Александар ван дер Белен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Feb 2023 20:07:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Александар ван дер Белен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Австрискиот претседател Ван дер Белен на средба со Зеленски во Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskiot-pretsedatel-van-der-belen-na-sredba-so-zelenski-vo-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskiot-pretsedatel-van-der-belen-na-sredba-so-zelenski-vo-kiev/#respond Wed, 01 Feb 2023 20:07:39 +0000 https://kurir.mk/?p=794876

Претседателот на Австрија, Александар ван дер Белен, денеска имаше средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, јавуваат австриските медиуми. Украинскиот претседател му се заблагодари на својот колега за хуманитарната помош, но во исто време укажа дека австриската банка Рајфајзен интернешнал дозволила репрограмирање на кредитите на руските војници. Тој побара построги мерки против Русија. „Покрај хуманитарна помош, Австрија би можела да помогне и во одбраната на Украина од напади со беспилотни летала, како и во отстранувањето на мините, бидејќи украинските граѓани гинат во експлозиите на мините поставени од Русите“, рече Зеленски. Сепак, Ван дер Белен појасни дека учеството на австриските вооружени сили во отстранувањето мини во воена област е некомпатибилно со неутралноста на Австрија. Австрискиот претседател му вети на својот колега од Украина дополнителна помош и солидарност. Тој изјави дека украинскиот народ не се штити само себеси, туку и европските вредности. „Тоа се заеднички европски вредности, тоа не засега сите нас. Страшната агресивна војна промени сè“, рече австрискиот претседател. По разговорот со Зеленски, тој изјави дека не гледа перспектива за брз крај на конфликтот. „Не гледам гулаби на мирот на хоризонтот“, рече Ван дер Белен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskiot-pretsedatel-van-der-belen-na-sredba-so-zelenski-vo-kiev/feed/ 0
Ван дер Белен води во предизборната претседателска трка во Австрија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/van-der-belen-vodi-vo-predizbornata-pretsedatelska-trka-vo-avstrija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/van-der-belen-vodi-vo-predizbornata-pretsedatelska-trka-vo-avstrija/#respond Fri, 30 Sep 2022 07:13:56 +0000 https://kurir.mk/?p=739345

Актуелниот австриски претседател Александар ван дер Белен, на една недела пред претседателските избори, во анкетите на јавното мислење води пред другите противкандидати со 56 отсто од гласовите. Ван дер Белен, на изборите закажани за 9 октомври, од Австријците бара да му го овозможат вториот претседателски мандат. Истражувањето на институтот „Лазарсфелд“ покажува дека Ван дер Белен во овој момент би можел да освои 56 отсто од гласовите и на тој начин би бил избран веќе во првиот круг од гласањето. На второ место е кандидатот на Слободарската партија на Австрија (ФПО) Валтер Розенкранц со 16 отсто од гласовите. Останатите пет кандидати не се ни блиску нив. Во моментов на третото место би бил Роберт Влазни, пејач и доктор од Виена, основач на „Партија на пивото“, кој може да се надева дека ќе освои девет отсто од гласовите, што е три помалку од минатата недела. Следуваат адвокатот и колумнист Тасило Валентин со осум проценти од гласовите, блогерот и поранешен политичар Џералд Грос со шест проценти и лидерот на антиваксерската партија „Луѓе, слобода, основни права“ (МФГ) Мајкл Брунер со три проценти од гласовите. На последното место е производителот на чевли Хајнрих Стаудингер со два отсто од гласовите. Во Австрија вообичаена пракса е актуелниот претседател, кога се кандидира за втор мандат, да победи на изборите. Од тие причини ниту една парламентарна партија, со исклучок на ФПО, не сакаше да излезе со свој кандидат на изборите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/van-der-belen-vodi-vo-predizbornata-pretsedatelska-trka-vo-avstrija/feed/ 0
Актуелниот 78 годишен австриски претседател ќе се кандидира за втор шестгодишен мандат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aktuelniot-78-godishen-avstriski-pretsedatel-kje-se-kandidira-za-vtor-shestgodishen-mandat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aktuelniot-78-godishen-avstriski-pretsedatel-kje-se-kandidira-za-vtor-shestgodishen-mandat/#respond Sun, 22 May 2022 18:10:45 +0000 https://kurir.mk/?p=680232

