александар вучиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 12:10:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png александар вучиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вучиќ: Никогаш нема да ја потпишам независноста на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-nikogash-nema-da-ja-potpisham-nezavisnosta-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-nikogash-nema-da-ja-potpisham-nezavisnosta-na-kosovo/#respond Thu, 02 Nov 2023 12:10:22 +0000 https://kurir.mk/?p=895796

Српскиот претседател денеска во видео објавено на неговит профил на Инстаграм нагласи дека никогаш нема да потпише за независнот на Косово. „Исто како што ... зборуваа дека се против санкциите кон Русија, и дека јас лично ќе ги воведам по 3 април и по тие избори не го направив тоа, додека тие се уште се залагаат за санкции против Русија до денес, па сега се измислија дека сум подготвен да потпишам независност на Косово само за да поминам изборите“, наведе Александар Вучиќ во видеото објавено на Инстаграм профилот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-nikogash-nema-da-ja-potpisham-nezavisnosta-na-kosovo/feed/ 0
Вучиќ распиша парламентарни избори за 17-ти декември https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-raspisha-parlamentarni-izbori-za-17-ti-dekemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-raspisha-parlamentarni-izbori-za-17-ti-dekemvri/#respond Wed, 01 Nov 2023 09:29:42 +0000 https://kurir.mk/?p=895250

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го распушти српскиот Парламент и распиша парламентарни избори за 17 декември. „Почитувани граѓани на Република Србија. Врз основа на член 109 ставови 1 и 5 од Уставот на Република Србија и член 21 став 1 од Законот за претседателот на Републиката, врз основа на образложен предлог на Владата од 30 октомври 2023 година донесувам указ за распуштање на Народното собрание на Република Србија“, рече Вучиќ. Вучиќ изјави дека распишува избори за пратеници за 17 декември 2023 година. (МИА) Фото: ЕПА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-raspisha-parlamentarni-izbori-za-17-ti-dekemvri/feed/ 0
Вучиќ: Подготвен сум да исполниме се освен признавањето на Косово, со обврска некој да формира ЗСО https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-podgotven-sum-da-ispolnime-se-osven-priznavaneto-na-kosovo-so-obvrska-nekoj-da-formira-zso/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-podgotven-sum-da-ispolnime-se-osven-priznavaneto-na-kosovo-so-obvrska-nekoj-da-formira-zso/#respond Sun, 29 Oct 2023 10:43:39 +0000 https://kurir.mk/?p=894164

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е подготвен да ги исполни работите што не се однесуваат на де факто и де јуре независноста на Косово, територијалниот интегритет на Косово и членството на Приштина во Обединетите нации и нејзините агенции, со обврска „некој да формира Заедница на српски општини“ (ЗСО), јави дописникот на МИА од Белград. -Луѓето немаат причина за грижа, ние сме подготвени да исполниме работи кои не се однесуваат на признавањето на таканареченото Косово и членството во ОН, но некој мора да формира ЗСО, а Приштина не го сака тоа и измислува трик по трик, на штета на нашиот народ во Косово, истакна Вучиќ на ТВ Прва. Според него, целата приказна е еден вид маѓепсан круг. Запрашан за барањата на косовскиот премиер Албин Курти во Брисел Србија да ги потпише договорите, Вучиќ објасни: -Не побарав никакво пропратно писмо, како што рече Курти, реков дека сме подготвени да ги исполниме нашите обврски, а потоа ставив запирка и додадов дека не можеме да прифатиме ништо поврзано со признавањето на Косово или членството во ОН. Тоа го кажав и во Охрид и во Кишињев, го кажував секој пат, рече Вучиќ. Тој додаде дека се консултирал со адвокати и професори и да затоа секој пат инсистира на тие две прашања. -Нема временска рамка за решавање на косовското прашање, а и покрај бројните напори да се изолира Србија, тоа не се случи, имаме многу пријатели и секогаш ќе има наши соседи кои секогаш ќе бидат против нас, потенцираше Вучиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-podgotven-sum-da-ispolnime-se-osven-priznavaneto-na-kosovo-so-obvrska-nekoj-da-formira-zso/feed/ 0
Вучиќ: Курти вчера направи трик во Брисел, јасно е дека не сака да формира ЗСО https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-kurti-vchera-napravi-trik-vo-brisel-jasno-e-deka-ne-saka-da-formira-zso/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-kurti-vchera-napravi-trik-vo-brisel-jasno-e-deka-ne-saka-da-formira-zso/#respond Fri, 27 Oct 2023 19:32:21 +0000 https://kurir.mk/?p=893897

