Александер Чеферин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Aug 2023 11:07:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Александер Чеферин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Чеферин: Спортското насилство е рак на фудбалот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-sportskoto-nasilstvo-e-rak-na-fudbalot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-sportskoto-nasilstvo-e-rak-na-fudbalot/#respond Wed, 16 Aug 2023 11:07:17 +0000 https://kurir.mk/?p=867375

Замислете каква личност треба да бидеш за да нападнеш друга личност, бидејќи другата личност носи различен дрес. Ова е ракот на фудбалот, а тие не се фудбалски фанови, не ги карактеризирајте како фудбалски фанови, бидејќи не се фудбалски фанови, тоа се луѓе кои го користат фудбалот за нивните идиотски идеи, порача претседателот на УЕФА Александер Чеферин, по денешната средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Чеферин изрази жалење за убиството на навивачот на АЕК, истакна дека некои ги користат фудбалските натпревари за криминал и насилство и порача дека треба да се стави крај на тоа. - Насилството и хулиганството не се само грчки проблем, туку проблем за цела Европа и пошироко, но кога говориме за Европа, тоа е проблем од Скандинавија до Португалија, до Турција и другите делови од Европа. Треба да работиме заедно, не само како Европската Унија, а сметам и на помош и од грчката Влада и од грчкиот премиер. Ги повикувам сите дури и вас медиумите да ни помогнете да го елиминираме овој рак, не само од фудбалот туку и од општеството, посочи претседателот на УЕФА. На медиумите им порача дека не можат на никој начин да го поддржуваат насилството и треба да помогнат во запирањето, додавајќи дека се решени да не се повтори случајот како оној пред една седмица во Атина. Грчкиот премиер рече дека спортското насилство не е само на стадионите, туку и вон нив, за убиството на 29-годишниот навивач на АЕК истакна дека сторителите ќе биде откриени, порача дека „Грција е земја на владеењето на правото“, има независно судство и не прифаќа сугестии од никој, па дури и да е „официјален глас од странство“. Паралелно најави конкретни мерки на национално ниво за справување со спортското насилство. Рече дека ќе се затворат клубовите на навивачите, секој тим ќе има само еден клуб чие седиште ќе биде градот од којшто е фудбалскиот клуб, но и дека полицијата суштински ќе ги контролира влезот на организираните навивачи на трибините наменети за нив. - Се надевам дека нема да биде потребно државата да ја активира последната, крајна мерка што ја има на располагање, а тоа е привремено исклучување на клубовите од сите европските натпреварувања. Сигурен сум дека на крај нема да треба да стигнеме до тоа, рече грчкиот премиер. Мицотакис и Чеферин денеска одржаа средба во Премиерската палата во Атина, а веднаш потоа следеше состанок во проширен состав на кој освен претседателот на УЕФА и надлежните грчки министри присуствуваа и сопствениците на грчките фудбалски клубови Олимпиакос, Панатинаикос и АЕК, како и блискиот соработник на сопственикот на ПАОК. По средбите во Премиерската палата, Чеферин попладнево ќе се сретне и со претседателот на Грчката фудбалска федерација Панајотис Балтакос. Вечерва на стадионот „Георгиос Карајскакис“ на Олимпијакос во Пиреас ќе се одржи финалето од Суперкупот меѓу Манчестер сити и Севиља.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-sportskoto-nasilstvo-e-rak-na-fudbalot/feed/ 0
Средба Мицотакис – Чеферин во Атина https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sredba-mitsotakis-cheferin-vo-atina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sredba-mitsotakis-cheferin-vo-atina/#respond Wed, 16 Aug 2023 06:16:11 +0000 https://kurir.mk/?p=867202

Случувањата во грчкиот и европскиот фудбал се очекува да бидат во фокусот на денешната средба во Атина на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис со претседателот на УЕФА Александер Чеферин, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, половина час по нивната средба, ќе одржи и состанок во проширен состав на кој освен претседателот на УЕФА и надлежните грчки министри поканети се да учествуваат и сопствениците на грчките фудбалски клубови Олимпиакос, Панатинаикос, АЕК и ПАОК. Мицотакис минатата седмица имаше телефонски разговор со Чеферин и се договорија денеска да се сретнат во Атина. По средбите во Премиерската палата, претседателот на УЕФА, попладнево ќе се сретне и со првиот човек на Грчката фудбалска федерација Панајотис Балтакос. Вечерва на стадионот „Георгиос Карајскакис“ на Олимпијакос во Пиреас ќе се одржи финалето од Суеперкупот меѓу Манчестер Сити и Севиља.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sredba-mitsotakis-cheferin-vo-atina/feed/ 0
Чеферин: Крајот на Суперлигата е најголемата победа во 2021 година https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-krajot-na-superligata-e-najgolemata-pobeda-vo-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-krajot-na-superligata-e-najgolemata-pobeda-vo-2021-godina/#respond Fri, 24 Dec 2021 11:41:19 +0000 https://kurir.mk/?p=612619