Австрискиот претседател Александар Ван дер Белен (78), поранешен лидер на Зелените, денеска објави дека има намера да се кандидира за втор шестгодишен мандат оваа година, што најверојатно ќе го ограничи бројот на кандидати. Ван дер Белен е популарен политичар и е познат како цврста рака во турбулентни времиња, дури и за време на скандалозниот распад на владејачката коалиција меѓу конзервативната Народна партија (ОВП) и екстремно десничарската Партија на слободата во 2019 година, пренесува Хина. Членовите на двете најголеми партии во парламентот, ОВП и Социјалдемократската партија, изјавија дека веројатно нема да ги номинираат своите кандидати доколку Ван дер Белен се кандидира. Австриските претседатели имаат главно церемонијална улога, но тие ги контролираат кризните и транзиционите периоди и имаат моќ да ја разрешат владата. – Моето име е Александар Ван дер Белен. Се кандидирам за претседател и ја барам вашата поддршка и глас, рече тој во денеска објавеното видео. Во мај 2016 година, кога европската миграциска криза беше доминантно политичко прашање, Ван дер Белен победи со мала разлика, 50,3 отсто наспроти 49,7 отсто во вториот круг против кандидатот на Партијата на слободата Норберт Хофер. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aktuelniot-78-godishen-avstriski-pretsedatel-kje-se-kandidira-za-vtor-shestgodishen-mandat/feed/ 0
„Ги преминавте границите“ – австрискиот претседател со опомена до канцеларот Курц https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gi-preminavte-granicite-avstriskiot-pretsedatel-so-opomena-do-kancelarot-kurc/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gi-preminavte-granicite-avstriskiot-pretsedatel-so-opomena-do-kancelarot-kurc/#respond Thu, 07 Oct 2021 09:49:45 +0000 https://kurir.mk/?p=574588

Претседателот на Австрија, Александар ван дер Белен, ја предупреди Народната партија на Австрија (ОВП) за канцеларот Себастијан Курц, која по претресот на просториите на Обвинителството за економски криминал и корупција, го нападна судството. „Обвинението дека судството е еднострано, покажува непочитување на уставните институции на Австрија“, подвлече Ван дер Белен. Тој реагираше на изјавите на пратеникот на ОВП, Андреас Хангер, кој зборуваше за левичарски ќелии во Обвинителството за економски криминал и корупција. Канцеларот Курц, исто така, зборуваше за „измислени обвинувања“ според системот за користење на дел од СМС пораките и нивно ставање во погрешен контекст со цел како што рече, конструирање кривични обвиненија. Претседателот Ван дер Белен рече дека граѓаните биле сведоци на многу необичен и тежок чин. Тој потсети дека биле извршени неколку претреси во просториите и дека Обвинителството спроведува истрага во нова насока. „Задачата на судството е да ги испита сомнежите, без оглед на статусот на лицето“, подвлече тој. Рече дека е важно да се биде свесен за основата на владеењето на правото, а тоа е принципот на поделба на власта. Во моментов, додаде тој, се знае само дека се води истрага и дека е право на секој човек да го каже своето мислење, но да се даваат општи обвинувања против судството е незаконско преминување на границите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gi-preminavte-granicite-avstriskiot-pretsedatel-so-opomena-do-kancelarot-kurc/feed/ 0
Австрискиот претседател се огласи по терористичкиот напад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskiot-pretsedatel-se-oglasi-po-teroristichkiot-napad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskiot-pretsedatel-se-oglasi-po-teroristichkiot-napad/#respond Tue, 03 Nov 2020 06:48:14 +0000 https://kurir.mk/?p=424042

Австрија ќе знае да ги одбрани демократијата и слободата, изјави синоќа австрискиот претседател Александар ван дер Белен, по вооружениот напад во центарот на Виена. Ван дер Белен на Твитер напиша дека е длабоко погоден од терористичкиот акт и сочувствува со жртвите и повредените, како и со нивните семејства. – Заедно и одлучно ќе ги браниме нашите слободи и демократија со сите средства, истакна Ван дер Белен. Тој додаде дека е во постојан контакт со Владата и им се заблагодари на сите странски лидери за пораките за солидарност и сочувство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskiot-pretsedatel-se-oglasi-po-teroristichkiot-napad/feed/ 0
Ван дер Белен: Заедно ќе ја надминеме оваа криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/van-der-belen-zaedno-kje-ja-nadmineme-ovaa-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/van-der-belen-zaedno-kje-ja-nadmineme-ovaa-kriza/#respond Mon, 26 Oct 2020 17:04:32 +0000 https://kurir.mk/?p=420889

