александар јорданоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 01 Feb 2021 12:03:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png александар јорданоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 КОЛУМНА: ЗА НАШИОТ БИСЕР ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКОТО ГРАДИТЕЛСКО НАСЛЕДСТВО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-za-nashiot-biser-ohridski-i-makedonskoto-graditelsko-nasledstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-za-nashiot-biser-ohridski-i-makedonskoto-graditelsko-nasledstvo/#respond Mon, 01 Feb 2021 12:02:41 +0000 https://kurir.mk/?p=462603

Колумна на Александар Јорданоски: Заштитата на градителското наследство го зазема најслжениот дел од целукупната заштита на културното наследство. Од една страна, тука се испреплетуваат конзерваторско-реставраторските практики, а, од друга страна, неопходното усогласување со документацијата од планско-просторен карактер како: генерален урбанистички план, детален урбанистички план, заштитно-конзерваторски основи, односно заштитно-конзерваторски услови. Понатаму, непотребната испреплетеност на Законот за заштита на културното наследство со Законот за градење во делот на издавањето на конзерваторско одобрение, односно одобрение за градење дополнително го усложнува сиот тој процес. Суштината на оваа состојба се состои во дефинирањето на само четири поими од Законот за заштита на културното наследство, изборот на методската постапка за заштита на културното наследство и каква политика на заштита ќе одбере државата во име на Министерството за култура преку соодветните институции за заштита на градителското наследство, кое е од профан или сакрален карактер. Па така, поимот конзервација е определен како постапка и метод на зачувување на заштитеното добро во изворна, односно состојба во која е затекнато, без додавење на елементите што се уништени или недостасуваат; реставрацијата е разбрана како постапка и метод на автентично обновување на делумно уништено заштитено добро со додавање на деловите што недосатсуваат во форма или изглед што ги имале или со отстранување на несоодветните делови или додатоци; реконстукцијата, пак, е постапка и метод на обновување на заштитеното добро што во поголем дел е уништено или чии конструктивни и други делови се дотраени и на крајот доаѓа ревитализацијата - постапка и метод за враќање на животот во спомениците и старите градби во состав на споменичките целини, било со задржување или враќање на првобитната или некоја од поранешните функциии, било со давање нова функција која соодветствува со нивната природа и значење и со карактерот на средината во која се наоѓаат. Комбинацијата и изборот на овие поими е клучен за ефикасна непосредна заштита на градителското наследство, чија цел и зачувување од заборав, пред сè, на визуелниот приказ на наследената архитектура. Тој визуелен приказ има силно влијание врз стопанскиот, туристичкиот и едукативниот сегмент во сегашноста, секако, и врз идентитет­скиот белег препознаен во гардителското наследство. И тука доаѓаме до клучниот момент! Сето ова е теорија наспроти реалната состојба и со финансии, и со кадар, и со познавањето на автентичните знаења и градителските вештини, како и пристапот до изворни градежни материјали. Објаснувајќи ги овие клучни точки во процесот на заштитата, доаѓаме и до поимот факсимилна заштита, односно доловување на визуелен автентичен изглед на архитектурата, особено важен за споменичките целини како што е не само нашиот Охрид, туку и заштитените чаршии во Скопје, Прилеп, Битола или споменичките целини во Кратово и Крушево. Факсимилната заштита претставува употреба на современи материјали и техники при ревитализацијата на објектите, но со исклучително задржан визуелен ефект. Зошто е важна факсимилната заштита!? Заради тоа што таа го постигнува ефектот на задржана историска визура, притоа, овозможувајќи го практично да заживее помот интегрирана заштита од Законот за заштита на културното наследство, преточен како севкупност од мерки за зачувување и активно вклучување на недвижното културно наследство во животот на заедницата како фактор на одржлив општествен развој, особено во областа на планирањето и уредувањето на просторот, инвестиционата изградба, заштитата на животната средина и природа. Но 30-годишните вечни „авторитети“ во заштитата на културното наследство од скопската калдрма во сите политички констелации слепо се држат за теоријата во законските поставености, без да им биде својствена практиката. Не се надминаа себеси, за да си го задржат приматот на неопходност, и практиката да ја преточат во применлива законска теорија. Па така, тие во своите извештаи редовно пишуваа дека при конзервација се употребува хоросан малтер, поим редовно препишуван од дамнешна цитирана  фус-нота, не знаејќи дека тој поседува гасена вар во себе, на градежното стовариште не разликуваа цемнет од усјемал, уште помалку дека усјемалот е 70% вар или, пак, греда од летва; со проектот за реконструкација на болницата во селото Ростуше само ја доразградија старата болница подигната меѓу двете светски војни, оставаа видливи делови од електрична инсталација во Беговиот амам во Тетово, дозволуваа возачот да ја земе сликарска четка во Шарената џамија, изработката на проектот за порпавка на дел од покрвот на црквата Св. Атанасиј Александриски во селото Журче, Демирхисарско, чинеше повеќе отколку самото подредување на ќерамидите, молчеа за свитканите вреќи од цемент и стаклени шишиња за да се заштеди одредена количина бетон под керамопластиката на дел од ѕидовите на Македониумот во Крушево, и тоа на 100-годишнината од Илинденското востание и ред останати ситуации. Затоа, државата, видена преку своите соодветни институции, треба да ја определи политиката на заштита на градителското наследство, бидејќи законската обврска на претходно дадените поими имаат и финанскиска и стручна обврска која е двонасочна; и државата кон самата себеси доколку дадено културно наследство е во државна сопственост, но и кон физичките и правните лица, доколку културното наследство е во приватна сопственост. Немањето флексибилност при политиката на заштита на историските објекти е клучниот