Александар Трајковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Oct 2023 14:06:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Александар Трајковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трајковски: Следниот меч е клучен, мора да ја победиме Украина https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trajkovski-sledniot-mech-e-kluchen-mora-da-ja-pobedime-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trajkovski-sledniot-mech-e-kluchen-mora-da-ja-pobedime-ukraina/#respond Mon, 09 Oct 2023 14:06:50 +0000 https://kurir.mk/?p=887042

Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски пред натпреварт кој „рисовите“ ќе го одиграат во Прага против селекцијата на Украина изјави дека оваа е клучен меч пред остатокот од квалификациите. „Н очекува многу важен натпревар, веројатно клучен за нас. Треба да се фокусираме на овој меч, да го анализираме противникот и да се обидеме да победиме. Овој дуел е навистина многу важен за нас и би бил пресреќен ако успееме да триумфираме.  На првиот натпревар со Украина мислам дека доминиравме до 60. минута. Знаеме дека имаме квалитет и можеме да играме со сите селекции. Мора да имаме позитивен менталитет, само така ќе можеме да се надеваме на успех. Играме на гостински терен, но и за Украина теренот е непознат.  Последните резултати на Македонија беа одлични. Се надевам дека ќе продолжиме во сличен ритам, зашто само така може да напредуваме и да го градиме тимот. Имаме одлични поединци, владее позитивна атмосфера меѓу играчите и се надевам тоа да го преточиме на теренот“, изјави Трајковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trajkovski-sledniot-mech-e-kluchen-mora-da-ja-pobedime-ukraina/feed/ 0
Трајковски до Груевски: Дали можеш да негираш дека од мене бараше да зборувам со претставници на власта за измени на Кривичен законик? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkovski-do-gruevski-dali-mozhesh-da-negirash-deka-od-mene-barashe-da-zboruvam-so-pretstavnitsi-na-vlasta-za-izmeni-na-krivichen-zakonik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkovski-do-gruevski-dali-mozhesh-da-negirash-deka-od-mene-barashe-da-zboruvam-so-pretstavnitsi-na-vlasta-za-izmeni-na-krivichen-zakonik/#respond Mon, 25 Sep 2023 20:39:11 +0000 https://kurir.mk/?p=881700

Го гледам вклучувањето на мојот пријател, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во Инфомакс. Многу жалам што она што го напишав во отвореното писмо пред некој ден ми се потврди, дури сега сум повеќе загрижен и од тогаш, пишува Александар Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ. Неговото обраќање го пренесуваме во продолжение:  Почитуван Никола, Дали тоа што го кажуваш во емисијата можеш да ми го кажеш и на мене, гледајќи ме во очи? Дали Никола можеш да негираш дека од мене бараше да направам средби со преставници од власта на кој ќе зборуваме за измени на кривичниот законик? Жално Никола, жално. Ти верував толку години, сопствената слобода многупати ја ризикував верувајќи дека помагам на човек кој се мачи за Македонија, ама од ден за ден моето разочарување е се поголемо. Што ли уште ќе слушнам од тебе Никола? Што ли уште ќе ме изненади? Очигледно длабоко си влезен во играта и не можеш да излезеш. До кое дереџе падна пријателе мој. Од голем водач на македонскиот народ, стана инструмент во рацете на власта.. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkovski-do-gruevski-dali-mozhesh-da-negirash-deka-od-mene-barashe-da-zboruvam-so-pretstavnitsi-na-vlasta-za-izmeni-na-krivichen-zakonik/feed/ 0
Трајковски со отворено писмо до Груевски: Последните неколку месеци, јас неможам во тебе да го препознаам мојот претседател и пријател https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkovski-so-otvoreno-pismo-do-gruevski-poslednite-nekolku-mesetsi-jas-nemozham-vo-tebe-da-go-prepoznaam-mojot-pretsedatel-i-prijatel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkovski-so-otvoreno-pismo-do-gruevski-poslednite-nekolku-mesetsi-jas-nemozham-vo-tebe-da-go-prepoznaam-mojot-pretsedatel-i-prijatel/#respond Fri, 22 Sep 2023 14:15:57 +0000 https://kurir.mk/?p=880801

