Александар Китански – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 29 May 2023 18:46:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Александар Китански – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Китански: И покрај опструкциите од централната власт, макотрпно работиме да ја подобриме општината https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kitanski-i-pokraj-opstruktsiite-od-tsentralnata-vlast-makotrpno-rabotime-da-ja-podobrime-opshtinata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kitanski-i-pokraj-opstruktsiite-od-tsentralnata-vlast-makotrpno-rabotime-da-ja-podobrime-opshtinata/#respond Mon, 29 May 2023 19:12:55 +0000 https://kurir.mk/?p=840157

Градоначалникот на општина Пехчево, Александар Китански пред почетокот на денешната трибина „Политики за развој на инфраструктурата“ во Делчево истакна дека општината како и целиот источен крај се соочуваат со инфраструктурни проблеми, кои се незамисливи во 21 век но и проблем кој ги одвраќа инвеститорите. Како што додаде општината сега прави напори овој проблем да се надмине и на тоа се работи макотрпно. - Во овие година и половина макотрпно работиме со општинскиот тим да ја подобриме инфраструктурата во нашата општина и во целиот регион. Жално е во 21 век ние да зборуваме за инфраструктурни прашања. Имаме села, во мојата општина каде уште газат во кал и се работи тоа да се санира. Младите се селат во западните земји, а ние зборуваме за инфраструктура, без која не доаѓаат ни инвеститори, рече Китански. Тој посочи дека се работи на спремање на документација за реализација за решавање на инфраструктурните проекти за подобрување на состојбата во бројни населени места и покрај тоа што централната власт проектите ги одбива. Беше и поднесен амандман од пратеникот Драган Ковачки да се реконструира патот кои ни ги поврзува селата Чифлик, Умлена, Робово и предлогот беше одбиен. Централната власт имаше и градоначалник од нивните редови и не го направија. Ние притискаме да се направи. За Пехчево, за поврзување на локалните патишта ни се потребни некаде околу 46 милиони денари, тоа е проблем за државата да се дадат пари за источниот регион додека се зборува за автопатишта. Со парите од еден километар за Бехтел и Енка во мојата општина ќе се реши целиот проблем на инфраструктура, истакна Китански. Како дел од реализираните проекти тој го посочи таложникот кој се поврзува со пречистителната станица за вода за пиење кој чекал 8 години да биде приклучен. - Сега можам да кажам дека проектот е добиен за реконструкција на таложникот и поврзување со пречистителната станица. Имаме решено проблеми со инфраструктура, во село Црник имаме најмногу вложено како најголемо село во нашата општина, имаме изградено три улици, пред извесно време завршивме со реконструкција на резервоарот за вода за пиење. Се изврши реконструкција на пешачки улици во Пехчево. Речното корито на реката не беше исчистено со години, успеавме тоа да го направиме, истакна тој. Китански нагласи дека во наредниот период и викенд населбата во Пехчево ќе биде гордост за целиот регион.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kitanski-i-pokraj-opstruktsiite-od-tsentralnata-vlast-makotrpno-rabotime-da-ja-podobrime-opshtinata/feed/ 0
По речиси два месеци од 2023-та година: Се роди ПРВОТО БЕБЕ во Пехчево https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/po-rechisi-dva-mesetsi-od-2023-ta-godina-se-rodi-prvoto-bebe-vo-pehchevo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/po-rechisi-dva-mesetsi-od-2023-ta-godina-se-rodi-prvoto-bebe-vo-pehchevo/#respond Tue, 21 Feb 2023 14:15:45 +0000 https://kurir.mk/?p=803231

Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, денес го посети првото новородено бебе во 2023 година во Пехчево, кое е момче и донесе среќа и бериќет во семејството Абдулови од село Црник, Пехчево. Тој и претставници од локалната самоуправа, денес официјално и честитаа на мајката Шарбина Абдулова. Среќната мајка ги прими честитките, а градоначалникот лично и ја додели наградата за првороденото дете во општината, пакет производи за бебиња и парична сума во висина од 6.000 денари, за секое првородено дете во општината и 5.000 денари за новородено дете. „Сакам да ви го честитам новороденото бебе, и посакувам на малиот Ајас да биде здрав, жив, весел, радоста да го следи во текот на целиот живот, а успесите и достигнувањата да не го одминат – истакна градоначалникот Александар Китански.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/po-rechisi-dva-mesetsi-od-2023-ta-godina-se-rodi-prvoto-bebe-vo-pehchevo/feed/ 0
Китански: Реконструирани се повеќе улици, и набавена е нова лабораторија за природни науки во ОУ „Ванчо Китанов“ во Пехчево https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kitanski-rekonstruirani-se-povekje-ulici-i-nabavena-e-nova-laboratorija-za-prirodni-nauki-vo-ou-vancho-kitanov-vo-pehchevo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kitanski-rekonstruirani-se-povekje-ulici-i-nabavena-e-nova-laboratorija-za-prirodni-nauki-vo-ou-vancho-kitanov-vo-pehchevo/#respond Tue, 15 Feb 2022 13:39:01 +0000 https://kurir.mk/?p=631692

Довербата од граѓаните значеше и обврска да започнеме да го реализираме ветеното пред граѓаните и заедно со општинската администрација да создадеме услови за реализација на многу проекти кои имаат за цел, подобрување на квалитетот на живот на сите и развој на нашиот град Пехчево“, истакна градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански на настанот „100 дена локална власт – отчет на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, организиран во Кочани. Китански посочи дека поради недомаќинското работење во минатото, сметка на општината е блокирана, а долгот е најгорливиот проблем со кој се соочува Општина Пехчево, бидејќи финансиската и материјалната ситуација во општината е клучното прашање. Во неговиот говор градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански наведе и низа на проекти, кои ги реализирал во првите 100 дена на градоначалничката функција. -Во изминатите 100 дена започнавме со објавување на тендери за изградба и реконструкција на улици и завршивме и неколку улици. Завршивме со изградба на крак од Ул. Бр. 2 и Ул. Бр. 3 во Село Црник. Преку бирото за регионален развој извршивме изградба на Ул. Бр. 4, каде предвидена е изградба и на потпорни ѕидови во Село Црник, посочи Китански. Китански додаде дека Општина Пехчево преку фондот за техничка документација доби поддршка од УНДП за разрешување на приоритетни инвестициски проекти и предизвици на локалниот развој. Поддршката од страна на донаторите се состои од подготовка на техничка документација за реконструкција на прочистителна станица за вода за пиење. Крајниот резултат на проектирање на ова е нов модерен објект односно фабрика за вода во Пехчево. Тој каже дека Во ОУ „Ванчо Китанов“ опремен е нов кабинет по природни науки и набавен е специјално дизајниран инвентар наменет за лабораторија по природни науки со цел непречено изведување на експерименти и подготвување проекти. -Поставен е и систем за вршење видео надзор на локалитетот „Барски еко систем езерце“ во Пехчево со 24/7 часовна заштита за превенција од кражби, вандализам, уништување и друга форма на загрозување врз имотот и добрата, рече Китански. Тој потенцираше и дека се поставени нови контејнери за комунален отпад на повеќе локации низ Општина Пехчево. Во неговиот говор градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански истакна дека со отпочнување на градежната сезона Општина Пехчево ја очекува градежна експанзија. -Во блиска иднина ќе започнеме со изградба на улици, поставување на урбана опрема за спортско рекреативниот центар во туристичката населба „Рамна Река“ во месноста викана „Бараки“, изградба на повеќе улици во сите селски населби, во Село Негрево изградба на два надворешни тоалети и поставување на олуци на објектот со доуредување на едукативниот центар за зачувување на природата, во подрачното училиште во Село Црник ќе се изградат два надворешни тоалети, уредување на парковите и детските игралишта во локалитетот „Езерце“ и централното градско подрачје, потенцираше Китански.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kitanski-rekonstruirani-se-povekje-ulici-i-nabavena-e-nova-laboratorija-za-prirodni-nauki-vo-ou-vancho-kitanov-vo-pehchevo/feed/ 0
