Александар Петличковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Aug 2023 20:25:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Александар Петличковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Петличковски: При каснување од крлеж што побрзо да се побара медицинска помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-pri-kasnuvane-od-krlezh-shto-pobrzo-da-se-pobara-meditsinska-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-pri-kasnuvane-od-krlezh-shto-pobrzo-da-se-pobara-meditsinska-pomosh/#respond Tue, 15 Aug 2023 18:29:11 +0000 https://kurir.mk/?p=867122

Доколку се случи да бидеме каснети од крлеж, треба што побрзо да побараме медицинска помош, а не да се обидуваме самите да ја завршиме работата дома, изјави вечерва на „Сител“, претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски. -Последната сериозна епидемија со конго-кримска хеморагична треска, се случила во 1971 година. Значи, многу одамна. Изминатите неколку години има еден пријавен случај, кој не завршил во болница, лабораториски потврден случај, се работи за прилично ретка состојба, рече Петличковски. Тој истакна дека болеста може да биде многу тешка во голем број случаи. - Кај голем дел болеста ќе помине без симптоми. Кај оние кај кои ќе се јави температура во првите неколку денови, има шанси во 40 отсто од нив, да прогресира болеста и да заврши фатално. Се работи за сериозна болест, потенцираше Петличковски. Тој се осврна и на лекот „рибавирин“. - Комплетно е погрешно да се дава лекот, на пример, за превенција, ако лицето знае дека било во контакт со сомнителна личност, да го прими превентивно, не постои такво нешто. Се знае точно кога тој треба да му се даде на пациентот, нагласи Петличковски. Сите крлежи, додаде, не се заразни. На прашање дали може да се заразиме со болеста преку домашни миленици, тој одговори дека тоа е реткост. - Многу ретко може да се заразиме од домашни миленици. Крлежите што го пренесуваат овој вирус, специфично се закачуваат на голема стока, значи крави, говеда, овци, кози. Тие се нивниот прв домаќин. Теоретски, веројатно можно е и домашните миленици некогаш да пренесат, но, шансите се прилично мали, вели Петличковски. Тој повтори дека добра е состојбата на вториот и третиот пациент со конго-кримска хеморагична треска. Кај болничарката бил поминат критичниот период, се очекува нејзино комплетно заздравување, а тие се надеваат оти ќе нема компликации и изненадувања кај третиот пациент. Во првиот случај на конго-кримска хеморагична треска во земјава, почина 27-годишна пациентка, по инфекција со каснување од крлеж. Во вториот случај се работи за болничарка. Третиот случај кај нас е 42-годишен велешанец, а можниот начин на зараза е неговото рибарење. Прашан дали треба да се плашиме од новиот сој на коронавирус, наречен „ерис“, Петличковски одговори дека во овој момент, тоа не е потребно. На глобално ниво се зголемуваат случаите на новоинфицирани, како што посочи тој, меѓутоа нема некое сериозно нарушување на епидемиолошката состојба, нема драматично зголемување на број на случаи и „многу сме далеку од оние месеци кога се бараше кревет повеќе во здравствените институции“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-pri-kasnuvane-od-krlezh-shto-pobrzo-da-se-pobara-meditsinska-pomosh/feed/ 0
Петличковски за смртта на малата Јана: Вирусните миокардити знаат да бидат бурни, не се исклучува можноста да имала вирусна инфекција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-za-smrtta-na-malata-jana-virusnite-miokarditi-znaat-da-bidat-burni-ne-se-iskluchuva-mozhnosta-da-imala-virusna-infektsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-za-smrtta-na-malata-jana-virusnite-miokarditi-znaat-da-bidat-burni-ne-se-iskluchuva-mozhnosta-da-imala-virusna-infektsija/#respond Fri, 07 Apr 2023 19:49:34 +0000 https://kurir.mk/?p=821676

