александар вулин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 14:19:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png александар вулин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Директорот на БИА, Александар Вулин поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-bia-aleksandar-vulin-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-bia-aleksandar-vulin-podnese-ostavka/#respond Fri, 03 Nov 2023 14:10:33 +0000 https://kurir.mk/?p=896202

Директорот на српската Безбедносно-информативната агенција (БИА) Александар Вулин денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка, наведувајќи дека „САД и ЕУ ја бараат неговата глава како предуслов за да не се воведат санкции кон Србија“. „Јас не сум причина за уцени и притисок врз Србија и српскиот свет, но нема да дозволам да бидам причина за уцени и притисок врз Србија и српскиот свет“, напиша Вулин објаснувајќи ја својата одлука да поднесе оставка. Како што наведува во соопштението, „српскиот претседател Александар Вучиќ и Србија се соочуваат со закани и уцени кои можат да се споредат само со австроунгарскиот ултиматум од 1914 година“. „Мојата оставка нема да ја промени политиката на САД и ЕУ кон Србија, но ќе ги забави новите барања и уцени“, рече Вулин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-bia-aleksandar-vulin-podnese-ostavka/feed/ 0
Во Ерусалим фотографиран Вулин, три дена по нападот на северот на Косово (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-erusalim-fotografiran-vulin-tri-dena-po-napadot-na-severot-na-kosovo-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-erusalim-fotografiran-vulin-tri-dena-po-napadot-na-severot-na-kosovo-foto/#respond Wed, 27 Sep 2023 15:38:06 +0000 https://kurir.mk/?p=882382

Директорот на Безбедносно-информативната агенција на Србија (БИА) Александар Вулин е фотографиран во Ерусалим, три дена по вооружениот инцидент на Косово во кој загинаа косовски полицаец и тројца Срби кои ја нападнаа полицијата, објави порталот Нова.рс. Фотографиите до кои дојде порталот Nova.rs откриваат дека првиот човек на БИА бил во црквата на Светиот гроб, придружуван од обезбедувањето, каде што дошол да се поклони. Како што изјавиле соговорниците на Нова.рс, Вулин дошол во црквата придружуван од обезбедувањето. „Ги запреа сите аџии за да може да влезе преку линијата. Тој беше таму 20-тина минути и си замина“, вели соговорникот на Нова.рс. Александар Вулин ретко се појавува во јавноста откако е на чело на Безбедносно-информативната агенција. Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељал Свечља, објави дека еден од тројцата вооружени српски напаѓачи, убиени во неделата во акцијата на косовската полиција во Бањска кај Звечан, е телохранител на шефот на Агенцијата за разузнавање во Србија (БИА), Александар Вулин. На неговата страница на Фејсбук, Свечља објави слика од убиениот Бојан Мијаиловиќ, за кого тврди дека како телохранител го придружувал Вулин за време на неговата посета на Косово во 2013 година, како тогашен министер за внатрешни работи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-erusalim-fotografiran-vulin-tri-dena-po-napadot-na-severot-na-kosovo-foto/feed/ 0
Хил: Внимателно го следевме Вулин, не сакаме никаков контакт со него https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hil-vnimatelno-go-sledevme-vulin-ne-sakame-nikakov-kontakt-so-nego/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hil-vnimatelno-go-sledevme-vulin-ne-sakame-nikakov-kontakt-so-nego/#respond Thu, 13 Jul 2023 12:43:47 +0000 https://kurir.mk/?p=856266