Китански: Како и за пожарите, така и сега за поплавите, власта на СДСМ останува без слух и не излегува во пресрет на населението https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kitanski-kako-i-za-pozarite-taka-i-sega-za-poplavite-vlasta-na-sdsm-ostanuva-bez-sluh-i-ne-izleguva-vo-presret-na-naselenieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kitanski-kako-i-za-pozarite-taka-i-sega-za-poplavite-vlasta-na-sdsm-ostanuva-bez-sluh-i-ne-izleguva-vo-presret-na-naselenieto/#respond Tue, 28 Dec 2021 20:06:54 +0000 https://kurir.mk/?p=614244

Александар Китански, градоначалник на општина Пехчево во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа рече дека покрај тоа што власта не помогнала за време на пожарите во летниот период, останала без слух и сега кога има поплави во овој крај, укажувајќи дека се соочуваат со сериозен проблем. Пехчево, Малешевијата и Пијанецот беа зафатени од огромни пожари каде што актуелната власт остана нема и глува и не излезе во пресрет на населението, додека добивавме помош од странство. Значи истото се случи и сега каде пред неколку дена на изворишниот дел на река Брегалница имавме зголемување на водното ниво од подолго влијание на врнежи на дожд и се зголеми нивото на сите притоки и на река Брегалница каде што дојде до излевање на речното корито и нанесе огромни штети на инфраструктурата на Извидничкото место Равна река, изјави Китански. Китански додаде дека сметката на општината е блокирана, а Пехчево нема доволни финансии за сама да се справи со ова, додавајќи дека уништена е патната инфраструктура, но може да дојде и до паѓање на асфалтниот пат, како и дека е уништена атмосферска, водоводна и фекална канализација. Значи со сопствени сили и ресурси од општината, комуналното претпријатие и месното население се справивме со оваа проблематика. Ние како општина со ресурсите кои ги имаме успеваме да се санираат некои работи, но ние како општина која е презадолжена и со блокирана сметка и со мали финансии не можеме целата таа работи да ја средиме без државата. Но, државата останува без слух и никако не доаѓа да види што точно се случува, дали треба да се помогне. Значи имаме големи штети, уништена е патната инфраструктура значи може да дојде до паѓање на асфалтниот пат, однесена е атмосферска и водоводна канализација, фекална канализација. Значи имаме сериозен проблем, вели тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kitanski-kako-i-za-pozarite-taka-i-sega-za-poplavite-vlasta-na-sdsm-ostanuva-bez-sluh-i-ne-izleguva-vo-presret-na-naselenieto/feed/ 0
Китански: Сами се справувавме со последиците од поплавите, потребно е Владата и институциите да помогнат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kitanski-sami-se-spravuvavme-so-posledicite-od-poplavite-potrebno-e-vladata-i-instituciite-da-pomognat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kitanski-sami-se-spravuvavme-so-posledicite-od-poplavite-potrebno-e-vladata-i-instituciite-da-pomognat/#respond Mon, 20 Dec 2021 10:28:26 +0000 https://kurir.mk/?p=610737

