александар македонски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Jun 2022 05:39:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png александар македонски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На денешен ден: Починал Александар Македонски https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-deneshen-den-pochinal-aleksandar-makedonski/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-deneshen-den-pochinal-aleksandar-makedonski/#respond Mon, 13 Jun 2022 05:17:51 +0000 https://kurir.mk/?p=690003

13 јуни 2022 323 г.п.н.е.- Во Вавилон умрел Александар Македонски, син на Филип Втори Македонски и на Олимпија, ученик на Аристотел. Со своите походи, на кои неговата војска за осум и пол години мина 18.000 километри, создаде држава каква што не постоела според пространство ниту пред него, ниту по него. Роден бил во Пела, на 22 јули 356 г.п.н.е. 1831.- Во Единбург е роден Џемс Кларк Максвел, англиски физичар, најголем теоретски физичар на 19 век. Тој ги поставил теоретските основи на радиобрановите. Умрел во 1879 година. 1865.- Роден е ирскиот писател Вилијам Батлер Јејтс, добитник на Нобеловата награда за литература во 1923 година. Дела: „Ветер во трска”, „Островчиња на езерото Инисфри”, „Грофицата Кетлин”, „Мачка и месечина”, „Автобиогарфија”. 1894.- Пуштена била во сообраќај железничката пруга Битола – Солун. 1897.– Роден е финскиот тркач Паво Нурми, кој на долги патеки освоил девет златни медали на Олимписките игри во 1920, 1924 и во 1928 година. Соборил 29 пати светски рекорди. 1899.- Роден е мексиканскиот композитор и диригент од индијанско потекло Карлос Чавез, основач на Симфонискиот оркестар на Мексико. Истражувајќи го мексиканскиот музички фолклор бил доминантна музичка фигура на 20 век во Мексико. Компонирал симфонии, балети, камерна музика, клавирски композиции. 1905.- Во Нешвил бил роден Адолфус Док Читам, американска џез-легенда, водечки трубач во оркестарот на Кејб Кедовеј. Умрел во Џорџтаун, на 2 јуни 1997 година. 1905.- Во Првата светска војна Германците усмртиле 162 жители на Лондон, во првото масовно бомбардирање на британската престолнина од воздух при што учествувале 14 бомбардери од типот „Гота”. 1940.- Париз бил прогласен за “отворен град” во Втората светска војна, а веќе утредента германските трупи го зазеле. 1943.- Роден е англискиот филмски актер Малколм Мекдауел кој главно толкувал улоги на арогантни, асоцијални и неморални ликови. Филмови: „Ако”, „Пеколниот портокал”, „Среќен човек”, „Ројал флеш”, „Калигула”. 1943.- Во месноста Лопушник, Кичевско, во близина на партизанската печатница, загинал Кочо Рацин, македонски поет и револуционер, еден од основоположниците на современата македонска литература. Телото на Кочо Рацин било погребано во близина на Печатницата во Лопушник, од каде што, по ослободувањето, неговите посмртни останки биле пренесени во родниот Велес. Најпознато негово дело е збирката песни “Бели мугри”. Роден е во Велес, на 22 декември 1908 година. 1956.- Последните британски трупи ги напуштиле базите кај Суецкиот Канал, препуштајќи му го, по 74 години, овој воден пат на Египет. 1982.- Умрел кралот на Саудиска Арабија, Калид ибн Абдул Азиз, кој го наследил престолонаследникот Фахд. 1983.- Американскиот вселенски брод „Пионир 10” поминувајќи покрај Нептун станал првото летало направено со човечка рака кое излегло надвор од Сончевиот систем. 1986.- Во Њујорк умрел Бени Гудман, американски великан на џезот и кларинетист. Роден е во 1909 година. 1993.- Ким Кемпбел станала прва жена премиер во историјата на Канада. 1993.- Во Скопје умрел Васил Куновски, македонски писател. Неговото поетско дело за деца е мошне обемно. Првата негова објавена книга (во 1950 година) е песната „Волшебното ливче“, а последната е публикувана во 1984 година со наслов „Оро весело“ (поезија за предучилишна возраст). Роден бил во Дебар, на 20 ноември 1916 година. 2003.- Усвоен бил Нацрт-уставот на Европската унија. 2003.- Во селото Дрслајца, Струшко, умрел Крсте Чачански, македонски писател. Првата негова објавена книга е „Бреговина“ (поезија, 1972 година), а последна „Книга на небото“ (роман, 2000 година). Носител бил на значајни книжевни награди, меѓу кои и на „Рациновото признание“. Роден бил во село Дрслајца, на 25 септември 1949 година. 2006.- На 82-годишна возраст во Охрид починал познатиот македонски ликовен уметник Вангел Наумовски. Со своето творештво Наумовски во 60-тите години на дваесеттиот век станал познат не само во Македонија, туку и во европски и светски рамки. Охрид и особено езерскиот имагинарен свет постојано се присутни во делата на Наумовски. Покрај ликовно творештво, тој остави траги и со својот литературен ангажман. 2008.- Талибанските бунтовници во воздух ја кренале главната порта на најголемиот затвор во авганистанскиот град Кандахар, при што од затворот побегнале речиси сите затвореници, а ги имало околу 1.150, меѓу кои и 400 талибанци. 2008.- Умрел американскиот новинар Тим Расерт. Бил шеф на Бирото на телевизијата Ен-Би-Си (НБЦ) во Вашингтон, познат и како домаќин на политичката емисија „Средба со печатот” која ја водел од 1991 година. Пред новинарската кариера, Расерт работел во американскиот Сенат. Автор бил на повеќе популарни високотиражни публицистички книги.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-deneshen-den-pochinal-aleksandar-makedonski/feed/ 0
Споменикот „Воин на коњ“ бил договорен од СДСМ и ДУИ: Александар Македонски во минатото за СДСМ беше најголем македонски крал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spomenikot-voin-na-konj-bil-dogovoren-od-sdsm-i-dui-aleksandar-makedonski-vo-minatoto-za-sdsm-beshe-najgolem-makedonski-kral/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spomenikot-voin-na-konj-bil-dogovoren-od-sdsm-i-dui-aleksandar-makedonski-vo-minatoto-za-sdsm-beshe-najgolem-makedonski-kral/#respond Wed, 20 Jun 2018 08:40:10 +0000 https://kurir.mk/?p=67745