Со оглед на фактот дека малата Јана најверојатно починала од миокардит, а вирусите се честа причина за миокардит, не се исклучува можноста да имала вирусна инфекција. Лекарите во битолската болница со консултирале и со клиниката во Скопје и биле на добар пат за поставување на дијагнозата, но за жал вирусните миокардити знаат да бидат бурни и за само неколку часа може да се случува смртта. Не верувам дека во битолската болница можеле да направат нешто повеќе, истакна вечерва претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски. Според Петличковски, најчести предизвикувачи на миокардит се Аденовирусите, Парвовирусите и секако вирусните инфекции од ковид, но, како што рече, шест месеци е малку предолг период за директно да се поврзе ковидот. - Многу е веројатно дека некој вирус бил предизвикувач на миокардитот, но не можеме со сигурност да потврдиме кој е тој вирус. Шест месеци период е предолг период за да го инкриминираме ковидот и директно да посочиме дека е тој виновникот. Некој вирус многу веројатно бил, истакна Петличковски. На прашањето околу забелешката на родителите на малата Јана дека таа имала отоци во телото и дали тоа можело да биде некаков сигнал дека се случува такво нешто и да биде предупредување за лекарите, тој одговори дека отоците на очните капаци, како што вели, веројатно се поврзани со ослабување на функцијата на срцевиот мускул. - Мислам дека лекарите во битолската болница тоа веднаш го детектирале и почнале постапки за проценка на срцевата функција. Знам дека имало и консултации со клиниката во Скопје, и со Детската клиника и со Кардиологија, и прилично сум сигурен дека биле на добар пат во поставувањето на дијагнозата. За жал, некогаш овие вирусни миокардити знаат да бидат многу бурни и само за неколку часа се случува смртта, така што не верувам дека во битолската болница можеле да направат нешто повеќе, подвлече Петличковски. Исто така информираше дека во определен мал дел на овие случаи состојбата е многу тешка и ургентна и дека тоа не може да се предвиди на почеток. - Тоа се непредвидливи и многу тешки случаи и за жал немаме начин како тоа да го спречиме, посочи претседателот на Комисијата за заразни болести додавајќи дека можат да постојат некои благи симптоми но овој фулминантен тек не може да се предвиди, непредвидлив е и тешкорешлив, рече Петличковски, информирајќи и дека вирусните миокардити само околу еден процент завршуваат со смртен исход.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-za-smrtta-na-malata-jana-virusnite-miokarditi-znaat-da-bidat-burni-ne-se-iskluchuva-mozhnosta-da-imala-virusna-infektsija/feed/ 0
КРАКЕН ОФИЦИЈАЛНО НЕ Е ВО МАКЕДОНИЈА, НО ВЕРОЈАТНО Е ПРИСУТЕН – тврди Комисијата за заразни болести, утре се очекуваат 10 резултати! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kraken-ofitsijalno-ne-e-vo-makedonija-no-verojatno-e-prisuten-tvrdi-komisijata-za-zarazni-bolesti-utre-se-ochekuvaat-10-rezultati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kraken-ofitsijalno-ne-e-vo-makedonija-no-verojatno-e-prisuten-tvrdi-komisijata-za-zarazni-bolesti-utre-se-ochekuvaat-10-rezultati/#respond Thu, 19 Jan 2023 19:18:55 +0000 https://kurir.mk/?p=789479

Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски изјави дека кај нас се уште официјално не е регистрирана подваријантата на ковид Кракен, меѓутоа многу е веројатно дека е тука. Утре се очекуваат резултати од секвенционирање на десетина примероци. -Во тек е во моментов нова рунда на секвенционирање на неколку десетина примероци. Очекуваме утре да имаме резултати од тоа секвенционирање. Не е исклучено помеѓу некои од примероците да се појави и Кракен варијантата. Добро е што сите податоци што досега ги имаме укажуваат дека повторно се работи за една варијанта која предизвикува благи симптоми и не очекуваме неговото ширење драстично да го оптерети здравствениот систем, изјави д-р Петличковски за Тема на денот на Сител телевизија. Тој тврди дека нема простор