Првиот човек на Европската куќа на фудбалот (УЕФА), Александер Чеферин ја користи секоја прилика за да го изрази своето задоволство од пропаѓањето на проектот за Суперлигата, натпреварување за кое се залагаа најголемите клубови од Топ лигите во Европа. Истиот требаше да ја засени ЛШ, ама овој проект многу кратко беше во игра, односно најголемиот дел од тимови веднаш се повлекоа од идејата за да сега во истиот останат само Јувентус, Реал Мадрид и Барселона. -Крајот на Суперлигата, предводен од политичка и осуда на народот од целиот континент, беше нашата најзначајна и најголема победа во 2021 година. Минатиот април обидот да се создаде затворена Супер лига, која имаше за цел само да ги надополни банкарските сметки на некои клубови, ги загрози вредностите што лежат во срцето на европскиот спортски модел и мисијата на УЕФА,-рече Чеферин кој говореше за улогата на УЕФА. -Има малку организации кои ги претставуваат позитивните вредности на европскиот спортски модел на подобар начин од УЕФА. На секои четири години, нашето Европско првенство овозможува голем процент од приходите да се инвестираат во развојни проекти низ целиот континент преку програма за хет-трик. Во циклусот 2020-2024, 775,5 милиони евра приходи од Евро 2020 ќе биде од корист за целата фудбалска пирамида: од обука на машки и женски фудбалски тренери, преку поддршка на основните клубови, до обука на млади таленти кои сонуваат да учествуваат во иднината и да го развијат европскиот првенство. -Исто така, посветеноста на идејата за отворено натпреварување беше клучен фактор за појавата на Лигата на конференции. Сега застапеноста во најмалку едно натпреварување на УЕФА по сезона е загарантирана за претставниците на сите 55 национални федерации, -изјави Словенецот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/cheferin-krajot-na-superligata-e-najgolemata-pobeda-vo-2021-godina/feed/ 0
УЕФА воведува нова промена: Презема акција против милиметарските офсајди https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-voveduva-nova-promena-prezema-akcija-protiv-milimetarskite-ofsajdi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-voveduva-nova-promena-prezema-akcija-protiv-milimetarskite-ofsajdi/#respond Fri, 06 Mar 2020 18:31:50 +0000 https://kurir.mk/?p=313136

Александер Чеферин, претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), одговараше на новинарските прашања во Амстердам, кад ешто почна Конгресот на УЕФА. Претставниците на медиумите ги интересираше мислењето на првиот човек на УЕФА за воведување на ВАР-системот. -Системот ВАР останува тема на разговор во фудбалскиот свет. Во некои случаи помага, но остануваат и некои нејасни ситуации, призна Чеферин. Чеферин порача дека следната сезона во Лигата на шампиони и Лига Европа ќе воведе уште една промена. -Ќе воведеме подебели линии за да се избегнат офсајди од еден сантиметар, зашто тоа не е суштината на воведување на ВАР-технологијата, порача Чеферин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-voveduva-nova-promena-prezema-akcija-protiv-milimetarskite-ofsajdi/feed/ 0
Пуштен во употреба новиот капитален објект на ФФМ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pushten-vo-upotreba-noviot-kapitalen-objekt-na-ffm/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pushten-vo-upotreba-noviot-kapitalen-objekt-na-ffm/#respond Thu, 15 Feb 2018 13:35:23 +0000 http://kurir.mk/?p=21849

Во присуство на претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски и потпретседателот на Владата на РМ, Кочо Анѓушев денеска на Свечена церемонија е пуштен во употреба новиот капитален објект на Фудбалската федерација на Македонија – сместувачки капацитет за Академијата на ФФМ и младите национални селекции. - Ако ве дефинираат по делата, а не по зборовите тоа значи дека сте успеале. Денеска е голем ден за македонскиот фудбал. Кога пред три години ФФМ влезе во новата програма за развој на УЕФА јасно ги претставивме нашите идеали за развој на младинскиот фудбал. Најмногу внимание посветивме на Академијата – таа да биде школа за иднината со цел да ги подготвиме нашите млади фудбалери, истакна Ѓорѓиоски. Првиот човек на УЕФА, Чеферин е задоволен од работата на ФФМ и придонесот за развивање на фудбалот низ целата држава. - Помогнавме за обновување на многу стадиони во Македонија и ќе продолжиме со поддршката. Посебна е важна поддршката за младинскиот фудбал, а во таа насока е и денешното отворање на сместувачките капацитети за Академијата, рече Чеферин. Тој се осврна на успесите кои ги постигнуваат младите селекции, посебно учеството на ЕП за играчи до 21 година и порача дека чека и сениорската селекција да ја види на едно големо натпреварување. - Условите се тука, веќе нема оправдувања. Македонија преку Лигата на нации има шанси да постигне многу. Ова е многу добра шанса. Тоа му го кажав и на претседателот Ѓорѓиоски, дополни предводникот на Европската фудбалска федерација. Потпретседателот на Владата Кочо Анѓушев им посака многу успеси на младите фудбалери и им порача со многу работа да стигнат до врвот. - Во името на Владата на Македонија се заблагодарувам на УЕФА што помогна да се направи ваков објект кој нуди идеални услови за овие деца. Се согласувам со Чеферин дека откако се создадени услови веќе нема простор за лоши резултати. На младите фудбалери им посакувам многу убави моменти во овие прекрасни простории и среќа и успех во кариерата. Меѓу присутните беше и техничкиот директор на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Марко ван Бастен кој ги посети најмладите од Академијата и им посака успешна кариера. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pushten-vo-upotreba-noviot-kapitalen-objekt-na-ffm/feed/ 0