Претседателот на Австрија, Александар ван дер Белен, денеска им порача на граѓаните дека сегашната криза предизвикана од коронавирусот, како што беше случај во минатото, ќе се надмине со единство. Обраќајќи им се на граѓаните по повод националниот празник, Ван дер Белен рече дека не смеат да дозволат кризата да ги обесхрабри. – Австрија ќе го надмине тоа. Заедно, истакна австрискиот претседател во обраќањето емитувано преку јавниот сервис ОРФ. Тој исто така повика на „навремена, разбирлива комуникација“. – Оваа пандемија многу нè иритира. Тоа е товар за сите нас, рече Ван дер Белен и додаде дека тоа директно влијае на основните потреби за безбедност, блискост и заедништво. Посочи дека и нему му недостига вообичаената средба со јавноста на национален празник. Тој ги повика граѓаните да не го бараат виновникот меѓу себе, туку да се борат против пандемијата со помош на науката, разумот и сочувството. Ван дер Белен го повика населението да ги почитува правилата за борба против коронавирусот и нетрпеливоста да ја претворат во нешто позитивно. – Бесот и стравот се лоши советници. Тие го замаглуваат нашето размислување и ги насочуваат нашите активности во погрешна насока, подвлече Ван дер Белен. Тој изрази уверување дека Европа, по првичните тешкотии, повторно ќе најде единство. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/van-der-belen-zaedno-kje-ja-nadmineme-ovaa-kriza/feed/ 0
Во ресторан на македонски иселеник: Претседателот на Австрија фатен додека го крши полицискиот час заедно со сопругата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-restoran-na-makedonski-iselenik-pretsedatelot-na-avstrija-faten-dodeka-go-krshi-policiskiot-chas-zaedno-so-soprugata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-restoran-na-makedonski-iselenik-pretsedatelot-na-avstrija-faten-dodeka-go-krshi-policiskiot-chas-zaedno-so-soprugata/#respond Sun, 24 May 2020 17:17:10 +0000 https://kurir.mk/?p=349836

Претседателот на Австрија, Александар Ван дер Белен, се извини денеска откако полицијата во друштво на неговата сопруга Дорис Шмидауер го фати во ресторан во центарот на Виена по полноќ. Претседателот со сопругата бил во ресторан по полноќ иако на кафулињата и рестораните им е дозволено да работат до 11 часот, поради епидемијата на коронавирус. Ван дер Белен го потврдил инцидентот за весникот Кронен Цајтунг и се извинил, велејќи дека разговарал и заборавил на времето. Полициските службеници пристигнале на контролниот пункт кога ги нашле претседателот и првата австриска дама како пиеле на терасата по полноќ. Во Австрија, поради епидемијата, на кафулињата и рестораните им е дозволено да работат до 23 часот. Инаку, сопствениците можат да бидат казнети со казна до 30.000 евра. Ресторанот бил официјално затворен кога полицијата влегла. „Навистина ми е жал. Тоа беше грешка“, изјави Ван дер Белен. Инаку, ресторанот каде бил фатен претседателот, е во сопственост на македонски иселеник Аки Нуредини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-restoran-na-makedonski-iselenik-pretsedatelot-na-avstrija-faten-dodeka-go-krshi-policiskiot-chas-zaedno-so-soprugata/feed/ 0
Курц доби мандат за формирање влада во Австрија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurc-dobi-mandat-za-formiranje-vlada-vo-avstrija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurc-dobi-mandat-za-formiranje-vlada-vo-avstrija/#respond Mon, 07 Oct 2019 10:21:08 +0000 https://kurir.mk/?p=248725

Австрискиот претседател Александар ван дер Белен денеска му го даде мандатот за формирање нова влада на Себасјтијан Курц, лидер на Народната партија на Австрија (ОВП), која победи на предвремените избори. – Во разговорите, добив впечаток дека ОВП може да формира влада која ќе има мнозинска поддршка во собранието и затоа ви давам мандат да формирате влада, рече Ван дер Белен. По медиумските иозвештаи дека тој наводно има аспирации за нова влада, тој вели дека единствена негова желба е владата да биде „црвено-бело-црвена“, односно Австрија да биде силна во засилена Европа, Европа која би била поефикасна во глобалната политика. – Не ми е важно кој со кого во владата туку како влада за благосостојбата на земјата, рече Ван дер Белен. Тој изрази уверување дека соочувањето со заканата од климатска катастрофа ќе биде високо на агендата на новата влада, потсетувајќи дека сите партии посветувале посебно внимание на темата за време на изборната кампања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kurc-dobi-mandat-za-formiranje-vlada-vo-avstrija/feed/ 0