момент за тапкањето во место на Охрид како светско културно наследство, и тоа трае повеќе од две децении! Нема држава на светот која не сака целосна и автентична обнова на историските објекти. Но модалниот глагол сака не се сообразува секогаш со исто така модалнот глагол може. Најпрепознатливи примери на обнова или ревитализација во поновата светска историја се речиси целосно разрушените европски градови Дрезден, Варшава и Берлин како последица од Втората светска војна. Таму фенксот повторно се роди од пепелта како резултат на флексибилноста на реконструкивните методи. За да нема историски заборав, нашата историска архитектура е одлично забележана и теориски обработена со сите типолошки и декоративни карактеристки, како и градителски техники во капиталните дела за македонската архитектура Селската куќа во Македонија од проф. д-р Петар Намичав и Градските куќи од XIX век во Македонија - просторна организација од проф. д-р Марула Николоска. Но доаѓаме до сегашната реалност, и тоа само до еден момент - имаме ли ние и мајстори и време за изградба на ѕид со дебелина од 60 cm со кал како врзивно средство или, пак, трпение за бондук конструкција!? Светската практика кажува дека комбинираната методологија на факсимилна заштита и на автентична заштита е ефикасна, долготрајна, економски и стопански исплатлива, и на крајот го постигнува ефектот за широката поулација на очекуваното. Факсимилната заштита овозможува доловување на историската визура на споменичките целини без да се запре современиот развој на градот, чаршијата итн., а поедна автентична заштита на определен објект дава приказ на идните генерации за употребените градителските техники, знаења и вештини, како и за изворните материјали. И на крајот, преплетувањето на Законот за заштита на културното наследство со Законот за градење условува при интервенција на историска градба облигаторност од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмолгиоја, а притоа тој самиот нема технолошка подготвеност за мерење асеизмичност на автентични, т.е. изворни материјали, односно само бетон и челик. Дополнително, во стручните институции за заштита на културното наследство во пензија заминаа сите стручни кадри кои ја гарантираа градежната конструктивност и статиката при конзервацијата и реставрацијата на недвижното културно наследство. На Охрид му посакувам ослободување од тридецениските „авторитети“!     м-р Александар Јорданоски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-za-nashiot-biser-ohridski-i-makedonskoto-graditelsko-nasledstvo/feed/ 0
Управата за заштита на културното наследство – последната порта на македонските идентитетски обележја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/upravata-za-zashtita-na-kulturnoto-nasledstvo-poslednata-porta-na-makedonskite-identitetski-obelezja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/upravata-za-zashtita-na-kulturnoto-nasledstvo-poslednata-porta-na-makedonskite-identitetski-obelezja/#respond Sun, 10 Jan 2021 14:55:45 +0000 https://kurir.mk/?p=453425

Колумна на м-р Александар Јорданоски Заштитата на културното наследство во Република Македонија  во однос на хиерархиската надлежност е поделена на три сегменти. Тука, во прв ред е Министерството за култура, како главен и доминантен финансиер на годишните програми за остварување национален интерес во културата во делот за заштитата на културното наследство  - недвижно, движно и нематеријално, потоа мрежата од национални и локални инситуции од областа на заштитата на културното наследство, сегмент кој непосредно и практично ја реализира заштитата на културното наследство - стручни работи, а тука е и Управата за заштита на културното наследство, орган во состав на Министерството за култура со својство на правно лице - контролен механизам на целиот тој процес што се одвива меѓу Министерството и институциите за заштита на културното наследство - јавни функции. Речиси сите држави кои гравитираат кон Медитеранскиот културен комплекс имаат развиени, и различни и зајакнати системи на заштита на културното наследство и покрај постоењето засебни министерства за култура. Така, во Египет имаме спојување на културата и туризмот во едно министерство, модел кој нуди мерки за деловно ползување на старините, модели на посебно министерство за заштита на кутурното наследство, а најчесто модел со централна институција за заштита на културното наследство, која претставува десна рака секое министерството за култура во дадена држава. Третиот пример за заштита на културно наследство е применет во Македонија, кој во најголем дел е образуван по италијанскиот модел презентиран на TAIEX Workshop on the Integrated Approach in Protection of Cultural Property во Скопје 2016 година, а близок до нашиот е и хрватскиот модел на заштита на културното наследство. Во 2018 година се тргна со фронтален напад кон оправданоста од постоењето на Управата, односно нејзино укинување, што би значело дека се нарушува воспоставениот концепт на огранизација на заштитата на културното наследство, кој се заснова на поделба на стручни работи и јавни овластувања, Тука се вбројуваат управните работи, водењето на Националниот регистар на културното наследство, Археолошкиот катастар, конзерваторскиот мониторинг, мониторингот на безбедноста и превенцијата на културното наследство итн. Исто така, нарушувањето на воспоставениот систем на заштита на културното наследство ќе го оптовари Министерството за култура со јавни овласувања, односно управни-стручни работи, кои, пак, има значителна дневна динамика во прометот на севкупната документација, како ревизија на елаборати за валоризација/рева­лоризација на културното наследство, одобрување на заштитно-конзерваторски основи за просторни и урбанистчки планови, издавање дозволи за археолошки истражувања, одобренија за конзерваторски истражувања, конзерваторски одобренија, прием на конзерваторски работи, уверенија за извезување/изнесу­вање движни добра итн. Би се усложнил и инспекцискиот надзор специјализиран за превенција и контрола при споведувањето на Законот за заштита на културното наследство. Нагласувам дека се работи за стручна инспекција за секоја област одделно во областа на