Откако Владата на Република Македонија соопшти дека е постигнат договор за спорот со името со Грција, договор кој според многу е катастрофален за македонската страна, од таму информираа дека споменикот „Воин на коњ“ ќе се преименува во Александар Македонски, меѓутоа ќе се прецизира дека потекнува од Хеленското наследство и ја отсликува хеленската култура. -„Воинот на коњ“ во тоа што вистински е, Александар Македонски и ќе дадеме објаснување во рамките на споменикот за што станува збор. Односно Александар Македонски како дел од хеленскиот антички период и како светско културно наследство, изјави на прес конференција Миле Бошњаковски. Со договорот Владата сега се откажува од Александар Македонски како македонско културно наследство, а споменикот кој е поставен на плоштадот во Скопје, според зборовите на претседателот на ДУИ и коалиционен партнер во сегашната Влада предводена од СДСМ и Зоран Заев бил договорен токму во времето кога истите партии биле коалициони партнери во власта во периодот од 2002 до 2006 година. Ова тврдење Али Ахмети го изјави во 2011 година во емисијата на сегашниот министер во Владата, Роберт Поповски. -Друго што сакав да потенцирам во однос на поставувањето на Александар Велики, да бидеме искрени, е одлучено во време на владеењето на ДУИ и СДСМ. Донесена е одлуката во градот Скопје, и таа е изгласана во советот на град Скопје. Одлуката за поставување на Скендербег е донесена во град Скопје, а и за поставување на Александар Велики, изјави Али Ахмети во 2011 година, во гостувањето во емисијата Х/0, на сегашниот министер задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски. Во 2011 година од СДСМ ниту ја потврдија, ниту ја демантираа оваа информација. Инаку, долги години реториката на сега владејачката партија беше дека преку споменикот „Воин на коњ“ власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги нарушувала односите со Грција. Во минатото на партиските прес конференции СДСМ изјавуваше дека Александар Македонски е една од најзначајните личности во историјата на Република Македонија. Иако сега како власт СДСМ се откажа од него како дел од македонската историја, поранешната пратеничка на сегашната владејачка партија, Ана Павлоска Данева говореше друго. -СДСМ нема ништо против оддавање на почит кон ликот и делата на значајни историски личности во Република Македонија, вклучително и на Александар Македонски, Мајка Тереза, Ченто, Кузман Јосифовски Питу итн., изјавуваше Павловска Данева. Александар Македонски е најголемиот македонски крал и за Љубомир Јанев, министер за животна средина во Владата на СДСМ од 2002 до 2004 година, како и градоначалник на Кочани од 2005 до 2009 година, позиција на која дојде како кандидат на СДСМ. -Оваа манифестација насловена како царот на царевите, кралот на кралевите- Александријада, во чест на2361 година од раѓањето на нашиот најголем крал Александар Македонски, изјави Јанев како градоначалник на Кочани на отворањето на манифестацијата Александријада. Инаку, голем број граѓани секојдневно жестоко кажуваат дека се против овој договор, кој според нив е капитулантски и катастрофален за Република Македонија, договор каде се сруши основната црвена линија на македонската страна, т.е. се прифати ерга-омнес решение, името да биде севкупна употреба, што ќе донесе до менување на Уставот на државата, нешто што и самиот премиер Заев вети дека нема да се случи додека беше во опозиција.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spomenikot-voin-na-konj-bil-dogovoren-od-sdsm-i-dui-aleksandar-makedonski-vo-minatoto-za-sdsm-beshe-najgolem-makedonski-kral/feed/ 0
Владата ќе го преименува „Воинот на коњ“ со објаснување дека е дел од хеленскиот антички период https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-kje-go-preimenuva-voinot-na-konj-so-objasnuvanje-deka-e-del-od-helenskiot-antichki-period/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-kje-go-preimenuva-voinot-na-konj-so-objasnuvanje-deka-e-del-od-helenskiot-antichki-period/#respond Wed, 13 Jun 2018 11:30:31 +0000 https://kurir.mk/?p=65412