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Белград, Кристофер Хил, денеска изјави дека САД „многу внимателно“ ги набљудувале активностите на директорот на Агенцијата за безбедност и информации (БИА) на Србија, Александар Вулин, и заклучиле дека не сакаат да имаат контакт со него. При посетата на археолошкиот локалитет Бело Брдо, Хил рече дека санкциите против Вулин се воведени за да се заштитат САД, а тие значат дека на Вулин не може да му се даде американска виза или дека може да склучува деловни договори во таа земја. Американскиот амбасадор истакна дека односите меѓу САД и Србија се „добри“ и дека се „подобруваат“, додавајќи дека Србија јасно ставила до знаење дека сака да ни се придружи на Запад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hil-vnimatelno-go-sledevme-vulin-ne-sakame-nikakov-kontakt-so-nego/feed/ 0
ВИРАЛНО ВИДЕО: Да не се заборави средбата на Вулин и куче кое може да намириса кокаин https://arhiva.kurir.mk/svet/region/viralno-video-da-ne-se-zaboravi-sredbata-na-vulin-i-kuche-koe-mozhe-da-namirisa-kokain/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/viralno-video-da-ne-se-zaboravi-sredbata-na-vulin-i-kuche-koe-mozhe-da-namirisa-kokain/#respond Wed, 12 Jul 2023 13:17:20 +0000 https://kurir.mk/?p=855856

Директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА) Александар Вулин е во фокусот на светската јавност откако беше објавено дека е ставен на црната листа на Соединетите Американски Држави (САД). Вулин е санкциониран за вмешаност во меѓународен организиран криминал, нелегална трговија со наркотици и злоупотреба на јавна функција, а споменатиот случај потсети на една интересна ситуација која се случила додека тој ја извршувал функцијата министер за полиција. Имено, тогаш се појави видео од посетата на министерот Вулин на полициските единици. Се изгледа нормално, министерот лежерно ги прегледува единиците, до еден момент, пренесува „Нова.рс“. Некаде на крајот на обиколката, Вулин наидува на полициско куче, кое имаше интересна реакција. Станува збор за куче тренирано да бара наркотици. Да потсетиме, американското министерство за финансии објави дека Вулин одржувал взаемно корисни односи со српскиот дилер на оружје Слободан Тешиќ, кој исто така е под санкции на САД, помагајќи му слободно да ги пренесува своите илегални пратки на оружје преку границите на Србија. „Акциите на Вулин промовираа корупција во владините институции во Србија. Овие дела вклучуваат користење на неговиот авторитет за лична корист, вклучително и вмешаност во синџир за трговија со дрога. Тој ги искористи своите јавни позиции за да ја поддржи Русија, овозможувајќи го малигното влијание на Русија, а со тоа ја намалува безбедноста и стабилноста на Западен Балкан и ѝ обезбеди на Русија платформа за дополнително да го прошири своето влијание во регионот“, се вели на веб-страницата на министерството за финансии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/viralno-video-da-ne-se-zaboravi-sredbata-na-vulin-i-kuche-koe-mozhe-da-namirisa-kokain/feed/ 0
Директорот на БИА, Александар Вулин ставен на листата на американски санкции https://arhiva.kurir.mk/svet/region/direktorot-na-bia-aleksandar-vulin-staven-na-listata-na-amerikanski-sanktsii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/direktorot-na-bia-aleksandar-vulin-staven-na-listata-na-amerikanski-sanktsii/#respond Tue, 11 Jul 2023 16:46:36 +0000 https://kurir.mk/?p=855498