за загриженост помеѓу граѓаните. Според д-р Петличковски, епидемиолошката состојба во земјата е стабилна, а сезоната на инфлуенца започна пред две недели и би требало да трае седум – осум недели. -Се уште се движиме кон врвот, сезоната годинашаната на инфлуенца започна пред две недели и би требало да трае седум – осум недели, но според податоците од соседните земји, веќе се приближуваме на некое плато. Ова топло време не погодува многу за ширењето на грипот, така што можно е за скоро недела – две да го достигнеме максимумот. Притоа овој максимум не се разликува од максимумите кои години наназад просечно ги достигнуваме што значи ништо не очекувано во овој момент не се случува, изјави д-р Пеличковски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со зголемениот број лица со респираторни проблеми.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kraken-ofitsijalno-ne-e-vo-makedonija-no-verojatno-e-prisuten-tvrdi-komisijata-za-zarazni-bolesti-utre-se-ochekuvaat-10-rezultati/feed/ 0
Нема потврден случај на сојот „кракен“ во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-potvrden-sluchaj-na-sojot-kraken-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-potvrden-sluchaj-na-sojot-kraken-vo-makedonija/#respond Wed, 11 Jan 2023 12:34:40 +0000 https://kurir.mk/?p=785985

Нема место за паника, досега во државава нема потврден случај на сојот на коронавирусот „кракен“, изјави за МИА Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести. – Сѐ уште нема регистрирано кај нас, бидејќи последното секвенционирање на позитивните примероци на ковид е направено на 5 декември и во таа рунда на секвенционирање, не е откриен овој сој, „кракен“. Засега нема точна информација кога би било следното, отприлика на месец дена се прават тестирањата. Веројатно следните денови би имало нова рунда на секвенционирање, појасни Петличковски. Но, од податоците што ги имаат од САД и од Европа, како што нагласи, не се очекува некаков драматичен пресврт ни со оваа нова варијанта. – Таа е малку повеќе заразна од претходните, како што сите нови варијанти што се појавуваат во изминатите месеци се однесуваат, стануваат малку повеќе заразни и малку поблага клиничка слика предизвикуваат на болеста. Така да, не очекуваме некој драматичен пресврт ниту со таа варијанта, истакна Петличковски. Тој информираше дека Комисијата за заразни болести следната недела ќе има состанок и в среда ќе се разгледува состојбата. – Но, на терен, извештаите од болниците укажуваат на навистина стабилна состојба. Вкупно 30 хоспитализирани лица минатата недела, ниедно од нив на инвазивна вентилација, вкупно два смртни случаи, сѐ е како во последните три-четири месеци. Многу стабилно. Апсолутно нема простор за паника, додаде Петличковски. Доминантниот сој на коронавирусот, омикрон, доби подваријанта ХББ.1.5, позната како „кракен“, што брзо се шири низ САД, како и низ дел од европските држави. Од балканските држави, во Србија засега нема официјални информации за присуство на кракен, но, како што пишуваат дел од српските медиуми, се очекува да има наскоро, бидејќи подваријантата веќе се појави во Романија.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-potvrden-sluchaj-na-sojot-kraken-vo-makedonija/feed/ 0
Во ИЈЗ се проверува дали пациентот од Кичево има мајмунски сипаници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ijz-se-proveruva-dali-pacientot-od-kichevo-ima-majmunski-sipanici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ijz-se-proveruva-dali-pacientot-od-kichevo-ima-majmunski-sipanici/#respond Wed, 10 Aug 2022 17:08:26 +0000 https://kurir.mk/?p=716755

