Александар Ристевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Oct 2023 09:22:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Александар Ристевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 23 Октомври – 130 години подоцна, каде ли згрешивме? https://arhiva.kurir.mk/kolumni/23-oktomvri-130-godini-podotsna-kade-li-zgreshivme/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/23-oktomvri-130-godini-podotsna-kade-li-zgreshivme/#respond Mon, 23 Oct 2023 09:22:06 +0000 https://kurir.mk/?p=892125

Како што гледам, дури и по 130 години, денешниве генерации не сфаќаат ништо. Не разбираат дека борбата се води со срце, со пожртвуваност и со идеали. Дека вистинскиот водач гине А своите идеали и за својата кауза. Дека е спремен да ризикува и кариера и семејство, само за да ја истера каузата. Дека не може да има милост и договор со продадени души, кодоши и арамии. Дека мора да владее ред и поредок, и дека на секој мора да му де знае местото. Денес живееме во време на сплетки, кодишлук, злоба и комплекси. Со лажни дипломи, курварлук, роварења, ама не за кауза, туку за личен интерес. Уште тонеме. А ќе не биде ко ќе ну пукне филмот. Уште не сме до таму. Македонија ја создале мажи со став и со срце. Денес гледам многу повеќе жени со такви карактеристики. Мажите влеговме во патетиката на желбата за да се биде "ин", локалниот урбан фраерлук и чалам. Кој решил да мобилизира и води народ, овоземско признание нема да добие. Ќе биде славен кога ќе го нема. Ама ретко кој за тоа е подготвен. Денешниот ден не е за постирање селфиња, гушкање со другарчињата и јачање дека сте за Македонија. Денешниот ден е за попис пред самите себе, што се сте направиле за каузата, за Македонија, за обичниот народ, за браќата и сестрите во соседство, во дијаспората. Македонецот пред 130 години не сакал да биде ниту фраер, ниту инфлуенсер. Неќел ни да влезе во Управен, ниту да фати тендер. Со странските дипломати зборувал цврсто, стамено и решително, до ниво на фанатизам. Размислете каде денес грешите. И да, немало никогаш да дозволи да продавач на лубеници го продаде, да го апси, понижува, тргува со него, за на крајот му се смее в лице и мува да не го лази. Денес е тежок празник, ден на жалост дека борбата продолжува. Борба за независна и самостојна држава Македонија, во која слободно се живее, во која сите се еднакви по права и обврски, ви која се зборува македонски, во која народот има иднина и надмевки на лицата. Денес се остава цвеќе на гробовите и спомениците на великаните, денес се молчи и секој се преиспитува - каде ли згрешивме?! Да си жива и здрава Македонијо! Александар Ристевски]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/23-oktomvri-130-godini-podotsna-kade-li-zgreshivme/feed/ 0
Последниот кој ќе остане, нека исклучи светло https://arhiva.kurir.mk/kolumni/posledniot-koj-ke-ostane-neka-iskluchi-svetlo/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/posledniot-koj-ke-ostane-neka-iskluchi-svetlo/#respond Sat, 14 Oct 2023 08:44:17 +0000 https://kurir.mk/?p=888744

Македонија е фасцинантна држава. Има официјално име, кое никој не го сака (освен оние кои наплатија од истото). Држава која има природни ресурси, а не ги користи. Држава во која секој се бори да добие нечиј туѓ пасош за да си ги зголеми можностите да си оди, и земја во која секој има интерес да биде се‘, само Македонец не, за да може да ги ужива придобивките на колективните мулти/култи права. Балканот, а посебно Македонија, е вистински полигон за експериментирање на се‘ она што Западот не сака или се двоуми дали да го примени. И секако, кај нас на одличен начин се‘ се искривоколчува, модифицира, релативизира и се добива некаков мутант кој ја разјадува и уништува државата во темел. Се успеа да се уништи се‘! Нема производство, нема индустрија, нема земјоделие, нема сточарство, нема доволно енергетско производство, дојдовме од земја која може да ја нахрани цела поранешна Југославија со над 20 милиони, да увезуваме земјоделски производи од Албанија. Станавме земја на трговци, тендераши, политичари, на Ај Ти сектор и на маркетинг агенции. Го наполнивме Скопје, а се испразнија селата, и градовите. Себично се креира начин на живот на поединци, а не на семејства! Мали станови, место куќи. Се градат згради во радиус од 2-3 километри околу центарот на Скопје,а се друго е осудено на пропаст, затоа што инфраструктурата, превозот, но и потребите на луѓето за здравство, образование, пазарење ги нема на потребното ниво во останатиот дел од градот и државата. Станавме држава каде се форсира личниот интерес на одредени лоби групи, без да се гради стратегија на државно ниво, стратегија која е во функција на државата, на самиот народ, и на под еднаквиот регионален развој. Да се разбереме, ние имаме институција и орган за се‘! Секако, фиктивно и на хартија, или само про форма. Дури и субвенциите кои ги делевме за земјоделие, место да го поттикнат истото, го замреа. Со парите народот од внатрешноста си купи коли и станови во Скопје. Место да се доделува земја на користење, механизација, окрупнување на парцелите и заедничко производство за поголем принос, агро берза, гратис семенски материјал, осигурување на родот ние направивме маса народ зависни од откуп и субвенции, место да ги мотивираме самите да влезат и во процес на обработка и производство. Навистина не можам, да ја сфатам логиката каде што буквално се сака се да се отуѓи и даде на странци, за без пари или за ситно, нешто што во минатото се градело со народни пари. Проблемот го гледам во менталитетот и лековерноста на народот. Им веруваат на разни копуци кои ветуваат сигурно работно место, плати, бенефиции, и народот лековерно секогаш трга од личниот интерес. Не се вложува во личното знаење, туку во диплома. Интересно е како истиот лековерен народ, знае да се однесува и почитува закон, кога ќе отиде на Запад. Таму сме најдобрите, највредните, најпослушните, и секако, напредуваме. Освестување мора да има. Не утре, не денес, туку уште вчера! Да се преиспитаме каде грешиме, да им откажеме верба на тие кои не заслужуваат, па дури и да ги натераме самите партии да ги отстранат локалните