александар трајановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 30 Apr 2022 16:59:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png александар трајановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ургентен центар почнува со реновирање: Еве каде ќе се праќаат итните случаи од Скопје, а каде од другите градови при зголемен број пациенти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/urgenten-centar-pochnuva-so-renoviranje-eve-kade-kje-se-prakjaat-itnite-sluchai-od-skopje-a-kade-od-drugite-gradovi-pri-zgolemen-broj-pacienti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/urgenten-centar-pochnuva-so-renoviranje-eve-kade-kje-se-prakjaat-itnite-sluchai-od-skopje-a-kade-od-drugite-gradovi-pri-zgolemen-broj-pacienti/#respond Sat, 30 Apr 2022 17:17:38 +0000 https://kurir.mk/?p=670243

Подготвителните активности за реконструкција на Ургентниот центар и новиот начин на функционирање беа повод за денешната посета на министерот за здравство, Беким Сали на Клиниката за ТОАРИЛУЦ. -Заедно со директорот, д-р Александар Трајановски направивме обиколка на просторот, каде е направено соодветно обележување на патеката на движење со јасно видливи ознаки, како и патеката на движење на возилата на ИМП до главниот влез на хируршките клиники од страната на УК за стоматологија. Во периодот на реновирање, пациентите со итна патологија се примаат во просториите на амбулантниот дел на Клиника за трауматологија, кој времено се преадаптира во Ургентен центар, информира Сали. Согласно планот предвидено е во случај на зголемен број пациенти, за време на реконструктивните зафати во Ургентниот центар сите итни пациенти од Скопје да бидат згрижени во Градската општа болница 8-ми Септември, додека пациентите од другите градови ќе ја добијат соодветната здравствена услуга – хируршки третман во Специјалната болница за хируршки болести Свети Наум Охридски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/urgenten-centar-pochnuva-so-renoviranje-eve-kade-kje-se-prakjaat-itnite-sluchai-od-skopje-a-kade-od-drugite-gradovi-pri-zgolemen-broj-pacienti/feed/ 0
Се затвора Ургентниот центар на Клинички до јули https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-zatvora-urgentniot-centar-na-klinichki-do-juli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-zatvora-urgentniot-centar-na-klinichki-do-juli/#respond Wed, 27 Apr 2022 09:18:08 +0000 https://kurir.mk/?p=668494

Главниот Ургентен центар во државата од идната недела до јули наместо со пациенти ќе биде полн со градежни работници, објави Сител телевизија. Поради реновирање установата ќе функционира со намален капацитет. Директорот на ТОАРИЛУЦ уверува дека и за време на реновирањето ќе се примаат итните случаи. Влезот за амбуланските возила ќе биде од страната на Стоматологија, а прегледите ќе се вршат во трите амбуланти на Трауматологија. -Апсолутно ќе функционира Ургентниот центар како што функционирал до сега, во помал обем, но сепак ќе бидат згрижени сите пациенти. Така да планираме тоа да трае еден до два месеци и преземени се сите активности за да нема несакани проблеми, изјави Д-р Александар Трајановски, директор на ТОАРИЛУЦ за Сител. Дневно низ Ургентниот центар поминуваат 100-тина пациенти. Тука ги примаат и најголем дел од повредените во разни несреќи од целата држава. Трајановски вели дека и додека трае реновирањето вработените ќе си бидат на работните места, но доколку има наплив на пациенти било договорено тие од внатрешноста ќе ги носат во ГОБ 8 септември, а итните случаи од Скопје во Старата градска болница. -Договорено е доколку има наплив на пациенти да се пренасочат во тие две установи додека трае реновирањето, вели Д-р Трајановски. Веќе две недели затворена е и Инфективната клиника поради темелно чистење, а вработените се на колективен одмор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-zatvora-urgentniot-centar-na-klinichki-do-juli/feed/ 0
