Александар Стиков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Sep 2023 11:06:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Александар Стиков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина доајенот на македонското спортско новинарство, Александар Стиков https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-doajenot-na-makedonskoto-sportsko-novinarstvo-aleksandar-stikov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-doajenot-na-makedonskoto-sportsko-novinarstvo-aleksandar-stikov/#respond Thu, 21 Sep 2023 11:06:47 +0000 https://kurir.mk/?p=880267

Александар Стиков е роден во 1947 година, а целиот свој работен век го помина во Македонското радио како новинар, репортер и уредник на спортската програма. Со својот препознатлив глас ги овековечи најважните спортски настани во македонската и југословенската спортска историја, и со преку 2000 преноси е новинарот со најмногу изговорени минути на програмата на македонското радио. Стиков беше последниот претседател на здружението на спортски новинари на Југославија и еден од основачите на Македонскиот олимписки комитет. Добитник е на бројни награди и признанија, вклучувајќи го и престижниот Трофеј за спорт и медиуми од Меѓународниот олимписки комитет во 2004. Како уредник на Спортската програма на Македонското радио создаде плејада новинари и репортери. Во 1969 година ја основа најдолговечната специјализирана спортска програма Спорт, музика, спорт и известуваше од седум Олимпијади и голем број европски и светски првенства. Погребот на посмртните останки ќе биде во петок (22 септември 2023 година) во 11.00 на градските гробишта Бутел во Скопје (капела во 10.00), а комеморативната седница во понеделник (25 септември 2023 година) во 11.00 во просториите на Македонската радио-телевизија. Редакцијата на КУРИР изразува сочувство до неговото семејство, колегите и пријателите]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-doajenot-na-makedonskoto-sportsko-novinarstvo-aleksandar-stikov/feed/ 0