До Институтот за јавно здравје во текот на денот треба да пристигне примерок за тестирање на сомнителен случај на мајмунски сипаници. Пациентот е од Кичево, во добра здравствена состојба и нема потреба од хоспитализација, соопшти претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски. -Пациентот е лоциран. Контактиран е од надлежниот епидемиолог во Битола и првичната епидемиолошка анкета е завршена. Имаме достапни тестови и во ИЈЗ треба да имаме одговор дали се работи за мајмунски сипаници, изјави за Сител Телевизија Петличковски. Пациентот од Кичево пред неколку дена добил осип на телото, што е еден од симптомите на мајмунски сипаници. Претседателот на КЗБ додаде дека се направени првични лабораториски анализи, а Комисијата попладнево ќе одржи состанок за состојбата со мајмунските сипаници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ijz-se-proveruva-dali-pacientot-od-kichevo-ima-majmunski-sipanici/feed/ 0
Петличковски: Засега нема потреба од нови рестриктивни мерки, треба да се подготвувиме за есента https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-zasega-nema-potreba-od-novi-restriktivni-merki-treba-da-se-podgotvuvime-za-esenta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-zasega-nema-potreba-od-novi-restriktivni-merki-treba-da-se-podgotvuvime-za-esenta/#respond Mon, 08 Aug 2022 17:54:31 +0000 https://kurir.mk/?p=715777

Со моменталната ковид-ситуација нема потреба од нови рестриктивни мерки, последните препораки за задолжително носење на маски во болници, аптеки, јавен превоз и старечки домови засега се доволни, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски. Тој во вечерашното гостување во емисијата „Жешко столче“ на Канал 5, беше дециден дека според моменталната ситуција со околу 170 хоспитализирани со Ковид-19 во болниците, од кои 20 во Инфективната клиника и ниту еден со тешка клиничка слика, рестриктивните мерки треба да се чуваат за кога ќе бидат потребни. Сепак, бидејќи, како што истакна, вирусот изненадува и се враќа со нови верзии, сериозно ќе се размислува за отворање на прашањето за планирање на есента. – Вирусот не изненади со појава на нова верзија која уште полесно се шири и има прилично ефикасен начин да го избегне веќе стекнатиот имунитет. Во моментот во Австралија е најсериозна ситуацијата бидејќи таму е дојдена есента и во овој бран истовремено со омикронот се појавува и грип. Ситуацијата е комплексна и има прилично голем притисок врз установите и затоа сметаме дека треба малку посериозно да го отвориме прашањето за планирање на нашата есен во прв ред заради грипот и недоволната вакцинација која можеби ќе ни прави проблем наесен, оцени Петличковски. Не ја исклучи и можноста за враќање на маските во училиштата, доколку се појави потреба за тоа.. Според него, се чини дека се приближуваме до пикот на овој ковид-бран кој ќе трае неколку недели. -Потоа се очекува бројот на инфицирани да се намалува. Ќе ги видиме и бројките од неделава, но се чини дека го достигнуваме плафонот, појасни Петличковски. Во врска со колективниот имунитет, рече дека имаме остварено солидно ниво, како и во целиот свет. Но, порача дека тоа не значи гаранција за неинфицирање. – Некои повеќепати прележале, 50 проценти од населението се вакцинирани. Лицата со хибриден-комбиниран имунитет се најзаштитени од нови инфекции и тежок тек на болеста и затоа нема голем притисок врз здравствените установи, информира Петличковски. За протоколите и новите начини за лекување, рече дека тие само се прилагодуваат на новите верзии. Во врска со мајмунските сипаници, Петличковски кажа дека досега кај нас не е регистриран ниту еден случај и не очекува оваа болест да стане проблем како што е короната. Посочи дека во земјава има тестови за мајмунски сипаници. Веќе е достапна и вакцина, авторизирана од ЕМА, но масовна вакцинација не се планира. – Проширувањето не оди така брзо како што на почетокот се плашевме, веројатно изгорени од короната. Се одвива пренесување во одредени групи. Вакцините во цел свет се препорачуваат за тие ризичните групи, со ризични контакти. Не се предвидува во моментов никаде масовна имунизација, рече претседателот на Комисијата за заразни болести.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-zasega-nema-potreba-od-novi-restriktivni-merki-treba-da-se-podgotvuvime-za-esenta/feed/ 0
