александар кржаловски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 Apr 2023 09:06:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png александар кржаловски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кржаловски: работните групи за уставни измени се беспредметни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krzhalovski-rabotnite-grupi-za-ustavni-izmeni-se-bespredmetni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krzhalovski-rabotnite-grupi-za-ustavni-izmeni-se-bespredmetni/#respond Tue, 11 Apr 2023 09:06:56 +0000 https://kurir.mk/?p=822760

Директорот на МЦМС Александар Кржаловски во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа истакна дека во Македонија не постои одговорност, односно тоа што се ветува на избори не се реализира и обратно. „Во случајот со Уставните измени или тоа што го прифатија Францускиот предлог, ништо од тоа не стои во нивната програма. Напротив во кампањата кога веќе беше јасно бугарското вето беше ветувано нешто сосема друго, за на крај да завршиме како во случајот со Грција, со прифаќање на позициите на другата страна прилично во целост. Проблемот со функционирањето на демократијата кај нас е во голема меркатоа што не се почитува тоа што си го говорел на изборите за кое си добил легитимитет да го спроведеш тоа кое што си го ветил“ - истакна Кржаловски. Тој посочи дека попуштањето под притисокот на другата земја се прикажува како лидерство и преземање на големи чекори. Во однос на работните групи, Кржаловски рече дека таквите активности би биле целисходни на почетокот на јули минатата година кога требаше да се постигне националниот консензус по прашањето на тн Француски договор. „Ако веќе се одеше кон одлука да се прифати договорот мораше да се качи на бродот и опозицијата. Владата сега не може да го испорача тоа што го прифати тогаш. Наместо да го исполнат тоа, Пендаровски од Мадрид посочи дека ќе се отворат широки консултации, ама веќе на првата средба го заземаа ставот дека ќе се прифати тоа и побараа сите да го прифатиме. Широките консултации од прилика тука завршија“ - рече Кржаловски и дополни, работните групи нема да се состават во полн состав со опозицијата и тогаш тие се прилично беспредметни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krzhalovski-rabotnite-grupi-za-ustavni-izmeni-se-bespredmetni/feed/ 0
„Со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ треба да се подзамислат и албанските партии, тие сега треба нешто да дадат, до сега се однесуваа по туѓи грб сто стапа не болат“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-predlogot-na-vmro-dpmne-treba-da-se-podzamislat-i-albanskite-partii-tie-sega-treba-neshto-da-dadat-do-sega-se-odnesuvaa-po-tugi-grb-sto-stapa-ne-bolat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-predlogot-na-vmro-dpmne-treba-da-se-podzamislat-i-albanskite-partii-tie-sega-treba-neshto-da-dadat-do-sega-se-odnesuvaa-po-tugi-grb-sto-stapa-ne-bolat/#respond Mon, 03 Apr 2023 18:24:27 +0000 https://kurir.mk/?p=819699

Во денешното гостување во тема на денот на Сител ТВ, Александар Кржаловски истакна дека со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ треба да се подзамислат и албанските партии, и дека и тие сега треба нешто да дадат, а до сега се однесувале како по туѓ грб сто стапа не болат. „Сега останува да видиме како СДСМ и ДУИ ќе се изјаснат. Не се прави тоа така, мора и мораше да биде консултирана опозицијата уште на почетокот. На тест се повеќе албанските партии, значи ако овие две се тргнаа на страна или анблок го одбија предлогот, останува да видиме со ДУИ што ќе се изјаснат. Тоа и ВМРО-ДПМНЕ го кажува значи ако било толку лесно еве да го направиме така, ама не е толку лесно и затоа и за ВМРО-ДПМНЕ не е толку лесно да прифатат само за да се нели почнеле приговорите. Ама не е така и сега е преамбулата купус направена нели од 1991 година колку пати е менувана“, нагласи Кржаловски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-predlogot-na-vmro-dpmne-treba-da-se-podzamislat-i-albanskite-partii-tie-sega-treba-neshto-da-dadat-do-sega-se-odnesuvaa-po-tugi-grb-sto-stapa-ne-bolat/feed/ 0
