александар стојковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 Nov 2022 09:42:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png александар стојковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Управниот одбор на ЈСП Скопје со тужба против В.Д. директорот на претпријатието https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/upravniot-odbor-na-jsp-skopje-so-tuzba-protiv-v-d-direktorot-na-pretprijatieto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/upravniot-odbor-na-jsp-skopje-so-tuzba-protiv-v-d-direktorot-na-pretprijatieto/#respond Mon, 21 Nov 2022 09:42:57 +0000 https://kurir.mk/?p=764052

Дел од членовите на Управниот одбор на ЈСП Скопје поднесоа тужба до Основниот граѓански суд Скопје против В.Д. директорот на ЈСП Скопје Александар Стојковски и Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за јавно изречена навреда и клевета. -На 20.10.2022 год. по налог на В.Д. Директорот на ЈСП на официјалната веб страна и на фејсбук страната на ЈСП Скопје објавен е идентичен текст во кој Управниот одбор на ЈСП Скопје неправедно се инволвира како еден од организаторите на штрајкот на синдикатите кој се случуваше истиот ден и дека членовите на УО ќе бидат дел од кривична пријава поради незаконско организирање на штрајк и попречување на работата на претпријатието. Поради изнесувањето на невистини на официјалните јавни гласила на ЈСП Скопје и проследувањето на истите невистини до медиумите во државата, беше побарано јавно извинување од В.Д. Директорот до членовите на УО. Од причина што В.Д. Директорот на ЈСП Скопје одби да се извини на Управниот одбор, дел од членовите одлучија правдата да ја бараат пред надлежните судови во нашата држава, односно доставија Тужба против В.Д. Директорот на ЈСП за клевета. Поради изнесени невистинити факти и тврдења директно е нанесена штета на честа и угледот на членовите на УО на ЈСП, се наведува во соопштението. Истакнуваат дека целта на ваквото однесување од страна на ВД директорот била да се префрли вината за настанатата ситуација на Управниот одбор на ЈСП, а со тоа и да се дискредитираат како личности и професионалци во својата работа. -Иако во писменото известување, не се наведени членовите на УО по име и презиме, сепак нивниот идентитет е очевиден со оглед да на Веб страната на ЈСП, во делот ,,раководна структура,, се јавно објавени податоците за сите членови на Управниот одбор, што подразбира дека таквите податоци се јавно достапни за целата јавност, се вели во соопштението од Управниот одбор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/upravniot-odbor-na-jsp-skopje-so-tuzba-protiv-v-d-direktorot-na-pretprijatieto/feed/ 0
Над 1.000 семејства трпат за леб: Вработените во ЈСП без плата, скопјани без јавен превоз https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nad-1-000-semejstva-trpat-za-leb-vrabotenite-vo-jsp-bez-plata-skopjani-bez-javen-prevoz/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nad-1-000-semejstva-trpat-za-leb-vrabotenite-vo-jsp-bez-plata-skopjani-bez-javen-prevoz/#respond Thu, 20 Oct 2022 10:03:05 +0000 https://kurir.mk/?p=748271

Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и в.д директорот на ЈСП Александар Стојковски оставиле повеќе од 1.000 семејства на вработените во ЈСП да трпат за леб, а за првпат ги оставија скопјани без јавен превоз, велат . -Работниците утринава дојдоа на своите работни места да возат, но не видоа дека в.д директорот Стојковски дошол да им исплати плати, туку видоа дека дошол неовластено да ги снима за да слушаат тие што немаат храброст да се исправат пред работниците. Вчера бевме сведоци дека десетина штрајк брехери вкупно со се Секретарот на Град Скопје, и в.д директорот на ЈСП и со нивните лични возачи како неаконски застанаа пред Влада, а работниците единствени како никогаш до сега не стојат со нив туку стојат заедно, а синдикатите со нив за нивните заслужени и одработени плати, велат од ССМ.
Оттаму порачаа дека градоначалничката, секретарот на Град Скопје и директорот на ЈСП можат да седнат зад воланот на автобусите и да возат, никој нема да ги спречи, сите возачи во ЈСП ги чекаат во базите. -Град Скопје да поднесе кривични пријави против градоначалничката Данела Арсовска и в.д Директорот на ЈСП, Александар Стојковски по член 166 од Кривичниот законик кој покрај другото предвидува дека тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор, за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата итн., ќе се казни со парична казна или со затвор до една година" и да не дозволат и да ги оставаат работниците сами да се справуваат со нив! Ако не сте способни да раководите, најдете си по способни што ќе раководат, ќе исплаќаат навремено плати, што нема да вршат мобинг, порачаа од таму.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nad-1-000-semejstva-trpat-za-leb-vrabotenite-vo-jsp-bez-plata-skopjani-bez-javen-prevoz/feed/ 0
ЈСП воведува нова автобуска линија, ќе ги поврзува овие две скопски населби https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jsp-voveduva-nova-avtobuska-linija-kje-gi-povrzuva-ovie-dve-skopski-naselbi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jsp-voveduva-nova-avtobuska-linija-kje-gi-povrzuva-ovie-dve-skopski-naselbi/#respond Mon, 11 Jul 2022 13:52:34 +0000 https://kurir.mk/?p=703394

