-vo-petok-zakazana-i-komemoracija/feed/ 0