Почитуван пријателе, Поранешен претседателе на ВМРО-ДПМНЕ, Во ВМРО-ДПМНЕ сум од мали нозе. Човековата меморија дозволува сеќавања од детството па јас во ова отворено писмо ќе го споделам со тебе сеќавањето од 2005 година, кога лидерот на македонската здружена опозиција Никола Груевски беше во посета на населеното место во кое живеам и јас на моите 13 години ја имав првата фотографија со тогашниот опозиционер, а потоа и една деценија водач на македонскиот народ. Како минуваа годините така се зголемуваше и мојата активност во партијата со учество на сите активности, повторувам на сите активности вклучувајќи помалку позитивни настани, а повеќе негативни (бидејќи имаше во партијата коњи за трка и коњи за парада). Дојде 2015 година, како многу други луѓе од партијата така и мене ме опфати политичкиот прогон кој го спроведуваше СДСМ преку СЈО и Катица Јанева. Тоа подразбира обвинение, а потоа и осуден, опфатен во истраги и слично.. Тоа беше многу тешко и темно време и за ВМРО и за Македонија. Многумина луѓе кои ги направи милионери им даде можност 10тина години да бидат на моќни позиции, да одлучуваат за човечки судбини те оставија, трчаа да се пријавуваат за сведоци во СЈО, даваа “книжни плика” на една тогашна министерка во Владата на една планина во Скопје за да бидат “испуштени” од истрагите на СЈО, односно бегаа од тебе како “ѓавол од темјан”. Дојде 2017 година се случи 27 Април како емотивна реакција на македонскиот народ за да се брани нашата Македонија, а потоа дојде и политичкиот прогон на недолжни граѓани кој ги обвинија и осудија за тероризам. Дојде 2018 година власта на СДСМ се повеќе се иживуваше со луѓе, пресудата против тебе беше правосилна и требаше да се јавиш на издржување на казната затвор. Те побарав да се видиме и ти кажав: “иако обвинет со актуелно судење од СЈО, одлучив да организирам протест пред судот со цел да побарам да ти се даде одложување на казната затвор, што е дозволено согласно Законот”. И тоа се случи. Без воопшто да се плашам од последиците кои може да ми ги направи власта на СДСМ застанав заедно со стотици други луѓе пред судот и се обратив да побарам правда за тебе. Дојде и веста дека си заминал од Македонија и тогаш кога многумина напаѓаа, плукаа и осудуваа, јас застанав, дадов поддршка на заминувањето и бев првиот кој дојде во Будимпешта за да ти ја даде својата поддршка. Не можам, а да не го споменам во ова писмо и делот со промената на уставот со цел промена на името на Македонија, кога луѓе вршеа притисоци врз тогашни пратеници да гласаат за промена на Уставот и те побарав да ти кажам дека се врши притисок врз наши пратеници но од наши луѓе. Почитуван Никола, Последните неколку месеци, јас неможам во тебе да го препознаам мојот претседател и пријател Никола Груевски. После се што се случи во 2015 година ти сега повторно им поклонуваш верба на луѓето кои не доведоа до таа состојба до без надеж и истите тие денес советуваат дека “треба да направиш партија, да го делиш ВМРО, да му покажеш на ВМРО”, а следејќи го ова што се случува последите денови очигледно е дека навистина има некое сценарио. Мојата поддршка ја имаше во најтешките денови за тебе и во сите битки бев со и до тебе. Кога оние кои денес те советуваат, телефон не ти отвараа, а не пак средба со тебе да имаат. Но сега морам искрено да ти кажам дека во оваа битка мојата поддршка ја немаш. ВМРО-ДПМНЕ денес е на вистинскиот пат. Тоа може да се утврди од секојдневните анкети, резултатите од локалните избори и многу други показатели. Македонскиот народ ја гледа својата иднина во промените во Македонија, давајќи поддршка на раководството на партијата предводено од претседателот Христијан Мицкоски. И токму сега кога сме на чекор до последната скала на неколку месеци до изборите кога СДСМ ќе падне најниско од своето постоење, нашите пријатели (со кои сум имал средби), говорат како Никола преку делењето на ВМРО-ДПМНЕ ќе им помогне да останат на власт и повторно да го сменат Уставот. Почитуван Никола, Се одлучив на ваков чекор да се обратам преку отворено писмо бидејќи изминатите денови многу луѓе, членови кои со срце и душа години поминале во ВМРО-ДПМНЕ со сериозна загриженост велат дека ова што се случува не е добро. Ќе те потсетам на еден наш разговор кога една група на членови на партијата формираше фракција и бараше од мене да се приклучам во фракцијата со цел да бараме промена на раководството на партијата. Откако не се приклучив те барав, разговаравме на оваа тема и ти ми рече: “Александар историјата докажала дека секој што излегол од ВМРО и наштетил на партијата, години подоцна се враќа назад, а ти многу голем влог имаш дадено во партијата за да излезеш од јатото, бидејќи онаа птица која излегува од јатото, прва паѓа”. Овој пријателски совет јас го послушав и стана моја животна лекција дека од јатото никогаш не се излегува. Многу ме загрижува фактот и ме мачи прашањето што е она што тебе те отргна од оваа мисла? Сосема на крајот сакам да го искажам моето верување дека играта е на почеток и од истата сеуште може да се излезе. ВМРО-ДПМНЕ денес е силно, обединето и во сојуз со македонскиот народ и се чека денот на избори кога повторно по примерот на локалните избори Македонија ќе победи! Од срце те поздравувам и ти посакувам се најдобро. Знаеш и самиот дека секој збор во ова писмо е напишано од срце и со емоција, исто онака како што со емоции го следев твојот говор на конгресот во Валандово. Се е менливо и минливо, само ВМРО и Македонија се вечни! Отворено писмо на Александар Трајковски до Никола Груевски ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkovski-so-otvoreno-pismo-do-gruevski-poslednite-nekolku-mesetsi-jas-nemozham-vo-tebe-da-go-prepoznaam-mojot-pretsedatel-i-prijatel/feed/ 0
Александар Трајковски потпиша за Хајдук од Сплит https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/aleksandar-trajkovski-potpisha-za-hajduk-od-split/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/aleksandar-trajkovski-potpisha-za-hajduk-od-split/#respond Fri, 15 Sep 2023 19:23:15 +0000 https://kurir.mk/?p=878529