Иако вчера по состанокот во Брисел изјави дека не се разговарало за „потпишување на што било“ претседателот Александар Вучиќ вечерва на ТВ Пинк изјави дека Курти вчера направил трик во Брисел, ја претставил идејата заедно да се потпишат три документи, а мислејќи да не примени ништо, тој воопшто не е подготвен да потпише ЗСО. Вучиќ додаде дека Србија е подготвена да примени сè што не се однесува на признавањето на Косово и членството во ОН, јави дописникот на МИА од Белград. - (Курти) Го изведе тоа вчера за последен пат. Прво имаше средба со лидерите на ЕУ, а потоа и со Борел и Лајчак. Станува збор за вториот, бриселско-охридскиот договор. Тоа го призна бидејќи знаеше дека Србија нема да го признае. Тој не е подготвен да формира ЗСО. Нема да исполни се, јасно е дека тоа беше трик за купување време, изјави Вучиќ. Тој додаде дека на овој начин Курти се обидува да го искористи времето и да продолжи со прогонот и малтретирањето на Србите. - Неколку пати им го кажав мојот став на Шолц и на Макрон, но вчера слушнавте дека нема да потпишам. Ми понудија да потпишам, но тоа е сета трик на Курти, повтори Вучиќ. - Не е лесно да се каже пред шефовите на ЕУ, Борел и Лајчак, пред тројцата најмоќни луѓе во Европа, кажав што сакам, но има работи што можам и ќе ги направам. Не беше лесно да се каже, и се однесував согласно Уставот, рече претседателот на Србија. Тој посочи дека во ЕУ бараат мерки против Србија, тоа што се случи во Бањска да го прогласат за терористички напад, но не успеаја. - Ќе има средби на највисоко ниво, верувам дека ќе ги продолжиме разговорите со ЕУ и соработката, но и покрај тоа што многумина се надеваа дека Србија ќе биде казнета и работеа на тоа да биде казнета, се плашам дека ќе остат со кратки раце, рече Вучиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-kurti-vchera-napravi-trik-vo-brisel-jasno-e-deka-ne-saka-da-formira-zso/feed/ 0
Шолц: Не пропаднаа преговорите помеѓу Вучиќ и Курти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholts-ne-propadnaa-pregovorite-pomegu-vuchik-i-kurti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholts-ne-propadnaa-pregovorite-pomegu-vuchik-i-kurti/#respond Fri, 27 Oct 2023 16:46:54 +0000 https://kurir.mk/?p=893861

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека преговорите во Брисел со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти, не пропаднале, бидејќи, како што нагласи, и двајцата изразиле подготвеност за спроведување на постигнатите договори и за формирање на Заедница на српски општини. - Сега имаме изјава од Курти и Вучиќ дека ќе ги спроведат мерките од документите што ги подготвивме, Основниот договор, Охридскиот договор и сега и концептот на конкретен нацрт за формирање на ЗСО. Тоа е јасно кажано и тоа е важен чекор, истакна Шолц во Брисел по завршувањето на Самитот на ЕУ. Тој додаде дека е важно овие чекори да се преземат сега и сите кои имаат политичка одговорност на терен да најдат сила да се подготват за иднината. - Ова не е нешто каде што може да се каже кој има најмногу поени, туку како можеме да изградиме иднина за граѓаните на Косово и Србија и мирна перспектива за нив. И Косово и Србија сакаат да влезат во ЕУ, а за тоа тие мора да станат најдобри соседи, посочи Шолц, додавајќи дека тоа може да се случи само ако за лидерите тоа е приоритет. Во денеска усвоените заклучоците на Европскиот совет се наведува дека Белград и Приштина мора да продолжат со постојаните напори за деескалација, како и да обезбедат одржување на нови избори во северно Косово што е можно поскоро, со активно учество на косовските Срби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholts-ne-propadnaa-pregovorite-pomegu-vuchik-i-kurti/feed/ 0
Курти ги прифатил Бриселскиот договор и Анексот од Охрид, Вучиќ одбива да ги потпише https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-gi-prifatil-briselskiot-dogovor-i-aneksot-od-ohrid-vuchik-odbiva-da-gi-potpishe/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-gi-prifatil-briselskiot-dogovor-i-aneksot-od-ohrid-vuchik-odbiva-da-gi-potpishe/#respond Fri, 27 Oct 2023 05:47:03 +0000 https://kurir.mk/?p=893600