Петличковски: Не планираме да правиме затегнување на мерките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-ne-planirame-da-pravime-zategnuvanje-na-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-ne-planirame-da-pravime-zategnuvanje-na-merkite/#respond Fri, 22 Jul 2022 18:45:06 +0000 https://kurir.mk/?p=709112

Во овој момент немаме никаков значаен притисок врз здравствениот систем. Иако бројот на случаи со Ковид-19 рапидно расте, до болница стигнуваат малку луѓе и уште помал процент од нив имаат тежок тек на болеста. Имајќи предвид дека притисокот врз нашиот здравствен систем не е сериозен, не планираме да правиме затегнување на мерките. Ова вечерва во гостување во вестите на ТВ Сител го истакна претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, кој рече дека веројатно и поради сериозен удел на веќе стекнатиот имунитет со вакцини и прележана болест, клиничката слика која е поврзана со оваа нова варијанта на Ковид-19 не е тешка и оттука бројот на сериозни случаи, бројот на смртни случаи е многу низок. Тоа ни дава за право, посочи тој, да очекуваме дека во следните месеци ќе треба и ќе можеме да живееме со короната, да ја прифатиме како слични болести сезонски, ендемски и да се обидеме животот да го вратиме во нормала. На прашање дали се набавени најнови лекови против Ковид-19 кои се применуваат во светски рамки и дали имаме доволно стручен кадар кој би се грижел за евентуална ситуација да се наполнат болниците, тој рече дека секогаш може да биде подобро. – Во моментов се уште сме на дискусии, односно на планови за набавување на новите лекови како „Паксловид“ на пример, како антителата кои се ефикасни со омикрон инфекциите, но се уште ги немаме. За жал тие тендерски процедури, набавки, не одат лесно и брзо. Ние имаме план за количина и вид на лекови кои се покажани дека многу ефикасно делуваат во спречување на компликации кај ризичните групи. Знам дека постапката е во тек. Не знам точно кога би стигнале, но очекувам во рамките на еден месец да бидат достапни тие лекарства, рече д-р Петличковски. Во однос на стручниот кадар појасни дека не е многу променето од времето кога интензивно се полнеа болниците, но тоа што е различно е дека сега имаат извлечено некакви искуства, дека малку повеќе ги имаат прифатено и повеќе ги следат насоките за лекување и смета дека подобро ќе одговорат. На прашање кога последен пат е променет протоколот за лекување и третирање на пациенти со Ковид-19, рече дека последната верзија за која знае е од мај-јуни и во неа не се вклучени последните лекарства одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА). – На претпоследниот состанок имавме договор со колегите од Инфективната клиника да направат пресек на тоа што во моментот е актуелен пристап и очекувам да го апдејтираме, појасни д-р Петличковски. Во врска со тоа дали на Комисијата за заразни болести се зборувало за процедурата за лекување на пациентите со Ковид-19 со хемофилтрација, процедура која се применувала во Клиниката „Жан Митрев“ и колку таа помага во лекувањето на ковид пациенти, Петличковски рече за таа процедура не зборувале од причина што не постои во ниедна од препораките како официјално стојалиште на некоја светска и важна асоцијација. – Постојано се измислуваат нови технологии, пристапи во лекувањето, но спорен е начинот на кој тоа е направено. Кога одредена вулнерабилна група во овој случај пациентите треба да бидат предмет на некаква експериментална метода, пропозициите, процедурите за организирање на тоа клиничко испитување се многу строги во цел свет и ние не треба да сме исклучок од нив. Како Комисија не сме се изјасниле. Тоа е повеќе ингеренција на Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Хемофилтрација е процедура во која одредени протеински или други воспалителни