александар наков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Feb 2020 14:16:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png александар наков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Наков: Маршот на Владата за правда, нелогичен и со тоа покажа дека не успеала да ги спроведе реформите во судството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nakov-marshot-na-vladata-za-pravda-nelogichen-i-so-toa-pokaza-deka-ne-uspeala-da-gi-sprovede-reformite-vo-sudstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nakov-marshot-na-vladata-za-pravda-nelogichen-i-so-toa-pokaza-deka-ne-uspeala-da-gi-sprovede-reformite-vo-sudstvoto/#respond Tue, 18 Feb 2020 14:16:52 +0000 https://kurir.mk/?p=305565

Маршот на Владата за правда индиректно значи и неуспех на реформите во судството. Ова го оценува правникот Александар Наков за телевизија Алсат-М. Тој рече дека владата имала доволно време да спроведе соодветни мерки за подобрување на состојбата на судството во однос на барањата на граѓаните и меѓународните препораки. Според Наков, овој марш докажува дека Владата е виновна за ситуацијата во судството, покрај судиите и обвинителите. - Тој марш не можам да го разберам. Правдата и правото ги бараат граѓаните, а не Владата. Граѓани излегоа синоќа, но во многу мал број. Ова покажува дека владата ниту го избрала времето, ниту вистинскиот начин да одговори. Овој протест или марш воопшто не беше неопходен. Секој знае дека избраните лица, вклучително и судии и обвинители, се должни да ја извршат работата што им е доверена, рече Александар Наков, поранешен обвинител. Наков додава дека овој чин на власта е за да спречи реакција на опозицијата, која според него има доволно аргументи за да може од Владата да бара одговорност заради судските реформи. - Нема што да се крие. Владата не успеа да ги спроведе реформите во правосудството, почнувајќи од препораките на Прибе, Хојт Ји а и препораките на францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние кој беше многу директен за тоа што не е постигнато, што ни недостасува, кои се услови за членство во ЕУ и без извршување на овие задачи во некои поглавја, а особено во судството, датумот за преговори и членство ќе биде тежок, рече Александар Наков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nakov-marshot-na-vladata-za-pravda-nelogichen-i-so-toa-pokaza-deka-ne-uspeala-da-gi-sprovede-reformite-vo-sudstvoto/feed/ 0
Наков: Има основи за притвор на Јанева, таа не смееше да ја напушти земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nakov-ima-osnovi-za-pritvor-na-janeva-taa-ne-smeeshe-da-ja-napushti-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nakov-ima-osnovi-za-pritvor-na-janeva-taa-ne-smeeshe-da-ja-napushti-zemjava/#respond Sat, 10 Aug 2019 12:53:50 +0000 https://kurir.mk/?p=228370

Однесувањето на јавното обвинителство во рамки на случајот „Рекет“ не е соодветно на Законот за кривична постапка, како и на индициите што произлегуваат од досега објавените снимки, кои се доказен материјал во постапката, вели во изјава за Фокус адвокатот Александар Наков, кој е поранешен долгогодишен јавен обвинител. -Републичкиот јавен обвинител, ниту надлежниот јавен обвинител не смееја да дозволат специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, чиј глас се слуша во објавените разговори, да ја напушти државата, туку мораа да ги соберат сите докази за окончување на постапката. Обвинителството треба да утврди и да каже дали нејзиниот телефон што прво наводно беше загубен во странство, па беше најден форматиран кај роднина на Јанева, е нејзин приватен или службен и да се утврди нејзината комуникација. Освен што досега секако требаше да биде повикана на распит, има длабоки основи за изрекување на притвор на Јанева, бидејќи може да влијае врз доказите и постапката – вели Наков, прашувајќи кој гарантира дека таа сега ќе се врати во земјава? Според него, овој случај има поголема тежина и со аферата со масовно прислушување на граѓаните преку системите на државната безбедност, поради, како што вели, очекувањата на граѓанството дека ќе профункционира правната држава по политичките промени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nakov-ima-osnovi-za-pritvor-na-janeva-taa-ne-smeeshe-da-ja-napushti-zemjava/feed/ 0