Косовската Влада соопшти дека премиерот Албин Курти ги прифатил бриселскиот Основен договор меѓу Косово и Србија од 27 февруари 2023 година и Анексот за спроведување на Охридскиот договор од 18 март 2023 година, но тие не можат да се спроведат поради одбивањето на Белград, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното соопштение на Владата во Приштина по вчерашните средби во Брисел на Курти со високи претставници на Европската унија, се наведува дека косовскиот премиер им нагласил на европските лидери дека „само потпишувањето значи имплементација на договореното“. - Овие договорени документи се заеднички успех со Европската унија. Договореното мора да се спроведе во целост, без услови, без одлагања, се цитира Курти во соопштението. Според кабинетот на косовскиот премиер, потпишувањето на бриселскиот договор и охридскиот анекс го отфрлил српскиот претседател, Александер Вучиќ, кој побарал прифаќање на „странично писмо“ со кое, вели косовската Влада, укинуваат одредени принципи од договорот. - Претседателот на Србија, Вучиќ, одби да потпише договор со Косово и побара да се прифати странично писмо со кое практично укинува три принципи од Основниот договор, на Анексот за спроведување, како и на нацртот предложен од петмината емисари на 21 октомври годинава, се вели во соопштението. Во него се наведува дека Курти на вчерашните средби во Брисел со канцеларот на Германија, Олаф Шолц, со претседателот на Франција, Емануел Макрон, премиерката на Италија, Џорџија Мелони, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, потпретседателот на Европската комисија и Високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борел, како и со неговиот емисар Мирослав Лајчак, „им се заблагодарил за нивната улога, посветеност и придонес за мирот и нормализацијата на односите меѓу Република Косово и Србија“. Тој го повторил барањето за санкции и казна кон Србија, поради нејзината улога во нападот врз косовската полиција на 24 септември во северно Косово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-gi-prifatil-briselskiot-dogovor-i-aneksot-od-ohrid-vuchik-odbiva-da-gi-potpishe/feed/ 0
Вучиќ и Курти на средби во Брисел со претставници на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-i-kurti-na-sredbi-vo-brisel-so-pretstavnitsi-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-i-kurti-na-sredbi-vo-brisel-so-pretstavnitsi-na-eu/#respond Thu, 26 Oct 2023 13:31:32 +0000 https://kurir.mk/?p=893431

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти денеска во Брисел одвоено се сретнаа со претставниците на Германија, Франција и Италија, како и со специјалниот пратеник за дијалог Мирослав Лајчак и шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел. Претходниот викенд претставници на „големата петорка“ беа во Белград и во Приштина, каде разговараа со Вучиќ и Курти, по што беше најавено дека двајцата лидери ќе отпатуваат за Брисел. По денешниот состанок, Курти не даде изјави за медиуми. Лајчак, одговарајќи на новинарски прашања, пред почетокот на средбите во Брисел изјави дека преговорите повеќе не се „земи или остави“. Како што додаде, ова мора да биде помирување меѓу двете страни. Тој истакна дека има големи очекувања од денешните средби. Имам големи очекувања, да одиме напред, посочи Лајчак и додаде дека се чека имплементација на договорот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-i-kurti-na-sredbi-vo-brisel-so-pretstavnitsi-na-eu/feed/ 0
Вучиќ: Изборите ќе бидат на 17 декември, ќе ги распишам следната недела https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-izborite-ke-bidat-na-17-dekemvri-ke-gi-raspisham-slednata-nedela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-izborite-ke-bidat-na-17-dekemvri-ke-gi-raspisham-slednata-nedela/#respond Wed, 25 Oct 2023 18:34:00 +0000 https://kurir.mk/?p=893124