Александар Вулин, директорот на српската Безбедоносно-информативна агенција (БИА) ставен е на листата на санкции на Министарството за финансии на САД, јави дописникот на МИА од Белград. Следното соопштение беше објавено на веб-страницата на OFAC на 11 јули, пренесува белградски Данас. -Канцеларијата за контрола на странска имот на Министерството за финансии на САД (OFAC) денеска санкционираше поединец во Србија во согласност со Извршниот налог (E.O.) 14033. Именувањето на Александар Вулин (Вулин) ја нагласува решеноста на САД да ги повикаат на одговорност оние кои се вклучени во корумпирани работи кои ги унапредуваат сопствените политички агенди и лични интереси на штета на мирот и стабилноста на Западен Балкан. Овие коруптивни работи ги олеснуваат злонамерните активности на Русија во Србија и во регионот. -Министерството за финансии нема да се двоуми да ги таргетира актерите кои ги злоупотребуваат своите позиции за лична корист додека го поткопуваат ефективно и демократско владеење на Западен Балкан, изјави потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање на Министерството за финансии Брајан Е. Нелсон. „Со денешната акција Александар Вулин е одговорен за своите коруптивни и дестабилизирачки дејствија кои ги овозможија и злонамерните активности на Русија во регионот. Александар Вулин е вклучен во транснационалниот организиран криминал, нелегални операции со дрога и злоупотреба на јавна функција. Вулин одржуваше взаемно корисни односи со српскиот трговец со оружје Слободан Тешиќ, помагајќи им на илегалните испораки на оружје на Тешиќ да се движат слободно низ границите на Србија. Дејствијата на Вулин промовираа корупција во владините институции во Србија. Овие дела вклучуваат користење на неговиот авторитет за лична корист, вклучително и вмешаност во синџир за трговија со дрога. Тој ги искористи своите јавни позиции за да ја поддржи Русија, олеснувајќи ги руските малигни активности кои ја деградираат безбедноста и стабилноста на Западен Балкан и обезбедувајќи и на Русија платформа за натамошно влијание во регионот. Вулин е директор на Безбедносно информативната агенција на Србија (БИА), а претходно беше министер за одбрана и министер за внатрешни работи. Овие институции не се цел на овие санкции. OFAC го именуваше Вулин во согласност со Е.О. 14033 за одговорност или соучество, директно или индиректно учество во корупција поврзана со Западен Балкан, вклучително и корупција од, во име, или на друг начин поврзан со влада на Западен Балкан, или актуелен или поранешен владин функционер на кој било ниво на власт во Западен Балкан, како што се злоупотреба на јавен имот, експропријација на приватна сопственост за лична корист или политички цели или поткуп. Како резултат на денешната акција, сите средства и интереси во имотот на лицето опишано погоре лоцирани во САД или во сопственост или контролирани од американски лица се замрзнати и мора да се пријават во OFAC. Дополнително, финансиските институции и други лица вклучени во одредени трансакции или активности со казнето лице може да бидат изложени на санкции или да бидат предмет на извршни дејствија, се заклучува во објавата на веб-страницата на OFAC.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/direktorot-na-bia-aleksandar-vulin-staven-na-listata-na-amerikanski-sanktsii/feed/ 0
Амбасадите на САД и Украина во Белград ја осудија посетата на Вулин на Москва https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ambasadite-na-sad-i-ukraina-vo-belgrad-ja-osudija-posetata-na-vulin-na-moskva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ambasadite-na-sad-i-ukraina-vo-belgrad-ja-osudija-posetata-na-vulin-na-moskva/#respond Thu, 25 May 2023 16:18:42 +0000 https://kurir.mk/?p=838699

Амбасадите на Украина и на САД во Белград во одделни соопштенија го критикуваа учеството на директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА) на Србија, Александар Вулин, на меѓународната безбедносна конференција во Москва, јави дописникот на МИА од Белград. Амбасадата на Украина посочи дека Србија и Украина се стремат кон членство во ЕУ и дека во врска со тоа Србија треба да воведе санкции кон Русија, наведува РСЕ. -Сметаме на фактот дека земјата кандидат за членство во ЕУ ќе се приклучи на заедничката европска политика кон државата агресор, Руската Федерација, соопшти Амбасадата на Украина. Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, во писмена изјава за РСЕ изјави дека „никој не треба да и дава легитимитет на руската акција со соработка со Кремљ како да е сè во ред“. -Руската агресија против нејзиниот мирен сосед Украина е незаконска и неразумна. Владимир Путин ја започна оваа брутална војна. Тој може и треба веднаш да стави крај и да ја запре смртта и уништувањето што ги предизвикува неговата војна, рече Хил. Американскиот сенатор Крис Марфи, по повод посетата на шефот на Безбедносно-информативната агенција БИА, Александар Вулин на Москва, изјави дека Русија деновиве бара пријатели, но дека не смета дека е политичко и морално да се поддржи режимот на Владимир Путин. Руските државни медиуми на 24 мај објавија дека директорот на БИА, Александар Вулин, учествува како претставник на Србија на меѓународната безбедносна конференција во Москва. Официјални информации за неговото учество на таа конференција не беа објавени на веб-страниците на официјалните институции во Србија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ambasadite-na-sad-i-ukraina-vo-belgrad-ja-osudija-posetata-na-vulin-na-moskva/feed/ 0
Вулин: Kолку побрзо сфатиме дека ЕУ не нѐ сака, толку подобро ќе ни биде https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vulin-kolku-pobrzo-sfatime-deka-eu-ne-n-saka-tolku-podobro-kje-ni-bide/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vulin-kolku-pobrzo-sfatime-deka-eu-ne-n-saka-tolku-podobro-kje-ni-bide/#respond Sun, 16 Oct 2022 08:34:14 +0000 https://kurir.mk/?p=745962

