Александар Радуловиќ Фута – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Jan 2023 09:43:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Александар Радуловиќ Фута – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Смртта на сопругата и двете деца го скрши, но утеха наоѓа во ОВА: Фута ја кажал најболната вистина во една реченица https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/smrtta-na-soprugata-i-dvete-deca-go-skrshi-no-uteha-naogja-vo-ova-futa-ja-kazal-najbolnata-vistina-vo-edna-rechenica/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/smrtta-na-soprugata-i-dvete-deca-go-skrshi-no-uteha-naogja-vo-ova-futa-ja-kazal-najbolnata-vistina-vo-edna-rechenica/#respond Mon, 09 Jan 2023 09:43:03 +0000 https://kurir.mk/?p=784928

Не помина ниту еден месец од ненадејната смрт на текстописецот Милан Радуловиќ Лаќа (36). За смртта на Лаќа, која се случи во Израел на 13-ти декември, се дозна дури на 20 декември, а тој беше погребан до мајка му Марина Туцаковиќ и братот Милош на Новите гробишта во Белград на 27-ми декември минатата година. Таткото на Лаќа, познатиот композитор, аранжер и продуцент Александар Радуловиќ Фута ги поминал првите денови кога дознал дека останал без уште еден син во својот дом, а погребот го издржал храбро и достоинствено. Додека неговите блиски пријатели се грижат за него и неговата состојба, целата јавност постојано се прашува како тој се справува со оваа лоша ситуација. Извор близок до Радуловиќ го опишува начинот на живот на Фута и како тој се извлекува од тагата што засекогаш ја обви неговата куќа во црно. -Секако, Фута е човек од крв и месо и нормално дека го скрши сознанието дека останал без уште еден син, но сепак се однесува како маж, размислува трезвено и не дозволува целосно да потоне и да се откаже од себе и од животот, вели изворот, пренесува ПИНК. Свесен е што се случило, но жали за сите добри работи што можеле да ги доживеат, а кои не ги виделе ниту неговите синови, Марина, ниту тој. На еден пријател кој искоментирал дека добро се справува со ситуацијата, Фута кратко му одговорил: „Ова не ми е прв пат“. Колку и да беше болно, Фута му ја кажа на својот пријател најболната вистина во животот. -Иако неговите најблиски соработници беа малку шокирани, Фута ги собра нив буквално веднаш по погребот, ја зеде гитарата и почна да свири нови мелодии. Спасот го најде во музиката, што не е чудно, бидејќи се знае дека музиката ја има и кога ни е тешко и кога ни е убаво во животот, објаснува изворот. Радуловиќ, и покрај тагата што го снашла во животот, очигледно живее од стиховите кои сопругата Марина ги напишала на Ана Николиќ, а кои син му Милан ги сакал и често ги цитирал. Тие едноставно велат: „Животот е за живите“. FOTO: E-STOCK/DUŠAN MILENKOVIĆ, E-STOCK/ČASLAV VUKOJIČIĆ
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/smrtta-na-soprugata-i-dvete-deca-go-skrshi-no-uteha-naogja-vo-ova-futa-ja-kazal-najbolnata-vistina-vo-edna-rechenica/feed/ 0
НЕОПИСЛИВА БОЛКА: Фута Радуловиќ се огласи откако неговиот син беше пронајден мртов https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/neopisliva-bolka-futa-radulovikj-se-oglasi-otkako-negoviot-sin-beshe-pronajden-mrtov/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/neopisliva-bolka-futa-radulovikj-se-oglasi-otkako-negoviot-sin-beshe-pronajden-mrtov/#respond Tue, 20 Dec 2022 13:37:38 +0000 https://kurir.mk/?p=778181

Безживотното тело на Милан Радуловиќ Лаќа е пронајдено на сред улица, во Израел, а итната помош по пристигнувањето на местото на настанот констатирала смрт. Трагичната вест ја потврди и таткото на Лаќа, Александар Радуловиќ Фута, кој рече дека неговиот син бил пријавен за исчезнат, но дека му било кажано дека е пронајден во Тел Авив. -На 12.12 Лаќа беше пријавен како исчезнат во известувачкото одделение. Вчера добивме информација дека е пронајден на улица во Тел Авив, рече Радуловиќ. Лаќа, инаку, е син на Фута и Марина Туцаковиќ, која почина минатата година, по долгогодишна борба со тешката болест.

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/neopisliva-bolka-futa-radulovikj-se-oglasi-otkako-negoviot-sin-beshe-pronajden-mrtov/feed/ 0