александар васовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Aug 2023 14:31:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png александар васовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Васовски нов тренер на ФК Вардар, во клубот се враќа и голема спортска легенда https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasovski-nov-trener-na-fk-vardar-vo-klubot-se-vraka-i-golema-sportska-legenda/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasovski-nov-trener-na-fk-vardar-vo-klubot-se-vraka-i-golema-sportska-legenda/#respond Tue, 22 Aug 2023 14:31:57 +0000 https://kurir.mk/?p=869669

ФК Вардар соопштува дека од денес за нов тренер на клубот е назначен Александар Васовски - Тетовче, играчка легенда на клубот и човек под чие водство ФК Вардар ја освои последната шампионска титула во 2019 година. -Покрај него, во клубот се враќа и големата спортска легенда Ѓокица Ѓоко Хаџиевски, најтрофејниот Вардаров тренер и човекот кој со "црвено-црните" има освено вкупно пет шампионски титули и два национални купа. Веруваме дека со неговото богато интернационално тренерско искуство и знаење, ќе биде од огромна помош за тренерот Васовски, но и за целокупниот тим. Особено не радува искрениот пристап на двајцата тренери, кои веднаш и без размислување ја прифатија понудата на клубот. Сметаме дека спојот на професионализам и искуство и на желбата и знаењето, ќе биде темелот врз кој во понатамошниот период ќе се развива клубот, градејќи го постепено потребниот победнички менталитет, соопштија од Вардар. Првиот официјален натпревар за тренерот Васовски, како и за Ѓоко Хаџиевски ќе биде веќе во среда, против екипата на Силекс, кој Вардар ќе го одигра на стадионот "Борис Трајковски" во населбата Маџари, со почеток од 16:30 часот, Вардар ги поканува сите навивачи на клубот да присуствуваат на натпреварот, да ги поздрават Вардарови легенди и да им дадат поддршка на фудбалерите, за да стигнат до првата победа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasovski-nov-trener-na-fk-vardar-vo-klubot-se-vraka-i-golema-sportska-legenda/feed/ 0
Васоски поднесе оставка од кормилото на Академија Пандев https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasoski-podnese-ostavka-od-kormiloto-na-akademija-pandev/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasoski-podnese-ostavka-od-kormiloto-na-akademija-pandev/#respond Sun, 30 Oct 2022 17:18:42 +0000 https://kurir.mk/?p=752792

Aлександар Васоски си поднесе оставка од тренерското столче на Академија Пандев после денешниот пораз од Работнички. Васоски на клупата на Академија Пандев се врати да донесе подобри резултати после заминувањето на Ѓорѓе Стојчев пред само два месеци. Академија Пандев во моментов е на претпоследното место на табелата со осум бодови, а е во серија од седум натпревари без победа. Васоски ја презеде одговорноста и денес си поднесе оставка од местото шеф на стручниот штаб на Академија Пандев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasoski-podnese-ostavka-od-kormiloto-na-akademija-pandev/feed/ 0
Васоски се врати во Академија Пандев https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasoski-se-vrati-vo-akademija-pandev/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasoski-se-vrati-vo-akademija-pandev/#respond Thu, 08 Sep 2022 05:34:51 +0000 https://kurir.mk/?p=730202

Академија Пандев се раздели со тренерот Ѓорѓе Стојчев по убедливиот пораз од Струга во Првата лига, а само три дена подоцна го објави името на новиот предводник.Станува збор за лице кое е многу добро познато во Струмица и кое беше дел од стручниот штаб на овој тим пред само една година, а кое сега се враќа за да ги врати работите во посакуван правец. Александар Васоски си замине од Академија Пандев минатата сезона, но по кратката авантура во Сараево, сега повторно ќе го води тимот кој го напушти во јануари. Академија Пандев се наоѓа на петтата позиција по шест одиграни кола во новата натпреварувачка сезона во ПМФЛ, со биланс од две победи, едно реми и три порази.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasoski-se-vrati-vo-akademija-pandev/feed/ 0
Сараево ја прифати оставката на Васоски https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/saraevo-ja-prifati-ostavkata-na-vasoski/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/saraevo-ja-prifati-ostavkata-na-vasoski/#respond Wed, 11 May 2022 14:20:25 +0000 https://kurir.mk/?p=675193