Кржаловски: И за Францускиот предлог СДСМ нудеше работни групи, на крај донесе решение какво што сака https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krzhalovski-i-za-frantsuskiot-predlog-sdsm-nudeshe-rabotni-grupi-na-kraj-donese-reshenie-kakvo-shto-saka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krzhalovski-i-za-frantsuskiot-predlog-sdsm-nudeshe-rabotni-grupi-na-kraj-donese-reshenie-kakvo-shto-saka/#respond Mon, 03 Apr 2023 18:12:54 +0000 https://kurir.mk/?p=819695

Тоа што СДСМ го кажува за вклучување во работни групи, не се прави тоа така. Опозицијата мораше да биде консултирана уште во јули лани пред да биде прифатен францускиот предлог. Тогаш се најавуваа широки консултации, ама се прифати уште првиот ден кога почнаа, изјави политичкиот аналитичар Александар Кржаловски за „Тема на денот“ во дневникот на Сител. Тој потенцираше дека не се прават така работите како што прави СДСМ, ако сакате да градите консензус прво ќе ја прашате најголемата опозициска партија, а потоа ќе одите во пошироки консултации. - Сега со ова дека само ќе се вклучат во работни групи, не верувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе прифатат. Ќе се вклучат, ако СДСМ рече дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за хрватскиот модел е прифатив. Ќе остане ДУИ уште да се изјасни, истакна Кржаловски. Според Кржаловски ВМРО-ДПМНЕ даде предлог и ако биде одбиен, да не ги обвинуваат дека не се проевропски. -ВМРО-ДПМНЕ кажува дека не може да се прифати било што само да почнат преговорите. Не е толку едноставно, мора да се договорат партиите пред да почне јавна расправа, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krzhalovski-i-za-frantsuskiot-predlog-sdsm-nudeshe-rabotni-grupi-na-kraj-donese-reshenie-kakvo-shto-saka/feed/ 0
Аналитичарот Кржаловски: ВМРО-ДПМНЕ прави одличен потег со предлогот за имплементација на хрватскиот Устав, СДСМ се затекнати и немаат одговор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiticharot-krzhalovski-vmro-dpmne-pravi-odlichen-poteg-so-predlogot-za-implementatsija-na-hrvatskiot-ustav-sdsm-se-zateknati-i-nemaat-odgovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiticharot-krzhalovski-vmro-dpmne-pravi-odlichen-poteg-so-predlogot-za-implementatsija-na-hrvatskiot-ustav-sdsm-se-zateknati-i-nemaat-odgovor/#respond Mon, 03 Apr 2023 18:06:58 +0000 https://kurir.mk/?p=819691

Според аналитичарот Александар Кржаловски, ВМРО-ДПМНЕ направи одличен потег со предлогот за имплементација на хрватскиот Устав. Како што изјави за „Тема на денот“ на Сител, ова е одличен потег на ВМРО-ДПМНЕ да ја заврти дискусијата од притисок кон нив дека не сакаат уставни измени со шокантен противудар со кој се тепаат три муви, додека пак СДСМ се затекнати и немаат одговор. -Топката се префрли на владината страна и тоа од една страна СДСМ, а од друга страна сите албански партии. СДСМ се фати во дефанзива и се шокирани од предлогот, што ја покажува леснотијата со која се прифаќаат некои работи како тоа што се прифати во јули за ова или претходно Преспа. Испаѓа на непрочитано, бидејќи најмногу циркулираше да се земе хрватскиот Устав како предлог, рече Кржаловски. Додаде дека сега испаѓа дека поинаку бидејќи или не го прочитале или не ги разбрале деталите, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ги изненади. -Додека СДСМ се мисли како да одговори, интересна е реакцијата од албанскиот блок. Први еба Алијанса за Албанците, потоа Алтернатива со одбивање, што демонстрира чудна ситуација, дека по кажува фразата „по туѓ грб, 100 стапа не болат“. Додека се удираше по македонскиот народ, се ќе прифатеа, но кога се одзема од тоа за Албанците, сега е проблем и неприфатливо. Како така? Ова што го предлага ВМРО-ДПМНЕ исто така е европски предлог, ама не им одговара на нив, истакна Кржаловски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiticharot-krzhalovski-vmro-dpmne-pravi-odlichen-poteg-so-predlogot-za-implementatsija-na-hrvatskiot-ustav-sdsm-se-zateknati-i-nemaat-odgovor/feed/ 0
Кржаловски го поддржува барањето за реципроцитет кое јавно го побара Мицкоски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krzalovski-go-poddrzuva-baranjeto-za-reciprocitet-koe-javno-go-pobara-mickoski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krzalovski-go-poddrzuva-baranjeto-za-reciprocitet-koe-javno-go-pobara-mickoski/#respond Fri, 08 Oct 2021 07:27:59 +0000 https://kurir.mk/?p=575175