заштитата на културното наследство, како: археологија, архитектура, историја на уметноста, етнологија итн. Во 2018 година обидот за укинување на Управата предвидуваше управните работи кај стручните институции да бидат распределни во три категории, така како што е и поделено културното наследство, односно кај институциите задолжени за заштита на недвижното, движното и нематеријалното културно наследство. Тоа ќе отвореше можност за невооедначено практикување на Законот за заштита на културното наследство. Значи, зводите за заштита на културното наследство би ги вршеле управните работи од областа на недвижното културно наследство, музеите за движното културно наследство, а, пак, овластените субјекти за заштита на нематеријалното културно наследство за наследството за кое се задолжени, кои, пак, во поголем број не се од редот на институциите под надлежност на Министерството за култура, туку имаат делегирано право на заштита и се од редот на Министерството за образование и наука. Отсуството на Управата од парадигмата на заштитата на културното наследство и евентуалното десперзирање на надлежностите го нарушува воспоста­вениот централизиран систем за вршење на функциите на државата во оваа исклучитолно сензитивна област. Со други зборови, се создаваат предуслови за дисхармонично делување на институциите задолжени за заштита на културното наследство. Таква состојба имаше пред 2004 година, односно пред донесувањето на првиот македонски Закон за заштита на културното наследство - разнообличие при примената и спроведувањето на легислативата. Но ваквите идеи за укинување во 2018 или за развалстување кон крајот 2020 година на Управата за заштита на културното наследство не се предизвикани од некои големодржавни рационализации, зголемување на функционалноста на админи­страцијата и ефективноста или, пак, услогасување со европските директиви, бидејќи Законот за заштита на културното наследство во најголем дел одамна е веќе услогасен. Ваквите пројави доаѓаат од нискобуџетни мисли и страсти на самопог­ласени „авторитети“ во заштитата на културното наследство кои својот работен век го поминаа во променада по калдрмата на Старата скопска чаршија и го доведуваат во заблуда секој министер за култура од 2004 година до ден денешен, притоа, задоволувајќи ги само апетитите на Неговото велчичество - ЈАС. Тие „авторитети“, кои потекнуваат од 80-тите и 90-тите години на ХХ век, не можејќи да го задржат времето кое незапирливо тече нанапред и сказалките на часовникот никако да се вратат наназад, сметаат дека со работно искуство во конзервација на ќебапчињата од „Космос“ имаат вечно приватно право врз заштитата на културното наследство. „Авторитетите“, немајќи идеја како да го поминуваат периодот од животот именуван како старост, а незаситени од нивната вечната потрага по еликсирот на младоста, во 2020/2021 година се обидуваат на индиректен начин да ја тргнат од сцена последната порта на македонските идентитетски обележја - Управата за заштита на културното наследство. Индиректниот начин, кажано со еден убав македонски архаизам подрогозина, за разлика од фронталниот во 2018 година, подразбира Управата да се претвори во англиска кралица, односно одземање на нејзините витални функции. Сите сознанија од археологијата, историјата, историјата на уметноста, етнологијата, фолклорот и јазикот кои го поминале филтерот на науката и станале суверен податок во македонската наука, во Управата добиваат оперативна улога во зачувување на културното наследство, кои, кажано со речникот на информатиката, претставуваат мемориска картичка на македон­ските идентитетски обележја. Накусо, овде имаме обид за атак на мемориската картичка. Потсетувам дека првите процедури за основање на Управата за заштита на културното наследство започнуваат кога министер за култура е Ганка Цветанова, што значи Влада предводена од ВМРО-ДПНМЕ, а крунисувањето на целиот тој процес завршува во 2004 година кога министер за култура е сега веќе починатиот Благоја Стефановски, овојпат Влада предводена од СДСМ. Оваа илустација ја давам за да укажам на квалитативен приод кон едан суштесвена материја во една држава - културното наследство. „Авторитетите“ беа активно вклучени во креирањето на актите на Управата со валоризирана кариерна и парична и награда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/upravata-za-zashtita-na-kulturnoto-nasledstvo-poslednata-porta-na-makedonskite-identitetski-obelezja/feed/ 0
Јорданоски: ДРЖАВНИ СИМБОЛИ VS ДРЖАВОТВОРНИ ЕЛЕМЕНТИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jordanoski-drzavni-simboli-vs-drzavotvorni-elementi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jordanoski-drzavni-simboli-vs-drzavotvorni-elementi/#respond Tue, 27 Oct 2020 09:37:22 +0000 https://kurir.mk/?p=421111

Грбот, знамето и химната се репрезентативните симболи на една држава. Нивниот избор произлегува од желбата за поистоветување со особините на избраните симболи или, пак, желбата за претставување историски процес од создавањето на државата. Најчесто изборот паѓа на моќен и доминантен избор од фауната (лав, орел...) или карактеристични елементи од флората (како републичките грбови на дел од понанешните републики од Југословенската Федерација), пишува м-р Александар Јорданоски. Неговата колумна ја пренесуваме во продолжение:  Наспроти нив стојат државотворните елементи. Тука доаѓаат: ефикасна администарција, стабилна економија, силни општествени институции, особено тие кои го креираат и кои го чуваат националниот идентитет и, можеби најважното, позитивна наспроти негативна селекција на кадар. Смислата и значањето на државните симболи се условени од суштината на државотворните елементи. Без исполнувањето на суштината на државотворните елементи, државните симболи ја губат смислата на нивното креирање или избор. Така, една суштинска недоследност на идентитетската матрица во Македонија е состојбата со научен кадар во Институтот за македонски јазик. Во неговиот златен кариерен период, под државниот симбол „петокрака“, Институтот има над седумтесетина вработени научен кадар, додека под државниот симбол „сонце“ истиот Институт има едвај 25-26 вработени вкупен број кадар, заедно со кучето