шерифи, аги, паши, бегови и чаламџии со кои народот секојдневно се среќава и од кои зависи, а постојано токму од нив се толчени. Да се справиме со разните шефови, раководители, функционери кои тераат некои свои политики, затоа што токму од таквите ликови врзани во кланови, со кои високата политика на се справува, прават да живееме во овој магепсан круг на медиокритетство и клиентелизам, кој го брка секој прогресивен млад човек, надвор од државата, не времено, на гурбет, туку трајно и за секогаш. Проблем е нашата свест! Проблемот е што не сакаме и не знаеме да се побуниме, да ја плеснеме секому вистината в лице, и да го вреднуваме сопствениот труд, но и да добиеме и почит и поттик за напредок. Време е да покаже дека заслужуваме да имаме држава, да имаме функционален систем, да имаме општество во кое сите ќе стоиме мирно и гордо под знамето, грбот и химната, без болеста на „северџанење“. Без да потенцираме и обележуваме кој какво етничко или верско потекло има, затоа што сме сите деца на Македонија. Или ќе биде вака, или последниот кој ќе остане, нека исклучи светло! Александар Ристевски ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/posledniot-koj-ke-ostane-neka-iskluchi-svetlo/feed/ 0
Прирачник за самоуништување https://arhiva.kurir.mk/kolumni/prirachnik-za-samounishtuvane/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/prirachnik-za-samounishtuvane/#respond Mon, 09 Oct 2023 14:26:18 +0000 https://kurir.mk/?p=887057

„Прирачник за самоуништување“ беше работниот наслов на филмот „Самоуништување“, од почетоците на македонската независност, филмот со Чичко Кумплунг, но е и добар наслов за однесувањето на актуелната власт. Навистина не можам да сфатам како веруваат дека ќе се извлечат од дното кон кое тргнале. Последните анкети тоа јасно го покажаа. СДС веќе не само што не е прва, туку не е ни втора партија, туку трета според поддршката. Доколку вака продолжат, до пролет ќе бидат и зад Левица, по што јасно им следи „пасокизација“ (грчкото сценарио, каде ПАСОК целосно се маргинализира, а неговиот примат го презеде Сириза). По изборите во 2020 година, СДС со желба по секоја цена да остане на власт, влезе во концептот „Псе јо“ на ДУИ и буквално даде се за да опстане на власт. Ги даде сите економски ресори, ги даде сите инспекции, агенции, јавни претпријатија, и едноставно ќе ревитализираше ДУИ. Од партија која тонеше во 2016та, и падна на 10 пратеници, ги факторизираше и им ја препушти владата во целост. Токму затоа, и покрај катастрофалните резултати на ДУИ, „Интегративците“ тие имаат релативно стабилен рејтинг, додека СДС тоне секојдневно. Една од причините поради која ДУИ се уште солидно котира, е и така поделеното етничко гласачко тело кај македонските албанци, кое се уште во голема мерка гласа низ едничка призма, а останатите партии (освен ДУИ) прават влези излези во власта, па час се во владата факторизирајќи го ДУИ, час се вон истата глумејќи опозиција. Токму ваквата политичка недоследност гласачки ги делегитимира, плус и поради ретроградните фолклорни националистички реторики, кои кај обичниот народ не проаѓаат. Прашање е на време кога македонските албанци ќе се надминат сее си и ќе гласаат за политичка партии со програма, идеологија, но и број на пратеници кои ќе можат нешто да сменат. Дека интересите на граѓаните треба и мора да се над етничките делби, и дека сиромаштијата и лошиот стандард не бира ни по етнос, ни по вера, ни по образование. Уште нешто за власта... Самите чекори им се панични. Креваат даноци, бираат што народот ќе јаде, прават упад во колективните договори, ги покриваат криминалите на актуелните и досегашните функционери, даночна евазија, мито и корупција, инвестиции никакви (а и тие кои ги има не ги гледаме никаде)... Секој кој се движи и низ Скопје, и низ градовите низ Македонија, гледа дека нови и непознати фирми градат зградишта, некои маргинални ликови возат нови и скапи коли, се товари имот и фирми со модата која се нарекува „тендераштво“, а секогаш победуваат фирми од Струмица, Куманово и од села од полошко. Народот нема да заборави ни за името, ни за Преспански, но за Француски, ниту за двојазичноста, ни за Дурмо турс, ни за Беса травел, ни за модуларната болница, ни за онкологија, а најмалку ќе биде заборавено безмилосното крадење, но и изживувањето на моќниците врз оние кои со нив не се сложуваат, а го трпат нивниот терор. Додека вашите пулени со возила на Брза помош истовараат коњопои за во некое казино, возат на диво такси и фиктивно се на платни списоци на државните органи, запишете си и запаметете што се правите, за да можете за последен пат да го напишете вашиот „Прирачник за самоуништување“. Александар Ристевски]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/prirachnik-za-samounishtuvane/feed/ 0
Кога имаш нестабилна Влада… https://arhiva.kurir.mk/kolumni/koga-imash-nestabilna-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/koga-imash-nestabilna-vlada/#respond Fri, 29 Sep 2023 14:02:33 +0000 https://kurir.mk/?p=883294

По загубените локални избори пред речиси две години, оваа актуелна политичка структура е во тешка криза. Не дека претходно им течеше мед и млеко, и дека владееја без утки, но пред локалните избори опозицијата беше нокаутирана, демотивирана по корона летните избори во 2020та, а и со многу персонални, структурални, но и материјални предизвици. По цунамито на локалните есента 2021ва, потопот на актуелната власт трае, и се продлабочува. Почна со оставката на Заев по самите избори, па со гласањето за ново парламентарно мнозинство, исчезнувањето на Кастриот Реџепи, кој од жена му дознал дека ќе влеземе во ЕУ, преку еден куп афери злоупотреби, промена на Беса, со Алтернатива, па со Алијанса, со што се трошеше опозицијата кај македонските Албанци, преку што се јачаше ДУИ, а СДС опстанува на власт приклучен на апарати. Нај интересно е кога премиерот Ковачевски ќе рече дека имаат стабилно мнозинство. Еден куп аналитичари и политички коментатори го повторуваат истото, но во реалноста не е баш така. Да беше стабилно мнозинството, немаше секоја собраниска седница да се мачи за кворум. Немаше да менува коалициски партнери како чорапи, а и министри исто така. Речиси да нема министерство кое не изротира по 4-5 министри во изминатите 7 години. Единствено Оливер Спасовски е константа, се друго беше на отстрел, со исклучок на уште еден два ресори каде беа само по двајца министри, до сега. И секако, се секоја промена, нова агенда, нова стратегија, секој влече на своја страна, нема конзистентност на политиките и проектите, останува само еден заеднички именител – клиентелизмот. Да се вдомат кадри, да се заземат институции, да пројде некој голем тендер, и да се поделат проекти. „Купен мир и тишина, пострашни од...