александар маленко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Apr 2020 16:24:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png александар маленко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Александар Маленко ги откри причините за четвртиот развод https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/aleksandar-malenko-gi-otkri-prichinite-za-chetvrtiot-razvod/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/aleksandar-malenko-gi-otkri-prichinite-za-chetvrtiot-razvod/#respond Thu, 02 Apr 2020 16:24:25 +0000 https://kurir.mk/?p=326339

Маленко се разведе од четвртата жена! Абе какви се тие ексклузивни пишувања за мојот приватен живот и за брак кој завршил пред 18.5 месеци или пред година и пол, како сакате, вели Александар Маленко, пливач и актуелен претседател на Пливачката федерација, за mms.mk. Тој по вчерашното гостување на Алфа телевизија каде, како што вели, само рекол –„сам сум“ ги натера медиумите да пишуваат за развод со сопругата Фанче од Охрид, со која ги има децата Доминик (6.5) и Елисеј (4.5). -Со Фанче решивме да се разделиме пред година и пол и до сега никаде ништо не сум спомнал. Да, бевме седум години во брак, имаме две синчиња и бракот заврши со пријателска разделба, без трауми. Животот продолжува понатаму, ние сме во комуникација и понатаму, а децата поради работата, бидејќи веќе три години живеам и работам во Скопје, не се секој ден со мене и не ги гледам како треба. Тие се со Фани и живеат во нашиот дом во Охрид. Нема драма, нема помпезност, нема ниту трауми. По седум години брак се разделивме и толку. Тоа е наш приватен живот и никого не замараме. И нема потреба. Кому да му полагаме сметка, нема потреба од експонирање. Мене само ми е смешно што никој не ми се јавил да ме праша и сега коментираат за нешто што се случило пред година и пол, вели пливачот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/aleksandar-malenko-gi-otkri-prichinite-za-chetvrtiot-razvod/feed/ 0
Кривична пријава за Александар Маленко (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/krivichna-prijava-za-aleksandar-malenko-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/krivichna-prijava-za-aleksandar-malenko-foto/#respond Thu, 18 Jul 2019 09:01:10 +0000 https://kurir.mk/?p=219699

Претседателот на Националната пливачка федерација, Александар Филипчев поднесе кривична пријава за Маленко поради измама и злоупотреба.

Бранувањата во македонското пливање продолжуваат, а по најавата на најдобриот македонски пливач, Марко Блажевски дека размислува повеќе да не настапува за Македонија, конкретен чекор направи и претседателот на Националната пливачка федерација (НПФ), Александар Филипчев. Филипчев поднесе кривична пријава за измама и злоупотреба на Александар Маленко. Претседателот на Националната пливачка федерација се одлучи на ваков чекор за да стави крај на манипулациите на Маленко. На барање на пливачките клубови во Македонија беше свикано вонредно собрание на кое се смени името на федерацијата, Пливачката федерација на Македонија (ПФМ) се преиименува во Национална пливачка федерација на РСМ, а исто така поради незадоволство од работата беше сменет тогашниот претседател Александар Маленко и беше избран Филипчев за нов предводник. Одлуките од тоа собрание се спроведоа во Централниот регистар на Македонија кој ги потврди промените. Исто така беше известена и светската пливачка федерација (ФИНА), но и покрај тоа Маленко се уште се претставува за претседател на ПФМ. Филипчев и НПФ сметаат дека Маленко со таквите настапи го нарушува угледот на пливањето, на федерацијата и на самата држава и поради тоа се одлучија да му поднесат кривична пријава за измама и злоупотреба. Извор: Слободен печат]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/krivichna-prijava-za-aleksandar-malenko-foto/feed/ 0
Случај Поп Ацев: Маленко вели не е крив, во федерацијата поднесена оставка, АМС жали што не била порано информирана https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/sluchaj-pop-acev-malenko-veli-ne-e-kriv-vo-federacijata-podnesena-ostavka-ams-zali-shto-ne-bila-porano-informirana/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/sluchaj-pop-acev-malenko-veli-ne-e-kriv-vo-federacijata-podnesena-ostavka-ams-zali-shto-ne-bila-porano-informirana/#respond Thu, 09 Aug 2018 18:56:28 +0000 https://kurir.mk/?p=86314