молекули медијатори кои циркулираат во крвта на испитаникот, пациентот се пробува специфично да бидат елиминирани без при тоа да има загуба на крв или на плазма. Како идеја како концепт подразбира тој медијатор на воспаление „интерлеукин 6“ да се тргне од циркулацијата за да се намалат последиците кои тој ги предизвикува, бидејќи кај дел од овие пациенти се работеше за прекумерен имун одговор во голем дел поттикнат од „интерлеукин 6“, истакна д-р Петличковски. Тој посочи дека на Клиниката за нефрологија има сличен апарат, односно апарат кој може да прави хемофилтрација, кој често се користи и кај болни на интензивна нега во КАРИЛ, го користеле во ситуации каде има сепса, каде реално може да се помогне со намалувањето на токсичните или тие воспалителни медијатори во крвта. На прашање дали тој би препорачал употреба на хемофилтрација кај Ковид пациенти, рече дека би препорачал доколку види сериозна препорака од одговорна институција. – Таква препорака немам видено, рече д-р Петличковски. Во врска со вчерашната препорака на Комисијата за заразни болести за формирање на пет ковид амбуланти кои треба да функционираат во Скопје, тој појасни дека таа идеја е заговарана на почетокот на пандемијата. Потенцира дека целта е тријажирање на пациентите и нивно благовремено насочување дали се за лекување во домашни услови, дали се за лекување во секундарна и во терцијарна установа. – Од почетокот на пандемијата досега имаме огромен притисок главно на Инфективната клиника, ковид центрите на начин што штом пациентот стане позитивен дури и ако се сомнева на позитивен резултат веднаш стигнува на клиника. Тоа не е дозволиво и не може да опстане. Идејата на предлогот за фирмирање на овие амбуланти е на едно место пациентите кои се сомневаат дека можеби имаат Ковид да дојдат, да добијат клинички, физикален преглед и доктор да процени дали нивната состојба одговара на домашно лекување или можеби итно треба да се испрати во некоја болничка установа и истовремено да го добие тестирањето. Сега имаме ситуација пациентите да се јават на матичен лекар, таму да се закаже тестирање по четири, пет дена, резултатот да се добие уште по дополнителни ден, два, тоа се шест изгубени дена само во тестирање. Идејата е матичниот лекар кој ќе држи смена во овие ковид амбуланти да ја направи проценката веднаш штом човекот почувствува симптоми и веднаш да биде тестиран…, рече д-р Петличковски. Истакна дека секој матичен лекар во овие пет ковид амбуланти ќе има една смена во месец и половина. – Во сите други термини неговите пациенти остануваат со него. За време на неговата смена предвидено е да функционира замената и од тој аспект не би требало ништо да се смени освен што на пациентите ќе им се скрати лутањето и ќе се забрза поставување на дијагнозата и евентуално изолирањето на позитивните пациенти. Во наскоро време очекувам да организираме средба со трите претставници на матичните лекари. Во текот на идната недела се надевам дека ќе почнат со работи ковид амбулантите, додаде д-р Петличковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-ne-planirame-da-pravime-zategnuvanje-na-merkite/feed/ 0
Петличковски: Доколку луѓето помалку им веруваа теориите на заговор, ќе имавме 3000 помалку починати од корона https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-dokolku-lugjeto-pomalku-im-veruvaa-teoriite-na-zagovor-kje-imavme-3000-pomalku-pochinati-od-korona/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-dokolku-lugjeto-pomalku-im-veruvaa-teoriite-na-zagovor-kje-imavme-3000-pomalku-pochinati-od-korona/#respond Wed, 16 Mar 2022 20:20:00 +0000 https://kurir.mk/?p=648471

