Александар Шаленберг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 02 Sep 2023 08:23:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Александар Шаленберг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шаленберг: ЕУ не треба да ја става Украина на брза лента за членство, а да ги занемари земјите од Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shalenberg-eu-ne-treba-da-ja-stava-ukraina-na-brza-lenta-za-chlenstvo-a-da-gi-zanemari-zemjite-od-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shalenberg-eu-ne-treba-da-ja-stava-ukraina-na-brza-lenta-za-chlenstvo-a-da-gi-zanemari-zemjite-od-zapaden-balkan/#respond Sat, 02 Sep 2023 08:23:52 +0000 https://kurir.mk/?p=873649

Европската унија не може да си дозволи да му даде приоритет на членството на Украина, а притоа да ги занемари другите долгогодишни кандидатури како оние на земјите од Западен Балкан, предупреди австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг. Во гостувањето во подкастот „Politico EU confidential“, Шаленберг рече дека блокот мора внимателно да ја разгледа и преиспита својата политика за проширување, иако верува дека и Украина и соседна Молдавија припаѓаат на „европското семејство“, пренесува Б92. - Не можеме да ја имаме Украина на брзата лента, а другите земји во лентата за застанување. Тоа би било геостратешка катастрофа, оцени шефот на австриската дипломатија. Осврнувајќи се на дистопискиот роман на Џорџ Орвел „Животинска фарма“, Шаленберг истакна дека ЕУ треба да избегнува систем каде што некои земји се „поеднакви од другите“. Австрискиот министер потсети дека ЕУ пред околу 20 години им вети членство на земјите од Западен Балкан, но тоа ветување не го исполни. Тој го повика Брисел да се држи до своите ветувања и да се откаже од „бинарното размислување“ за членството, сугерирајќи дека на земјите кандидати треба да им се дозволи одредено учество во планирањата и активностите на ЕУ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shalenberg-eu-ne-treba-da-ja-stava-ukraina-na-brza-lenta-za-chlenstvo-a-da-gi-zanemari-zemjite-od-zapaden-balkan/feed/ 0
Шаленберг: Добри вести пристигнаа од Охрид https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shalenberg-dobri-vesti-pristignaa-od-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shalenberg-dobri-vesti-pristignaa-od-ohrid/#respond Sun, 19 Mar 2023 12:07:59 +0000 https://kurir.mk/?p=813728

Шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг рече дека од Охрид пристигнале добри вести и оти е направен уште еден чекор на патот кон нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.

„Добри вести пристигнаа од Охрид во доцните часови. Косово и Србија направија уште еден чекор на патот кон нормализација на односите. Ова е клучно кога станува збор за интеграцијата во ЕУ“, напиша Шаленберг на Твитер.

Тој им се заблагодари на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел и на претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак за нивните континуирани напори. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shalenberg-dobri-vesti-pristignaa-od-ohrid/feed/ 0
Шаленберг предупредува на голем миграциски бран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shalenberg-predupreduva-na-golem-migraciski-bran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shalenberg-predupreduva-na-golem-migraciski-bran/#respond Thu, 06 Oct 2022 06:00:07 +0000 https://kurir.mk/?p=741618

Шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг пред денешниот состанок во Белград предупреди дека доколку не се преземат итни мерки, следниот миграциски бран може да биде полош од оној во 2015 година. Шаленберг во Белград ќе учествува на средба со министрите за надворешни работи и за внатрешни работи на Србија, на Австрија и на Унгарија. Средбата е продолжение на неодамнешниот трилатерален Самит во Будимпешта. – Фокусот на разговорите ќе биде дополнително интензивирање на криминалистичко-полициската соработка помеѓу Унгарија, Србија и Австрија, најави Шаленберг. Тој додаде дека на средбата во Белград ќе се разговара за деталите и конкретните промени во плановите за борба против нерегуларната миграција долж балканската рута, како и за зголемена заштита на српската граница кон Република Северна Македонија, но и за усогласување на визниот режим со Србија. Австриското Министерство за внатрешни работи главните причини за зголемување на бројот на барања за азил во Австрија во изминатите месеци ги гледа пред сè во безвизниот режим што Србија го има со Индија и со Тунис. Од јануари до август, во Австрија биле поднесени 56.149 барања за азил, а бројот на баратели од Индија и од Тунис е зголемен за 20 пати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shalenberg-predupreduva-na-golem-migraciski-bran/feed/ 0
Важно е Западен Балкан да стане дел од ЕУ, смета Австрија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazno-e-zapaden-balkan-da-stane-del-od-eu-smeta-avstrija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazno-e-zapaden-balkan-da-stane-del-od-eu-smeta-avstrija/#respond Mon, 13 Jun 2022 14:40:33 +0000 https://kurir.mk/?p=690239