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин рече дека колку побрзо прифатат дека земјата не ја сака Европската унија и дека нема место таму, толку подобро ќе им биде, додавајќи дека односот со ЕУ „не е прашање на емоции, туку на рационални одлуки“. -Прашањето не е дали сакаме да влеземе во ЕУ, туку дали ЕУ ја сака Србија. Судејќи по налудничавите уцени на кои не изложуваат да го признаеме Косово, да ја укинеме Република Српска и да воведеме санкции кон Русија, тие не нѐ сакаат, изјави Вулин за „Вечерње новости“. Тој изјави дека „ЕУ како сојуз е минато“ бидејќи со губењето на политичката независност, земјите од ЕУ „станаа територии, а не држави“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vulin-kolku-pobrzo-sfatime-deka-eu-ne-n-saka-tolku-podobro-kje-ni-bide/feed/ 0
Вулин: Од денеска сите хрватски функционери се ставени под посебен режим на контрола https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vulin-od-deneska-site-hrvatski-funkcioneri-se-staveni-pod-poseben-rezim-na-kontrola/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vulin-od-deneska-site-hrvatski-funkcioneri-se-staveni-pod-poseben-rezim-na-kontrola/#respond Sun, 17 Jul 2022 10:09:16 +0000 https://kurir.mk/?p=706505

Откако властите во Загреб не му дозволија на српскиот претседател Александар Вучиќ приватна посета на Јасеновац, српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин изјави дека „од денеска сите функционери на хрватската држава, сите носители на службени или дипломатски пасоши ќе мора посебно да се изјаснат и да ја оправдаат нивната посета или минување низ Србија и ќе бидат ставени под посебен режим на контрола“. Во писмената изјава во која владата на хрватскиот премиер ја нарекува „усташка“, Вулин наведува дека „на Александар Вучиќ, внук на жртва од Јасеновац, не му е дозволено да се поклонува на споменот на стотици илјади заклани Срби, Евреи и Роми“. „Претседателот на Република Србија не смее да го посети најголемото српско погубување. Усташите денес, членки на Европската унија, не сакаат да се потсетуваат на тоа колку деца заклале. Од денеска сите функционери на хрватската држава, сите носители на службени или дипломатски пасоши ќе треба посебно да ја објават и оправдаат својата посета или минување низ Србија и ќе бидат ставени под посебен режим на контрола“, додаде Вулин во ист тон. Во соопштението на МВР се додава дека Вулин рекол дека така ќе биде се додека тој е министер за полиција или „додека Хрватска не почне да се однесува како да не е НДХ“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vulin-od-deneska-site-hrvatski-funkcioneri-se-staveni-pod-poseben-rezim-na-kontrola/feed/ 0
Вулин открива шок детали за многубројните дојави за бомби https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vulin-otkriva-shok-detali-za-mnogubrojnite-dojavi-za-bombi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vulin-otkriva-shok-detali-za-mnogubrojnite-dojavi-za-bombi/#respond Sun, 22 May 2022 12:48:10 +0000 https://kurir.mk/?p=680152