“ што би рекол Ристо Вртев, во онаа легендарната од Архангел. Мнозинството кое е фиктивно стабилно, е во основа темелот на нестабилноста. Стабилен е само интересот, кој во моментот кога ќе исчезне кај едните,  се бараат нови „стабилизатори“ за да се купи време. Но, очигледно се истрошија стабилизаторите, па од таму и паниката. Сега притисокот од сите страни е токму кон опозицијата која по секоја основа беше шиканирана и масакрирана политички сиве овие 7 години. Власта оди до таму што свесно саботира проекти на локално ниво, или ескивира со предвидените општински блок дотации, со што покажува дека запрениот процес на децентрализација само потврдува колку штета нанесува. Имено, доколку централната власт не сака да соработува со одреден општини кои не делат иста сфера на интереси, таа општина ќе тапка во место и нема да може легално избраната локална власт, да ги реализира проектите за кои добила доверба. Но, и покрај сите овие опструкции големото мнозинство на опозициска градоначалници тераат повеќе од добро и ги реализираат планираните проекти, иако централната власт со сите сили ги опструира. Тоа само потврдува за состојбата во која се наоѓаат „Стабилните“! Сега дилемите се дали избори со се претседателските па да си изгубат на купче, или ќе го мачат народот за има избори на секои 3 месеци, со избори среде лето? Гледајќи го нивното однесување, и тоа нема да не изненади. Оваа власт е политички мртва. По сите можни аспекти. Дури и проектите со кои мислеа дека ќе поентираат (како Бехтел и Енка), уште толку ги до закопа, и ја потврди длабоката корупција и клиентелизам во кој се навлезени. Во следните месеци ќе гледаме една валкана кампања, релативизирање на состојбите, барање виновници, етикетирање, обид за преговарање, но и за прикривање на трагите на сторените дела. Со менувањето на кривичниот закон, и со амнестијата која ја планираат, уште толку потврдуваат дека во моментот само тераат кризен менаџмент и обид за да ја намалат штетата од катастрофата која следи. Секако, исплатите по сите основи, бројните тендери и набавки, ќе доживеат врв, знаејќи дека ќе мора да ги плаќаат и поткупат сите оние излажани и разочарани кои им давале поддршка, а биле влечени за нос. Да се надеваме дека и тие гласачи ја научиле лекцијата, и дека тие ќе бидат токму оние со не гласање ќе им го зададат последниот удар и трајно ќе ги пратат во историјата. До тогаш, слободно нека намигаат и нека праќаат „пољубци“.   Александар Ристевски]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/koga-imash-nestabilna-vlada/feed/ 0
За идолопоклонството и месијанството https://arhiva.kurir.mk/kolumni/za-idolopoklonstvoto-i-mesijanstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/za-idolopoklonstvoto-i-mesijanstvoto/#respond Fri, 22 Sep 2023 11:47:27 +0000 https://kurir.mk/?p=880718

Овие балкански простори, а очигледно и поширокиот предел на медитеранот, се плодна почва за креирање идоли, за митологизација, идолопоклонство и месијанство. Претпоставувам дека тоа е дел од матрицата. Можеби затоа и Османлиите останале тука пет и пол века. Сите се спремни да преќутат, да се насмејат и лицемерно излигават, а на само да испцујат и „да вратат“. Слепо да следат, да бидат поданици, да бидат раја. Да не беше така, немаше една ваква килава и неспособна власт да не води како држава веќе седум години. Да не беше така, немаше да има владин коалициски кој е над дваесет години на власт. Да не беше така, немаше народот да се двои на принцип на лидери, туку ќе се ориентираше според кауза, идеја, матрица, идеологија, визија. Да не беше така, опозицијата ќе беше единствена и на купче и ќе ја прегазаше оваа неспособна власт. Генијалните „Монти Пајтон“ пред повеќе од четириесет години го направија еден од нај генијалните филмови на сите времиња „Житието на Брајан“. Многумина тоа го сфатија во тоа време како директор напад кон црквата и христијанството, но доколку убаво проанализирате ќе сфатите дека приказната за Брајан (главниот лик во филмот) е токму исмевање на човечката глупост, злоба, интерес, полтронство, додека ликот од кој се прави месија (Брајан), бил само лик со искрени намери, вплеткан во шемите на еден куп мешетари. Што е идол? Идолот во главно е предмет кон кој биле насочени барањата, желбите, молитвите и верувањата на древните народи. Комуникацијата и обожувањето на таквите предмети е именувано како идолопоклонство. Идолопоклонството ја носело во себе потребата на човекот да го доближи (изгради партнерскиот однос) божественото до себе и да макар делумно ги преземе возвишените одлики на вредноста која ја замислил. Во „Житието на Свети Наум“ се потенцира дека во два наврати токму тој им се обраќал на верниците во обид да ги одврати од идолопоклонството. За почитување на идолите постојат податоци и во преданијата и народното творештво. Во процесот на покрстувањето забележуваме една мошне интересна појава кај јужнословенските народи: христијанскиот, религиозниот крст се ословува како ‘чесен’, што упатува на постоење на ‘нечесен’. ‘Нечесниот’ крст бил со антропоиден облик и претставувал идол на домашното божество. Таквите идоли имале проста, регресивна претстава на човековото тело, најчесто со раширени раце, со што се постигнувал ефектот на крстот. Кај балканските народи тип на затскриени идоли кои го носат кодот на паганското поклонување на идолите припаѓаат и бадникот, пенушките, светите дрва, записите во светите карпи, кај кои е задржано и обредното регресивно жртвување. Токму поради ова е и втората Божјата заповед:  „Не прави идол, ниту каква слика, од она што е горе на небото, и што е долу на земјата и што е во водата и под земјата; да не им се поклонуваш, ниту да им служиш.