Министерот за европски и меѓународни прашања на Австрија, Александар Шаленберг денеска во Белград изјави дека е важно Западен Балкан да стане дел од ЕУ, за да се спречи дестабилизација на регионот. На заедничката конференција по разговорот со шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ, Шаленберг рече дека европската интеграција на земјите од Западен Балкан е суштинска и геостратешка за ЕУ. Шаленберг додаде дека предлогот на Австрија е ЕУ да започне „чекор по чекор“ да ги третира земјите од Западен Балкан како земји-членки. Тој рече дека предлогот нема врска со рускиот напад врз Украина, туку со потребата влезот во ЕУ веќе да даде конкретни резултати. Според него, нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина е важна и верува дека ЕУ останала клучна рамка и двигател на овој план. -Дијалогот е, на некој начин, иглени уши низ кои се набљудува регионот – рекол Шаленберг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazno-e-zapaden-balkan-da-stane-del-od-eu-smeta-avstrija/feed/ 0
Шаланберг положи заклетва како канцелар на Австрија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shalanberg-polozi-zakletva-kako-kancelar-na-avstrija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shalanberg-polozi-zakletva-kako-kancelar-na-avstrija/#respond Mon, 11 Oct 2021 12:43:17 +0000 https://kurir.mk/?p=577084

Александар Шаленберг денеска положи заклетва пред претседателот Александар Ван дер Белен, со што стана нов канцелар на Австрија. Шаленберг го смени Себастијан Курц на функцијата канцелар, кој поднесе оставка под притисок поради истрагата на Обвинителството за економски криминал и корупција и го предложи досегашниот шеф на дипломатијата за нов канцелар. На церемонија Шаленберг се заколна дека ќе го почитува Уставот и законите во државата. По него заклевта положи и новиот министер за надворешни работи Михаел Линхард кој беше амбасадор на Австрија во Франција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shalanberg-polozi-zakletva-kako-kancelar-na-avstrija/feed/ 0
Александар Шаленберг нов канцелар на Австрија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aleksandar-shalenberg-nov-kancelar-na-avstrija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aleksandar-shalenberg-nov-kancelar-na-avstrija/#respond Sun, 10 Oct 2021 15:39:17 +0000 https://kurir.mk/?p=576590

Министерот за надворешни работи на Австрија Александар Шаленберг, кој синоќа беше предложен за иден канцелар, се сретна со претседателот на државата Александар ван дер Белен. Во кратка изјава за печатот, Шаленберг зборуваше дека на земјата и претстојат многу задачи и оти е ова период на предизвик. Тој рече дека бил изненаден од неговото неочекувано „унапредување“, и најави дека ќе зборува подетално откако ќе положи заклетва, а тоа треба да биде утре. Пред состанокот со претседателот, Шаленберг разговараше со вицеканцеларот Вернер Коглер без присуство на медиумите. Што се однесува до позицијата – шеф на дипломатија, има неколку варијанти, од кои едната е министерката без ресор задолжена за европски и уставни прашања, Каролин Едштадлер, но и генералниот секретар во Министерството за надворешни работи, Петер Лаунски-Тифентал. За сите промени во владата, прво е потребно Курц формално да поднесе оставка до претседателот на Австрија, а потоа новиот канцелар ќе даде заклетва.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aleksandar-shalenberg-nov-kancelar-na-avstrija/feed/ 0
Австрија ги укинува граничните контроли кон сите соседи, освен кон Италија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-gi-ukinuva-granichnite-kontroli-kon-site-sosedi-osven-kon-italija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-gi-ukinuva-granichnite-kontroli-kon-site-sosedi-osven-kon-italija/#respond Thu, 04 Jun 2020 05:37:11 +0000 https://kurir.mk/?p=353510

Австрија денеска ги укинува граничните контроли кон сите соседи, освен кон Италија, најави министерот за надворешни работи Александар Шаленберг. На вчерашната прес-конференција тој соопшти дека од денеска ќе бидат укинати граничните и здравствените контроли кон Германија, Лихтенштајн, Швајцарија, Словачка, Словенија, Чешка и Унгарија. Лицата кои доаѓаат или се враќаат од овие седум земји веќе не подлежат на двонеделен карантин или негативен ПЦР тест. За Италија, Шаленберг изјави дека остануваат ограничувањата и ситуацијата ќе биде повторно анализирана следната недела. Тој, исто така, кажа дека е очигледно дека ситуацијата во Италија се подобрува и дека некои региони, како Јужен Тирол, повторно имаат добри Ковид-19 резултати. Најави и дека ќе го разгледа предлогот од Болцано, според кој Австрија може да се отвори за одредени италијански региони. Тој рече дека целта е да се отворат границите кон Италија, штом бројките тоа го дозволат. Што се однесува до таканаречените трети земји, Шаленберг рече дека се залага за заедничко европско решение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-gi-ukinuva-granichnite-kontroli-kon-site-sosedi-osven-kon-italija/feed/ 0