Трајановски: Парите кои што ние скопјани ги плаќаме секој месец не се користат за одржување на зеленилото во Градскиот Парк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-parite-koi-shto-nie-skopjani-gi-plakjame-sekoj-mesec-ne-se-koristat-za-odrzuvanje-na-zeleniloto-vo-gradskiot-park/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-parite-koi-shto-nie-skopjani-gi-plakjame-sekoj-mesec-ne-se-koristat-za-odrzuvanje-na-zeleniloto-vo-gradskiot-park/#respond Wed, 28 Jul 2021 16:02:28 +0000 https://kurir.mk/?p=543160

Ова е слика од птичја перспектива на Градскиот Парк во Скопје околу големото езеро или познат како "стариот дел" на паркот. ПР-от на Шилегов ја искористил сликава за да ја претстави новата тартан стаза за која лично сметам дека е добро решение, но гледајќи ја сликава неизбежно е да не се констатира дека на зеленилото во Градскиот Парк му се случува егзодус. За сивилото наместо зеленилото на сликава постојат две верзии. Првата е дека лицето кое работи на фотошоп дотерување на сликите заминало на одмор. Втората е дека станува збор за веќе постоечка зелена површина, а штом е постоечка, нема проектирање, нема мрсно тендерирање за садници и расад од по 10.000 ден по стебленце. Со други зборови, во садење и наводнување трева нема ќар. Во ерата на некаква си поинаква приказна за Скопје, нараторот на оваа крајно лицемерна приказна воведе нова давачка со која директно од џебот на граѓаните се акумулираат околу 4 милиони евра годишно за наводно одржување на градското зеленило. Оваа слика кажува се! Повеќе од очигледно е дека овие пари кои ние скопјани ги плаќаме секој месец не се користат за одржување на зеленилото. Чекор по чекор стигаме од поинаква до лицемерна приказна Фејсбук статус на Александар Трајановски ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-parite-koi-shto-nie-skopjani-gi-plakjame-sekoj-mesec-ne-se-koristat-za-odrzuvanje-na-zeleniloto-vo-gradskiot-park/feed/ 0
Трајановски: Шилегов е партиски кмет изгубен во епитетот татко на градот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-shilegov-e-partiski-kmet-izguben-vo-epitetot-tatko-na-gradot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-shilegov-e-partiski-kmet-izguben-vo-epitetot-tatko-na-gradot/#respond Thu, 08 Jul 2021 15:19:06 +0000 https://kurir.mk/?p=534046

Бегаат од седници на Советот на Град Скопје, гасат советници од седница по кеиф без аргументи и образложенија, не дозволува седници со физичко присуство иако Советот на Град Скопје е единственото тело која работи онлајн. Ниту еден совет на било која општина во град Скопје, ниту Собранието на Република Македонија дури и во екот на пандемијата не работеа онлајн, сите работеа со физичко присуство, стои во Фесјбук статусот на Александар Трајановски. - Ако нема услови за оддржување седници на Советот на Град Скопје со физичко присуство, како ли само се ствараат услови веќе петти пат да си го промовира БРТ? Добро видете ги ликовите поредени на оваа петта презентација на БРТ- Бас Рапид Транспортот или автобусите кои Шилегов очајно сака да ги прикаже како трамвај. Ова е се само јавна презентација не. Партиска смотра во еден од најскапите луксузни хотели во Скопје платена со пари на граѓаните на Скопје. Не е он фараон, он е само партиски кмет изгубен во епитетот татко на градот, пишува тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-shilegov-e-partiski-kmet-izguben-vo-epitetot-tatko-na-gradot/feed/ 0
Трајановски до Шилегов: Градската куќа ја продадовте под пазарната цена, а сега купувате нова на рати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-do-shilegov-gradskata-kukja-ja-prodadovte-pod-pazarnata-cena-a-sega-kupuvate-nova-na-rati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-do-shilegov-gradskata-kukja-ja-prodadovte-pod-pazarnata-cena-a-sega-kupuvate-nova-na-rati/#respond Tue, 06 Jul 2021 13:18:29 +0000 https://kurir.mk/?p=532848