Македонскиотфудбалски  репрезентативец, Александар Трајковски официјално го реши најважното прашање, клупскиот статус и тоа со потпис за една од најдобрите хрватски екипи-Хајдук. Трајковски беше слободен фудбалер откако ја заврши приказната со Ал-Феjхa од Саудиска Арабија, доста време беше во потрага по нов клуб, потрага која заврши со трансфер во Сплит.
– Прекрасно е чувството да се дојде во Хајдук, се помина добро и едвај чекам да се приклучам на тимот и да почнам со тренинзи. Го познавам ХНЛ, играв овде пред 13 години, сега се вратив и среќен сум што повторно ќе играм таму во голем клуб. Имам големо искуство, поминав низ неколку силни лиги, многу настапи за репрезентацијата и се надевам дека ќе придонесам за Хајдук и за целите кои клубот ги има зацртано. Добро го познавам Хајдук, имаме навистина добар тим, сите знаат што значи овој клуб и навистина сум среќен што сум дел од оваа приказна, -порача Алекс кој потпиша договор до 2025 година со опција за уште една сезона.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/aleksandar-trajkovski-potpisha-za-hajduk-od-split/feed/ 0
Александар Трајковски пред трансфер во Хајдук Сплит https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/aleksandar-trajkovski-pred-transfer-vo-hajduk-split/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/aleksandar-trajkovski-pred-transfer-vo-hajduk-split/#respond Thu, 14 Sep 2023 07:21:17 +0000 https://kurir.mk/?p=877867

