александар васоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Aug 2023 10:50:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png александар васоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хаџиевски и Васоски најавија подобри денови: Вардар е институција, мора да живее! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/hadhievski-i-vasoski-najavija-podobri-denovi-vardar-e-institutsija-mora-da-zhivee/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/hadhievski-i-vasoski-najavija-podobri-denovi-vardar-e-institutsija-mora-da-zhivee/#respond Thu, 24 Aug 2023 10:50:12 +0000 https://kurir.mk/?p=870428

Tимот на Вардар денес одржа прес-конференција на која беа соопштени идните планови на екипата по промените. На клупата на Вардар по заминувањето на Бобан Грнчаров се врати Александар Васоски, додека за спортски директор беше назначен Ѓоко Хаџиевски. Во ваква структура Вардар по стартните три порази, вчера го освои првиот бод против Силекс (2:2). „Моја одговорност е да помогнам кога е најтешко. За жал не беше издржливо да се работи после таа освоена титула пред неколку години, и сега се враќам и се надевам дека Вардар ќе заплива во помирни води. За жал не го добивме натпреварот со Силекс, но освоен е бод после три порази. Ќе гледаме да се издигнеме, нема време за ништо, ако успееме да донесеме уште некој фудбалер добро, јас сум среќен што работам со овие момци“, изјави Васоски. Хаџиевски порача дека сите ќе се вложат за максимално да помогнат. „Вардар е институција во Македонија, Вардар е најголемиот бренд. Со Вардар освоив многу титули, се нафатив да помогнам, да речам така волонтерски, но сите ќе се вложиме да помогнеме и да го издигнеме“, изјави Хаџиевски. За нов портпарол на клубот беше назначен Мијалче Дурготов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/hadhievski-i-vasoski-najavija-podobri-denovi-vardar-e-institutsija-mora-da-zhivee/feed/ 0
Васоски дебитира против Силекс, Шкендија домаќин на Брегалница https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasoski-debitira-protiv-sileks-shkendija-domakin-na-bregalnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasoski-debitira-protiv-sileks-shkendija-domakin-na-bregalnitsa/#respond Wed, 23 Aug 2023 11:25:57 +0000 https://kurir.mk/?p=869996

Некомплетното четврто коло од Првата фудбалска лига е закажано за денеска, со почеток во 16.30 часот, а во фокусот е камбекот на Александар Васоски на клупата на Вардар. Тој ќе дебитира на денешниот дуел против Силекс, а вардарци се пред императив да победат откако ги загубија трите меча на стартот од сезоната. Шкендија во Тетово ја пречекува Брегалница и сака да го продолжи максималниот ефект во шампионатот. Македонија ЃП по поразот од Работнички ќе мора да се „вади“ против Шкупи на домашен терен, а тоа воопшто нема да биде лесна задача. Гостивар, кој исто така е во незавидна позиција и со три порази по првите три кола, ќе биде домаќин на Работнички. Утре ќе се игра натпреварот меѓу Брера и Тиквеш во Струмица, додека дуелот меѓу Воска Спорт и Струга Трим Лум е закажан за 27.септември, поради настапот на шампионот во плеј-офот од Конференциската лига.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasoski-debitira-protiv-sileks-shkendija-domakin-na-bregalnitsa/feed/ 0
По оставката на Васовски, Атанасов нов тренер на Академија Пандев https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/po-ostavkata-na-vasovski-atanasov-nov-trener-na-akademija-pandev/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/po-ostavkata-na-vasovski-atanasov-nov-trener-na-akademija-pandev/#respond Mon, 08 May 2023 18:04:37 +0000 https://kurir.mk/?p=831962

Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев го назначи денеска Тони Атанасов за нов шеф на стручниот штаб. Атанасов доаѓа на местото на Александар Васоски кој по неделниот пораз на домашен терен од Тиквеш (1-4) поднесе оставка која раководството на струмичкиот прволигаш ја прифати. -Благодарност до тренерот Александар Васоски и првиот асистент Раденко Бојовиќ за професионалниот ангажман и посветеноста кон тимот изминатиот период. Управниот одбор на клубот ја прифати понудената оставка и донесе одлука до крајот на сезоната сениорскиот тим да го предводи тренерот Тони Атанасов, соопшти попладнево Академија Пандев. На две кола до крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, Академија Пандев е деветтопласирана со 26 бодови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/po-ostavkata-na-vasovski-atanasov-nov-trener-na-akademija-pandev/feed/ 0
Васоски можен наследник на Канатларовски на репрезентацијата до 21 година https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasoski-mozen-naslednik-na-kanatlarovski-na-reprezentacijata-do-21-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasoski-mozen-naslednik-na-kanatlarovski-na-reprezentacijata-do-21-godina/#respond Wed, 18 May 2022 08:47:36 +0000 https://kurir.mk/?p=678245