Еден од најдобрите македонски пливачи во историјата и светски првак  во маратонско пливање за 2015 година и првиот Македонец кој победил на Охридскиот маратон, остана без учество на Европското првенство во Глазгов, откако Пливачката федерација на Македонија не го пријавила за учество, иако како што тој вели уште во февруари ја исполнил нормата дадена од ПФМ. -Чувствувам обврска да ја објаснам сегашната ситуација околу Европското Првенство во Глазгов. Во Февруари ја исполнив нормата дадена ПФМ за настап на Европското Првенство и во изминатата година цела моја енергија фокус тренинг и мотивација беше за ова Првенство. До последен ден добивав лажни информации од ПФМ и верував дека се е во ред со мојот настап. Може да замислите колку беше разочарувачки и тажно за мене кога со веќе пола спакувана торба видов на стартната листа (пред само два дена) дека моето име не е таму. Имам едно објаснување од ПФМ( нема ни да се осмелам да го објаснувам зашто е патетично и понижувачко ) и сосема спротивно од ЛЕН која вели дека мојата Федерација не пратила пријава воопшто. За тие кои ме познаваат или кои се натпреварувале на интернационално ниво ќе разберат дека за моите разочараност огорченост и болка нема зборови да се опишат. Уште поболно е дека луѓето одговорни за оваа ситуација се натпреварувале на исто ниво и се свесни колку ми значеше настапот на ова Првенство и колку можев да постигнам. Мислам дека тешко ќе му биде на секој нормален човек да си објасни зашто ова ми го направија и до последен момент ме лажеа, но ако некој знае слободно нека пише во коментар или нека ми се јави, пишува на Фејсбук Поп Ацев. Тој статусот на Фејсбук го завршува со констатација дека ниту еден спортист не заслужува и не треба да го доживее тоа што тој го доживеал, па дека од таа причина решил јавно да сподели. Овој статус на Поп Ацев и потегот на ПФМ предизвика жестока дискусија кај многумина на социјалните, кои сметаат дека Поп Ацев со оглед на неговите досегашни успеси, како и со тоа дека ја исполнил нормата требало да добие шанса за настап во Глазгов. Од ПФМ, во соопштение потпишано од претседателот Александар Маленко, пак велат дека Поп Ацев не ги исполнил условите за учество, иако пливачот го тврди спротивното. Тој во својот статус на Фејсбук кажа дека имал обезбедено норма за настап на првенството во Глазгов. Случајот околу Поп Ацев, сепак не завршува, од федерацијата тврдат дека тој не ги исполнувал условите, пливачот пак тврди бил лажен до последниот ден од нивна страна. Дополнителна дамка на работата на федерацијата пак фрла и денешната оставка на членот на Управниот одбор на ПФМ, Александар Поповски, кој како причина ја наведе неправдата направена кон Поп Ацев. -Се работи за неправда која му е нанесена на нашиот пливач Евгениј Поп Ацев …. Од март месец до денешен ден на повеќе наврати раководството на ПФМ, од неразбирливи причини за мене го опструираат неговото учество на значајни маратонски трки, а врв на сето тоа однесување е ненавременото пријавување за Европското првенство кое се одржува во Глазгов и покрај ветувањата од нивна страна пред месец дена дека се е во ред и дека Евгениј ќе настапи на истото, наведува Поповски. Откако еден од најдобрите пливачи во историјата на Македонија ја загуби шансата за настап во Глазгов и јавно го обелодени овој скандал, Агенцијата за млади и спорт (АМС) реагираше во врска со случајот на Евгениј Поп Ацев и по повод последните случувања во Пливачката федерација на Македонија (ПФМ). Од АМС наведуваат дека внимателно го следат случајот. –Евгениј Поп Ацев е еден од најуспешните македонски пливачи и еден од најголемите спортски амбасадори на нашата држава, кој безрезервно е поддржан во сите неговите настапи и натпреварувања од страна на АМС. Изразуваме жалење што АМС не била порано информирана дека иако има постигнато норма нема да биде пријавен да учествува на ова првенство, како би можеле писмено да реагираме до надлежните меѓународни спортски институции и да најдеме начин да го поддржиме, стои во соопштението на АМС. Од Aгенцијата нагласуваат дека се залагаат за системско решавање на проблемите во пливањето, за во иднина да нема вакви случаи, кои се на штета на спортот и спортистите, кои ја претставуваат нашата земја. –Ги повикуваме сите инволвирани кои одлучиле Евгениј да не учествува во Европското првенство во Глазгов да се произнесат во јавноста со сериозни факти и аргументи врз кои ја донеле оваа одлука и да сносат соодветна одговорност, наведуваат од АМС. Инаку, Поп Ацев има големи успеси во кариерата, како што веќе споменавме како што е победата на Охридскиот маратон во 2015-та, прв Македонец кој успеал во тоа, како и титулата светски првак во маратонско пливање истата година, тој во 2015-та беше и прогласен за спортист на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/sluchaj-pop-acev-malenko-veli-ne-e-kriv-vo-federacijata-podnesena-ostavka-ams-zali-shto-ne-bila-porano-informirana/feed/ 0
Кривична пријава за Александар Маленко за лажно претставување- еве ги деталите https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/krivichna-prijava-za-aleksandar-malenko-za-lazno-pretstavuvanje-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/krivichna-prijava-za-aleksandar-malenko-za-lazno-pretstavuvanje-eve-gi-detalite/#respond Sun, 24 Jun 2018 11:52:27 +0000 https://kurir.mk/?p=69162