Александар Трајковски наскоро би требало да стане нов играч на Хајдук, пишуваат италијански Calciomercato и Tuttomercato. Според медиумите, Трајковски имал понуди од Динамо и Хајдук, но македонскиот фудбалер го избрал сплитскиот клуб и наскоро таму ќе биде на лекарски преглед и ќе потпише договор. Трајковски во Хајдук пристигнува како слободен играч откако летово му истече договорот со Ал-Фајх од Саудиска Арабија. Трајковски и претходно во кариерата настапуваше во Хрватска, поточно во екипата на Интер Запрешиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/aleksandar-trajkovski-pred-transfer-vo-hajduk-split/feed/ 0
Трајковски: Сакам Италија да не потцени https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trajkovski-sakam-italija-da-ne-pottseni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trajkovski-sakam-italija-da-ne-pottseni/#respond Wed, 06 Sep 2023 16:11:14 +0000 https://kurir.mk/?p=875306

Македонија е домаќин на Италија во средбата од 5.коло во квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи наредната година во Германија. Ние претрпевме два болни порази од Украина и Англија во месец, па во сабота избраниците на Милевски пред се ќе имаат задача да го поправат впечатокот, а ако им се отвори шанса зошто и да не го изненадат големиот фаворит.
Нашиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски се надева дека Италија одново ќе не потцени иако е свесен дека овој пат нема да биде исто.
-За нас секој натпревар е многу важен. Мечот со Италија е еден од потешките. Знаеме против кого играме и доволно сме мотивирани. Покажавме дека можеме, зошто тоа да не го направиме и на домашен терен. Треба да бидеме максимално фокусирани и со поддршка од навивачите да се обидеме да дојдеме до позитивен резултат. Италијанците на некој начин ќе сакаат да се реваншираат за поразот од Палермо, би сакал да не потценат, но знам дека овој пат нема да биде исто, -порача напаѓачот кој се уште е во потрага по клупски ангажман.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trajkovski-sakam-italija-da-ne-pottseni/feed/ 0
Три клуба од Серија А во трка за потписот на Александар Трајковски? https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tri-kluba-od-serija-a-vo-trka-za-potpisot-na-aleksandar-trajkovski/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tri-kluba-od-serija-a-vo-trka-za-potpisot-na-aleksandar-trajkovski/#respond Fri, 21 Jul 2023 16:46:00 +0000 https://kurir.mk/?p=858803

Неколку италијански медиуми пишуваат дека постои голем интерес од три клубови од Серија А за услугите на нашиот репрезентативец, Александар Трајковски. „Тутомеркато“ е најконкретен од сите и вели дека Македонецот е најблизу до потпис со екипата во која седум години мина нашиот легендарен капитен, Горан Пандев. Џенова повторно се врати во Серија А и сака да се засили со проверени и искусни имиња, а наводно името на Александар Трајковски било посочено како одлично решение за офанзивата. Нашиот репрезентативец последниве две години настапува за Ал-Фејха од Саудиска Арабија, но голема е можноста летово да се врати во Италија, каде претходно настапуваше за тимот на Палермо. Крилниот напаѓач мина прекрасни четири години во Сицилија и оттаму носи само топли и убави спомени, а неговото искуство од играњето во италијанскиот фудбал може да биде од големо значење за реализација на трансферот. Другите два клуба кои пројавиле интерес за Трајковски се Фросиноне и Лече, но „Тутомеркато“ пишува дека Џенова предничи во „трката“ за вториот најдобар стрелец во историјата на македонската фудбалска репрезентација. Александар Трајковски кариерата ја започна во Цементарница, а потоа играше за Интер Запрешиќ од Хрватска, по што се пресели во белгиски Зулте Варегем. Следуваше преминот во Палермо, а оттаму замина во Мајорка. Во шпанскиот тим не доби преголема шанса и замина во Алборг од Данска. Пред точно две години го направи трансферот во Саудиска Арабија и со тимот на Ал-Фејха триумфираше во националниот Куп. Останува да видиме дали стрелецот на епскиот гол за Македонија во Палермо наскоро ќе се врати на добро познат терен и дали повторно ќе заигра во најсилното италијанско фудбалско натпреварување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tri-kluba-od-serija-a-vo-trka-za-potpisot-na-aleksandar-trajkovski/feed/ 0
Трајковски: Првиот меч секогаш е важен на почеток на нов квалификациски циклус https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trajkovski-prviot-mech-sekogash-e-vazhen-na-pochetok-na-nov-kvalifikatsiski-tsiklus/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trajkovski-prviot-mech-sekogash-e-vazhen-na-pochetok-na-nov-kvalifikatsiski-tsiklus/#respond Sun, 19 Mar 2023 21:18:27 +0000 https://kurir.mk/?p=813906