“ Ајде сега малку и нешто повеќе за политичкиот месијанизам. Вообичаено е во самата политика да се препознаат карактеристиките на масијанство во водачи кои се претставуваат како единствена алтернатива на правдата во историскиот процес на едно општество. На овој тип на лидерство, му се припишува и можноста за промена и поправање на работите за да се донесе напредок, развој и социјална правда. Тие обично се појавуваат во сложени политички периоди и користат популистички и демагошки дискурси за да добијат наклоност и поддршка. Месијанскиот комплекс, (познат едноставно како месијанизам) е познат вид на делириум што произлегува од тешка психоза. Како такво, индивидуата што ја развива се карактеризира со припишување на божествениот капацитет и одговорност да се бори против злото и да го спаси светот. Историски познат случај на месијански комплекс е токму оној на германскиот политичар, Адолф Хитлер. До каде стигна тој, што направи и како заврши, знаете и самите. Дали всушност ги сфаќате поентите на ова мое писание? Дали препознавате особености и карактеристики на ликови во изминатите триесетина години во нашата мила Македонија? Таа матрица, таа логика и агенда на централизирана моќ во еден човек, кој би бил лидер, идол, месија, направи да бидеме тиња од држава. Место држава и општество на здрави, прави, умни, вредни и способни луѓе, станавме општество на полторни и гребатори, каде оние кои се по џамбази и по напорни се горе при врвот, а вредните, чесните, скромните и тие кои си го гледаат животот, се на дното. Митови и култови се градат од ликови кои во основа треба само да администрираат и делегираат. Од нив се прават мали богови, кои подоцна почнуваат и да веруваат дека се тоа, не сфаќајќи дека и тие сами се само марионети во рацете на хиените во втор и трет ешалон, кои никој не ги сака, но сепак владејат од сенка. А народот? Народот бара надеж. Се прилагодува, во главно погрешно. Живее во страв, пред се егзистенцијална. Токму затоа и не е свесен дека добар дел од младината која е напредна и прогресивна, која знае како до пари, работи од дома или бега по светот и врти никого ни „два посто“. Завземете страна на вредности, на дела, на концепти, на кауза. Поддржете стандарди, критериуми и правила на игра. Кој сака инаку нека биде месијата, ако вие како луѓе во свеста не се реформирате, напред нема да одиме. Изминатите години имавме еден куп национални предавства. И тоа не предаваа тие кои треба да не бранат. Функционери, претседатели, пратеници, судии, воени лица... Речиси никој од нив не рече „се откажувам“, „не попуштам“, „не е не“, „правда и закон пред се‘“. На крајот речиси сите се скршија, не предадоа и се продадоа. Јас лично, имам свој став, своја кауза и идеологија зад која стојам цврсто и непоколебливо. Не верувам ниту во идолопоклонство, ниту во месијанство. Се следам себе си, а ќе го поддржам секој оној кој со дела ги брани постулатите на македонската држава и напредокот на македонскиот народ. Да живее Македонија!   Александар Ристевски]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/za-idolopoklonstvoto-i-mesijanstvoto/feed/ 0
Специјална војна кон Македонија и Македонците https://arhiva.kurir.mk/kolumni/spetsijalna-vojna-kon-makedonija-i-makedontsite/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/spetsijalna-vojna-kon-makedonija-i-makedontsite/#respond Fri, 15 Sep 2023 13:17:46 +0000 https://kurir.mk/?p=878432

Јас сум од онаа генерација која на факултет мораше да учи во прва година некогашна „Одбрана и заштита“, а во тој период предметот насловен како „Дефендологија“. Иако во тоа време сметавме дека тој предмет ни е губење време, од денешна дистанца, сфаќам дека многу од нештата кои ни се случуваат како народ, но и нашата севкупна разградена нација, токму во таа книга, убаво и детално ни било објаснето и образложено. Што е специјална војна? „Специјална војна претставува збир на организирани и координирани политички, економски, психолошки пропаганди, разузнавачко-субверзивни, а често и воени акции, мерки и постапки кои ги презема една или повеќе држави против други земји (група држави) народноослободителни или револуционерни движења, пред сè поради наметнување на хегемонија, мешање во постоечките политички, економски и општествени односи, остварувања на одредени цели и интереси. Преку специјалната војна пред сè се остваруваат целите и интересите на големите сили во светот. Целите на големите сили пред сè се одредуваат од страна на највисоките државни раководства, врз основа на процените од моменталната меѓународна ситуација. За остварување на зацртаните цели големите сили (држави) ангажираат разузнавачки и други служби и институции, потоа разни здруженија и организации, а по потреба и вооружени сили.“ Она кое му се случува на македонскиот народ и во самата Македонија, но и во соседството (пред се во Албанија и Косово), каде Македонците се под силен притисок и терор, да бидат бугаризирани, е само дел од една специјална војна и агенда која ние како народ ја сфаќаме премногу несериозно. Паниката на соседите на кои им пречи новиот бран на ренесанса на македонизмот, како повторување на оној од доцните 80ти и раните 90ти, дополнително прави да реагираат панично и агресивно. Пописот во Албанија ќе биде исклучително битен за следните чекори и битки. Македонците ќе мора да покажат дека знаат кои се и што сакаат, да си ја искажат својата етничка припадност и секако, не само во Мала Преспа, туку и во Голо Брдо, и во Гора, но и во Елбасан, во Корча, во тирана и секаде каде Македонецот живее. И до колку актуелната власт во Македонија не помага, тогаш сите ние кои можеме и знаеме како, треба да делуваме и да им објасниме на нашинците во Албанија е дека додека тие се живи, постојат и не се предаваат, жива е и Македонија. Дека низ вековите Македонецот го делеле, напаѓале, селеле, асимилирале, ама тој ко пиреј се кревал и им влепувал шамар на сите провокатори и митаџии. Знам дека во голема мерка македонската политика потфрли и внатре