Александар Китански, градоначалник на општина Пехчево во телефонско вклучување во „Утрински брифинг“ на Слободен печат вели дека штетите од поплавите кои го зафатија овој регион се големи, посочувајќи дека има штета на патната инфраструктура, одрони на патот, поткопување на асфалтот кој не е безбеден за движење, како и оштетување на канализационата и водоводна мрежа. Моментално со ресурси од општината сме на терен да видиме каква е состојбата зошто пред недела време водостојот на реката беше многу голем, а сега е малку намален. Излеговме да ги видиме дополнителните штети кои се настанати од неодамнешните поплавите кои што го зафатија нашиот регион, поширокиот Источен и Југоисточен регион. Значи слободно можам да кажам од терен дека штетите на локацијата Рамна река во изворшиниот дел на река Брегалница се во алармантна ситуација со големи штети на патната инфраструктура, со одрони на патот и поткопување на асфалтот кој не е безбеден за движење, а имаме и големи оштетувања на канализационата и водоводна мрежа, а големи оштетувања имаме и на извидничкото место Бараки, детските игралишта, фудбалските и кошаркарските игралишта, вели Китански. Според Китански потребно е итно одржување на состанок со засегнатите институции како и мислење од страна на стручните лица како да се превенира и кои мерки да се преземат. Мислам дека прво треба да одржиме координативен состанок со сите институции, да излеземе на терен, да ги согледаат и да ги видат работите бидејќи тие се стручни лица во таа област, и треба да кажат како да превенираме и кои мерки да се преземат. Додека не се види ситуацијата на терен ние не можеме ништо да зборуваме, нагласи Китански. На прашањето дали воопшто нема некаква помош од страна на власта и општината, Китански вели дека сега за сега не, но дека е потреба неминовна помош од страна на централната власт. Сега за сега не, немаме никакви побарувања од нивна страна да не прашат за штетите кои се настанати. Ние секој ден излегуваме на терен затоа што тоа е голем предел, големи делници се, и допрва треба да се утврдуваат штетите. Како што реков треба да се направи план, да се достави до влада, но тоа пак мора да биде во консултација со стручни служби и со нашите институции. Мислам дека оваа ситуација е алармантна и ние сами не можеме да ја решиме. Потребна ни е неминовна помош од државата и државните институции, изјави тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kitanski-sami-se-spravuvavme-so-posledicite-od-poplavite-potrebno-e-vladata-i-instituciite-da-pomognat/feed/ 0
Китански: Во поплавите во Пехчево оставени бевме сами на себе, без никаква помош од централната власт https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kitanski-vo-poplavite-vo-pehchevo-ostaveni-bevme-sami-na-sebe-bez-nikakva-pomosh-od-centralnata-vlast/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kitanski-vo-poplavite-vo-pehchevo-ostaveni-bevme-sami-na-sebe-bez-nikakva-pomosh-od-centralnata-vlast/#respond Sun, 19 Dec 2021 13:01:15 +0000 https://kurir.mk/?p=610463

Јас како градоначалник на Oпштина Пехчево присуствував на координативниот состанок во општина Кочани, по нивна иницијатива, мојата општина е засегната од неколкуте поплави кои се случија, претежно на локалитетот Рамна река во Пехчево, во изворишниот дел на река Брегалница, каде нивото на реката беше енормно зголемен, а настанаа големи материјални штети во станбената инфраструктура, викенд куќите, како и во делот на атмосферската канализација која е во тек на изградба, како и големи оштетувања на електричните столбови на ЕВН, истакна Александар Китански, градоначалник на Општина Пехчево. -Ние како општина и комуналното претпријатие правовремено излеговме на терен со помош од многу луѓе од нашата општина кои доброволно решија да се справуваат со проблемите, а оценувам дека бевме оставени сами на себе без никаква помош од централната власт. Затоа апелирам до централните власти да имаме соработка без разлика на партиската определба, затоа што ние сме избрани да работиме во корист на луѓето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kitanski-vo-poplavite-vo-pehchevo-ostaveni-bevme-sami-na-sebe-bez-nikakva-pomosh-od-centralnata-vlast/feed/ 0