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва повтори дека изборите ќе се одржат на 17 декември и додаде дека ќе ги распише следната недела. „Зборувам за парламентарните избори за кои сум надлежен, врз основа на образложен предлог на владата. Начинот на кој оди уставната процедура и во согласност со Законот за претседател на Републиката“, изјави Вучиќ за РТС. Тој додаде дека претседателот на Собранието на Србија пред тоа ќе распише избори во повеќе од 60 единици на локалната самоуправа, по што ќе бидат распишани покраински избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-izborite-ke-bidat-na-17-dekemvri-ke-gi-raspisham-slednata-nedela/feed/ 0
Вучиќ: Мали и Сијарто го потпишаа решението против Бугарија, Орбан и јас одобривме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vuchik-mali-i-sijarto-go-potpishaa-reshenieto-protiv-bugarija-orban-i-jas-odobrivme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vuchik-mali-i-sijarto-go-potpishaa-reshenieto-protiv-bugarija-orban-i-jas-odobrivme/#respond Wed, 18 Oct 2023 10:10:16 +0000 https://kurir.mk/?p=890254

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој присуствува на Третиот меѓународен форум Појас и пат во Пекинг, реагираше на зголемувањето на таксите на Бугарија за рускиот гас од гасоводот Турски поток за Србија и Унгарија, јави дописникот на МИА од Белград. - Ние и Унгарците вчера реагиравме со заедничка изјава, Синиша Мали го потпиша решението со Сијарто, Орбан и јас го одобривме – чудни работи се случуваат, гасот повторно скока, нафтата повторно скока. За еден ден по израелско-палестинскиот конфликт, се договоривме да не дозволиме да расте дизелот без оглед колку треба да платиме за него, рече Вучиќ. Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали и министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, во заедничка изјава наведоа дека одлуката на Бугарија да воведе данок на рускиот гас, кој се испорачува преку нејзина територија, е непријателски чекор, насочен против Унгарија и Србија, објавено е на веб-страницата Владата на Србија. - Оваа нова бугарска регулатива го загрозува безбедното снабдување со енергија во Унгарија и Србија, се наведува во соопштението. Исто така се додава дека Европска Унија нема воведено санкции за испораките на природен гас од Русија, па аргументот на бугарскиот премиер е целосно неточен. Ваквата одлука, се посочува во соопштението, ја поткопува европската солидарност и ја загрозува енергетската безбедност и на земјите членки на ЕУ и на земјите кандидати. - Унгарија и Србија ќе ги усогласат своите ставови и ќе одговорат на соодветен начин на оваа контроверзна одлука на Бугарија, се наведува во заедничката изјава на Мали и Сијарто. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vuchik-mali-i-sijarto-go-potpishaa-reshenieto-protiv-bugarija-orban-i-jas-odobrivme/feed/ 0
Вучиќ ќе подржи каква било одлука на Србите од Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-ke-podrzhi-kakva-bilo-odluka-na-srbite-od-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-ke-podrzhi-kakva-bilo-odluka-na-srbite-od-kosovo/#respond Mon, 16 Oct 2023 11:46:51 +0000 https://kurir.mk/?p=889332

Српскиот претседател денеска во Пекинг изјави дека ќе поддржи каква било одлука на Србите во Косово во врска со изборите. „Ќе ја поддржам секоја одлука на Србите со Косово и Метохија, треба да бидете со својот народ кога е тешко, никого не терам, но мислам дека околностите се сменија и дека треба да размислуваат за избори. Погледнете го лицемерието од другата страна“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. Александар Вучиќ во Пекинг изјави дека утре во присуство на претседателот Си Џинпинг ќе биде потпишан договор за слободна трговија со Кина во кој ќе бидат вклучени 10.412 српски тарифни ставки, односно производи и 8.930 од кинеска страна, и најави дека договорот ќе влезе. во сила до мај или јуни. Вучиќ ја предводи српската делегација составена од бројни министри во Владата на Србија каде во Пекинг ќе учествуваат на третиот Форум „Појас и пат“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-ke-podrzhi-kakva-bilo-odluka-na-srbite-od-kosovo/feed/ 0