во државата, и кон нашите браќа во соседството и во дијаспората. Државата е осакатена и на колена, претворена во еден „апартхејден хибрид“ со тенденција за двојазична и двонационална „трипер комбинација“. Нашите браќа во соседството и дијаспората се обезглавени во голема мерка политички, но самиот народ наоѓа начин да се крене, да пркне и изрти, и да се собира на слави, имендени, панаѓури и да шири македонштина. Искрена, чесна, позитивна, весела, со музика, со песни и ора, со многу љубов и симболите од искон. Без дневна политика, без партии, без квази водачи подложни на уцени и трговија. Да, без политика не се може. Но, за почеток, потребно е да се лоцира душманот. Да се закопа политички и фрли во заборав, а од тие на кои ќе се даде довербата, да се бара секојдневен отчет. Да, ни треба стандард и пари, ама многу повеќе ни треба националната гордост, симболите, името, јазикот, образованието, редот, поредокот, традиционалните вредности поврзани со семејството. Ова што ни го подметнуваат и сервираат е дел од специјалната војна која ја дезинтегрира Македонија. Ова се битки кои сите мора да ги водиме на микро ниво, во општините, училиштата, институциите, судовите, секаде, на секој чекор! Да бараме од медиумите да не пренесуваат, да ги користиме социјалните медиуми и секоја можна форма за отворање на очите на секој оној кој е освестен, а кој знае во кој правец не сака да ја гледа својата земја. Еве еден навистина интересен говор кој го чув деновиве. Мислам дека во него ќе чуете многу поенти кои се однесуваат на нас Македонците... “Денес живееме во ера, во која се што не дефинира е под напад. Зошто? И зошто е опасно? Опасно е за нашиот идентитет. Нашиот национален идентитет, нашиот семеен идентитет, нашиот религиски идентитет... Исто така, тоа е она што не прави да бидеме свесни на нашите права и можноста истите да ги браниме. Без идентитетот сме само бројка, несвесни бројки, алатки во рацете на оние кои сакаат да не искористат. Затоа сметам дека право е на секој оној кој го брани своето право, да ги брани семејствата, идентитет, вербата во Бога и се она што ни ја дефинира нашата цивилизација. Велат дека не е кул да се зборува за овие работи. Е па тие нема никогаш да не убедат нас!“ Што мислите, чиј говор е ова? Која е личноста која сето ова го срочи? Не, не сум јас! Не е ниту пак некој Македонец, или некој „ретрограден“ кој не сака „европски“ вредности или е анти ЕУ. Ова е говор на Премиерот на Италија, Џорџа Мелони, став искажан на “Budapest Demographic Summit. Дали и Мелони е анти ЕУ и не го почитува сите тие бљувотини кои нам се обидуваат да ни ги вметнат и инасталираат? Народот полека почна да сфаќа дека не е прашање на европска и ЕУ агенда, или против, туку дека поделбата е на ликови кои сакаат да го уништат се она што е македонско и оние кои го бранат. Првиве еден ден, за се што правеа и прават, ќе мора да одговараат и тоа со најстроги обвиненија, за велепредавство. Се надевам дека и тие казнени одредби нема да ги релативизираат и намалат казните, повторно со европско знаменце. Затоа што очигледно најдоа модалитет како да ги релативизираат проневерите и криминалите кои ги прават изминатите години. Претпоставувам дека се надеваат дека за велепредавството некои странски играчи ќе ги спасат или евакуираат. Очигледно слабо учеле од историјата, и дека само главните експоненти се спасуваат, а сите други се колатерала.   Александар Ристевски]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/spetsijalna-vojna-kon-makedonija-i-makedontsite/feed/ 0
Амнезија, амнестија или кадровска евакуација? https://arhiva.kurir.mk/kolumni/amnezija-amnestija-ili-kadrovska-evakuatsija/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/amnezija-amnestija-ili-kadrovska-evakuatsija/#respond Thu, 07 Sep 2023 13:26:02 +0000 https://kurir.mk/?p=875765

Понекогаш не треба да си многу паметен за да сфатиш во кој правец одат работите, и да видиш како реагира една власт која е во заминување и во слободен пад. Доволно е да ги видиш чекорите кои ги превземаат, одлуките и постапките и се ти е јасно. Ангажирање на еден куп договорци кои немаат намера да ги вработат туку само да га залажат. Потоа разни премесувања и прераспределби. Тајно работење, чудни набавки, чудни тендери, нелогични трошења. Евакуација на блиски во приватни фирми, обично кај некои големи инвеститори или пак во големи приватни фирми кои работат со државата. За крај доаѓаат законски измени со кои директно гледате на кого се однесуваат. Такви имавме вчера. Под брза постапка, со европско знаменце (демек усогласуваме некаква европска легислатива), а едиствено што се гледа од истата е дека власта е свесна кој и за што ќе одговара, само гледа тоа да биде со што е можно помали последици, да заврши со условни казни, домашни притвори, или самите случаи да застарат. Навистина ме интересира, како и со кој образ утре ќе излезат пред претставниците на меѓународна заедница, што ќе кажат, што ќе смислат? Како ли ќе излезат на избори, како ќе излезат пред сопственото гласачко тело? Кое е објаснувањето кое ќе го дадат? Дека намалувањето на казните за сите можни кривични деа поврзани со корупција и злоупотреба на службената должност се европски вредности, и дека баш сега е вистинско време на носење на истите измени? Дека со поблаги казни за криминал и слоупотреба на службената должност, побрзо ќе влеземе во ЕУ? Како бе не ви е срам? За тоа ли ве избрале граѓаните? Па нели „нема правда, нема мир“? Претпоставувам некој друг и за ова ќе биде крив! Претпоставувам дека и ова ќе се изрелативизира, забошоти, замачка, ќе се префрли вина на некој друг. Знаеме како одат работите! Важно успеавте законски на еден куп ваши хиени да им го спасите задникот или да пројдат благо, за да не мора да кажат зошто истото го правеле. Нема европска иднина народе! Со лопови и клептомани, со лажговци и сурови хиени, на кои ништо не им е свето, напред нема. Сите ќе се иселиме еден по еден, а ќе останат мороните и лоповите да ги владејат сиромасите и пензионерите. Претпиставувам ќе увезат народ од Бангладеш, Пакистан, Индонезија, Нигерија со претпоставка дека тие се навикнати и на полошо