Советникот од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од партијата Гром во Советот на градот Скопје Александар Трајановски на денешната седница на Советот на град Скопје каде се дискутираше за ребалансот на буџетот на Град Скопје објави дека градоначалникот Петре Шилегов ја продаде наследената градска куќа за 12 милиони евра, а парите ги потроши за непознати цели. “Петре Шилегов ја продаде Градската Куќа за 12 милиони евра. Дека ги потрошил парите од продажбата докажува фактот што сега на 3 месеци пред крај на својот мандат прави измена на програма за развој со која бара поддршка од Советот на Град Скопје да му аминуваат новата зграда да ја купува на рати. И тоа, градоначалникот Шилегов да плати 1,5 милиони евра сега, на 3 месеци пред крај на својот мандат. Значи 11 милиони евра нема и се потрошени залудно.” изјави Трајановски. Тој посочи дека Шилегов ја продал градската куќа под пазарната цена за 12 милиони евра, а новата зграда ќе потроши нови 15 милиони евра. Тоа е еклатантен случај на недомаќинско работење, Шилегов е една крајно лицемерна приказна, додаде Трајановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-do-shilegov-gradskata-kukja-ja-prodadovte-pod-pazarnata-cena-a-sega-kupuvate-nova-na-rati/feed/ 0
Трајановски до Шилегов: Јавноста треба да знае каков неработник сте https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-do-shilegov-javnosta-treba-da-znae-kakov-nerabotnik-ste/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-do-shilegov-javnosta-treba-da-znae-kakov-nerabotnik-ste/#respond Tue, 01 Jun 2021 21:16:34 +0000 https://kurir.mk/?p=517882

Градоначалникот Петре Шилегов во два наврати, во приватен разговор ме има прашано кој е сопственик на Инфомакс и дали сум го купил Инфомакс. Ако не се сеќава на мојот одговор ќе го потсетам овде за да не се бламира во јавноста, за градоначалникот ми е не ми е за јавноста, јавноста знае кои се сопственици на Инфомакс. Мојот одговор тогаш и сега е: Не сум сопственик на Инфомакс, ти немаш пари да го купиш Инфомакс, не па јас, пишува на Фејсбук Александар Трајановски, советник во Град Скопје од ГРОМ. -Од Инфомакс ќе ти одговорат сигурно, а можеби и ќе те тужат за клевета, доста несмасно за правник адвокат. Ако добро го слушнав прашањето од новинарката ве праша за обвинувањата, ама за тоа збор не кажавте. Зборевте за тоа каде јас имам право да ги изнесувам моите обвинувања. Со кое право? Не градоначалник, не се само за на совет туку и за во јавност. Затоа што седниците на Советот на Град Скопје ги држите во заложништво и онлајн, ја исклучувате јавноста за да вашите, пред се ВУЛГАРНОСТИ, па потоа и манипулации и незаконско работење не излезат во етерот. Затоа колку повеќе се обидувате да не замолчите и се скриете од јавноста ние толку повеќе ќе ги алармираме граѓаните за вашите злоупотреби, тоа е наша обврска према граѓаните кои не избрале и мене и вас. Јавноста треба да знае каков неработник сте. И јас како и вие работам на својот ПР. Но јас го плаќам од сопствен џеб, а ти Петре го плаќаш од џебот на скопјани. Ајде почитуван градоначалник да збориме за 18 милиони денари пари на граѓаните на Скопје за поддршка за градоначалникот, за каква поддршка? Ајде Петре да прошетаме низ Скопје да ги покажеш чешмите од 90.000 денари без ДДВ, на мене и на скопјани. Ајде Петре да збориме за тоа како немоќно молчеше и гледаше на страна додека „мазутот“ но Кочо гореше по скопскисте болници, училишта, градинки и институции... Ајде Петре да продискутираме за како тоа кога град Скопје го превземавте имаше околу 450 вработени, а сега преку 700. И за крај, излишно е трети пат да ве канам на дуел. Се гледаме на наредната седница на Советот на Град Скопје, се надевам конечно со физичко присуство, а и медиумско секако. Се гледаме градоначалник, пишува Трајановски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-do-shilegov-javnosta-treba-da-znae-kakov-nerabotnik-ste/feed/ 0