Вечерва нашите репрезентативци го одработија првиот тренинг во пресрет на мечот со Малта, првиот од квалификациите за ЕВРО 2024, кој се игра на 23 март на Арената во Скопје. Се разбира дека вечерва на теренот на ФФМ беа само дел од играчите, утре би требало да се комплетира националниот тим.. Александар Трајковски пред дуелот со Малта изјави и воопшто за стартот на квалификациите: “Имаме нов циклус, навистина се најдовме во тешка група, ја прифаќаме секоја околност и група. Денеска нема аутсајдери сите играат фудбал, сите трчаат, не можеме да кажеме дека ќе биде лесно, не смее да кажеме дека ќе биде лесно. Ќе се подготивме добро, фаворити сме, нашето да го дадеме нашиот максимум против Малта, бидејќи првиот меч е важен во овој циклус, па понатаму здравје да правиме подобри резултати“посочи Трајковски. Херојот од Палермо кој денеска пристигна од С. Арабија кажа дека убаво е тоа што првиот меч се игра на свој терен: “Убаво е што ќе почнеме на домашен терен, се надевам дека навивачите ќе дојдат во поголем број. Ние треба да покажеме добра игра на терен, а потоа фановите ќе доаѓаат во поголем број. Фоксуот е на три бода, нема да бидеме задоволни со друго сценарио. Трите бода ќе бидат важни на почетокот на овој циклус“ заврши Трајковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trajkovski-prviot-mech-sekogash-e-vazhen-na-pochetok-na-nov-kvalifikatsiski-tsiklus/feed/ 0
Трајковски поради повреда ги пропушта дуелите со Финска и Азербејџан https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trajkovski-poradi-povreda-gi-propushta-duelite-so-finska-i-azerbejdzan/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trajkovski-poradi-povreda-gi-propushta-duelite-so-finska-i-azerbejdzan/#respond Thu, 10 Nov 2022 17:44:51 +0000 https://kurir.mk/?p=758751

Крилниот напаѓач на македонската фудбалска репрезентација Александар Трајковски поради повреда нема да биде во комбинација за настап на двата претстојните пријателски натпревари против Финска и Азербејџан. Како што вечерва соопшти ФФМ, станува збор за повреда на листот на ногата и Трајковски нема да биде во можност да му се стави на располагање на селекторот Благоја Милевски. Стручниот штаб дополнително ќе одлучи дали ќе прати повик до друг фудбалер како замена за повредениот Трајковски. Македонската репрезентација идната седмица ќе одигра два пријателски натпревари во Скопје, против Финска, в четврток, и против Азербејџан, в недела, на Арената „Тодор Проески“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trajkovski-poradi-povreda-gi-propushta-duelite-so-finska-i-azerbejdzan/feed/ 0
Трајковски: Подготвени сме за победа против Грузија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trajkovski-podgotveni-sme-za-pobeda-protiv-gruzija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trajkovski-podgotveni-sme-za-pobeda-protiv-gruzija/#respond Thu, 09 Jun 2022 11:25:49 +0000 https://kurir.mk/?p=688855

Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски е оптимист во пресрлигает на вечерашниот натпревар со Грузија во новата сезона од Лигата на нации. – Ова ќе биде еден од важните натпревари за македонската репрезентација. Треба да бидеме на наше највисоко ниво за да го добиеме. Играме пред наша публика и се надевам дека тоа ќе ни биде дополнителна мотивација. Мораме максимално да одиграме од првата до последната минута. Нема да биде воопшто лесен натпревар, Грузија е квалитетен противник и се разбира дека има свои амбиции за првото место во групата. Само со нашиот препознатлив тимски дух, самодоверба и борба за секоја топка можеме да ја постигнеме целта. Подготвени сме и ќе излеземе на терен да победиме, изјави Трајковски за Видеолотарија Касинос Австрија. Натпреварот ќе се одигра на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20:45 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trajkovski-podgotveni-sme-za-pobeda-protiv-gruzija/feed/ 0