и мачето пред порти. Каде е тука улогата на независна Македонија, наспроти федералната единка Македонија. Ако на ова се додаде и висината на финансиските средства кои ја поддржуваат македонската лингвистичката наука компарирани како „петокрака“ vs „сонце“ доаѓаме до резултат кој не е убаво ниту да го чуеме, а не па и да навлегуваме во подлабока анализа. Но можеби еден од подобрите примери за приказ на суштината на државотворните елементи е трудот на рускиот имигрант д-р Никола Незлобински (1885 - 1942) во Струга и неговото најголемо дело - природонаучната збирка во истоимениот струшки музеј, создаден далечната 1928 година. Во тој музеј сета фауна и флора е собрана/уловена од Незлобински, препарирана е од Незлобински, музејските витрини кои и денес постојат се изработени од Незлобински, а делумно и музејаката зграда е изградена по негов нацрт. Што значи, индивидуалната заложба и труд создале државотворен елемент, односно систем кој трае веќе во три државни системи: Кралска Југославија, СФРЈ и сега Република Македонија. Прераната смрт на 57-годишна возраст го спречува лекарот кој ја победил маларијата во Струга да го заокружи системот на препарираната фауна во музејската поставка со дивата коза. И сега доаѓаме до моментот на организираноста на општествениот систем. Од смртта на Незлобински поминати се две општествени уредувања, но желбата на Незлобински за дивата коза сè уште не е исполнета. Така, доаѓаме до заклучок дека индивидуалната заложба создала државотворен елемент - природоначен музеј, што ќе рече, систем кој функционира непрекинато веќе 92 години, наспроти општествениот систем кој веќе 78 години не може да доврши индивидуален труд кој, пак, создал систем. Но можеби највидлив пример за слабоста на државотворниот елемент - човечки ресурс, е кај негативната наспроти позитивната селекција на кадар, бидејќи само човекот е двигател на процесите. Привидните позитивни селектирања доведуваат до ситуација, на пример, студент кој имал просек дури 9,5 на Филозофскиот факултет, при посета на Музејот „Западна Македонија во НОВ“ во Кичево и разгледувањето на спомен-собата од генералот Михајло Апостолски да постави прашање: „А кој бил он“, па на зачудениот поглед од музејскиот водич брзо-брзо да биде понуден одговорот: „А да бе, знам, он бил партизан“. Придајавќи си лажни вредности при негативната селекција на кадар, системот само си ја одложува фактурата на губиток, нешто слично како кога индијанскиот погавица Сијетл го упатува писмото до Абрахам Линколн 1854 година: ...„Што ќе ја снајде Земјата - ќе ги снајде и во нејзините деца. Плука ли човекот на Земјата - плука на самиот себе. Земјата не му припаѓа на човекот - човекот ѝ припаѓа на Земјата. Тоа добро го знаеме. Сè е во меѓусебна врска како што е семејството со крв соединето. Сè е поврзано. Не е човекот создател на развитокот на животот. Тој е само една нишка во него.“...   м-р Александар Јорданоски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jordanoski-drzavni-simboli-vs-drzavotvorni-elementi/feed/ 0
Колумна на Александар Јорданоски: БЕЗИМЕНОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА СДС(М) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-aleksandar-jordanoski-bezimenoto-kulturno-nasledstvo-na-sds-m/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-aleksandar-jordanoski-bezimenoto-kulturno-nasledstvo-na-sds-m/#respond Tue, 07 Jul 2020 08:50:36 +0000 https://kurir.mk/?p=370655

Воведниот дел на оваа плагијаторска компилација, а би требало да биде изборна програма, е целосно преземен од Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам 2020 - 2022. Видливо е дека определбата „национален интерес во културата“ во континуитет се квалификува како нешто ретроградно, додека: културното наследство игра клучна улога во формирањето на идентитетот на нашите граѓани, и нормало со изоставена придавката на етнитетот. Употребата на заменките и нивните употребени варијации станаа ремек-дело во стилистиката на македонскиот јазик при начинот на замена на придавката македонски и именките Македонија и Македонци во текстовите од ваков карактер. Со употребата на безлнични форми на изразување уште во почетокот го докажуваат спротивното - нашите граѓани, а да не зборуваме што го потиснаа целосно индентитетот на Македонците со добро познатите клучни моменти: Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија, измените и дополнувањата на Законот за употреба на македонскиот јазик, каде што: на јавни настани може да се употребува и македонскиот јазик, како и исфрлањето на поимот културно богатство и негово сведување на творештво во предложениот нов Закон за остварување јавен интерес во културата. На самиот почеток од ветувањата на темата културно наследство се наведува дека ќе: воведат систем на задолжително финансирање на спомениците од Листата на споменици од национален интерес, по принципот на категорија по вредност и степен на загрозеност. Листата ќе биде отворена и во неа постојано ќе можат да се впишуваат нови споменици од недвижното, движното и нематеријалното наследство. Всуш­ност, овде се работи за апсолутен дилентатизам, бидејќи според членот 45 од Законот за заштита на културното наследство, Управата за заштита на културното наследство е таа којашто го води Националниот регистар на културното наследство со Главна книга која се состои од три посеби дела за недвижно, движно и нематеријално културно наследство. Понатаму, Управата води и дополнителни регистри како што се: Регистар на добра под привремена заштита, Регистар на културно наследство во опасност и Регистар на резервирани археолошки зони. Понатаму, се посочуваа дека ќе воведат: систем на задолжително финансирање, што во суштина е измислување топла вода, бидејќи задолжителното финансирање е предвидено со Годишната програма за остварување национален интерес во културата, предвидено со јавен повик во текот на јуни секоја година. Дополнително, доколу кај културното наследство постои непредвидена загрозеност од каков и да е карактер, и Законот за заштита на културното наследство и Законот за културата и сега превидуват интервентни, односно вонпограмски средства. Точката која се однесува на: зголемување на бројот на стручниот кадар е одамна апсолвирана состојба која веќе е разработувана за системно решавање кај ВМРО - ДПМНЕ. Тоа што е особено интерсно е непрекинатиот интерес за мега-проектот Скопје 2014. Имено, тука се укажува дека ќе: извршат ревизија и бришење од регистарот на сите незаконски запишани споменици и објекти од т.