од ова. Џабе народ мој велиш дека ќе ги казниш и СДС и ДУИ, и сите нивни привезоци, на избори. Им ги преќуте и Беса травел, и Дурмо турс, и модуларната болница, и вакцините, и Онкологија, па пасошите за криминалци, и поскапувањата, и името, и Уставот, и еден куп тендери и проневери, и фотоволтаиците од жените, и марихуаната украдена од магацините... уште колку да набројувам? Ова вака само напбројав што ми текна во моментов. И пак истиот проблем и муабет: Кај била едната партија од опозицијата, кај била другата, кај бил овој оној... прозивање од пред компјутер. Јавно, на дело, во живо со протест, петиции, потписи, иницијативи, никој?! Пак ќе се чекаат избори. Чекајте! Претпоставувам мотивите се други. Чим чекаш некој да те крене, да те мобилизира и не заслужуваш повеќе од тоа да те третираат како потршна роба. А велат, народот добива власт каква што заслужува. Дај Боже да грешам. Дај Боже, очите да се отвориле и да се рече, крај! Актуелната власт е веќе мртва. Да скоро мислев дека не им е јасно. Вчера потврдија дека и тоа како им е јасно, само купуваат време за да си ги покријат задниците. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/amnezija-amnestija-ili-kadrovska-evakuatsija/feed/ 0
Никој не е вечен! https://arhiva.kurir.mk/kolumni/nikoj-ne-e-vechen/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/nikoj-ne-e-vechen/#respond Fri, 01 Sep 2023 13:07:52 +0000 https://kurir.mk/?p=873405

Фасцинантни времиња. Обично актуелната власт среде лето ги правеше сите можни подметнувања, гласања, афери, сплетки и мајмунлуци, летово излезе обратно...им излегоа еден куп афери, криминали, тендерски ујдурми, непотизам, злоупотреби... се‘ на купче! Дури и за луѓе за кои јавноста сметаше дека се сериозни, одговорни, принципиелни, професионални, во оваа 2023 направија еден куп глупости кои кога тогаш ќе им бидат извадени низ нос и за кои ќе мора да одговараат. Незаконски трошења, наместени тендери, бројни договорци, неразумни вработувања, плаќања на непотребни авторски договори... се она што е обележје на власт и структура која тоне. Чекори кои се прават при евакуација, каде се мисли само за сопствениот задник, а онаа армија на партиски послушници, кои трчале за одредени политичари, а реално не се за државата и институциите додадена вредност, или се пикаат на места кои не се потребни, или само има се даваат времени договори за да се смират на краток рок, а вината и одговорноста да ја пренесат на некој следен. Токму тоа се случи по промената на власта на локално ниво пред нешто повеќе од година и половина. Општините и јавните претпријатија беа натоварени со фиктивни вработувања и разни договорци, со кои актуелната власт изминативе година дена ги полни државните институции. Ништо од она кое го ветуваат во 2016 и годините пред тоа не остварија. Единствен кој нешто оствари е ДУИ, а тоа што го остварија, не е она што нивното гласачко тело го бара, туку само задоволување на желбите на партиските активисти и одредена група од нивното бизнис лоби. Обичниот народ е лажен и маргинализиран, и мафтосуван со муабети околу знамето, јазикот, сметките за режиски трошоци, социјална помош и партиските вработувања кои им се продаваат како етничка квота на застапеност. Се уште во делови од државата има модерни робови кои работат прекувремено, и во недела и за празник, дење/ноќе, криминалот цвета, здравството не е достапно за секого, како и можноста за основни услови за живот. По територијалната поделба од 2004 година, многу од општините се поделија по етнички клуч. Што доби обичниот народ од тоа? Апсолутно ништо! Само доби нови газди, кои го толчат. Ниту доби инфраструктура, ниту по достапно здравство, школство, знаење, урбанизација.... ништо! Доби само мегаломански пренатрупани приградски и селски населби, во кои секој гради и прави што сака, и место тие да се метрополизираат, се случи обратно, се посељачија градовите. Велат, секогаш победува онаа култура која е посилна. Очигледно сељачкото медиокритетско лоби е по силно и по агресивно да дојде до тоа што го сака. А народот? Народот ко го... „тркала“! Народот масовно се сели. Народот бега од оваа медиокритетска банда која лаже и краде. Приучен кадар, со дипломи, а без знаење. Неизживеан, злобен, пакосен, зајадлив, и кој кога е фатен на дело глуми жртва. Цела оваа структура која централно владее со државата, мора да си оди. Цела комплет. Дури и тие малкумина кои нешто вредат, и тие со нив, затоа што самите си дозволиле да бидат дел од екипа која работи на штета на македонските национални интереси, а само за личен бенефит. Ова што ни се случува ме потсетува на „ел дорадото“ 1996-1998, периодот кога се случи ТАТ, еден куп улични пресметки, кога народот беше клекнат на колена. Задолжување на државата до максимум, трошење без усул и смешкање. Многу смешкање. Кисело и лицемерно. И од време на време со хистерични испади. Сегде, низ цела држава. И секако, секој е крив, освен неспособнава елита. Наскоро оваа квази елита ќе се соочи со реалноста дека ќе нема пари за трошење, можност за плаќање на име на фирма/институција. Ќе нема службени коли, службен бензин, службени патувања. Нема да има канење по коктели, приеми, митинзи, средби, отворања, промоции. Наскоро маските ќе паднат, лажните насмевки ќе закиселат, лажните ветувања ќе испливаат на површина, а ќе се осети празнината. И како што и обично бива, ќе дојдат доспеаните побарувања, ќе дојдат контролите и ревизиите, неплатени фактури, лошите договори, и се она до што немало да дојде да некој знаел кога и колку му е доста, и да бил свесен дека НИКОЈ НЕ Е ВЕЧЕН. Дека човек во животот треба да е вреден, упорен и професионалец во се она што го прави, а дека политиката е како вртелешка, час си горе, час не си, ни никој не е горе вечно, а умешност е да знаеш да слезеш долу, за да пак се искачиш горе, но со неизвалкан образ. Се надевам дека народот научи од грешките. Очигледно добар дел од ликовите во политика ништо ниту научија, ниту им е јасно. И секако, сите им се криви, освен тие самите! Александар Ристевски]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/nikoj-ne-e-vechen/feed/ 0