Китански: Во Пехчево ќе ги решиме сите инфраструктурни проблеми, со нови проекти, чесност и работливост ќе ја направиме општината подобро место за живеење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kitanski-vo-pehchevo-kje-gi-reshime-site-infrastrukturni-problemi-so-novi-proekti-chesnost-i-rabotlivost-kje-ja-napravime-opshtinata-podobro-mesto-za-ziveenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kitanski-vo-pehchevo-kje-gi-reshime-site-infrastrukturni-problemi-so-novi-proekti-chesnost-i-rabotlivost-kje-ja-napravime-opshtinata-podobro-mesto-za-ziveenje/#respond Mon, 06 Sep 2021 15:41:53 +0000 https://kurir.mk/?p=560241

Изминуваат последните денови од четиригодишното владеење на СДСМ на локално ниво во општина Пехчево. Ги одбројуваме последните денови на власта која пред четири години ветуваше се’ и сешто за живот на сите граѓани во Општина Пехчево ама од тоа ветување се оствари многу малку. Ветуваа изградба на градска капела, спортски игралишта, атмосферска канализација, почиста вода за пиење, ветуваа неиселување на младите, нивно враќање во родните огништа и што ли уште не, но за жал граѓаните на Пехчево не видоа ништо од тоа само беа излажани и изманипулирани, изјави на денешната прес конференција, Александар Китански, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Пехчево. Тој истакна дека во изминатото четиригодишно владеење бевме сведоци на неколку видни случаи на непотизам при што само ги наведоа граѓаните да изгубат верба во институциите на системот. - Затоа, почитувани мои сограѓани, јас Александар Китански како кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Општина Пехчево, ве повикувам да се обединиме и да ја вратиме довербата на вас граѓаните во институциите на системот и да кажеме крај на ова владеење на СДСМ. Пред се да се биде градоначалник на една општина е голема одговорност и ќе ми биде чест да работам во служба на моите сограѓани за да ја направиме Општина Пехчево подобро и помодерно место за живеење. Најпрво ќе се посветиме на решавање на горливите инфраструктурни проблеми како реконструкција на локалните патишта што ги поврзуваат околните населени места, улиците во градот и во селата. Ќе ја подигнеме хигиената во општина Пехчево на повисоко ниво, со расчистување на дивите депонии и одржување на зеленилото. Ќе се регулира водоводната и канализациона мрежа на ниво на општина, појасни Китански. Кандидатот за градочалник истакна дека како локална власт ќе се трудат да ги потикнат малите и средни претпријатија да го зголемуваат својот обем со цел да обезбедат повеќе работни места за да се спречи иселувањето на младите. - Ќе го промовираме Пехчево како прекрасна дестинација за планински туризам. Како еден од приоритетите ќе се потрудиме да обезбедиме нај современа противпожарна опрема и возила и да обезбедиме обука за млади волонтери-пожарникари. Тоа е само дел од приоритетните проекти кои ќе се најдат во мојата програма за 4-годишниот мандат. Начелата според кои се водам цел живот и со кои ќе се водам и во целата кампања и во мојот градоначалнички мандат доколку граѓаните ми ја дадат нивната доверба се чесност, работливост, транспарентност и отвореност, спрема сите луѓе без разлика на нивната политичка и верска определба, додаде Китански. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kitanski-vo-pehchevo-kje-gi-reshime-site-infrastrukturni-problemi-so-novi-proekti-chesnost-i-rabotlivost-kje-ja-napravime-opshtinata-podobro-mesto-za-ziveenje/feed/ 0
КУРИР ИНТЕРВЈУ со Китански: Пехчево ќе го направам одлична дестинација за планински туризам https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kurir-intervju-so-kitanski-pehchevo-kje-go-napravam-odlichna-destinacija-za-planinski-turizam/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kurir-intervju-so-kitanski-pehchevo-kje-go-napravam-odlichna-destinacija-za-planinski-turizam/#respond Fri, 27 Aug 2021 11:31:12 +0000 https://kurir.mk/?p=555606

