александар каровски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Dec 2020 17:30:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png александар каровски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Каровски до градоначалникот Георгиевски: Дали мислите дека имињата на народните херои Стеван Наумов Стив и Дане Крапчев не заслужуваат да бидат барем на едно од училиштата на нашата територија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karovski-do-gradonachalnikot-georgievski-dali-mislite-deka-iminjata-na-narodnite-heroi-stevan-naumov-stiv-i-dane-krapchev-ne-zasluzuvaat-da-bidat-barem-na-edno-od-uchilishtata-na-nashata-teritorija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karovski-do-gradonachalnikot-georgievski-dali-mislite-deka-iminjata-na-narodnite-heroi-stevan-naumov-stiv-i-dane-krapchev-ne-zasluzuvaat-da-bidat-barem-na-edno-od-uchilishtata-na-nashata-teritorija/#respond Wed, 16 Dec 2020 16:23:18 +0000 https://kurir.mk/?p=444200

Живееме во време кога сме се сведоци за обиди за деструкција на државноста на Република Македонија и распродажба сето она што не разликува како Македонци. Под паролата за некаква „посветла иднина“, како и многу пати досега се обидуваат да ги релативизираат нашите идентитетски обележја. Пред дваесетина дена бевме сведоци дека за жал овие обиди доаѓаат директно од премиерот Зоран Заев. Деновиве слушаме информации дека премиерот бил спремен на секакви отстапки, само за да го спречи ветото од соседна Република Бугарија, изјави Александар Каровски, потпретседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба. -Општина Гази Баба е пример за соживот помеѓу различни националности кои што се горди на своите придобивки од народноослободителната и антифашистичката борба во Македонија. Иако поминаа повеќе од дваесет дена од скандалозното интервју на премиерот Зоран Заев на едно од бугарските телевизии, за жал нема никаква реакција од страна на градоначалникот на општина Гази Баба, господинот Борис Георгиевски. Затоа ние како најголема политичка партија во општината и дел од коалицијата која обединува граѓани од различна националност го прашуваме господинот градоначалник Борис Георгиевски дали конечно ќе се одважи да се огради од ставовите на својот партиски шеф без притоа да се грижи за својата лична кариера?, прашува тој. -Господине градоначалник низ училиштата на територијата општина Гази Баба кои носат имиња на некои од народните херои од НОБ се школувале генерации и генерации ученици: Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Власи, Роми, Срби. Дали мислите дека имињата на народните херои Стеван Наумов Стив и Дане Крапчев не заслужуваат да бидат барем на едно од овие училишта на нашата територија? Или за вас и вашата партија се навредливи имињата на Вера Јоциќ и Алија Авдовиќ, народни херои кои што дел од својот животен пат го поминале во нашата општина, додаде Каровски. - Не сакам ни да помислам дека се обидувате да го дислоцирате споменикот на Методија Андонов Ченто - првиот претседател на Президумот на АСНОМ, кој што се наоѓа во истоимената населба, во нашата општина. Господине градоначалник имате една и единствена шанса да направите една позитивна работа во вашиот мандат како градоначалник на општина Гази Баба, а тоа е веднаш јавно да се дистанцирате од ставовите на вашиот партиски шеф, бидејќи тоа е најмалку нешто што им го должите на сите оние граѓани од нашата општина кои ви ја дадоа довербата, заклучи тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karovski-do-gradonachalnikot-georgievski-dali-mislite-deka-iminjata-na-narodnite-heroi-stevan-naumov-stiv-i-dane-krapchev-ne-zasluzuvaat-da-bidat-barem-na-edno-od-uchilishtata-na-nashata-teritorija/feed/ 0