Генералниот секретар на Пливачката федерација на Македонија, Марјан Соколовски, во интервју за весникот „Вечер“ вели дека Александар Маленко ќе биде гонет со кривична пријава заради лажно претставување како претседател на Пливачката федерација на Македонија, а дополнително ќе добие и прекршочна пријава за своите постапки. Соколовски, кој на крајот од минатиот век беше еден од тренерите кои работеа со Александар Маленко кога тој беше најдобриот пливач во Македонија, во интервјуто ги објаснува постапките на својот пулен, што предизвикало дуализам и фантомска појава на две федерации и поделеност на клубовите и пливачите. – Претставувајќи се како претседател во Пливачката федерација на Македонија и во ФИНА, самиот себеси си се демантира дека бил во својство на претседател, иако таа функција цело време му припаѓаше на Александар Почевски. Ние сакаме да спречиме тој повеќе да се појавува како претседател на ПФМ. Исто така ќе поднесеме кривична пријава против него, бидејќи тој се потпишал на два документа на кои не смеел да го направи тоа, вели Соколовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/krivichna-prijava-za-aleksandar-malenko-za-lazno-pretstavuvanje-eve-gi-detalite/feed/ 0
Маленко: Јас сум легитимен претседател на ПФМ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/malenko-jas-sum-legitimen-pretsedatel-na-pfm/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/malenko-jas-sum-legitimen-pretsedatel-na-pfm/#respond Thu, 08 Feb 2018 12:49:35 +0000 http://kurir.mk/?p=19574

Претседателот на Пливачката федерација на Македонија, Александар Маленко, ги отфрли обвинувањата дека е избран на нелегитмно собрание и ја оспори иницијативата покрената од 15 клуба за организирање на вонредно изборно Собрание. Тој го обвини директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Дарко Каевски за мешање во работата на ПФМ. - Ние сме раководството на ПФМ, а повод за денешната прес-конференција е пред се да ја запознаеме јавноста за случувањата во федерација, поконкретно со иницијативата за одржување вонредно Собрание. АМС доставила допис до Иницијативниот одбор, до Владата на РМ, до пливачи клубови, а никаде не стои до ПФМ. Јас одговорно тврдам дека ние како Пливачка федерација немаме добиено никакво писмо со печати и потписи од клубови, за било какво барање на Собрание. Доколку има барање од две третини од членките на ПФМ, ние сме должни да закажема Собрание. На 19 октомври се одржа легитимно Собрание на ПФМ за избор на нов претседател, на тоа собрание и АМС имаше свој претставник – инспектор за спорт кој ја потврди легитимноста. За ова што го говорам постојат аудио снимки, како самиот инспектор потврдува дека се е законски, изјави Маленко. Поранешниот македонски репрезентативец најави правна борба за докажување на легитимноста на сегашното раководство на ПФМ и кажа дека имаат поддршка од светските пливачки организации ФИНА и ЛЕН. - Имаме поддршка од ФИНА и ЛЕН, како и од Македонскиот олимписки комитет (МОК). Од нив добивме признание за нашата работа во изминатиот период од нашето доаѓање. Сега поради нечии лични потреби и фрустрации, некој сака да не спречи во нашата намера да го вратиме пливањето на местото кое го заслужува. Ние сме за спортски дијалог и разговор со Владата, но како што кажа и премиерот Заев, политиката и политичарите треба да се надвор од спортот. Маленко побара да му се дозволи да го заврши мандатот, а во спротивно, како што рече, можни се санкции од меѓународните организации. - ФИНА признава четиригодишен мандат. Отворени сме за соработка во секое време. Сакаме се да биде според законот. Доколку не се реши ова, покарај нашите ингеренции како правен субјект, ние со две писма од ИОК сме опоменати како држава, дека доколку не се тргне политиката од спортските федерации се соочуваме со санкции, нешто што го потврди претседателот на МОК Васил Тупурковски. Тоа е нешто што ние не би сакале да се случи, потенцира Александар Маленко. Потпретседателот на ПФМ и легендата на македонско пливање на долги патеки, Томи Стефановски апелира да се најде заеднички јазик за целата ситуација. - Влегов во оваа федерација со најдобри намери, очекував да ги решаваме проблемите со пливањето, а не да се занимаваме со вакви работи. Проблеми има и во ПФМ и во АМС и тие треба да се решат. Ние како федерација треба да комуницираме со ФИНА и со ЛЕН, како и со МОК како домашна институција, а Агенцијата за млади и спорт треба да биде наш партнер. Не треба да сме на различни страни ако ни е целта спортски резултати, посочи Стефановски. Тој побара обединување за доброто на пливањето и вклучување во работата на клубовите на истакнатите македонски пливачи со цел враќање на квалитетот на овој спорт во нашата земја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/malenko-jas-sum-legitimen-pretsedatel-na-pfm/feed/ 0