Директорот на ЈСП Скопје, Александар Стојковски, денеска на седницата на Советот на Град Скопје за советнички прашања, најави дека претпријатието работи на воведување нова автобуска линија Радуша – Сарај. Оваа линија се воведува по барање на околните жители, а по изготвената анализа која е во завршна фаза од страна на ЈСП Скопје. Новата линија значително ќе ја подобри поврзаноста на населбата Радуша со Сарај, а жителите од Радуша ќе имаат редовен превоз. Директорот Стојковски на денешната седница истакна дека нема доцнење на редовните автобуски линии за општина Сарај и дека станува збор за  редовна пракса на возење по летен возен ред со намален број линии. Со цел подобрување на јавниот превоз, Град Скопје посветено работи на воведување на нови автобуски линии, а на денешната седница на Советот беше донесена одлука за воведување на две дополнителни редовни автобуски линии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jsp-voveduva-nova-avtobuska-linija-kje-gi-povrzuva-ovie-dve-skopski-naselbi/feed/ 0
Александар Стојковски сведочеше пред судот: Му го дадов мојот дуксер на Села за да не го познаат кога излегуваше од Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aleksandar-stojkovski-svedocheshe-pred-sudot-mu-go-dadov-mojot-dukser-na-sela-za-da-ne-go-poznaat-koga-izleguvashe-od-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aleksandar-stojkovski-svedocheshe-pred-sudot-mu-go-dadov-mojot-dukser-na-sela-za-da-ne-go-poznaat-koga-izleguvashe-od-sobranieto/#respond Wed, 18 Apr 2018 11:41:27 +0000 https://kurir.mk/?p=42419

Денеска пред Основниот суд Скопје 1 се појавија обвинетите за обид за убиство на Зијадин Села. Пред судот во својство на сведок се појави Александар Стојковски, кој како што кажа на 27 април во Собранието помагал да биде спасен животот на Села. Тој кажа и дека е поранешен пратеник во Собранието, па добро го знае распоредот на законодавниот дом. Како што кажа Стојковски токму тој со неговиот дуксер, му помогнал на Зијадин Села да излезе од Собранието, а да не биде препознаен од другите луѓе. Стојковски кажа дека прво помогнал Села да биде внесен во Клубот на пратеници во Собранието, каде во тој момент ценел дека е најбезбедно да се однесе, бидејќи со тешки повреди лежел на земја на место каде што се спојувале неколку ходници и поминувала голема група луѓе, што според него било небезбедно и ризично место. Тој напомена дека 27 не влегол во прес центарот во Собранието. Кажа и дека во моментот кога се случувале инцидентите бил во Клубот на пратеници, а се сеќава на два сегменти. -Го видов Зијадин Села како лежи на земја пред скалите, видов група луѓе, за кои ми се чинеше дека поминуваат како стампедо. Тој напомена дека во моментот кога Села бил внесен во Клубот на пратеници, клекнал на коленици до него со цел да му пружи прва помош. Второ на што се сеќава е дека го видел обвинетиот Александар Јаневски, познат како Ацо Тошта, како стои покрај Зијадин Села и ги двои и бутка луѓето, кои како стампедо според неговите зборови поминувале на местото каде што лежел Села, а токму тој потег на Ацо Тошта го охрабрил и тој да помогне. Стојковски кажа и дека Тошта седел пред вратата на Клубот на пратеници внимавајќи да не дојде друга група луѓе во Клубот. Стојковски напомена дека го искористил неговиот дуксер, кој во тој момент му бил врзан на половината, со цел да го замаскира Села, за да не биде препознаен во моментите додека преку внатрешните скали го ваделе од Собранието. -Го кренавме Села со Тошта, го донесовме до прозорот кој води до внатрешните скали. Се сеќавам на лицето Али Фетах, кое го замолив да појде со Зијадин, изјави Стојковски. Тој кажа дека покрај него и Јаневски, видел и други лица кои се обидувале да му помогнат на Села, но дека не може да се сети на нив и на нивните дејствија. Тој напомена дека од местото каде што бил Села го тргнал обвинетиот Кире Ѓоргиевски, бидејќи бил многу вознемирен. Додека го држел забележал дека Ѓоргиевски имал крв на главата. -Додека се обидував да го смирам, тој кажа како да се смирам, пукаа на мене, изјави Стојковски пред судот. Стојковски напомена дека не видел директен напад од Кире Ѓоргиевски на Села, како и дека не видел никој друг да се обиде да го удри Села. Тој кажа дека од обвинетите единствено лично го познава Стојан Павлески, но него не го забележал на местото каде што лежел Зијадин Села. Тој напомена и дека не слушнал никаква закана кон Зијадин Села.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aleksandar-stojkovski-svedocheshe-pred-sudot-mu-go-dadov-mojot-dukser-na-sela-za-da-ne-go-poznaat-koga-izleguvashe-od-sobranieto/feed/ 0