Македонскиот тренер Александар Васоски ги изненади сите кога си поднесе оставка од босанскиот клуб, а Сараев денеска ја прифати неговата одлука. Васоски реши да се повлече од кормилото на тимот по ремито во градското дерб против Железничар, а фудбалерите на Сараево останаа изненадени од тоа што се случи. „Бевме изненадени од оставката на Васоски, ништо не најавуваше таков развој на настаните. Но, ја почитуваме одлуката, балгодарен сум затоа што станува збор за одличен стручњак и човек. Во Сараево е така кога нема резултати, клубот не трпи никого. Потребно е време за да се направио нешто, а тука се сака веднаш“, изјави стрелецот на голот во дербито со Железничар, Асмир Шуљиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/saraevo-ja-prifati-ostavkata-na-vasoski/feed/ 0
ВИДЕО: Аврамовски му се приклучи на Васовски, Сараево се пофали со опасниот македонски репрезентативец https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-avramovski-mu-se-prikluchi-na-vasovski-saraevo-se-pofali-so-opasniot-makedonski-reprezentativec/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-avramovski-mu-se-prikluchi-na-vasovski-saraevo-se-pofali-so-opasniot-makedonski-reprezentativec/#respond Tue, 08 Feb 2022 06:11:43 +0000 https://kurir.mk/?p=628333

Даниел Аврамовски кариерата ќе ја продолжи во Сараево во БиХ каде тренер е Александар Васовски. Македонскиот репрезентативец кој има 28 години потпиша договор на две години со Сараево. -Среќен сум што дојдов во Сараево. Долго време бевме во контакт и среќен сум што постигнавме договор. Сакам да му помогнам на клубот да ги оствари целите и резултатите, со нетрпение ги очекувам натпреварите во овој дрес, изјави Аврамовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-avramovski-mu-se-prikluchi-na-vasovski-saraevo-se-pofali-so-opasniot-makedonski-reprezentativec/feed/ 0
Васовски пред интернационален предизвик https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasovski-pred-internacionalen-predizvik/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasovski-pred-internacionalen-predizvik/#respond Fri, 07 Jan 2022 08:04:58 +0000 https://kurir.mk/?p=616617

Поранешниот тренер на Вардар и досегашен предводник на Академија Пандев, Александар Васоски е на добар пат да стане стратег на фудбалскиот клуб Сараево. Медиумите во Босна и Херцеговина веќе информираа дека Васоски се договори со клубот од „Кошево“ и ќе застане на клупата на овој тим за кого долго време настапува Крсте Велкоски. Оваа вест ја потврди и самиот Васоски кој се радува на оваа задача, но притоа порача да се има трпение, односно официјално да се потврди договорот.
-Разговаравме и на добар пат се да биде дефинитивно. Велам, имам уште една формална работа да завршам во Македонија и затоа ви кажав дека 99 отсто сум нов тренер на Сараево. Да оставиме да биде официјализирано. Многу ми значи. Одличен клуб, одлични навивачи, традиција, трофеи… Но ве молам почекајте уште малку и тогаш ќе можеме да зборуваме многу поконкретно за сè, -додаде Васоски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasovski-pred-internacionalen-predizvik/feed/ 0
Смртен случај во семејството на Васоски: Вардар без својот тренер во Струга https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/smrten-sluchaj-vo-semejstvoto-na-vasoski-vardar-bez-svojot-trener-vo-struga/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/smrten-sluchaj-vo-semejstvoto-na-vasoski-vardar-bez-svojot-trener-vo-struga/#respond Sat, 07 Nov 2020 11:23:58 +0000 https://kurir.mk/?p=426171