н. проект Скопје 2014, кои по својата природа не можат да претставуваат културно наследство. Овде, исто така, се гледа елементарно непознавање на позитивната легислатива. Сите споменици подигнати во централното градско подрачје со поставени врз основа на Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, па, така, тие не ни претставуваат културно наследство. Значи, нешто што не е впишано во некаков регистар не може да биде избришано. Доколку мислеле на заштитата на двата музеи покрај Вардар - Археолошкиот музеј на Македонија и Музејот на македонската борба за државност и самостојност, тие се заштитени по сила на законот, односно ex lege. Но овде е друго во прашање. Крајната цел на Преспанскиот договор во музејската дејност е поништување на Археолошкиот музеј, додека крајната цел на Договорот за добросо­седство со Бугарија во истата дејност е поништување на Музејот на македонската борба. Почетната фаза од оваа намера е нивното преименување. На Археилошкиот музеј му ја додадоа придавката северна, а, вистина, на Музејот на македонската борба не му придадоа географската одредница, но му ја одзедоа именката државност. Да бидат нешата појасни, крајната цел на самостојноста е државност. Интересна е најавата: за прв пат донесовме сеопфатен План за управување природно и културно наследство. Прв пат - небаре претходно немало ништо, а отсега почнува постоењето; но и точноста на формулацијата е исто така важна, особено во вакви документи кои понатаму ќе се преточат во државни акти, значи - План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион 2020 - 2029. Планот, во најголем дел, е изработен од Владата на ВМРО - ДПМНЕ во изминатиот период. Подготовките за негова изработка почнуваат уште во 2009 година. За да се изработи ваков сеопфатен план прво се создадоа предусловите. Така, во 2010 година се донесе Законот за управување со Светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион во чии рамки се формираше и Комисија за управување со Светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион. Во периодот 2014 - 2018 година со надлежните институции од Албанија и со поддршка на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, како и неговите советодавни тела - ИКОМОС, ИУЦН и ИКРОМ, беше спроведен т.н. UP STREAM процес. Во рамките на овој процес се оствари интензивна соработка меѓу надлежните институции, што имаше влијание и врз опсегот и квалитетот на нацрт-плановите за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион во двете земји. Исто така, многу важен елемент во врска со овој плански документ е и донесувањето на Законот за прогласување на Старотo градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење во 2011 година. Ништо ниту започнува ниту завршува со добивањето политички мандат на некоја политичка партија. Во програмата се наведуваат и дека: ќе ја засилат соработката меѓу музеите и галериите на целата територија на државата, со акцент на заеднички мобилни изложби, што во суштина е редовна размена на изложби меѓу музеите, галериите и спомен-куќите, а таквите проекти редовно се поддржуваат преку Годишната програма за национален интерес во културата. Ваквите флоскули претставуваат одмана изветвени политички пораки. Забележливо е ветување за обнова на просторите на музеите и галериите, поименично нагаласувани, нешто што Владата на ВМРО - ДПМНЕ го започна како системска сеопфатна активност уште во 2015 година, а се однесуваше и на постојаните поставки и депоата, и кај националните и кај локалните музеи. Отворањето на обновената постојана поставка во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј - Струмица (археологија, етнологија, историја и историја на уметноста) на 18 мај 2018 година, целосно финансирана и реализирана во 2015, 2016 и 2017 година, е највидлив пример и за плагијаторство и за припишување туѓ труд како свој. Но што е суштината на безименото културно наследство? Во целиот дискурс провејува усвојувањето на обезличените глобалистички сфаќања, што се апсолутно спротивни на традиционалните национални вредности. Нивното усвојување и вешто проткајување низ пораките во текстот не се од некои големи размисли, филозофски погледи или, пак, следење на трендот на животот. Не, тука има персонално задоволување на гневот од една изгубена битка од пред дваесеттина години. Да, неуспехот за возобнувување на храмот на светителот на македонската писменост - св. Климент. А во меѓувреме ќе се јават и сезнајни општествени аналитичари, расфрлајќи ги своите мисли како препаени пласми, толкувајќи го збиднувањата со зборови од Вујаклија, несетени дека Фројд е жив. Егејката од Бапчор сè уште се води од гневот заради успехот на охриѓанецот од Вапила. На охридскиот рид вапилчанецот возобнови историја илјадалетна за Македонија, слично како и професорот од Долно Дупени петнаесетина години подоцна на тврдината во метрополата на Македонија. Но за да се задоволи апетитот на гневот се продава и идентитетот - светоста. Делата на тврдините ќе нè надживеат и нас и оние по нас, а апетитот на гневот ќе се заврши со овоземското постоење. Но родилката од Бапчор поинаку пееше, пееше за традицијата, пееше за духот кој го одржа народот:   Разболе ми се Калина во това поле широко, широко. Никој при неја немаше, сал едно пиле шарено, шарено. Со уста вода носеше со крилца сенка држеше. - Еј море пиле шарено, шо добро виде од мене, од мене? - Калино, моме убава, кога гореше гората, гората, ти мен во раци држеше, со масло крилца ладеше, ладеше.   Дали гневот е поскап од Македонија!? За сите идни гневови..., да не биде повторно од трендафил трн!     м-р Александар Јорданоски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-aleksandar-jordanoski-bezimenoto-kulturno-nasledstvo-na-sds-m/feed/ 0