Споменикот „Воин на коњ„ нема да се урне, туку ќе се преименува во Александар Македонски, изјавил портпаролот на Владата Миле Бошњаковски за Макфакс. – Спомениците кои ја отсликуваат хеленската култура како историско наследство на светот, ке го добијат тој епитет. „Воинот на коњ“ ќе го преименуваме во Александар Македонски и ќе дадеме објаснување дека е дел од хеленскиот антички период и како светско културно наследство. Нема уривање, тој станува симбол на пријателство меѓу Македонија и Грција. Ние не се срамиме да ги нарекуваме спомениците така како што се, кажа Бошњаковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-kje-go-preimenuva-voinot-na-konj-so-objasnuvanje-deka-e-del-od-helenskiot-antichki-period/feed/ 0
Твитер заедницата алармира: Ноќва ќе се руши споменикот на скопскиот плоштад? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tviter-zaednicata-alarmira-nokjva-kje-se-rushi-spomenikot-na-skopskiot-ploshtad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tviter-zaednicata-alarmira-nokjva-kje-se-rushi-spomenikot-na-skopskiot-ploshtad/#respond Wed, 21 Mar 2018 21:09:02 +0000 http://kurir.mk/?p=31974

Целата македонска Твитер заедница алармира дека поради доаѓањето на Коѕијас, ноќва ќе биде направен обид да се сруши споменикот на Александар Македонски кој се наоѓа на плоштадот Македонија во центарот на Скопје. На Твитер и Фејсбук се објавуваат фотографии од огромен кран со носивост од 80 тона кој е способен да го крене целиот споменик. Според Твитер заедницата кранот е од моделот KATO NK 800 и е донесен од Бугарија специјално за оваа намена. Истите пишуваат дека и полицијата се подготвува за овој чин и за реакцијата на населението. Македонците веќе најавија дека по секоја цена ќе го спречат тргањето на споменикот и омаловажувањето кое тој чин би го направил македонскиот народ. После објавите на Твитер заедницата, народ почна да се собира на плоштад. ИЗВОР-РЕПУБЛИКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tviter-zaednicata-alarmira-nokjva-kje-se-rushi-spomenikot-na-skopskiot-ploshtad/feed/ 0
И грчките медиуми пишуваат за отстранувањето на споменикот на Александар Велики од скопскиот аеродром https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-grchkite-mediumi-pishuvaat-za-otstranuvanjeto-na-spomenikot-na-aleksandar-veliki-od-skopskiot-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-grchkite-mediumi-pishuvaat-za-otstranuvanjeto-na-spomenikot-na-aleksandar-veliki-od-skopskiot-aerodrom/#respond Thu, 01 Mar 2018 09:04:14 +0000 http://kurir.mk/?p=26056