Вардар ќе биде без својот шеф на стручен штаб Александар Васоски на денешниот натпревар против Струга ТЛ во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига. Поради смртен случај во семејството на Васоски, „црвено-црните“ ќе бидат денеска без својот стратег, информираат од клубот. „Нашиот шеф на стручен штаб, Александар Васоски, нема да биде во можност да ја води екипата на денешниот меч со Струга поради смртта на неговиот татко. ФК Вардар изразува длабоко сочуство на Александар Васоски и неговото семејство во овие тешки моменти. Нека почива во мир!“ – се вели во информацијата од ФК Вардар. извор: ekipa.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/smrten-sluchaj-vo-semejstvoto-na-vasoski-vardar-bez-svojot-trener-vo-struga/feed/ 0
Васоски: Мора да останеме концентрирани https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasoski-mora-da-ostaneme-koncentrirani/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasoski-mora-da-ostaneme-koncentrirani/#respond Tue, 25 Sep 2018 12:50:12 +0000 https://kurir.mk/?p=105815

Вардар од шест натпревари во Првата лига оваа сезона има скор од четири победи и две нерешени средби. Тренерот на „црвено-црните“ Александар Васовски побара од неговите избраници да се фокусираат на претстојниот меч со Силекс. - Задоволен сум од досегашниот тек на првенството. Четири победи и две нерешени без пораз е добар скор. Освен оној, така да кажам, „кикс“ со Беласица, на другите натпревари постигнавме посакувани резултати. Меѓутоа јас би рекол дека не треба да живееме од минатото. Треба да гледаме само напред кон иднината, и веќе се подготвуваме за следниот натпревар со Силекс каде што треба да се продолжи со исто, па дури и со посилно темпо, изјави Васоски за клупскиот сајт. Вардар ќе биде домаќин на Силекс на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, утре од 15:30 часот во рамките од 7. коло од Првата лига.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasoski-mora-da-ostaneme-koncentrirani/feed/ 0
Васоски: Разочарувањето е големо, промените во составот имаа последици https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasoski-razocharuvanjeto-e-golemo-promenite-vo-sostavot-imaa-posledici/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasoski-razocharuvanjeto-e-golemo-promenite-vo-sostavot-imaa-posledici/#respond Fri, 20 Jul 2018 07:07:09 +0000 https://kurir.mk/?p=79006

Тренерот на Вардар, Александар Васоски на прес-конференцијата по поразот од Пјуник (0:2) на Градскиот стадион во реваншот од првото квалификациско коло на Лигата на Европа изјави дека разочарувањето е големо, но дека ова треба да биде „отрезнување“ за сите во тимот и да се почне со сериозна работа. за да се подобрат работите во иднина. - Имавме две шанси и не ги искористивме. Како што кажав и претходно, имавме незгоден резултат, затоа што знаевме дека ако примиме гол, тешко ќе можевме да се вратиме. На крајот, за жал, примивме еден, па потоа уште еден. Таков е фудбалот, рече Васоски, за кого ова е дебитантски како прв тренер на Вардар. Тој додаде дека ова е „тежок пораз и тежок удар“ за „црно-црните“ но треба да излезат посилни од оваа ситуација, и да се фокусираат максимално кон следните предизвици. - Свесни сме дека секој пораз на Вардар боли, затоа што е најголем клуб во Македонија и има многу навивачи. На сето ова, влијае фактот што екипата претрпе сериозни играчки промени за разлика од лани кога го направивме тој успех. Не е тоа истиот тим од минатата сезона, има многу промени на речиси секоја позиција. На новите играчи кои дојдоа им треба време да се вклопат, да се воиграат во новата средина, исто така на младите им е потребно искуство. Не сакам никого да навредам, секој член на Вардар поседува квалитет, меѓутоа промените во составот очигледно имаа последици, изјави Васоски на пресот по поразот со Пјуник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vasoski-razocharuvanjeto-e-golemo-promenite-vo-sostavot-imaa-posledici/feed/ 0