Како еден од приоритетите ќе се потрудиме да обезбедиме нај современа противпожарна опрема и возила и да обезбедиме обука за млади волонтери-пожарникари, вели Александар Китански кој во интервјуто за Курир говори и за пожарите кои на почеток на месецов го зафатија малешевско-пијанечкиот крај каде според првичните проценки огнената стихија изгореа големи површини на црн бор, дрвја стари помеѓу 50 и 70 години. КУРИР: Кој беше мотивот да се трча градоначалничката трка? -Мотивот за да се кандидирам за градоначалник на Општина Пехчево произлезе од моите сограѓани. Бидејќи работам како доктор по ветеринарна медицина секојдневно сум на терен и ги согледувам и живеам со проблемите на моите согрѓани, па затоа сметав дека можам и треба да им помогнам за решавање на истите. Исто така сум и член на Советот на општината каде директно и одблиску ја следев работата на локалната власт па од тука мислам дека можеме да ги покренеме работите на подобро со чесна и одговорна работа и да ја направиме нашата општина подобро место за живеење за сите луѓе. КУРИР: Што вели скенирањето на теренот, од каде треба да се почне со работа? -Според моето скромно мислење и мислењето на луѓето со кои секојдневно се среќавам од сточари, земјоделци, луѓето од бизнис секторот, пензионери, администрација па и обичниот граѓанин во нашата општина треба да се почне буквално во сите области бидејќи во последните 4 години локална власт се ветуваше многу а се направи многу малку. КУРИР: Неодамна овој крај беше зафатен и од пожарите колкава е штетатат, што велат првичните проценки? -Да, Малешевско - Пијанечкиот крај беше зафатен од страшен 7-дневен пожар од кој штетите допрва ќе се утврдуваат. Според првичните проценки огнената стихија изгореа големи површини на црн бор, дрвја стари помеѓу 50 и 70 години. Беше изгорена и ниско стебелеста шума и помали делови со даб и смрека. Во пожарот настрадаа и земјоделски посеви, овошни насади и неколку пчеларници со поголем број на пчелни семејства. Штетите се големи бидејќи изгореа и голем број на пасишта што предизвика голем проблем за одгледувачите на крупен и ситен добиток. КУРИР: Што се планирате како проекти за вашиот градоначалнички мандат? -Пред се да се биде градоначалник на една општина е голема одговорност и ќе ми биде чест да работам во служба на моите сограѓани за да ја направиме Општина Пехчево подобро и помодерно место за живеење. Најпрво ќе се посветиме на решавање на горливите инфраструктурни проблеми како реконструкција на локалните патишта што ги поврзуваат околните населени места, улиците во градот и во селата. Ќе ја подигнеме хигиенета во општината на повисоко ниво со расчистување на дивите депонии и одржување на зеленилото. Ќе се регулира водоводната и канализациона мрежа на ниво на општина. Како локална власт ќе се трудиме да ги потикнеме малите и средни претпријатија да го зголемуваат својот обем со цел да обезбедат повеќе работни места за да се спречи иселувањето на младите. Ќе го промовираме Пехчево како прекрасна дестинација за планински туризам. Како еден од приоритетите ќе се потрудиме да обезбедиме нај современа противпожарна опрема и возила и да обезбедиме обука за млади волонтери-пожарникари. Тоа е само дел од приоритетните проекти кои ќе се најдат во мојата програма за 4- годишниот мандат. Има да се кажува и пишува уште многу, но ќе оставиме и дел да го видат граѓаните во претстојната кампања. КУРИР: Кои се начелата кои ќе ви бидат водилка во текот на работата? -Начелата според кои се водам цел живот и со кои ќе се водам и во целата кампања и во мојот градоначалнички мандат доколку граѓаните ми ја дадат нивната доверба се чесност, работливост, транспарентност и отвореност спрема сите луѓе без разлика на нивната политичка и верска определба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kurir-intervju-so-kitanski-pehchevo-kje-go-napravam-odlichna-destinacija-za-planinski-turizam/feed/ 0