Од доцна синоќа дел од грчките медиуми, започнаа да ја објавуваат веста за отстранувањето на споменикот на Александар Велики од скопскиот аеродром. Информацијата ја дополнија со фотографии и видео од македонските медиуми. Од рано утрово, пак, текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА ја презедоа сите онлајн изданија на медиумите, јави дописникот на МИА од Атина. „Отстранет споменикот на Александар Велики од аеродромот во Скопје“ е насловот на веста на АНА-МПА. „Споменикот на Александар Велики со висина од 1,5 метар, што се наоѓаше во салата за пристигнувања, беше поставен во 2011 како донација од турската компанија ТАВ, која од 2010 година го води аеродромот во главниот град на ПЈРМ“, пишува грчката новинска агенција. Грчките медиуми, во текстовите потсетуваат дека со владина одлука скопскиот аеродром од „Александар Велики“ беше преименуван во „Меѓународен аеродром Скопје“, а минатата седмица, беше отстранети буквите од старото име.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-grchkite-mediumi-pishuvaat-za-otstranuvanjeto-na-spomenikot-na-aleksandar-veliki-od-skopskiot-aerodrom/feed/ 0
По буквите, тргната и статуата на Александар Македонски од скопскиот аеродром (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-bukvite-trgnata-i-statuata-na-aleksandar-makedonski-od-skopskiot-aerodrom-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-bukvite-trgnata-i-statuata-na-aleksandar-makedonski-od-skopskiot-aerodrom-foto/#respond Thu, 01 Mar 2018 08:11:48 +0000 http://kurir.mk/?p=26027

Од скопскиот аеродром синоќа е отстранет споменикот на Александар Велики, откако пред неколку дена беше тргнат и натписот. Скопскиот аеродром го доби името „Александар Велики“ во декември 2006 година, со одлука на претходната Влада, а споменикот беше поставен во 2011 година, откако ТАВ стана концесионер. Одлуката за преименување на аеродромот и на автопатот, е донесена на седница на Владата во почетокот на февруари годинава. Промената на имињата на автопатот и на аеродромот, како што објави премиерот Зоран Заев по средбата во Давос со неговиот грчки колега Алкесис Ципрас, е во знак на добра волја и затоплување на односите со Грција. Сегашното име на автопатот „Александар Велики“ се користи од јули 2008 година, а тоа име беше определено со одлука на претходната Влада. Од декември 2006 година, пак, исто така со одлука на претходната Влада, скопскиот аеродром доби име „Александар Велики“. Со оваа одлука тој е преименуван во Меѓународен аеродром „Скопје“, а сменето е и името на автопатот „Александар Македонски“ во „Пријателство“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-bukvite-trgnata-i-statuata-na-aleksandar-makedonski-od-skopskiot-aerodrom-foto/feed/ 0
ФОТО: Го отстрануваат споменикот на Александар Македонски од скопскиот аеродром https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-go-otstranuvaat-spomenikot-na-aleksandar-makedonski-od-skopskiot-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-go-otstranuvaat-spomenikot-na-aleksandar-makedonski-od-skopskiot-aerodrom/#respond Wed, 28 Feb 2018 21:45:33 +0000 http://kurir.mk/?p=25960

Во моментов на Меѓународниот аеродром Скопје се врши дислоцирање на споменикот на Александар Македонски. Откако и официјално е преименуван скопскиот аеродром, следен чекор е и отстранување на споменикот на Александар Велики, по кого претходно и беше именуван аеродромот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-go-otstranuvaat-spomenikot-na-aleksandar-makedonski-od-skopskiot-aerodrom/feed/ 0
Грчев се понуди да плати за дислокација на споменикот на Александар Македонски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchev-se-ponudi-da-plati-za-dislokacija-na-spomenikot-na-aleksandar-makedonski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchev-se-ponudi-da-plati-za-dislokacija-na-spomenikot-na-aleksandar-makedonski/#respond Fri, 16 Feb 2018 14:30:35 +0000 http://kurir.mk/?p=22194

Мирослав Грчев кој е член на Комисијата која го проверува проектот Скопје 2014, се понуди да плати за дислокација на споменикот на Александар Македонски од плоштадот во Скопје. Според Грчев на споменикот „Воин на коњ“ не му преостанува ништо друго освен рушење, а „Скопје 2014“ мора да се третира како природна непогода, како општествено политичка катастрофа. Тој вели: „Ништо не кошта да се тргне Воинот на коњ од плоштад. Потребно е само камион со кран и четворица работници да го отштрафат, да го стават во камион и да го одвезат вон градот. Еве јас ќе го платам тоа, нека биде и моја донација за заздравување на македонското општство, за трасирање на патот од општество на кретени во демократско општество“. Ова не е ни прва ни последна скандалозна изјава на Мирослав Грчев. Тој е познат по своите анти-македонски и анти-државни ставови, за него македонската држава, нација и култура се измислени во рамките на поранешна Југославија.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchev-se-ponudi-da-plati-za-dislokacija-na-spomenikot-na-aleksandar-makedonski/feed/ 0