Александар Књазев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Aug 2018 07:09:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Александар Књазев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Соло-настап на рускиот пијанист Николај Лугански на „Охридско лето“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/solo-nastap-na-ruskiot-pijanist-nikolaj-luganski-na-ohridsko-leto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/solo-nastap-na-ruskiot-pijanist-nikolaj-luganski-na-ohridsko-leto/#respond Fri, 03 Aug 2018 07:09:56 +0000 https://kurir.mk/?p=84049

По вчерашниот концерт заедно со виолинистот Сергеј Крилов и виолончелистот Александар Књазев, во   катедралната црква „Света Софија“ вечер соло ќе настапи рускиот пијанист Николај Лугански. Критичарите го опишуваат Лугански како пијанист со исклучителна префинетост и чувствителност, со „кристална убавина“ во свирењето слична на онаа што ја имале големите Моцарт и Шопен, како и виртуозност која потсетува на Рахманинов и на Прокофјев. Студирал на Московскиот конзерваториум во класата на видни професори – Татјана Кестнер, Татјана Николаева и Сергеј Доренски. Во текот на својата кариера настапувал во некои од најпрестижните сали во светот, како Вигмор хол во Лондон, Концертхаус во Берлин, Theatre des Champs-Enscees, во Московскиот конзерваториум, Филхармонијата на Санкт Петербург..., а соработувал и со некои од најзначајните оркестри: Лондонскиот филхармониски оркестар, Чешката филхармонија, Рускиот национален оркестар, Фестивалскиот оркестар на Будимпешта, Симфонискиот оркестар на Сан Франциско, Филхармонијата на Санкт Петербург... Лугански е чест гостин на најпознатите фестивали во светот, меѓу кои со циклусот концерти „The Proms“ одржани во Лондон, Интернационалниот пијано фестивал во Ла Рок Дантерон во Франција, Музичкиот фестивал во Раингау, Германија, Интернационалниот фестивал во Единбург, Шкотска, и многу други, уметнички директор на фестивалот „Рахманинов“ во Тамбов. Добитник е на многубројни награди и признанија, меѓу кои и „Уметник на народот на Русија“ во 2013 година. На програмата на вечерашниот концерт се дела за пијано од Дебиси, Скрајбин, Рахманинов. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/solo-nastap-na-ruskiot-pijanist-nikolaj-luganski-na-ohridsko-leto/feed/ 0
На „Охридско лето“ вечер со виолончелото на Александар Књазев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-ohridsko-leto-vecher-so-violoncheloto-na-aleksandar-knjazev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-ohridsko-leto-vecher-so-violoncheloto-na-aleksandar-knjazev/#respond Wed, 01 Aug 2018 06:02:16 +0000 https://kurir.mk/?p=83318

Првиот фестивалски ден од втората половина на „Охридско лето“ на програмата е концерт на рускиот виолончелист Александар Књазев, на сцената во катедралната црква „Света Софија“. Књазев е лауреат на бројни интернационални натпревари и еден од најдобрите виолончелисти на денешницата. Неговите настапи низ светот постојано добиваат одобрувања од публиката и критиката. Роден е во Москва каде и го започнува изучувањето на инструментот виолончело на шестгодишна возраст под менторство на Александар Федорченко. Дипломира на Конзерваториумот во Москва во 1986 година, а потоа своите студии ги продолжува на Конзерваториумот во Нижни-Новгород, каде пет години подоцна дипломира на одделот по оргули во класата на познатата Галина Козлова. Соработувал со извонредни диригенти како Евгени Светланов, Јури Темирканов, Мстислав Ростропович, Владимир Федосејев, Јури Башмет, Максим Шостакович и Ними Јарви. На полето на камерната музика негови партнери биле познатите руски имиња – виолинистот Вадим Репин, пијанистот Николај Лугански, виолинистот Виктор Третјаков, пијанистот Борис Березовски и многу други изведувачи од целиот свет. Покрај изведувачката дејност, Књажев се занимава и со образовна дејност. Тој е професор на Конзерваториумот во Москва, а редовно одржува и мајсторски-курсеви во Европа и Азија. Неговата дискографија вклучува снимки со Борис Березовски, Дмитри Мактин, Николај Лугански, Филхармонискиот оркестар на Санкт Петерсбург, изведувајќи ги притоа некои од најзначајните дела од литературата наменета за виолончело од композиторите: Јохан Себастијан – Бах, Едвард Елгар, Сергеј Рахманинов, Фредерик Шопен и др. На програмата на неговиот вечерашен соло настап се суитите 2,3 и 5 на Јохан Себастијан Бах.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-ohridsko-leto-vecher-so-violoncheloto-na-aleksandar-knjazev/feed/ 0