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година во јуни ги очекува двата завршни натпревари во евроквалификациите, по кои може да добие нов селектор и Драган Канатларовски да биде заменет со Александар Васоски, кој тоа го најави во интервју за босанските медиуми. – Во преговори сум со два клуба. Едниот е од Македонија, и е моќен, а вториот е од странство. Исто така, има опција и да ја преземам македонската репрезентација до 21 година, изјави Васоски, во интервју за порталот „Репрезентација.ба“. Васоски, кој претходно овој месец ја напушти клупата на босанскиот прволигаш Сараево, најави дека одлуката за својот следен ангажман ќе ја донесе „овие денови“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasoski-mozen-naslednik-na-kanatlarovski-na-reprezentacijata-do-21-godina/feed/ 0
Васоски го напушти Вардар и стана нов тренер на Академија Пандев https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasoski-go-napushti-vardar-i-stana-nov-trener-na-akademija-pandev/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasoski-go-napushti-vardar-i-stana-nov-trener-na-akademija-pandev/#respond Fri, 25 Dec 2020 16:58:53 +0000 https://kurir.mk/?p=448400

Само неколку дена откако најави разделба со Вардар, Александар Васоски има нов ангажман. Тренерот кој во минатата сезона ја донесе шампионската титула во најтрофејниот македонски клуб, сега седнува на клупата на Академија Пандев. Васоски ја прифатил понудата да биде тренер на струмичани, кои по досега одиграните 18 меча се во незавидна позиција. Академија Пандев има само 17 бодови и е на претпоследното место на табелата кое води испаѓање во Втора лига.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasoski-go-napushti-vardar-i-stana-nov-trener-na-akademija-pandev/feed/ 0
Васоски: ФК Вардар е оставен сам на себе, можно е згаснување https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasoski-fk-vardar-e-ostaven-sam-na-sebe-mozno-e-zgasnuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasoski-fk-vardar-e-ostaven-sam-na-sebe-mozno-e-zgasnuvanje/#respond Sat, 05 Dec 2020 08:18:36 +0000 https://kurir.mk/?p=439035

Тренерот на ФК Вардар, Александар Васоски во емисијата „Вар во Офсајд“ отворено говори за состојбата во клубот и сериозната можност од негово згаснување. -Ситуацијата е лоша. Морам да зборувам искрено, бидејќи дојдено е 5 до 12. Фудбалерите немаат три месеци земено плата. Сопственикот е во некои проблеми кои на приватен план го тиштат, Град Скопје покажува тотална незаинтересираност за клубот. Вардар е оставен сам на себе. Благодарение на мојот стручен штаб на нашиот ентујизам, на директорот и на претседателот кои се во овој момент тука со нас. Да не се тие, клубот ќе го доживееше најцрното сценарио, вели Васоски. Тој посочува дека и покрај тешкотиите направиле екипа која е формирана во од и која добро се држи на табелата на ПМФЛ. Иако имало периоди кога посакувале да кренат раце, сепак одлучиле да се борат за опстојување на клубот, но Васоски нагласува дека без помош тоа не е можно. -Вардар години наназад е една политичка играчка, која за жал таа политика може да го уништи. На фудбалска Македонија и е потребен Вардар, за да има јака Шкендија, јак Шкупи, јака Македонија ЃП. Вардар е најголем фудбалски и спортски бренд во Македонија. Не би сакал да мислам на такво сценарио, но можно е. Нема најава дека работите ќе се средат. Неколку пати бевме кај градоначалникот, вети дека ќе ги среди работите до декември, но потоа не одговараше на нашите повици, на нашите молби да помогне. Уморен сум од тие апели и молби, дециден е тренерот на ФК Вардар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasoski-fk-vardar-e-ostaven-sam-na-sebe-mozno-e-zgasnuvanje/feed/ 0