Трајановски: Уредување на зелена површина на чело со Шилегов ги чини скопјани 750 евра по метар квадратен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-ureduvanje-na-zelena-povrshina-na-chelo-so-shilegov-gi-chini-skopjani-750-evra-po-metar-kvadraten/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-ureduvanje-na-zelena-povrshina-na-chelo-so-shilegov-gi-chini-skopjani-750-evra-po-metar-kvadraten/#respond Mon, 31 May 2021 20:44:05 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517413

Советникот во град Скопје, Александар Трајановски во гостување во емисијата на радио Лидер кажа дека модерните површини како на ГТЦ и други кои ги прави Шилегов го чинат градот Скопје и граѓаните премногу пари и дека тие цени не се реални и додаде дека парите на граѓаните се трошат без усул и не земајќи ги во предвид нивните круцијални потреби од страна на градскиот татко Шилегов. -Модерни зелени кровови ги чинат скопјани многу пари. Еве ќе ви кажам, површината на ГТЦ која што беше зазеленета е 1800 метри квадратни и чинеше 600.000 евра а сега имате површина од 400 метри квадратни за домот на градежници и истата не кошта 300.000 евра, значи 400 квадрати кога ќе го поделите 300.000 евра со површината излегува 750 евра е тоа уредување на зелена површина, истакна тој. Советникот Трајановски потенцираше дека за домот за градежници за површина од 400 метри квадратни за зазеленување потрошени се 300.000 евра што излегува околу 750 евра по метар квадрат за уредување на зелена површина. Според Трајановски, овие цени се превисоки и немаат допирна точка со реална цена на чинење. -Да изградите зграда целосна од темел со ист габарит и квадратура како домот за градежници кој што ние го зезаленивме кровот ќе не чини исто пари. Овде или станува збор за марсовски прескапи материјали или станува за нешто друго, заврши Трајановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-ureduvanje-na-zelena-povrshina-na-chelo-so-shilegov-gi-chini-skopjani-750-evra-po-metar-kvadraten/feed/ 0
Трајановски: Шилегов овие 4 години парите на скопјани ги потроши залудно, нема изградено ниту еден позначаен проект за градот https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trajanovski-shilegov-ovie-4-godini-parite-na-skopjani-gi-potroshi-zaludno-nema-izgradeno-nitu-eden-poznachaen-proekt-za-gradot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trajanovski-shilegov-ovie-4-godini-parite-na-skopjani-gi-potroshi-zaludno-nema-izgradeno-nitu-eden-poznachaen-proekt-za-gradot/#respond Mon, 31 May 2021 20:12:44 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517405

Во емисијата “Филибастер“ на радио Лидер гостуваше советникот во град Скопје, Александар Трајановски кој кажа дека парите од 4 годишното владеење на градоначалникот на градот Скопје се трошат залудно и дека Шилегов како татко на градот со повеќе од 400.000 милиони евра буџет за 4 години нема ниту еден значаен проект изградено за Скопје. -Парите на скопјани се трошат залудно, 400 милиони буџет за 4 години е сериозна сума на пари за 4 буџетски години со кој што градот Скопје требаше да направи барем нешто маркантно, односно овој градоначалник требаше да направи барем нешто маркантно во неговиот мандат кој што ќе остане да кажува на историјата, дека токму оваа градба или овој објект е направен во тоа и тоа време од тој градоначалник, рече Трајановски. Имено, Трајановски појасни дека скоро сите градоначалници на град Скопје може да се пофалат со некој значаен проект во нивните мандати кои се во служба на градот Скопје и скопјани, но не и Шилегов кој троши огромни пари за сосема незначајни проекти, но не и за она што е најзначајно за градот Скопје и граѓаните. - Сите градоначалници на Скопје имаат такви проекти, но не и Шилегов. Единствен проект на Шилегов е дино паркот од пластика кој чини 350.000 евра. Иста ваква сума е потрошена за домот на пингвините проекти за кои можеше да се потроши могу помалку средства и да ги реалоцира за поважни и круцијални проекти, дополни Трајановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trajanovski-shilegov-ovie-4-godini-parite-na-skopjani-gi-potroshi-zaludno-nema-izgradeno-nitu-eden-poznachaen-proekt-za-gradot/feed/ 0
