александар вучиќ. србија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Jul 2020 12:09:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png александар вучиќ. србија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дијалог Белград-Приштина: Мирослав Лајчак по видео средбата со Александар Вучиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dijalog-belgrad-prishtina-miroslav-lajchak-po-video-sredbata-so-aleksandar-vuchikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dijalog-belgrad-prishtina-miroslav-lajchak-po-video-sredbata-so-aleksandar-vuchikj/#respond Sun, 12 Jul 2020 12:05:34 +0000 https://kurir.mk/?p=374525

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, по видео средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави дека дијалогот Белград-Приштина е вратен на вистинскиот пат. – Драго ми е што можам да кажам дека по самитот во Париз и денешната средба, дијалогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, по 20 месеци се врати на вистинскиот пат, изјави Лајчак. Тој рече дека на состанокот биле договорени главните елементи на процесот и агендата на следната средба, што ќе се одржи во живо во четврток во Брисел. Видео конференцијата меѓу Белград, Приштина и преговарачот на ЕУ траеше околу 2,5 часа. Одржани се билатерални консултации на двете страни со министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел и специјалниот претставник Мирослав Лајчак. Лајчак им се заблагодари на двете страни за нивната конструктивна посветеност за време на денешната видео-средба. Во Брисел оценуваат дека состанокот е „успешно завршен“, иако се очекуваше дека можеби ќе трае подолго. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dijalog-belgrad-prishtina-miroslav-lajchak-po-video-sredbata-so-aleksandar-vuchikj/feed/ 0