Време е за избори! Дали крајот вака мириса…? https://arhiva.kurir.mk/kolumni/vreme-e-za-izbori-dali-krajot-vaka-mirisa/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/vreme-e-za-izbori-dali-krajot-vaka-mirisa/#respond Wed, 23 Aug 2023 10:00:06 +0000 https://kurir.mk/?p=870893

Човечка големина е да знаеш кога е доста, кога е крај. Во политиката е познато дека кога колата почнува да оди „низбрдо“, попаметно е да закочиш и застанеш, отколку да пуштиш по инерција да оди надолу во лер. Тогаш тешко се запира, а ударот е поголем. Ваква жестока борба за тронот не се сеќавам дека се водеше ни во 2001-21, ни 2005-06, ниту пак најжестоката борба за опстанок 2014-17. Иако да не заборавиме дека структурата која владееше 2005-06 имаше огромно мнозинство во Собранието, иако и како таа на ВМРО ДПМНЕ во 2014-17. Кога имаш власт на стаклени нозе цели два мандати, и кога си целосно во скутот на ДУИ кои опстанаа над 20 години на власт, немаш голем простор ниту за маневар, ниту можност за нови идеи, нови кадри, и нови концепти. Да не забораваме дека успеаја да ги изгор и уништат сите мали македонски парии, а тотално да ги обезличат и растурат партиите на македонските албанци. Ова потврдува неколку работи: Прво, дека меѓу помалите партии нема капацитет за преговарање, лично факторизирање и да се има бенефит од приклучување кон власта (освен сигурен сум личен, на тие кои добиле функција). Партиите кои размислуваат долгорочно, прво креираат и промовираат кадри, наметнуваат некаква филозофија и идеологија, и растат и со членство и со јавна поддршка, и во случај да почнат да се губат или тонат со власта, да знаат кога да си одат, за да се факторизираат општествено. Второ, партиите на македонските албанци се целосно фијаско. И покрај севкупното незадоволство на албанското гласачко тело од политиките на ДУИ, тие продолжија да се делат, дополнително да се цепкаат, па станаа 5-6 партии, кои само ги ротираат во власта по година дена, и ги фрлаат во аут. И место да промовираат политика на чисти кадри, на антикорупција, на заштита на обичниот човек, стандарди кои ќе не носат во Европа, тие се занимаваат со иредентизам, сеење меѓуетничка тензија, не почитување на државни симболи, според мене е однесување на луѓе со фрустрации, а не на политички лидери и субјекти кои треба утре да ја водат државата. Доволно е за малите. Ајде за двата главни субјекти, за СДС и ДУИ. СДС беше во опозиција цели 11 години, со исклучок на „пржинските“ Влади во кои влегуваше. После сите глупости, и пред се територијалната поделба во 2005, и добро пројдоа. Мислам дека после следниов пад, кој многу скоро ќе им се случи, можноста да се вратат повторно на тронот ќе биде многу по мал, и дека враќањето назад ќе им биде сведено на статистичка грешка, а ако некогаш воопшто дојде тоа ќе биде преку некој нов политички субјект или како помал партнер, во некоја идна коалиција. Кога сега гледам кои ликови дојдоа да им бидат ударни партиски експоненти, сфаќам дека станаа толку истрошени, што крајот е се по извесен. Дури и оние млади кадри кои политичките партии ги развиваат преку одредени семинари, обуки и академии, огромен број од нив кои првите година, две, три се сликаа како иднината на СДС, сега гледам дека се дистанцираат и срамат од своето политичко минато. Ги следам случувањата во ДУИ. Расколи, поделби, кланови... Малку чудно за партија која е над 20 години дел од власта. За жал, и после 20 години, ДУИ не успеа себе си да се надмине. Да го покаже името дека е за интеграција, а не за турбо фолк шовинизам, не за јазична делба, и да се надмине себеси, да почне да промовира кадри кои не се партиски. Имам впечаток дека токму кај нив од кога ги пензионираа огромен дел од старите кадри и борци од ОНА/УЧК, се сведоа на две структури, екипа блиска со ВМРО, и екипа блиска до СДС. Се искреираа општини кои им беа „сигурен плен“ па прашање беше само кого ќе кандидираат од партијата за да истиот се прошета низ изборите. Тоа беше рецидив на идиотската територијална поделба на Бранко и Бучко, од 2004та. Но нештата се менуваат. ДУИ го губи веќе редовно Гостивар, го изгуби конечно и Тетово. Чаир го води градоначалник кој е сега во друг субјект, преку „огнените“. Струга им е на колена после аферите на Мерко. Кичево ќе го изгубеа од кандидат Македонец, а го добија со контингенти гласови кои со авиони ги носеа од странство. Дури и една Брвеница доби градоначалник од ВМРО, иако општината е мнозинско албанска, а како што слушам, екипата одлично работи. ДУИ за прв пат на следните избори ќе оди без речиси никаква логистика од општините кои 20 години ги владееја. Факт е дека ДУИ е се уште силен и битен политички играч. Но факт е дека гласачкото тело кон кое претендираат изразува силно незадоволство, а нивните експоненти се навлезени во квази елитизам, чалам и губење на контакт со реалноста, токму поради апсолутната моќ и целосна неспособност и зависност на СДС од нив. Дното е допрено, веќе нема каде. Дали изборите ќе бидат во октомври, или во април, станува не битно. Доколку се во октомври, барем народот ќе биде поштеден од уште една тешка и стресна зима. Власта ниту има проекти со кои може да се пофали за да сече ленти или ги промовира, ниту има шанса и време нешто да смени оваа зима. Дури и автопатот за кој потпишаа договор, кој е апсолутно скандалозен, и за кого се очекува да дадеме над 2 милијарди евра (или што би рекол еден мој познаник 2000 милиони) во текот на зимата ништо нема да сработат, освен некакви теренски припреми. А штрајкови на секој чекор, незадоволни се сите, инфлацијата не запира иако формално ја амортизираме преку Народна банка. Тонеме, а спас нема. Плус, и картата на која игравте, евро интеграциите, заглавени се! Дечки, постапете достоинствено. Ова веќе стана мачење, а трпи севкупната нација! Време е за избори!   Александар Ристевски]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/vreme-e-za-izbori-dali-krajot-vaka-mirisa/feed/ 0
Изгради го, направи го, па крсти го како сакаш! https://arhiva.kurir.mk/kolumni/izgradi-go-napravi-go-pa-krsti-go-kako-sakash/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/izgradi-go-napravi-go-pa-krsti-go-kako-sakash/#respond Mon, 14 Aug 2023 12:55:39 +0000 https://kurir.mk/?p=866546