Трајановски до Шилегов: Спремен ли си после седницата да покажеш кои се ново изградените чешми во Град Скопје за кои сте платиле огромна сума на пари? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-do-shilegov-spremen-li-si-posle-sednicata-da-pokazesh-koi-se-novo-izgradenite-cheshmi-vo-grad-skopje-za-koi-ste-platile-ogromna-suma-na-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-do-shilegov-spremen-li-si-posle-sednicata-da-pokazesh-koi-se-novo-izgradenite-cheshmi-vo-grad-skopje-za-koi-ste-platile-ogromna-suma-na-pari/#respond Tue, 27 Apr 2021 13:42:48 +0000 https://kurir.mk/?p=502809

Советникот во советот на Град Скопје од коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ГРОМ Александар Трајановски на седница на советот за поставување на советнички го праша Петре Шилегов каде и кои чешми се ново изградени а се дебело платени од страна на Град Скопје на една фирма. Најдов една интересна информација од системот за електронски јавни набавки каде што Градот Скопје континуирано врши набавка на одреден ставка која се повторува 2019, 2019,2020 и 2021 година. Станува збор за набавка која што не можам да ја најдам како реализација на терен, значи станува збор за набавка на чешми, нивно одржување, монтажа за пиење вода, името е Договор за набавка и монтажа на јавни чешми за пиење вода и нивно одржување. Ако се земаат хронолошки како се поставувани јавните набавки повиците и склучувањата на договорите, ќе видиме дека се две транши од кои април месец за Град Скопје очигледно е месец за набавки на чешми. Во 2019 година се исплатени 2 милиони денари по основа на јавна набавка на едно правно лице токму за оваа ставка која што ја прочитав. Во 2020 година оваа ставка на исти ден, иронично што се случува на први април 2020 година се повторува и тоа два пати по 2 милиони денари и еднаш 700.000 денари. Значи тоа се четири милиони и седумстотини илјади денари или 76.500 евра. И во 2021 година истата набавка со истата ставка на 14 април 2021 година повторно сее повторува два пати по 2 милиона и 700.000 денари. Повторно четири милиони и седумстотини илјади денари. Ако отворивте на сервисот на јавни набавки оваа фирма ќе видете дека соработува исклучиво со Град Скопје во однос на набавка на оваа ставка која што ја спомнав, но и по однос на набавка на корпи за отпадоци и поставување на клупи, вели Трајановски. Би сакал градоначалникот Шилегов да ми одговори за што точно станува збор и што всушност се одржува со овие огромни суми кои што секоја година Град Скопје ги исплаќа на оваа правно лице. Очигледно не станува збор за изградба бидејќи јас не можам да посведочам дека нова чешма за пиење вода е направена од страна на Градот Скопје. И доколку тоа не е така би сакал градоначалникот да ме поправи и нели доколку е во можност да излеземе на терен и истите да бидат посочени, вели Трајановски. Второто прашање кое го постави Трајановски а за кое рече дека е доста симптоматично е во однос на набавка на корпи за отпадоци и контењери, од фирма која претходно вршела продажба на терапија за КОВИД 19, како и сервисирање на пумпи. Моето второ прашање како што напомена веќе дека истата фирма исто така работи на опремување односно продава исклучиво корпи за отпадоци на Град Скопје. Така да ако прошетата низ јавните набавки има уште едно правно лице кое што соработува во многу повеќе сегменти и многу побогати набавки во однос на набавка на корпи за отпадоци. Односно тоа се оние познати корпи од 3.200 литри за кои што јас лично сметам дека се прескапи особено затоа што нивната цена изнесува 80.000 денари, се целосно нефункционални и многу лесно оштетливи, вели тој. Она што е интересно е доколку го отворите ова правно лице кое се јавува како продавач на Град Скопје на овие контењери ќе видете дека