Александар Кирковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Jun 2022 06:40:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Александар Кирковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ангелоски и Кирковски беа дел од скајмаратонот Монте Роса https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/angeloski-i-kirkovski-bea-del-od-skajmaratonot-monte-rosa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/angeloski-i-kirkovski-bea-del-od-skajmaratonot-monte-rosa/#respond Mon, 27 Jun 2022 06:43:32 +0000 https://kurir.mk/?p=696138

Македонскиот тим составен од Дејан Ангелоски и Александар Кирковски викендот настапи на највисоката трка на Алпите, скајмаратонот „Монте Роса“ во Италија. Тие со време од 8 часа и 27 минути се пласираа на 51-то место во конкуренција на вкупно 149 парови колку што стартуваа. – Се работи за високопланинска трка која датира уште од првата половина на 90-тите години како пионерски чекор во најекстремната форма на планинско трчање – скајранингот. Во поново време се трча во парови од по двајца натпреварувачи и привлекува голем број на планински спортисти од различни земји. Скајмаратонот почнува и завршува во селото Алања Валсесиа на околу 1000 мнв, а се искачува до врвот Маргарита на 4554 мнв, совладувајќи дистанца од 35 километри и искачување од 3500 висински метри по суров терен, изјави Кирковски. Дваесет и двегодишниот Ангелоски е повеќекратен македонски шампион во планинско трчање и скајранинг со голем потенцијал за развој во овој спорт, додека Кирковски е специјалист во брзинските искачувања на високите планини со успешни потфати на Аконкагва, Елбрус, Матерхорн и други. Учеството на „Монте Роса скајмаратон“ е дел од програмата на Планинарскиот клуб „Македон“ и Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/angeloski-i-kirkovski-bea-del-od-skajmaratonot-monte-rosa/feed/ 0