Александар Скарсгард – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Apr 2022 11:49:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Александар Скарсгард – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Како Александар Скарсгард добил тело на викинг? https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kako-aleksandar-skarsgard-dobil-telo-na-viking/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kako-aleksandar-skarsgard-dobil-telo-na-viking/#respond Tue, 26 Apr 2022 11:49:33 +0000 https://kurir.mk/?p=668025

Оние кои ги погледнале трејлерите, веројатно веќе знаат дека глумците во новиот филм на Роберт Егер – „Северњак“ (The Northman), минале „низ пеколот“ за да дојдат до совршените тела што ги имаат во оваа викиншка приказна. Сите имаат свои анегдоти за „маките“ при снимањето, но најтешкиот дел, се чини, му припаднал на главниот глумец Александар Скарсгард. Долго време сонувал да се појави во филм за викинзите, па сега, кога имал можност, тој признава дека не било лесно да се дојде до фигурата што ја има во филмот. Така, со познатиот тренер Магнус Лигдбак, Скарсгард морал да внесува 3.700 калории дневно, што значи дека морал да јаде на секои два до три часа за да го одржи метаболизмот. Во поглед на тренингот, стручњакот вели дека во таа смисла, најбитен е квалитетот, а не квантитетот. – Честопати читате за актери кои говорат за тоа како тренирале неколку часа секој ден… Тоа не мора да е точно. Можеби „се моткале“ по четири часа на ден, но колку се потрошило на обука!? Никогаш не ги тренирам моите клиенти повеќе од еден час затоа што она што не се случува во првиот час, нема да се случи ниту во вториот час. Сè по првиот час е само исцрпеност на телото. Затоа, најдобро е еден час дневно – шест дена во неделата. Или пет дена во текот на снимањето, појасни Лигдбак. Тој вели дека диетата вклучувала 20 оброци во четири дена, од кои 17 се состоеле од протеини (најчесто риба), зеленчук и сложени јаглехидрати и масти. Останатите три оброци биле тн. „залажувачки“, не толку здрави закуски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kako-aleksandar-skarsgard-dobil-telo-na-viking/feed/ 0