Колку сака актуелната власт да тврди дека оди напред, и дека процесите кои се одвиваат отвораат некакви перспективи, суровата реалност е дека сме уназадени до крај и дека  се креира меур кој чека да пукне! Да, членството во НАТО те штити од агресија надворешна, насилна промена на граници, но со ништо не ти ја гарантира внатрешна стабилност и тенденцијата за менување на државниот систем и поредок. Цели 30 години функционираме на принцип на некаква консензуална демократија, и место политиката да биде идеолошка, или едноставно со принципот 61 пратеник (мнозинство),а „бадентеровото мнозинство“ да биде заштита од мајоризација, ни се сведуваме да бираме обврзно партнер од некаков си албански блок, кој место да се осовремени, и да зборува за реални животни проблеми, само ја радикализира реториката, иако за разлика од пред 20тина години состојбите се дијаметрално различни. Видете ги само изјавите на претседателите или високо позиционираните претставници на БЕСА, Алтернатива, но и Алијанса на Албанците, па и новите парии на Изет Меџити и Аријанит Хоџа, и ќе сфатите дека разлика нема. Ист шаблон, иста матрица, иста реторика. ДУИ воопшто не ги споменувам, ниту полумртвата ДПА на Мендух Тачи, затоа што и ставовите и матрицата е позната. Во основа тоа не кореспондира со реалноста. Со ставовите на еден куп Албанци од Македонија кои можете да ги сретнете во маало, на пазар, во парк, на кеј, во чаршија. Нивните потреби се однесуваат на одобренија за градба, легализација, паркинг, инфраструктура, вода, канализација, бучава, проблеми со институции, мито, непотизам. Се она што мака е за секој човек. И тие се засегнати кога слушаат дека неписмени или со купени дипломи влегуваат да работни места во државни институции, но тоа не се однесува на нив, на обичните луѓе, туку тие места ги лапаат партиските војници. Оние обичните луѓе имаат иста мака, без оглед на етничкото потекло. Можеби токму затоа изминативе десетина години Албанците во Македонија гласат со многу помал процент од остатокот од државата. За лаж, ниту една од политичките партии ова не го сфаќа, и промовира политики на делба, на табори (ваши/наши), и на етничка, јазична и верска поделба. Слично е и со улициве, мостовите и школите. Поради хирови и каприци од некои претходни одлуки, последната локална власт на СДС и ДУИ, предводена од Шилегов, направи попара, па смени имиња на стотици улици во град Скопје, и пазете како: Врати имиња на ликови и места кои немаат никаква врска со Македонија, само поради инает на некои претходни промени (за кои и јас ќе се сложам на места беа и непотребни), но исто времено го направија Скопје поделено на ваше и наше, на Македонско и Албанско. Класична поделба! Јас не сфаќам која е поентата да тргнете име на Македонец, и да го вратите Жарко Зрењанин? Зошто во пречи Павел Шатев? Како тоа во општина Чаир остануваат улици со имиња како Благоја Паровиќ, а се менува Втора македонска бригада, или Лазо Трповски? Што на вашето дете ќе му пречи што одредено школо се викало на пример Рајко Жинзифов, или Цветан Димов? На крајот на краиштата, сите тие улици се изградени во одредено време и за одредна намена, а биле именувани со одредена причина. Во Скопје има школи кои се викаат Јохан Хајнрих Песталоци и Јан Амос Коменски кои биле странска донација за градот по земјотресот, па никој не се осмелува да ги преминува. Има и гимназија Јосип Број Тито, па се уште го носи истото име. Се сменија имињата само на оние кои идеолошки беа наметнати и директно не беа поврзани со Македонија, како Борис Кидрич, Моша Пијаде. Скопје дури има гимназија со има на бугарски претседател, Георги Димитров. Човек кој ги признаваше Македонците и е историска потврда за македонската етничка и национална засебност. Дали ме сфаќате драги политичари, пред се вие од албанскиот политички блок? Почитувајте го се она што е направено. Работете со народ и за народот, и оние кои ве гласале, и оние на кои сте им надлежни, а не ве гласаат. Да се дојде на власт не е само прашање на византиски игри, туку мора да се слуша народот. Народот од вас бега и се сели. И во други општини и вон државата. Со овие политики кои ги терате, само го делите и карате народот, а во нормална држава обвинителството би ви шлапнало еден куп кривични или ставило забрана за дејност. А која сме околу именувањето на школи, објекти, улици и мостови... без „бадентер“ двонасочен ништо не правиме. А ова што Шилегов и неговите го изгласаа пред две години, јас и секој совесен скопјанец, ќе им го префрла до крајот на животот на овие продадени души. А вие драги мои властодршци, ако сакате нешто да именувате, изградете го од нула, па дадете му име. Да си играте со историјата и нешто што име значење за вашиот сосед, воопшто не е во ред. А знаете како се вели: Што правиш, ќе ти прават! Народот е уморен од интриги, од делби, од селски етно шовинизам. Џабе и во новите субјекти сте ставиле демократија и Европа, ова вашево ниту е демократски, ниту има врска со Европа. А околу химната. Кој неќе да ја пее, не мора. Но химната е основата на причината за оваа држава. Таа е мотивот, и во неа порака е многу јасна: ново сонце на слободата, и знамето на крушевската република, заедно со главните водачи! По обединителна химна нема. Прочитајте ги и преведете ги другите химни на било кој сосед, и ќе сфатите. Ние во нашава си мила Македонија си имаме друг проблем. Со политика неретко се занимаваат ликови кои во реалноста не би требало воопшто да зборуваат, туку да ги засукаат ракавите и да работат, било што. И да, не е воопшто европска агенда да живеете во хаос, со смрдени улици, со коли на тротоар, со дивоградби, без канализација, со бучава, со даночна евазија, со фиктивни вработувања, и купени дипломи, а да зборуваме за Европска Унија, во која ќе сме влезеле само ако Македонците пак капитулираат, сменат Устав и овој пат и на Бугарите им го направат ќефот. Не, нема да може! Токму беше! Време е за „ресет“ и за функционална држава!   Александар Ристевски]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/izgradi-go-napravi-go-pa-krsti-go-kako-sakash/feed/ 0