Вметнувањето на бугарската заедница во Уставот не е невозможно зашто веќе имаме таква пракса. Но, експертот Александар Кржаловски вели дека тоа нема да реши проблемот меѓу Скопје и Софија бидејќи барањата од Бугарија се зголемуваат и нема гаранција дека со исполнување на ова барање на Софија ќе се деблокира европскиот пат на Македонија, објавува Сител. -Ако се бара од нас промена со вклучување на етничкото малцинство Бугари во Уставот, што не би било проблем за нас зашто имаме веќе такви случаи, но зошто тоа не се направи во Бугарија. Изговорот досега е дека тоа не е предвидено во бугарскиот Устав. Па не е предвидено и во нашиот. Да било предвидено ќе сме ги ставеле и Бугарите. Значи ние мораме да направиме измена на нашиот Устав за да се внесат тие. Зошто да не направат и Бугарите измена во нивниот Устав по тој принцип на реципроцитет. И сметам дека тие треба први да го направат тоа, да ни покажат дека тоа е европска пракса, вели Кржаловски. Кржаловски смета дека бугарската политика сега е насочена да и покаже на меѓународната заедница дека Македонија го прави целиот проблем за да го намали притисокот од западните држави. Сепак, бугарскиот новинар Ангел Петров вели дека промена на бугарскиот Устав не е возможна бидејќи таму ниту турската заедница, која е најзастапено малцинство не е вметната во Уставот. Петров смета дека сепак, впишувањето на Бугарите во Уставот нема да значи дека во јавноста ќе исчезне фразата „Еден народ – две држави“. -Таа фраза „Еден народ – две држави“ до некаде е болна тема за Бугарија. Јас не мислам дека која било одговорна влада ќе ја застапува таа теза зашто секоја официјална бугарска политика разбира дека на крајот на краиштата ние сме два одделни народи. Се разбира, јавното мислење, учебниците, општествениот дискурс е таков што сфаќа дека Македонците не се Бугари, а ние знаеме дека не се Бугари, тогаш тие се потомци или на некој начин се поврзани. Т.е. доминантниот дискурс нема да исчезне со едно впишување, вели Петров. И премиерот Заев и министерот Османи се на став дека впишувањето на бугарската заедница во Уставот не е проблем, а шефот на дипломатијата смета дека Софија се поместува од фразата „Еден народ, две држави“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krzalovski-go-poddrzuva-baranjeto-za-reciprocitet-koe-javno-go-pobara-mickoski/feed/ 0
Кржаловски: Мнозинството граѓани се незадоволни од Договорот со Грција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krzalovski-mnozinstvoto-gragjani-se-nezadovolni-od-dogovorot-so-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krzalovski-mnozinstvoto-gragjani-se-nezadovolni-od-dogovorot-so-grcija/#respond Wed, 08 Aug 2018 18:07:19 +0000 https://kurir.mk/?p=85969

Последната анкета на МЦМС е поразителна за владејачката СДСМ бидејќи во период од само неколку месеци рејтингот на власта бележи пад од 1,1 процент, додека рејтингот на опозицијата бележи пораст од 3.4 проценти и сега изнесува 24 проценти. Разликата помеѓу двете најголеми политички партии во Македонија изнесува минимални 0,4 проценти. Споредбено со анкетата на МЦМС во мај оваа година кога рејтингот на СДСМ изнесуваше 25.5 проценти, а на ВМРО-ДПМНЕ 20.6 проценти сега разликата е многу помала. Власта во овие моменти ужива рејтинг од 24.4 проценти, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 24 проценти помеѓу гласачите. На вакви резултати веќе извесен период алудираат поголемиот број на политички аналитичари и експерти кои велат декаграѓаните имаат големо разочарување во власта поради дадените лажни ветувања и погрешните чекори кои ги презема. Според политичкиот аналитичар Александар Кржаловски враќањето на рејтингот на опозицијата во најголем дел се должи на Договорот со Грција. Имено тој во гостувањето во Отвореното студио на телевизија Алфа вели дека за ваквото негово тврдење има поткрепа во целата анкета, поради фактот што мнозинството на граѓаните помеѓу 50 и 60 посто се незадоволни од договорот со Грција, односно само 28 проценти од етничките