Третманот на јазикот како културно наследство во Република Македонија – показател за високиот степен на демократичност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tretmanot-na-jazikot-kako-kulturno-nasledstvo-vo-republika-makedonija-pokazatel-za-visokiot-stepen-na-demokratichnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tretmanot-na-jazikot-kako-kulturno-nasledstvo-vo-republika-makedonija-pokazatel-za-visokiot-stepen-na-demokratichnost/#respond Tue, 10 Mar 2020 09:17:59 +0000 https://kurir.mk/?p=314411

Изразот нематеријално културно наследство (англ. intаngible cultural heritage) е меѓународен терминолошки стандард за односниот изведен генерички поим официјлизиран со истоимената конвенција на УНЕСКО (Конвенција за заштита на нематеријалното културно наследство донесена во Париз на 17 декември 2003 година). Овој израз е предметен и во македонскиот правен систем во делот за заштита на културното наследство, меѓутоа, пред ратификацијата на предметната Конвенција, во Законот за заштита на културното наследство беше официјализиран изразот духовно културно наследство. Изразот духовно културно наследство, како изведен генерички поим, во македонското законо­давство не е дефиниран посебно. Неговото правно значење е определено на индиректен начин, т.е. преку посебните дефиниции на видовите што го сочинуваат тоа наследство (член 24 - фолклорни добра, член 25 - јазик и член 26 - топоними). Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство во светски рамки стапува во сила на 20 април 2006 година, а од страна на Република Македонија е ратификувана со закон донесен истата година. Во изминативе десетина години донесени за неколку клучни акти за спроведување на заштитата на јазикот како духовно културно наследство. Така, донесен е Правилникот за валоризација, категоризација и ревалоризација на културното наследство во кои се стандардизирани правилата за изработка на елаборатите за валоризација на културното наследство, меѓу кои, и за духовното културно наследство. Понатаму, донесена е Националната класифи­кација на културното наследство, т.е. подзаконски акт којшто претставува стандардизирана форма на типолошко одредување/идентифику­вање и систе­матизирање на разновидното културно наследство во Република Македонија, каде што духовното културно наследство ја зазема Класата 3. Но заштитата на овој вид културно наследство изминативе години не останува само на декларативно носење легислатива. Во исто време, во Законот за заштита на културното наследство дадена е можност за заштита на јазикот како духовно културно наследство на македонскиот народ, како и заштита на овој вид културно наследство на граѓаните кои се дел од албанскиот народ, од турскиот народ, од влашкиот народ, од ромскиот народ и од бошњачкиот народ, што афтохтоно се развило на територијата од Република Македонија, а тоа, пак, претставува највисоко демократско право за еден народ, односно ваквиот приод кон културното наследство покажува висок степен на демократичност. Тоа практично се одрази во Националната класификација на културното наследство, каде што е вградена можноста за спроведување на постапката за заштита на духовното културно наследство на деловите од народите спомнати во Преамбулата на Уставот на Република Македонија. Така, во делот за јазик Владата на Република Македонија досега има донесено 38 одлуки за прогласување на културно наследство од особено значење - поткатегорија исклучително значење. Практично, тоа значи дека потребите за истражување и популаризација на дијалектите и топонимите влегуваат во системот на заштита на културното наследство на Министерството за култура, поточно, во Годишната програма за остварување национален интерес во културата. Важно е да се напомене дека Управата за заштита на културното наследство, како орган во состав на Министерството за култура, спроведувајќи го Законот за заштита на културното наследство покажа внимение и кон собраниот теренски материјал од голем број научници во изминативе децении од оваа област. Тоа значи дека осум картотеки во Институтот за македонски јазик се регистрирани како значајно културно наследство, т.е. културно наследство ex lege. Ваквиот третман на овој вид културно наследство покажува системски и квалитативен приод на државата и кон легислативата и кон практичната примена. Имајќи предвид дека духовното културно наследство не е ограничено со државни граници, односно определени македонски дијалекти излегуваат надвор од границите на Република Македонија, а Законот за заштита на културното наследство е ограничен на државните граници, притоа, имајќи го фактот дека соседните држави, кои, исто така, ја имаат ратификувано Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство (Бугарија 2006, Албанија 2006, Грција 2007 и Србија 2010), очекуваме позитивен приод кон видот културно наследство кое ги нуди препознатливите показатели за еден народ и доследно и практично спроведување на Конвенцијата од УНЕСКО, продолжуувајќи го патот на демократичноста што го применува нашата држава.   м-р Александар Јорданоски  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tretmanot-na-jazikot-kako-kulturno-nasledstvo-vo-republika-makedonija-pokazatel-za-visokiot-stepen-na-demokratichnost/feed/ 0
Поучно послание до Људмил Спасов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pouchno-poslanie-do-ljudmil-spasov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pouchno-poslanie-do-ljudmil-spasov/#respond Fri, 21 Feb 2020 12:36:17 +0000 https://kurir.mk/?p=306997