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски смета со овие 9100 починати од корона не можеме да се пофалиме дека добро поминавме во пандемијата. -Голем удел во тоа имаат ширачите на теории на заговор, бидејќи доколку потрезвено и поразумно ги прифатевме вакцините кои што беа понудени рано во почетокот на пандемијата, сега сигурно ќе имавме барем две или три илјади помалку жртви. Многу простор им дадовме на разните теории, вели д-р Петличковски во емисијата „24 анализа“. -Вакцините се некакво мерило. Имаме најнизок процент на вакцинација. Зошто баш во овој регион, приврзаниците на теории на заговор ги прифатија ваквите небулози не можам да кажам, додаде Петликовски. Според него, теориите дека ковидот е создаден за истребување на популацијата или дека е поврзан со 5Г или дека со авиони се прска алиминум хидроксид се небулози и за дете од основно училиште со барем малку образование.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-dokolku-lugjeto-pomalku-im-veruvaa-teoriite-na-zagovor-kje-imavme-3000-pomalku-pochinati-od-korona/feed/ 0
Петличковски: Голем дел на високата смртност од коронавирус се должи на нашето запоставено здравје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-golem-del-na-visokata-smrtnost-od-koronavirus-se-dolzi-na-nasheto-zapostaveno-zdravje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-golem-del-na-visokata-smrtnost-od-koronavirus-se-dolzi-na-nasheto-zapostaveno-zdravje/#respond Thu, 17 Feb 2022 17:26:36 +0000 https://kurir.mk/?p=632832

Во ниеден контекст не можам да кажам дека зголемената смртност од Ковид-19 е резултат на непочитување на протоколите. Мислам дека голем дел на високата смртност се должи на нашето запоставено здравје, истакна денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски. Според Петличковски, сите здравствени работници најдобро се обидуваат да се справат со Ковид-19. -Во ниеден контекст не можам да кажам дека зголемената смртност е резултат на непочитување на протоколи. Јас сум убеден дека сите здравствени работници според нивните сознанија најдобро се обидуваат да се справат со Ковид-19. Бројките ни се високи, да, но редовно ги споредувам со Словенија, со слична структура на населението и таму и во оваа фаза на пандемијата бројките се редовно над 20, додаде Петличковски на прес-конференција во одговор на новинарско прашање во врска со зголемената бројка на починати од Ковид-19. Тој напомена дека постојат и земји во кои има пониски бројки на починати, но тоа се земји со поразлична здравствена култура од нашата. -Да, има земји со пониски бројки, но тие земји имаат многу различна здравтсвена култура од нас. Мислам дека голем дел на високата смртност се должи на нашето запоставено здравје, рече Петличковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-golem-del-na-visokata-smrtnost-od-koronavirus-se-dolzi-na-nasheto-zapostaveno-zdravje/feed/ 0
Петличковски: Досега починаа шестмина пациенти вакцинирани со три дози https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-dosega-pochinaa-shestmina-pacienti-vakcinirani-so-tri-dozi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-dosega-pochinaa-shestmina-pacienti-vakcinirani-so-tri-dozi/#respond Thu, 10 Feb 2022 19:25:51 +0000 https://kurir.mk/?p=629836

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Д-р Александар Петличковски, вечерва во гостувањето на ТВ Сител информираше дека досега во земјава има шестмина починати од коронавирусот кои биле вакцинирани со три дози. Според него, постојат повеќе причини зошто имаме висок број на починати од почетокот на пандемијата, а меѓу нив се влошеното здравје, недоволниот опфат на имунизацијата, недостатокот на медицински лица… „Сакам да упатам апел лекарите да не даваат антибиотици на заболените во првите четири дена со инфекцијата, рече Петличковски, додавајќи дека клиничар доктор треба да процени кога и дали има потреба од тестирање и проверка на крвна слика. „Се тестира и кога треба и кога не треба. Треба да се направат индикации кога треба да се анализираат д-димери“, додаде Петличковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petlichkovski-dosega-pochinaa-shestmina-pacienti-vakcinirani-so-tri-dozi/feed/ 0