истото правно лице се занимава со китење со новогодишни украси на територија на Град Скопје на неколку општини. Исто така тоа се општини кои што набавките ги имаат правено во одреден месец согласно периодот кога се врши украсувањето на главниот град и општините. Ова правно лице нема работено само во Град Скопје туку се проширува на територија на цела Македонија. Е сега ако дадете барање до Централен Регистар ќе видете дека ова правно лице има тројца вработени и континуирано од 2018, 2019,2020 година успева да опслужи 12 општини на ниво на Град Скопје, само во период од еден месец додека се украсуваат општините и Градот Скопје, додаде Трајановски. Ова отвора сомнеж затоа што истото правно лице кое што продава контењери односно корпи за отпадоци наскоро ќе продава и полу подземни контењери на Градот Скопје, а во минатото се јавува како правно лице кое што продавало терапија за КОВИД 19, исто така сервиси пумпи и мотори, продава корпи за отпадоци истото правно лице врши украсување на територија на Македонија. Моето прашање е каде го најдовте, праша Трајановски. Но, поради немање на одговор од страна на Шилегов, советникот Трајановски беше исклучен, па по повторното вклучување го праша Шилегов дали е спремен да покаже каде точно се изградени нови чешми. Јас сум спремен уште после седницата и оваа бламажа што беше со гасење на зумот да излеземе на терен и точно да ми посочите кои чешми се ново изградени, порача советникот Трајановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-do-shilegov-spremen-li-si-posle-sednicata-da-pokazesh-koi-se-novo-izgradenite-cheshmi-vo-grad-skopje-za-koi-ste-platile-ogromna-suma-na-pari/feed/ 0
Прекината седницата во советот на град Скопје откако на Шилегов му се поставија прашања за кои избегнува одговор https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prekinata-sednicata-vo-sovetot-na-grad-skopje-otkako-na-shilegov-mu-se-postavija-prashanja-za-koi-izbegnuva-odgovor/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prekinata-sednicata-vo-sovetot-na-grad-skopje-otkako-na-shilegov-mu-se-postavija-prashanja-za-koi-izbegnuva-odgovor/#respond Tue, 27 Apr 2021 12:32:42 +0000 https://kurir.mk/?p=502778

На седницата денеска за советнички прашања во советот на Град Скопје настана хаос откако Александар Трајановски, советникот од ГРОМ и портпарол на партијата го праша градоначалникот кои и каде се поставени чешмите во Скопје кои пред една година беа платени. Градот Скопје континуирано од едно правно лице три години по ред врши набавки во висина од 2 милиони денари за 2019та, а набавките во 2020 и 2021 година се на ист ден идентични во висина од 4 милиони и 700 илјади денари. Оваа правно лице работи исклучиво со Град Скопје, а освен чешми продава и клупи и корпи за отпадоци. Токму поврзано со корпите за отпадоци и контејенерите беше второ советничко прашање на советникот Трајановски. -Како може правно лице од кое Град Скопје врши набавка на контејнери, а многу брзо и набавка и на подземни контејнери во висина од 30 милиони денари, истото правно лице кое патем има тројца вработени да работи и на новогодишно украсување во повеќе општини во Град Скопје и други општини низ македонија и тоа за само еден месец, запраша тој. Трјановски напомена дека иста фирма со тројца вработени го кити Скопје за новогодишните празници, и истата фирма го кити Скопје со корпи за отпадоци, контејнери, продава терапија за коронавирусот на болницата 8ми Септември, а во времето што им преостанува сервисираат и продаваат пумпи и електро мотори. По поставените прашања градоначаникот, Петре Шилегов не се јави за одговор, а за кратко потоа беше прекината Зум конференцијата на која се одржува седницата на совет на Град Скопје со образложение дека се прекинала конекцијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prekinata-sednicata-vo-sovetot-na-grad-skopje-otkako-na-shilegov-mu-se-postavija-prashanja-za-koi-izbegnuva-odgovor/feed/ 0