По повод 21 февруари, меѓународниот ден на мајчиниот јазик Јазикот е систем од знаци што служат за меѓусебна комуникација. Да, ова е една од најприфатените определби за јазикот во светот. Точно е тоа дека јазикот е најсложениот систем за комуникација на Земјава, но не поради бројноста и различноста на јазиците во светот, не и поради сложените граматички правила што постојат во нив. Тој е најсложениот систем за комуникација поради вредноста на духот што го носи во себе. Со овој дар од Бога се љуби и се мрази, со него се радуваме и тагуваме, можеме да мечтаеме, ама и да страдаме, а со писмото сето ова го запишуваме, ставаме печат на нашето постоење. Писмото е неизбришлив белег за тоа што е создадено во минатото, за тоа што го живееме сега и за тоа што се задолжуваме во иднината. Тоа е непрекината низа печати за постоењето на човекот. Технологијата го движи светот напред, притоа создавајќи и други системи за комуникација, но ниту еден од нив го нема надминато дарот над даровите даден од Бога за човекот - јазикот. Како што се создавале јазиците така се создавале и народите. Јазикот станува препознатлив нишан за специфичноста на секој народ одделно. Тој почнува да го придружува начинот на живеење на народот, отпрво пренесувајќи го сознанието од колено на колено, а потоа и со преточената мисла на пергаментот, хартијата... на писмото, создавајќи ја традицијата - стожерот за опстојување на секој народ. Нашиот јазик, македонскиот, ги помина негодувањата, оспорувањата и сите удари што треба една вредност да ги помине до патот на виделината. Секој јазик кога ќе израсне до степен на стандард, стандардизира одреден фонолошки, морфолошки, синтаксички и лексички систем. Македонскиот јазик тоа го постигна во последните седумдесеттина години. Во текот на овие години се извршени одредени измени, но тие не влијаат којзнае колку врз почетната стандардизација. Република Македонија, сметајќи дека јазикот е првиот препознатлив белег што го има еден народ, донесе неколку законски прописи со кои се озаконува вредноста на македонскиот јазик: Законот за употребата на македонскиот јазик, Законот за заштитата на културното наследство и Законот за ратификација на Конвенција за заштита на нематеријалното културно наследство (УНЕСКО). Со овие прописи македонскиот јазик е третиран и како културно наследство - завештание што сме го наследиле од нашите предци и како културно богатство - благодет кој го користиме во сегашноста, но и аманет за идните поколенија. Овде ќе направам една синхрона дигресија и за момент ќе се навратам на неодамна предложениот Закон за употребата македонскиот јазик. Имено, во новиот текст македонскиот јазик се определува само како нематеријално културно наследство, но не и како културно богатство. А не може да се определи како културно богатство затоа што, пак, во предложениот нов текст на Законот за остварување јавен интерес во културата - кој патем речено е lex generalis за законите во надлежност на Министерството за култура - терминолошката определба културното богатство е сведено на ниво на творештвоНавидум, наивна игра на зборови. Но не секое творештво е и културно богатставо, а ако нема продукција на културно богатставо, тогаш, во иднина, ќе нема што да остане како трајна културолошка вредност, односно културно наследство. Оваа, навидум наивна игра на зборови, всушност, е суптилна и озаконета основа за разградување на вредноста на македонскиот јазик, на македонскиот идентитет и воопшто - на македонското ткиво. Ако пред десетина века нашите просветители го создадоа писмото и го просветлија народот, и со тоа го создадоа почетокот, тогаш, во денешново време, проектите од типот на Бушавата азбукаГоворете македонскиХигиена на јазикот, во продукција на Македон­ската радио и телевизија, потоакампањата во 2008-таГо чувам своето - додека пишувам на кирилица постојам, во организација на Македонската информативна агенција и Маркетинг агенцијата Идеја плус комуникации, всушност, претставуваат мисии за негување, одржување и продолжување на зачекорувањето од пред десетина века. Меѓутоа, меѓу почетокот и денешните проекти за јазикот, нашата црква, нашите собирачи на умот народен, нашите први учени во словенските центри, се потпори преку кои нашите букви преминаа од пергамент на компјутерски екран. Денес имаме закони и прописи што го уредуваат ова наше духовно културно и богатство и наследство, и тоа е сосема во ред. Но тие само ѝ помагаат на нашата желба за опстојување на јазикот. Ниту еден закон, ниту еден пропис не може да биде посилен од желбата и волјата на народот за постоење на сопствениот јазик - на македонскиот јазик. м-р Александар Јорданоски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pouchno-poslanie-do-ljudmil-spasov/feed/ 0
Зa „(не)културата“ на Алаѓозовски и неговото ЕДНООПШЕСТВОЗАСИТЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-ne-kulturata-na-alagjozovski-i-negovoto-ednoopshestvozasite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-ne-kulturata-na-alagjozovski-i-negovoto-ednoopshestvozasite/#respond Fri, 07 Feb 2020 09:31:46 +0000 https://kurir.mk/?p=300525

Видување на „(не)културата“ во Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот 2020-2022 година Уште во првата реченица се гледа деструктивниот приод кон Националната стратегија во делот за културата, односно: „Македонското општество триесетина години упорно работи на сопствената дезинтеграција“. Тоа значи дека од осамостојувањето на Република Македонија до денес нема создавање никакви вредности, нашето општество  работи на разградување на општествените сегменти, односно ние не градиме самостојна држава, каја, патем речено, постои како независна од 8 септември 1991 година, а во меѓувреме ги создаде сите атрибути на самостојност, како македонска војска, македонска полиција, македонска царина, циклуси на парламентарни, локални и претседателски избори, разни состави на влади и собранија и сето тоа што следува понатаму во општественото живеење, но за Алаѓозовски тоа е сопствена дезинтеграција. Во овој контекст, и дефинирањето на кризата во општеството заради, нели, сопствената дезинтеграција, Алаѓозовски ја дефинира повикувајќи се на Бојан Иванов, кој патем речено е кадар на СДСМ, т.