Министерот за внатрешни работи на Србија Александар Вулин изјави дека не е можно да се запрат дојавите за поставени бомбите, но дека „превентивно се дејствува 24 часа на ден со испраќање полициски екипи во раните утрински часови на најважните места како што се трговските центри“, како и да дојавите за бомби пристигнувале секој ден на одигрувањето на Фајнл-форот во Белград, јави дописникот на МИА од Белград. -Само Северна Кореја може ефективно да го запре ова, да ги исклучи телефоните и интернетот, ние кои сме на мрежата не можеме, изјави Вулин за ТВ Прва, истакнувајќи дека дојавите се многубројни. Како што рече, полицијата оди на секое место каде што ја викаат, „но ова е како корона, мора да се научиме да живееме со неа“. -Ние на повик доаѓаме да провериме што се случува. Имавме дојави за бомби секој ден на одигрувањето на Фајнл-форот и ако ги послушавме дојавите, тој немаше да се одржи. Превентивно ги распоредивме нашите единици и се погриживме да го намалиме ризикот на минимум. Тогаш управата на Фајнл-форот рече – тоа за нас е доволно, сметаме дека тоа е лажна дојава, нека се одигра“, изјави Вулин. Тој наведе дека законот е таков што „шефот за безбедноста може да каже дека салата треба да се испразни или не, а полицијата е само сервис“. Според него, тоа е „форма на психолошка војна, модерен тероризам“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vulin-otkriva-shok-detali-za-mnogubrojnite-dojavi-za-bombi/feed/ 0
Вулин: Против Србија се води специјална војна- нови дојави за поставени бомби во Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vulin-protiv-srbija-se-vodi-specijalna-vojna-novi-dojavi-za-postaveni-bombi-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vulin-protiv-srbija-se-vodi-specijalna-vojna-novi-dojavi-za-postaveni-bombi-vo-belgrad/#respond Mon, 16 May 2022 17:45:11 +0000 https://kurir.mk/?p=677512

По заканувачките денешни дојави за поставени бомби во основните и средни училишта во Белград, попладнево пристигнаа нови закани, дека се поставени експлозивни направи на мостовите во Белград, во трговските центри, зоолошката градина, ресторани и железничката станица, амбасади и други објекти, јави дописникот на МИА од Белград. „Експлозивот е поставен на следните локации: Бранковиот мост, мостот Газела, Новиот железнички мост, мостот на Ада, Панчевачкиот мост, Народниот музеј, Делта Сити, Трговскиот центар Змај, Трговскиот центар Ада, Трговскиот центар Стадион, Трговскиот центар Коњарник, Зоолошката градина во Белград, Јавниот аквариум и тропикариум, Мекдоналдс на Бежанијска коса, Белградски аеродром, Централна станица во Белград, Претседателскиот дом, Градскиот совет, електраните, на секоја пречистителна станица, Руската амбасада во Белград…,“ се наведува во заканувачката порака. Бета претходно објави дека на адресата на ТЦ Стадион во Белград пристигнала дојава за поставена бомба, каде за денеска е закажан натпреварот меѓу фудбалските клубови Вождовац и Партизан во српската Суперлига. Дојава за бомбата добило и Јавното комунално претпријатие „Белградски водовод и канализација“. Беше кажано дека во сите производствени погони се поставени експлозивни направи, соопшти Градската управа. Сообраќајот на Бранковиот мост се одвива нормално, на автобуската постојка има само едно полициско возило, а на Славија има помалку турканици, соопшти Данас. Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека интензивно се работи на откривање на сторителите на кривични дела во врска со лажните дојави за бомби кои секојдневно пристигнуваат на голем број адреси во Белград и други градови низ Србија. Припадниците на МВР во соработка со Обвинителството за организиран криминал и Вишото јавно обвинителство во Белград интензивно ги истражуваат овие случаи, а вклучено е и Специјалното одделение за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство. Како што се наведува, поради големиот број пријави за бомби, ангажирани се сите расположливи капацитети на единиците за контрадиверзија на МВР за увид во објектите и институциите до кои се испратени пријавите, од кои сите биле лажни и насочени на предизвикување на паника и вознемиреност на граѓаните. По повод информациите за поставени бомби во Белград, министерот за внатрешни работи Александар Вулин изјави дека против Србија се води специјална војна и дека целта на сите напади е Србија да престане да води независна политика и да носи одлуки под притисок и страв.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vulin-protiv-srbija-se-vodi-specijalna-vojna-novi-dojavi-za-postaveni-bombi-vo-belgrad/feed/ 0