Македонци се за договорот. Тој вели дека анкетата е правена пред да станат актуелни последните корупциски скандали со тендери и тие допрва ќе имаат влијание на јавното мислење. -Моето толкување на ваквото доближување на ВМРО-ДПМНЕ и враќање на нивото, на сегашното ниво , СДСМ се нема многу поместено од она што имаше доверба и досега, ама ВМРО е вратено назад. И по мене во најголем дел се должи на договорот со Грција, односно мислам дека тоа наоѓа на поткрепа и во целата анкета дека генерално мнозинството од луѓето меѓу 50 и 60 посто вкупно, а уште повеќе кај етничките Македонци се незадоволни од повеќето одредби од Договорот. Иако на крајот дел од нив се изјаснуваат дека ќе гласаат за. Ама релативно мнозинско незадоволство има за поединечните прашања, менување на Устав, менување на името, кодовите, регистрациите и слично. Можеме да зборуваме и повеќе за тоа ама јас така го објаснувам бидејќи анкетата е правена на 24 јули до први август, тоа е мислам пред овие последни афери што беа со тендери со слични корупциски скандали. Мислам дека тие не влијаеа на овој резултат и мислам дека тие допрва ќе се разврзуваат. Аналитичарот Владимир Божиновски пак истакна дека владата на СДСМ дала преголеми очекувања кај граѓаните особено кај оние неопределените кои во голем број не гласале за сегашната власт туку против ВМРО-ДПМНЕ. Божиновски вели дека сега кога СДСМ има апсолутна централна и локална власт, фрустрацијата на граѓаните е право пропорционална со неостварените ветувања. Тој напомена дека имало момент во изминативе месеци во период кога се намалила фрекфенцијата на информации околу името па се случи аферата со пајакот, како и серија на други афери кои исто така ги фрустрирале гласачите. Божиновски за крај заклучи дека сега ВМРО-ДПМНЕ се консолидираше, ВМРО-ДПМНЕ сега претставува програма, нови политики, нови решенија и на тој начин може да се очекува дека ќе привлекува уште повеќе нови гласачи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krzalovski-mnozinstvoto-gragjani-se-nezadovolni-od-dogovorot-so-grcija/feed/ 0
Божиновски: Растот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека Мицкоски ја консолидираше партијата, довербата ќе продолжи да расте https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozinovski-rastot-na-rejtingot-na-vmro-dpmne-pokazuva-deka-mickoski-ja-konsolidirashe-partijata-doverbata-kje-prodolzi-da-raste/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozinovski-rastot-na-rejtingot-na-vmro-dpmne-pokazuva-deka-mickoski-ja-konsolidirashe-partijata-doverbata-kje-prodolzi-da-raste/#respond Wed, 08 Aug 2018 17:53:15 +0000 https://kurir.mk/?p=85959

Во отвореното студио на Алфа телевизија своите ставови за актуелните рејтинзи кои ги објави МЦМС каде се покажува раст на рејтингот на ВМРО ДПМНЕ од 3.4 %и пад во довербата на СДСМ од над 1 %, дебатираа аналитичарите Владимир Божиновски и Александар Кржаловски. Аналитичарите се согласни дека вистинското расположение за договорот со Грција и крупните афери ќе се ефектуираат на следното мерење на анкетите од септември бидејќи искуството покажува дека реалното расположение за состојбите доаѓа со задоцнување од 2 до 3 месеци. Она што резултира со зголемен рејтинг на ВМРО ДПМНЕ пред сè се должи на активизмот на партијата и консолидирањето на партијата кое го направи Мицкоски. Аналитичарот Владимир Божиновски пак истакна дека владата на СДСМ набила преголеми очекувања кај граѓаните, особено кај оние неопределените кои во голем број не гласале за сегашната власт туку против ВМРО-ДПМНЕ. Божиновски вели дека сега кога СДСМ има апсолутна централна и локална власт, фрустрацијата на граѓаните е право пропорционална со неостварените ветувања. Тој напомена дека имало момент во изминативе месеци, во период кога се намалила фрекфенцијата на информации околу името се случи аферата со пајакот, како и серија на други афери кои исто така ги фрустрирале гласачите. Божиновски за крај заклучи дека сега ВМРО-ДПМНЕ се консолидираше, ВМРО-ДПМНЕ сега креира програма, нови политики, нови решенија и на тој начин може да се очекува дека ќе привлекува уште повеќе нови гласачи. Според аналитичарот Александар Кржаловски допрва ќе се