е. директор на Музејот на Македонија во периодот 2002-2003. Што значи и во анализата СДСМ во лицето на Алаѓозовски се повикуваат исклучиво на сопствените толкувања, произведувајќи сопствена замислена реалност. Во делот Анализа на рамката на јавни политики гледаме опседнатост на СДСМ од Националната стратегија за развој на културата во Република Македонија во периодот 2013 - 2017 година, каде што примарниот интерес во културата е определен како национален што, пак, СДСМ го смета како ретрограден, односно систем на вредности кој треба да се замени со терминот мултикултурализам. Всушност, овде имаме една вешта замена на тезите за општествените вредностите. Да си ги почитуваш сопствените вредности на идентитетот, како јазик, традиција и своја препознатлива култура е нешто себично, назадно и деструктивно, а мултикултурализмот како збир на колективни вредности со различно потекло е авангарда, напредно in, кажано со речникот на младите. Овде имаме скриено протнување на вредноста на колективот, а во колективот имаме колективна вина или колективна заслуга, нешто што се наметнуваше како парадигма во минатото општество. Следејќи ја денешната терминолошка определба, тоа е мултикултурализмот. Наспроти тоа е индивидуалната одговорност и индивидуалниот успех отсликани во терминот национален интерес. Значи, повторно имаме потиснување на индивидуата со своите вредности или слабости, наспроти толпата, каде што слабите и успешните се претопуваат едни во други и се создава аморфна маса. Понатаму, со наметнување вербална флуентност, односно трупање зборови без конкретна смисла и научно верификувана поткрепа, СДСМ, односно најнеуспешниот министер за култура во историјата на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, се обидува да направи изнасилена дефиниција и наметнување на навистина непотребна терминологија мултикултурализам, па понатаму и интеркултурализам, наметнувајќи им на термините некои „големи“ општествени значења, пресудни за опстанокот и на културата и на општеството. Сѐ на сѐ, овде имаме набрзина искомпониран текст, прикрадуван одваму-оттаму, невешто и несмасно употребен, без никаква смисла и семантика. Во продолжение, имаме ситуација каде што се наметнува синтагмата јавен интерес, наместо национален интерес, и тоа се претставува како развојна линија од „прогресот“ на општесвотото, а тоа, пак, значи само просто и грубо обезличување на континуитетот на идентитетот и традицијата на еден народ, а продажниот продукт е - сите имаат исти права, исти простор за изразување, но никаде ги нема обврските кон државата. Терминот интеркултурализам се оправдува и за охрабрување на пристапот на културата и кон маргинализираните групи, појава која никогаш не ни била ускратена ниту во независна Македонија ниту претходно. Во Република Македонија, а и во Социјалистчка Република Македонија, никогаш не ни се поставувал како проблем изразот на културата и традицијата на етнитетите кои живеат во неа, но и овде Алаѓозовски со неговата верна дружина советници (одродени десничари) со вешта манипулација на невешто дефинираните термни мултикултура и интеркултура безобразно ги навредува граѓаните на Македонија. Бесмислено е и определувањето на општеството како некаква геокултурна траума. А каде и како би живеел човекот да егзистира ако не во одредена организирана формација која се менувала со текот на развојот на човештвото, но сепак постоела некаква организирана формација. А спротвно на организирана формација на живеење е - анахрија. Не ја гледам смислата да се наведуваат како успешни проекти од типот „Дебата за културата“ иницирани од невладнин сектор, и тоа да се претставува како голем исчекор во културата, без притоа ни малку да се спомнат владнините институции од областа на културата и нивната улога во општеството. Сето ова спаѓа во доменот на констатација на состојби, нивна анализа и изведување заклучоци. Можеби владиниот модел за практикување и финансирање на културата треба да се приспособува на времињата кои доаѓаат, но тоа не значи дека не треба да постои владина организација. Тогаш, зошто на невладиниот сектор му е потребен владиниот ако овој толку многу го ограничува. Нека оди на слободен пазар на труд тогаш. Ораганизираното делување на Министерството за култура преку своите комисии од различен тип, годишните конкурси од повеќе видови, како и националните институции Алаѓозовски го нарекува „состојба на постојан диктат“, па во таа насока го форсира невладиниот сектор како нужна потреба од пополнување на „слободумноста“. Тој тука го занемарува фактот дека творештвото по својата природа е слободна и неограничена. Така, колку што знаеме, тие забрануваа филмови, како, на пример, на Јани Бојаџи. Каде е тука слободата на изразот тогаш. Проектите Скопје 2014 наспроти плоштадот Скендер-бег се оквалификувани како етноцентризам или етнопаралелизам, односно дека е злоупотребен концептот мултикулурализам. Тогаш, да го прашаме Алаѓозовски, дали еден сликар за да го почитува терминот мултикултурализам/интеркулурализам на едно платно треба до половина да го наслика Скендер-бег, а на другата половина од платно да го наслика Гоце Делчев, па ќе имаме две половини од историските личности. Не, потоа Алаѓозовски ќе ја проблематизира големината на наликаните половиники или квалитетот на употребените бои и така се стасува до плус бесконечност на бесмислата. Така доаѓаме до македонскиот Монти Пајтон всушност. Алаѓозовски во лицето на СДСМ го проблематизира и составот на вработените лица во Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Република Македонија, па наведува дека во најголем број таму се Албанци, не знаејќи дека формулацијата припадниците на заедниците според Преамбулата на Уставот значи: Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци и други. Според тоа, таму Албанците и Македонците таму се непотребни. Обвинувањето на СДСМ дека во периодот 2014 - 2017 година финасирањето на културата е насочено кон партиско-политичка структура е смешна, бидејќи во тој период се финансираат владините институции од областа на културата (примарна дејност на Мнистерството за култуара) и дел од „независната сцена“ (и јас малку да ја употребам терминологијата на Алаѓозовски), а по доаѓањето на власт на СДСМ приматот го има невладиниот сектор и поединиците, па дури невладиниот сектор ги организираше јавните расправи за Националната стратегија за културата 2018 - 2022, како Јадро или Култ-транзен. Замислете, невладиниот сектор, кој е побарувач на средства од владиниот сектор, го организира управувањето на владиниот сектор во културата. Всушност, ова е еден лукративен обид за пресликување на политичко-филозоф­ското дело Левијантан од 1651 година на англискиот материјалист Томас Хобс во духот на Роберт Алаѓозовски и неговото едно општество за сите во XXI век.   м-р Александар Јорданоски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-ne-kulturata-na-alagjozovski-i-negovoto-ednoopshestvozasite/feed/ 0