почувствува на анкетите ефектот од аферите кои сега се случуваат и се врзани со власта и нејзиното работење. -Моето толкување на ваквото доближување на ВМРО-ДПМНЕ и враќање на нивото, на сегашното ниво , СДСМ се нема многу поместено од она што имаше доверба и досега, ама ВМРО е вратено назад. И по мене во најголем дел се должи на договорот со Грција, односно мислам дека тоа наоѓа на поткрепа и во целата анкета дека генерално мнозинството од луѓето меѓу 50 и 60 посто вкупно, а уште повеќе кај етничките Македонци се незадоволни од повеќето одредби од Договорот. Иако на крајот дел од нив се изјаснуваат дека ќе гласаат „за“. Ама релативно мнозинско незадоволство има за поединечните прашања, менување на Устав, менување на името, кодовите, регистрациите и слично. Можеме да зборуваме и повеќе за тоа ама јас така го објаснувам бидејќи анкетата е правена на 24 јули до први август, тоа е мислам пред овие последни афери што беа со тендери со слични корупциски скандали. Мислам дека тие не влијаеа на овој резултат и мислам дека тие допрва ќе се разврзуваат во месец септември, вели Кржаловски кој додаца дека ефект има и раздвижувањето во ВМРО ДПМНЕ и зголемениот активизам.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozinovski-rastot-na-rejtingot-na-vmro-dpmne-pokazuva-deka-mickoski-ja-konsolidirashe-partijata-doverbata-kje-prodolzi-da-raste/feed/ 0
Кржаловски: Ако се оди сега на избори, резултатите за СДСМ може да бидат полоши и од тие во 2016-та https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krzalovski-ako-se-odi-sega-na-izbori-rezultatite-za-sdsm-moze-da-bidat-poloshi-i-od-tie-vo-2016-ta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krzalovski-ako-se-odi-sega-na-izbori-rezultatite-za-sdsm-moze-da-bidat-poloshi-i-od-tie-vo-2016-ta/#respond Mon, 12 Mar 2018 15:12:00 +0000 http://kurir.mk/?p=29313

Во дебата на „360 Степени“, Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС, зборуваше за носењето на Законот за јазици, кој во моментов е блокиран и за тоа дали кризата може да добесе нови избори. Оваа 2018 година не се планирани избори, но можно ли е кризата со Законот за јазици да доведе до тоа, беше прашањето на кое Кржаловски рече дека ништо не е невозможно, но и дека никој не би сакал да дојде до тоа. – Ништо не е невозможно, иако мислам дека никој не сака избори, дури ни ВМРО-ДПМНЕ, додека не се консолидира, а уште помалку владејачкото мнозинство, иако можеби со логика дека ќе се зголеми мнозинството и ќе се добијат доволен број на пратеници за промена на Уставот без согласност на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа може да биде меч со две острици, барем од две причини. Целата констелација на спорот со името е базирана на тоа дека нема да има избори, ниту во Македонија, ниту во Грција оваа година, и дека тоа дава простор да се испреговара “на раат“ и да се стигне до решение, барем до јули. Значи, ако има избори евентуално на есен, после јасна ситуација што ќе се случува со спорот со името и тоа можеби ќе биде појасно уште кон крајот на март или до крајот на април, кога ќе го имаме извештајот на ЕУ и дури тогаш да се размислува и во владејачката коалиција за нови избори, рече тој. Како втора причина тој го наведува ефектот на Тереза Меј од Брегзит, кога таа сметаше, а и анкетите покажуваа дека ќе добие такво мнозинство, да полагодно ги води процесите, за малку ќе се срушеше и нејзината влада. -Така да, во ваква ситуација, ако се оди сега на избори, дури и пред решавање на името, ВМРО-ДПМНЕ и тоа како може да го искористи во своја полза и можеби резултатите ќе бидат полоши за СДСМ, од локалните сигурно, а можеби и од парламентарните во 2016 година. ДУИ веројатно се надева дека секако ќе го подобри резултатот што го имаше – историскиот минимум од 10 пратеници. Меѓутоа со нерешено прашање за Законот за јазици е прашање дали тие ќе добијат поголема поддршка во албанскиот блок или другите партии ќе го искористат против нив тоа. Меѓутоа, генерално не очекувам да се оди на предвремени избори, рече Кржаловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krzalovski-ako-se-odi-sega-na-izbori-rezultatite-za-sdsm-moze-da-bidat-poloshi-i-od-tie-vo-2016-ta/feed/ 0